Видови хартии од вредност
Хартите од вредност се облици во кој може да се држи имот на пооделни
субјекти во стопанството или во пооделни сектори.На нивната развиеност
влијание имаат повеќе факториОсновни карактеристки на хатите од вредност
се:
1.Структурата на инструментите по сектори:сектор на стопански претпријатија,сектор
на држава,сектор на банки,сектор на население
2,Структурата на инструментите по видови:мултилатерални односи и билатерални
односи
3,Структурана на инструментите по рокови:краткорочни,долгорчни и среднорочни.
4,Структурата на инструментите по начинот на форминарање;децентрализирани
и централизирани парични текови
.Хартиите од вредност означуваат инструмент чија цел е остварување на
добивка преку претприемачки и менаџерски способности.Според законот за
хартии од вредност во Р.Македонија хартии од вредност може да издават:Народната
Банка,единиците на локалната самоуправа,трговските друштва и други правни
лица.Издавачот на хартиите од вредност е должен да ги изврши обврските
кои произлегуваат од емисијата на хартиите од вредност.
Хартиите од вредност можат да бидат сопственички и должнички хартии од
вредност.Сопственички хартии од вредност се оние хартии од вредност со
кој се докажува правото на сопственост на дел од основната главнина на
акционерското друштво.
Должнички хартии од вредност се оние хартии од вредност со кој се докажува
должничко-доверителскиот однос помеѓу издавачот на хартијата од вредност
и нејзиниот имател.
Хартите од вредност се издават,пренесуваат и се водат како електронки
записи во Централниот депозитер за хартии од вредност.Правата и обврските
за хартии од вредност започнуваат од моментото кога хартиата од вредност
ке се запише во Централниот депозитер за хартии од вредност.
Хартијата од вредност чиј рок на доспевање е подолг од една година се
нарекува долгорочна хартија од вредност или хартија од вредност која има
долгорочен карактер.
Хартија од вредност чиј рок на достасување е пократок од една година се
нарекува краткорочна хартиа од вредност или хартија од вредност со краткорточен
карактер
ВИДОВИ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Постојат повеке видови на хартии од вредност меѓу позначајните ке ги
спомнеме:чекови,меници,акции,обврзници.
Постојат и други видови на хартии од вредност меѓутоа во овој контекст
ние ке ги спомнеме само овие видови на хартии од вредност што беа наведени
погоре.
1.Чекови
Под чек се смета таква хартија од вредност со која нејзиниот издавач(трасантот)
му дава налог на друго лице(трасат) на ремитентот(корисникот на чекот)да
му исплати одреден износ на пари од трасантовото покритие кај трасатот.
Улогата на чекот е голема како во внатрешнито исто така и во меѓународниот
платен промет.Тоа се повеке истиснува плаќањето со готови пари. Економската
улога и корист од чекот се согледува преку:
1,сопствениците на паричните сретства за да не ги чуваат сами ги депонираат
во финансиски институции и за тоа добивата одредена камата
2,наместо овие парични сретства да бидаат неактивни банката ги пушта повторно
во оптек односно ги пласира.Со тоа доаѓа до голема концентрација на сретства
во банките,кои ги инвстираат во различни стопански дејности.Од тоа има
корист банката и општеството во целина.
3,депонираните сретства кај банката подобро се обезбедени отколку кога
ги чувата самите сопственици
4,преку употреба на плаќање со чек се остваруваат значајни заштеди,а се
намалува и ризикот при пренесување на парите.
5,Плакањето со чек овозможува вршење на различни парични трансакции без
оглед на различноста на паричните единици што се наоѓаат како законско
сретство за плаќање во одредени земји.
6,Чекот може да се издаде без оглед на износот кој што е назначен на него
7,со плаќањето со чек се добива и потврда со што се зголемува контролата
за сите извршени исплати во одреден временски период.
8,преку чекот на сопственикот на сретствата му се овозможува да изврши
циркулација на сретствата пред да изврши наплата.
Погодноста на чекот за вршење на деловно финансиските операции доведе
до тоа да имаме повеќе видови на чекови и тоа:
Според начинот на издавање:чек на име,чек на доносител,чек по наредба,сопствен
чек и ректа чек.
Според формата и намената чековите можат да бидат;исплатен чек,бариран
чек,патнички чек,документарен чек,лимитиран и нелимитиран чек.
2 МЕНИЦА
Под меница се подразбира еден вид хартија по наредба која на нејзиниот
имател му дава право од должникот назначен во исправата да се исплати
одреден износ на парични сретства.
Меницата преставува сретство за плаќање и инструмен за обезбедување на
плаќањето.Таа преставува безусловна наредба која ја дава трасантот на
трасатот да исплати одреден паричен износ на ремитентот кој е наведен
на меницата.
Меницата по правило е хартија по наредба но таа може да биде издадена
и како хартија од вредност на име.Тоа се такви меници во која издавачот
става клаузула не по наредба.Меницата покрај тоа што се јавува како сретство
за плаќање и инструмент за обезбедување на плаќањето таа се јавува и како
сретство за меѓународно плаќање,заради тоа меницата може да стане и современ
инструмен за кредитирање и плаќање.Со развитокот на кредитниот пазар меницата
станува и сретство за есконт и реесконт.Тоа значи дек наместо меницата
да се исплати по уистекот на определен рок на достасување имателот на
меницата може да ја продаде или да ја есконтира т.е да ја наплати пред
рокот на достасување.Со тоа мнеицата станува и сретство за есконт.Еднаш
есконтирана меница може повторно да се есконтира при што таквата операциа
се нарекува реесконт.
Врз основа на тоа може да се констатита дека меницат ги има следните улоги;
1,меницата служи како сретство за кредит
2,меницата служи као сретство за плаќање
3,меницата служи како сретство за есконт.
Сите три улоги што денес ги има меницата овозможуваат та да се појави
како во деловните односи во земјата исто така и во деловните односи помеѓу
земјите.на пример не може да се добие ниеден поголем заем во странство
доколку претходно не се даде меница како сретство за обезбедување во слчај
на невраќање на заемот.
Или нема исто така ниедна поголема работа за продажба на стока на заем
на странскито купувач а од истиот да не се добие меница кој тој морал
да а акцептира.Во овој случа меницата не само што е сретство за обезбедување
на плакањето тука и таа преставува сретство за плаќање.
Постојат повеке видови на меници и тоа ;трасирана меница,сопствена меница,бланко
меница,стоковна меница,деловна меница,кредитна меница,домицилирана меница,циркуларна
меница,сопствена влечена меница,трасирана меница по сопствена наредба
и др.
Сопствена меница преставува безусловно ветување преземено од трасантот
како трасат дека ке се исплати одреден паричен износ на ремитентот кој
е наведен на меницата.
Бланко меницата е идна меница и се карактеризира со тоа што ги нема сите
битни елементи ко можат подоцна да се внесат во меницата.Таа преставува
хртија од вредност која подоцна ссе исполнува по барање на странките и
тогаш станува меница.Овој вид на меница се употребува кај потрошувачките
и караткорочните кредити.
Стоковна меница е меница што произлегува од купопродажбата на стока по
пат на кредит.Купувачот му потпишува меница на продавачот која служи како
осигурување дека земнеиот кредит од страна на купувачот ке биде вратен
на продавачот.
Деловна меница преставува поширок поим од стоковната меница.Секоја стоковна
меница воедно е и деловна меница.Деловната менива може да се есконтира
од страна на банките.
Кредитна меница се јавува во случај кога лицето што бара кредит става
сопствена акцептна бланко меница.Трансантот на таквата меница кој всушност
е грант за исплатата на кредитио не му издава на оваа лице наредба туку
оваа лице однапред признава дека има покритие кај акцептот.
Домилицилирана меница е таква што местото на плаќање не е исто со местото
на постоан живеење на трасантот.
Циркуларна меница е меница која може да се пушти и понатаму во промет
односно да се пренесува да циркулира.
Трасирана влечена меница по сопствене наредба е таква меница во која
трасантот му дава налог на трасатот нему или негова наредба (не на некоје
трето лице)да му а исплати стасаната меница,менична сума.
Во текстот на влечената меница по сопствена наредба се внесува клаузула
платет по моа сопствена наредба или некој други случни клаузули.
3 АКЦИИ
Акцијата преставува писмена исправа за сопственоста над сртествата вложени
во претприатието,банката или некоја друга финансиска инатитуцијаа и друго
правно лице које може да стекне добивка.Акциите спаѓаат во групата на
хартии од вредност со променлив приход условен од резултатите од работењето.Тие
споед видот може да гласаат на денари или некоја друга странска валута.Самиот
чин на купување на акции може да се исврши со уплата одеднаш или во рати.Доколку
уплата е во рати,тогас купувачот добива привремене акција со тоа шшто
секоја наредна наплата се впишуваа на привремената акција.Кога имателот
на привремената акција ке го исплати целиот износ тогаш птивремената акција
се заменува со постојана акција.Доколку не се посстигне вкупниот износ
на сретества
На кој се издават акциите тогаш издавачот на акциите може да се откаже
од нивното издавањепритоа е должен на уплатувачите да им ги врати упалтените
сретства заедно со одреден процент на камата.
Имателот на акците стекнува право на дел од остварената добивка(дивиденда).Во
случај кога се спроведува стечај на емитентот на акциите тојаш имателот
на акците има право на дел од стечајната маса.Одлуката за издавање на
акции ја донесува соодветен орган на основачот на акционерското друштво.
Според редот на издавање акците се делат на основацки акции и акции од
идна емисија.
Според содржината и правата кој што ги носта акциите се делат на :
Обични и приоритетни акции.
Основачките акции можат да бидат во облик на обични и во облик на приритетни
акции.
Сите наведени акции понатаму може да се делат на:
Акции без право на глас,акции со право на еден глас,акции со право на
повеке гласови.
Приоритетните акции од своја страна се делат на:кумулативни и партиципативни
акции.
Кумулативните акции му дават право на своот имател да изврши кумулативна
наплата на дивидендата пред имателот на обичните акции.
Крактеристика на партиципативните приоритетни акции е тоа што освен приритет
во наплата на дивидендата на својот имател му дават и право на учество
во распределбата на добивката
3.1 ВРЕДНОСТИ И ПРАВА НА АКЦИИТЕ
Постојат повеке видови на вредности на акциите и тоа;
Номинална вредност,пазарна вредност,книговотствена вредност,ликвидациона
вредност.
Номинана вредност на акциијата е едноставно запишанито број на неја или
во договорот за основање и истиот има мало економско значење.Номиналната
вредност на акцијата се одредува на релативно ниски износи во однос на
нивната пазарна вредност.Во билансот на сосотојјба акционерскито капитал
се добива како производ мегу номиналната вредност и бројот на издадените
акции.Во неко земји постои законаско утврдена номинална вредност.Во Сад
и Велика Британија не постои законско утврдување на номиналната вредност.
Книговотствена вредност на една обична акција е акционерската главнина
односно вкупниот имот минус обврските и приоритетните акции поделени со
бројот на акции во оптек.Во билансот на сосотојба акционрскиот капитал
се искажува како производ меѓу номиналната вредност и бројот на издаден
акции.
Ликвидациона вредност најчесто е различна од книговотствената и е износ
по кој компанијата се продава минус трошоците кој што се направени за
ликвидација.
Пазарната вредност на акцијата е функција на тековната и очекуванат дивиденда
на компанијата и предвидениот ризик за акцијата.
Пазарната вредност на акцијата е вредноста по која акцијата се продав
на пазарот.
Акциите носаа и одредени права.Правата кој што ги носта акците се делат
на материјални и нематеријални права.
Во групата на нематеријални спаѓаат:право на глас во акционрското собрание,право
на утврдување на деловната политика на акционерското друштво,право на
избор на органите за управување и право на конвертирање на акциите.
Во групата на материјални права спагаат:право на дел од остварената добивка,право
на првенство на купување на ново емитувани акции,право на пропорционален
дел на ликвидна маса во постапката на ликвидација на акционерското друштво.
4 ОБВРЗНИЦИ
Обврзницата е долгорочен инструмент на долгот чија конечна достасаност
обично е 10 години или повеке.Ако хартијата има рок на доспевање помал
од 10 години тогаш станува збор за запис.
Обврзницата е хартија од вредност со која емитентот зема на заем определана
сума на пари од една институција или поединец при то се обврзува истата
да ја исплати според прецизно утврдени услови и со одреден процент на
камата.На предната страна од обврзницата се означува претпријатието односно
називот и седиштето на гарантот.На задната страна од обврзницата се означува
намената на издавањето,рокот за отплата на главнината и исплатата на каматата
односсоно ануитетот.
Ако станува збор за обврзница која се исплаќа еднократно таа има намалку
два дела и тоа;
Првиот дел преставува обвивка на обврзницата на кој се означени сите незини
основни елементи
Вториот дел се сосотои од каматните купони во зависност од начинот на
амортизацијата на главнината.
Во временскиот рок на траење на кредитот имателот на обврзницата има право
на зголемена сума на кредит за износот на каматат која преставува процент
од номиналната вредност на обврзницата.Обврзницата како хатија од вредност
може да се класифицира по повеке основи.
Според осигурувањето имаме:осигурени и неосигурени обврзници
Според начинот на учествување на добивката во претпријатието тие се делат
на:Обврзници со финансиска камата,доходовни обврзници,партиципативни обврзници.
Според времето на откуп обврзниците се делат на:
Обврзници со еднократна достасаност и обврзници со повекекратна достасаност.
Според времетраењето на кредитот обврзниците се делат на:краткорочни
обврзници,долгорочни обврзници и среднорочни обврзници.
Осигурените обврзници им гарантираат на своите сопственици дека во случај
на стечај на издавачот на обврзницата ке ги подмири своите побарувања
и тоа пред тоа да го направат сопствениците на неосигурените обврзници.
Неосигурените обврзници не поседувата ниту материјална ниту лична гаранција
за наплата на побарувањата.
Доходовните обврзници се обврзници кои на своите иматели им овозможуваат
да учествувата во распределбата на финансискиот резултат на емитентот
на обврзницата.
Конвертибилни обврзници името го имаат добиено по мозжноста за конвентирање
во обични акции или некој други хартии од вредност и тоа во определен
временски период.
Поправило обврзниците носат фиксна камата,но со оглед на фактот што повеке
земји во светот се соочувата со пониски или повисоки стапки на инфлација
од тие причини обврзниците често пати имаат флуктуирачки камати.
ЗАКЛУЧОК
Од сите досегашни излагања за хартиите од вредност можеме да заклучиме
дека тие се од особена важност за економијата во една земаја
Бидејки од една страна преку емисијата на хартии од вредност се зголемува
комуникацијата помеѓу финансисиките институции,претпријатијата и населението,а
од друга страна пак се зголемува сигурноста при плаќањето.И банките и
претпријатијата полесено доаѓаат до финансиски сретства.Преку издавањето
на хартите од вредност се прибиираат слободните парични сретства што се
наоѓаат кај населените,на тој начин се зголемуват депозитите на банките
и може тие сретства кој што се прибираат од населението да се влозат во
некоја инвестиција од што корист ке има целото општество.
Хартиите од вредност ги има во повеке видови и сите тие си имамт свој
посебни карактеристики при што се разликуваат една од друга.
Надобар начин и воедно најсигурен на претпријатаија за да дојдат до парични
сретства е преку емисија на еден вид на хартии од вредност односно преку
емисија на акции.
Меѓутоа не можеме да каземе дека хартиите од вредност се идејалани и
тие како што имаат свој предности така си имаат и одредени слабости.
Но за слабостите на хартите од вредност ке зборуваме во неко друг случај
кога ти еке ни бидат предмет на разгледување.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
1. Основи на Финансии ,д-р Ристо Фотов
2. Финансиски менаџмент , д-р Синиша Спасов
3. Трговско Право, д-р Милан Илиески
Download
СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » »
Besplatni Seminarski
Radovi - Бесплатно семинарска
работа
SEMINARSKI RAD
|