Вовед
Невработеност претставува социјално-економска појава, при кое дел
од активната работна сила во определена држава или регион бара работа
но истата не можа да ја пронајде. Како невработени според законот
се сметаат оние работници кои имаат навршено шеснаесет години, кои
се способни за работа и самите сакаат да работат, но немаат каде.
Процентот за пресметување на бројот на невработените се пресметува
кога вкупниот број на невработените работници ќе се подели со бројот
на населението кое е способно за работа и тоа од 16 до 65 години.
Постојат повеќе типови на невработеност: моментална,
структурна, циклична, класична
и техничка невработеност.
Инфлација е поим, кој може да биде разгледуван од најмалку два аспекта.
Под инфлација се подразбира постојано и целосно покачување на паричните
цени и постојано опаѓање на покупителната способност на парите.
Во современи услови, монетаристите сметаат дека зголемувањето на
количеството пари води до намалување на купувачката способност на
парите. Од друга страна пак, се смета дека причината произлегува
од недостиг на општото предлагање.
Вториот смисол на поимот инфлација кој е прифатен од сите економисти
до крајот на 19 век, означуава зголемување на количеството пари
во економијата. Секое ново количество пари се користи за размена
на блага и услуги. Зголемувањето на количеството пари означуава
покачување на побарувачката на блага од страна на оние побарувачи
кои први ги придобиваат новите пари.
Поим за невработеност
Во реалноста не секој што би сакал да работи има работно место,
туку секогаш постои извесна невработеност. Постоењето на невработеност
укажува дека, во било кое време не се сите ресурси на работна сила
во опшеството активно инволвирани во производството на стоки и услуги.
Некои корисни мерки на пазарот на работна сила се: стапката на невработеност,
стапката на учество и соодносот на вработеноста. Стапката на невработеност
е делот од работната сила кој е невработен. Учеството на возрасно
население во работната сила претставува стапка на учество. Односот
вработен претставува учество на вработените во возрасното население.
Временскиот период во кој поединецот е постојано невработен се нарекува
период на невработеност. Должината на време во кое трае периодот
на невработеност се нарекува времетраење. Времетраењето на периодот
на невработеност во голем обем го определува степенот на тешкотија
и страдање на невработениот работник.
Траењето на периодот на невработеност се карактеризира со две противречни
изјави: повеќето периоди на невработеност траат кусо, околу два
месеци или помалку; и повеќето луѓе кои остануваат без работа на
определен датум, доживуваат невработеност со долго времетраење.
Дури и кога економијата се наоѓа во силен пораст е се креираат повеќе
работни места, некои луѓе остануваат невработени. Постојат два вида
на невработеност и тоа: фрикциона невработеност и структурна невработеност.
Тие секогаш постојат на пазарот на работна сила и на тој начин ја
спречуваат стапката на невработеност да достигне нула.
Невработеноста што настанува кога работниците бараат соодветни работни
места, а фирмите бараат соодветни работници се нарекуваат фрикциона
невработеност. Бидејќи економијата е динамична, со работни места
кои постојано се создаваат и исчезнуваат и работници кои постојано
влегуваат или излегуваат од работната сила, секогаш постои определена
фрикциона невработеност, бидејќи работниците се поврзуваат со соодветни
работни места.
Долгорочната и хронична невработеност, која постои и дури и кога
економијата не е во рецесија се нарекува структурна невработеност.
Структурната невработеност настанува поради две главни причини.
Прво, неквалификуваните или ниско квалификуваните работници често
не се во можност да добијат долгорочни работни места кои ги посакуваат.
Работните места кои за нив се достапни, вообичаено нудат релативно
ниски наемнини и мали шанси за обука и напредување. На некои работници
со ниско ниво на квалификуваност им се овозможува да стекнат доволно
обука или искуство, за да добиат посигурно, долгорочно работно место.
Меѓутоа поради факторите, како што се неадекватна едукација, дискриминација
и јазични бариери, некоии неквалификувани работници никогаш не преминуваат
во долгорочна вработеност и остануваат хронично невработени.
Вториот извор на структурна невработеност е реалокацијата на работната
сила од индустрии кои се во опаѓање или во неразвиени региони, во
области кои се во подем.Поради комбинацијата на фрикциона и структурна
невработеност, стапката на невработеност во економијата не е никогаш
нула. Стапката на невработеност која преовладува кога аутпутот и
невработеноста се на ниво на полна вработеност се нарекува природна
стапка на невработеност. Природната стапка на невработеност ја претставува
невработеноста која е резултат на фрикциони и структурни причини.
Разликата помеѓу актуелната стапка на невработеност и природната
стапка на невработеностсе нарекува циклична невработеност. Цикличната
невработеност е позитивна кога аутпутот и вработеноста во економијата
се под нивоата на полна вработеност, а негативна кога аутпутот и
вработеноста ги надминуваат нивоата на полна вработеност.
Трошоци од невработеноста
Постојат два основни трошоци од невработеноста. Првиот е загуба
на производство која настанува бидејќи помалку луѓе се продуктивно
вработени.
Друг значаен трошок на невработеноста е личниот или психолошки трошок
со кој се соочуваат невработените и нивните семејства.
Трошокот на невработеноста е реален и сериозен, но треба да се забележат
два балансирачки фактори. Прво, според степенот на учество на невработените
во економски непродуктивни активности, како што се барање работа
или стекнување на нови способности, губитокот на производство кој
потекнува од моменталната невработеност може да биде компензиран
од зголеменото производство во иднина.
Класичните и Кензијанските економисти се сложуват дека иако стапката
на остварена невработеност може да отстапува од стапката на природна
невработеност на кус рок, на долг рок тие се изедначуваат. За да
се разбере однесувањето на невработеноста во целост потребна е идентификација
на детерминантите на стапката на природна невработеност.
Политики за намалување на стапката на природна невработеност
И од економски и од социјални причини, економската политика треба
да се користи во обидот да се намали стапката на природна невработеност.
Иако не постои сигурен метод за намалување на стапката на природна
невработеност, предложени се неколку стратегии:
• Подршка за владата за обука и реалокација на работниците.
Претпријатијата имаат силни мотиви да пронајдат и обучат способни
работници, а вработените имаат исто толку силни мотиви да најдат
продуктивни работни места. Доколку овие мерки го дадат очекуваниот
ефект, побрзо ќе се елиминира несоодветното поврзување на работниците
со работните места и ќе опадне стапката на природна невработеност.
• Зголемена флексибилност на пазарот на работна сила.
Владините регулации ги одредуваат минималните наемнини, работните
услови, бенефициите за работниците, условите за отпуштање на работник
и многу други услови за вработување. Овие регулативи можеби се добронамерни,
но го зголемуваат трошокот за вработување на дополнителни работници,
особено работници со ограничени работни способности и искуство.
• Реформа на осигурувањето за невработени. Иако
ОН обезбедува основна подршка за невработените, може исто така да
ја зголеми стапката на природна невработеност преку продолжување
на периоидот во кој работникот бара работа и преку зголемување на
иницијативите за отпуштање на работниците за време на затишје во
работата.
• Економија на висок притисок. Класичните и Кензијанските
економисти генерално се сложуваат дака политиката на макроекономска
стабилизација може да се употреби за да се влијае врз стапката на
природна невработеност. Некои подржувачи на теоријата за хистерезија
го дебатираат ова гледиште. Тие тврдат дека доколку монетарната
и фискалната политика агресивно се употребат да ја одржат невработеноста
што пониско тогаш стапката на природна невработеност конечно ќе
опадне.
Секој ќе се согласи дека инфлацијата е пад на вредноста на парите,
односно за дадена количина на пари можеме да купиме помалку производи.
Традиционалната дефиниција за инфлацијата е: „... зголемување
на општото ниво на цените“ . Постојат три начини на предизвикување
инфлација, и тоа:
• Кога потрошувачите, претпријатијата и владата трошат премногу
пари на постоечките производи и услуги, оваа прекумерна потрошувачка
може да ги зголеми цените;
• Цените растат доколку пораснат трошоците на производството, а
производителите настојуваат да го одржат својот профит на исто ниво;
• Недостигот на конкуренцијата помеѓу производителите истотака може
да предизвика инфлација.
Според ова се воспоставува дека се може да предизвика инфлација.
Кои и да се причини, човекот може многу малку да направи за да ја
спречи. Една од причините поради кои што неможе да се спречи инфлацијата
е и тоа што таа е дел од деловниот циклус. Според мислењето на советскиот
економиста Николај Димитриевиќ Кондратаев (Nikolai Dimitriyevich
Kondratyev), економиите следат долготрајни деловни циклуси: прво
неколку декади просперитет, а потоа неколку декади криза.
Државната власт има типично решение за инфлацијата: наметнување
контрола на растот на заработувачката и цената. Сепак, овие мерки
не делуваат секогаш. Причината што државната власт не може да ја
контролира инфлацијата е во тоа што таа не ги знае вистинските причини
за нејзината појава. Можно е таа да ги „напаѓа“ последиците од инфлацијата
а не причините за нејзиното настанување.
Тврдењето дека причината поради која што контролата на заработувачката
и цените не делува бидејќи таа ги „напаѓа“ последиците а не причините,
е докажано во третото дополнително издание на Вебстеровиот речник.
Тој инфлацијата ја дефинира како:„ Зголемувањето на количините на
парите и кредитите во однос на достапните производи, резултира со
стален пораст на општото ниво на цените“. Како причината за појава
на инфлацијата ја наведува зголемената количина на пари во оптег,
а како резултат на инфлацијата се појавува растот на цената.
Од друга страна Вебстер, универзитетски, инфлацијата ја дефинира
како: „Релативно големо зголемување на количините на парите
во оптег или кредитите, или пак зголемување и на двете количини,
во однос на обемот на берзанските работи“. Причина за инфлацијата
е зголеменото количество на пари во оптег, која што секогаш предизвикува
пораст на цените.
Инфлацијата има причина и последица: причината е зголемувањето на
парите во оптег, додека пак последицата е растот на цените.
Ифлацијата најчесто се мери преку индекс на општо ниво на цени,
од кои најчесто со помош на CPI или consumer price index, овај индекес
ги вклучува трошоците потребни за сите добра и услуги на едно просечно
урбано четиричлено семејство во рок од една година. Инфлацијата
упростено е процентуална промена на општото ниво на цени. По однос
на големината на инфлацијата можиме да поделиме на три дела
* Умерена инфлација, е едноцифрена инфлација, оваа
инфлација е нормална за сите пазарни економии и нема штетни ефекти,
и го поткрепува економскиот раст.
* Галопирачка инфлација, инфлација која преминува
10%, и доколку не се направат обиди да се заузда може да премине
во неконтролирана или хиперинфлација која што е опасна. При галопирачка
инфлација надлежните институции мораат да делуваат да се спречи
и намали понатамошниот раст на општото ниво на цените
* Хиперинфлација, е инфлација која што ги разорува
сите пори на економијата, каде што парите нагло ја губат вредноста
и предизикуваат за искривување на релативните цен, прераспределба
на богатсвото и воопшто уништуваат една економија. Историјата има
видено неколку хиперинфлации, меѓу кои онаа после првата светска
војна која ги зафати Германија, Грција, Унгарија, Австрија и др
земји. Исто така и од поново време датира хиперинфлацијата во Југословенската
Федерација од 90тите кога поради војната државата изврши голема
монетарна експанзија, испечати премногу пари, со што ја предизвика
хиперинфлацијата. Интересен парадокс, е онај кога после првата светска
војна во Германија, на некој човек кој одел на пазар со вреќа пари
за да купи 2-3 компири и бил ограбен, при што крадците му ја украле
вреќата додека парите ги оставиле. Тоа само го докажува наглото
обезвреднување на парите.
Трошоци од инфлацијата
Трошоците од инфлацијата примарно зависат од способноста на потрошувачите,
инвеститорите, работниците и претпријатијата да ја предвидат нејзината
појава. За илустрација на ова гледиште ќе разгледаме два екстремни
случаи: инфлација која секој би можел да ја предвиди и инфлација
која претставува комплетно изненадување.
Совршено антиципирана инфлација. Прво го разгледуваме
случајот на инфлација која јавноста може комплетно да ја антиципира.
Цените кои што ги плаќата за прехрамбени производи, карти за кино
и останати стоки би се покачиле за 4 % годишно, но исто така би
се зголемила и номиналната плата или номиналната вредност на стоките
или услугите што ги произведувате. Заради тоа што номиналниот приход
расте заедно со цените, куповната моќ не е намалена од перфектно
антипицираната ифлација. Што со парите што ги имате на штедната
сметка? Иако инфлацијата ја намалува куповната моќ на парите, совршено
антиципираната инфлација ја нема да и наштети на вредноста на штедната
сметка. Причина за ова е можноста за прилагодување на номиналната
каматна стапка за да го неутрализира падот на куповната моќ на парите.
Сугестијата дека совршено антиципираната инфлација не наметнува
економски трошоци не е сосема точна: инфлацијата ја едорира вредноста
на парите, што води кон намалување на готовината кај населението.
Вториот трошок при совршено антиципирана инфлација потекнува од
трошоците за менување на номиналните цени. При контуиран пораст
на инфлацијата и цените, продавачите на стоки и ускуги мора да користат
ресурси за да ги изменат номиналните цени.
Неантиципирана инфлација. Јавноста има поголема
аверзија кон неантиципираната инфлација – инфлација која се разликува
од очекуваната стапка.
Со заработување на пониска остварена реална каматна стапка, губите
како резултат на неантиципираната инфлација. Сепак, вашиот губиток
претставува добивка за банката затоа што таа плаќа пониска реална
каматна стапка од очекуваната. Доколку остварената стапка на инфлација
би била пониска од очекуваната, улогите би биле спротивни. Примарниот
ефект на неантиципираната инфлација е трансфер на богатство од едно
лице или претпријатие на друго
Заклучок
Невработеноста и инфлацијата често се нерекуваат и „близни зла“
на макроекономијата и спаѓаат помеѓу најтешките и политички чувствителните
економски прашања со кои се соочуваат креаторите на политиката..
Високите стапки на невработеноста и инфлацијата генерираат голема
загриженост кај јавност, бидејќи нивните ефекти се директни и видливи.
Во макроекономијата постои мисла дека невработеноста и инфлацијата
се некако поврзани. Поврзаноста помеѓу невработеноста и инфлацијата
може да се објасни преку концептот на Филипсовата крива. Според
овој концепт инфлацијата има тенденција да биде ниска кога невработеноста
е висока, а висока кога невработеноста е ниска.
За да се намали инфлацијата, економијата мора да толерира висока
невработеност, или за да ја намали невработеноста мора да се прифати
повисока инфлација. Оваа секција ја обработува идејата за да се
најде компромис помеѓу инфлацијата и невработеноста и импликациите
на компромисот врз макроекономската политика.
Користена литература
http:// www.cromy.org
http:// www.metro-portal.com
http:// www.stat.gov.com
Дејвид Бурда „Макроекономска анализа и политика“