ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ЕКОНОМИЈА
 
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- ЕКОНОМИЈА -
Gledaj Filmove Online

 

 

 

 

 

 

 

 

 


ДОМЕНИ НА ПАЗАРЕН НЕУСПЕХ


Почнувајќи од Големата светска економска криза па се до средината на седумдесеттите години , државните интеграции во економскиот живот значајно се зголемија.Иако нивниот опфат и интензитет е различен од земја до земја , па и во иста земја се различни периоди, во зависност , во прв ред, од политичката и економската филозофија на партиите на власт и економската состојба на земјата , факт е дека тие и во денешни услови остануваат значаен коректив на пазарното разместување на ресурсите.Впрочем, во современата економска литература потребата од држано регулирање на економската активност се изведува и оправдува со т.н. пазарен неуспех – market failure.
Во микроекономијата пазарен неуспех, не значи дека одреден пазар прекинал со функционирање. Всушност пазарен неуспех, е ситуација во која одреден пазар неефикасно го организира производството или неефикасно ги алоцира добрата и услугите. Економистите овој термин го применуваат во ситуации кога има драматично неефикасно алоцирање на добрата и услугите, или кога има препораки дека некои други институции можат поефикасно да ги алоцираат ресурсите. Од друга страна пак, политичарите го користат зборот пазарен неуспех кога механизамот на пазарот не работи за јавниот интерес. Имено во определени домени на економскиот живот и во определени специфични економски состојби , пазарот не е во можност да изврши рационална алокација , разместување , на ресурсите и да понуди соодветно разрешување на проблемите , поради што интервенцијата во економијата е неизбежна. Тие домени се :
- нерамномерна и социјално неприфатлива распределба на доходот
- јавните добра
- екстерналиите
- асиметричните информации
- постоењето на монополи
- макроекономска нестабилност


Во првите пет домени на пазарен неуспех доаѓаат до израз микроекономските функции на државата и тие во продолѓение ќе бидат подетално разработени.
За справување со макроекономската нестабилност државата ги користи клучните маккроекономски политики – во прв ред фискалната ,монетарната и надворешно-трговската политика.Тие ѓе бидат предмет на анализа во делот на макроекономијата.
Таму каде што постои пазарен неуспех, пазарот не само што не може да осигура рационална аклокација на ресурсите , туку напротив тој создава ги креира проблемите.

Екстерналии, се случува кога пазарот не го зема предвид влијанието на активностите на неговите учесници врз аутсајдерите. Има позитивни и негативни екстерналии.Пример за позитивна екстерналииа е образованието, имено активноста на образовните институции покрај тоа што им носи доход на образовните институции исто така и има позитивен ефект врз целата држава. Пример за негативна екстерналиа е кога некоја компанија ја загадува околината, и со тоа влијае врз учесниците надвор од пазарот. Екстерналииите се регулираат преку владина контрола, даноци, субвенции или преку сопственички права кои ќе ги принудат компаниите да го земаат предвид загадувањето.
Ваквата ситуација може добро да се разбере со примерот за постоење на т.н. негативни екстерналии , како типичен домен на пазарен неуспех.Фабриката за хром ги исфрла отпадните материи во воздухот и блиската река.Отровните гасови во воздухот го загрозуваат здравјето на луѓето.Водата во реката се загадува со шт страда рибниот фонд.Отрониот отпад може да ги затруе и рибите во рибниците кои се лоцирани по течението на реката.Едно од решенијата на оваа негативна екстерналија би било фабриката да вгради филтри за пречистување на воздухот и соодветна технологија за биолошко и хемиско пречистување на водата. Но фабриката како и секоја друга фирма во пазарната економија настојува да го максимизира профитот.Вградувањето ан технологии за прочистување на воздухот и отпадните води бара инвестиции , односно е поврзано со големи трошоци.Доколку фабриката инвестира во овие технологии нејзините производни трошоци ќе пораснат а профитот ќе се намали.Токму заради логиката на пазарот и профитот фабриката ќе биде поттикната да ги избегне трошоците за зачувување на животната средина , а проблемот со отпадните гасови и води ќе го разрешува со нивно едноставно испфрлање во воздухот и реката. Очевидно пазарот не само что не нуди ефикасно решение за негативните екстерналии туку напротив ги поттикнува фирмите деструктивно да се однесуваат кон животната средина .Затоа овој типичен домен на пазарен неуспех ќе мора да се разрешува во владата со соодветна регулација :директна владина контрола на загадувањето,воведување на даноци за заградување , повикување на кривична одговорност итн.Слично е и со другите домени на пазарен неуспех , вклучуваќи ги тука и позитивните екстерналии , кои исто така бараат општествена регулација.
Врз усовршувањето и практичната примена на иновацијата во производниот процес , едно лице или цел истражувачки тим макотрпно работеле долги години.Ова е типично позитивна екстерналија којачто има одраз врз други лица –производители ,кои подоцна можат да ја применат иновацијата во споственото производство и да бенефицираат , да имаат корист од неа.Пазарот и во овие случаи не може успешно да ги разрешува проблемите , бидеќи ако иновацијата брзо се прошири меѓу производителите кои можат да ја користат , вклучуваќи ги тука и конкурентите на самите иноватори тогаш иноваторите ќе имаат малку корист од долгогодишната и напорна работа врз иновацијата.Трошоците што тие ги направиле работејќи врз иновацијата можат да бидат големи а иноваторите не ќе бидат во состојба да си ги повратат преку комерционализација на иновацијата.Тој факт ќе ја дестимулира работата на иноваторите во иднина.Затоа државата во вакви ситуации мора да интервенира и да им обезбеди патентна заштита на иноваторите –ексклузивно право на користење на иновацијата во одреден временски период.
Друга причина за пазарниот неуспех е монополот.
Mонополите или други видови на злоупотреба на пазарната сила каде што "еден учесник на пазарот може значајно да влијае врз цените или производството". Ваквата пазарна злоупотреба се регулира со антитрустовски регулации. Наспроти состојбата на совршена конкуренција,каде што производството и понудата на одделен производ ги креираат голем број мали фирми,стои состојбата на монопол.Монополот е дел од непотполната конкуренција која исто така ги опфака и следниве пазарни структури:Олигопол ( состојба на неколку продавачи и многу купувачи) и Монополистичка конкуренција. Кај овој тип(Монопол) на пазарна структура,вкупното производство и вкупната понуда на секторот ја крира едно претпријатие-монополист.Оттука монополот има силно влијание врз цената на производот.Но и овој тип на пазарна структура,во основа,е ограничен и главно е присутен во вкупната стопанска инфраструктура-железница,телекомуникации,ПТТ услуги и слично.Совршената конкуренција и монополот,според тоа,се екстреми во морфологијата на пазарните структури кои,меѓутоа,релативно малку се застапени во реалниот економски живот.
Монопол-станува збор за крајниот случај на непотполна конкуренција,кога еден единствен производител(продавач) има потполна контрола врз целиот економси сектор.За да постои класичен монопол трба да се исполнат две претпоставки: 1 Една корпорација-продавач да го дава вкупното производство во секторот 2 Да нема други производители кои можат да обезбедат субституција. Ако се исполнети овие 2 претпоставки тогаш монополот има силно влијание врз цената на добрата и услугите.
Главни карактеристики во монополот се :
- недостиг на конкуренција
- еден продавач
- немање на сличен (потенцијално заменувачки) производ
Бариерите за влез на Монополот мозе да бидат од различна природа:
1.Правни бариери- состојба во која државата со правни прописи може да го ограничи влезот на нови претпријатија во оделни стопански сектори.
2.Окрупнување на претпријатијата заради искористување на економиите од обем ( масовно производство)- Ефикасноста во одделни економски сектори е можна само доколку постои масовно производство.
3.Дарови на природата- некои природни богатства се концентрирани во одделни земји, па контролата на производството им е препуштена на крупни домашни или странски фирми, кои имаат доминантни позиции во светското производство на тии производи.Пр: Нафта
4. Диференцијација на производите.

Погрешно е тврдењето според кое монополот настојува да продава по највисока цена. Исто така не е точно дека монополот ке произведува колку што е неговиот капацитет. Тој во практика ке настојува да го изнаје најсоодветниот компромис помеѓу количината и цената, според тоа, ке значи дека монополот никогаш нема да произведе и продаде толку производи колку што неговиот реален капацитет овозможува да продуцира.
Кај монополот постои тенденција бештачки да го ограничува производството, за да се постигне повисока цена и повисок вкупен приход , а со тоа и повисок профит. Но, овој факт, покажува дека монополот нерационално ги користи расположливите ресурси, што од аспект на општеството во целина претставува загуба. Ова упатува на штетноста од постоењето на монопол и дава одговор на прашањето зошто лугето( потрошувачите) се противат на монополите и зошто современите влади ги контролираат монополите.
Асиметричните информации укажуваат на состојбата на пазарите кога продавачите и купувачите поседуваат различни информации за карактеристиките на добрата и услугите што се предмет на купување и продавање. Тие како еден од значајните домени на пазарен неуспех најчесто се поврзуваат со социјалната сфера — пензискиот систем, здраствениот систем, пазарот на труд, осигурувањето на имот и лица и слично. Економијата на информации докжува дека наспроти идеализираното и нереално тврдење на класичната микроекономска мисла,учесниците во економскиот живот секогаш располагаат со целосни совршени информации за пазарот, за карактерот на технолошките процеси, за особеностите на производите и услугите, реалниот свет е многу почест свет на некомплетни и често асиметрични информации.
Асиметричните информации се соочуваат со феномени како:
-Неповолно избирање
-Морален хазард

Онаа што е суштинска карактеристика на проблематиката врзана за асиметричните информации е всушност следново: онаму каде што егзистираат асиметрични информации, пазарот лошо функционира и не може ефикасно да ја врши својата најзначајна функција т.е алокација и реалокација на ретките и ограничени ресурси во точките кои што даваат најпродуктивна употреба. Поради тоа е потребна државна регулација на пазарите каде што постојат асиметрични информации за да се ублажат или евентуално да се надминат проблемите со функционирање на истите.

Значајни придонеси


Позначајни придонеси во анализа на асиметричните информации дале: Џорџ Стиглер; Џејмс Мирлис и Вилијам Викри. Пет години подоцна во 2001 година, тројца американски економисти Џорџ Акерлоф, Мајкл Спенс, Џозеф Стиглик добија Нобелова награда за економија од областа на пазарите со асиметрични информации, но таа им е доделена за достигнување во изучувањето на асиметричните информации во доменот на информациската економија, а посебно во комерцијалниот сектор.


Вовед во асиметрични информации


Оптимизирањето на трошоците и ефектите од прибраните информации подлежи на принципи и законитости. Во случајот на информациите тоа значи дека прибирањето на дополнителни информации за добрата и услугите кои се предмет на купување и продавање е исплатливо сè додека дополнителниот маргиналниот трошок за прибирање дополнителни информации не се изедначи со маргиналниот приход (корисност) што се реализира од дополнителните информации. Од оваа произлегува дека информациите се сведуваат на инпут во економската активност и дека тие се врзани со трошоци кои треба да се интегрираат во цените на добрата и услугите исто како тоа што е случај со сите други производни трошоци, со транспортните трошоци. Трошоците за прибирање на информации се сведуваат на трошоци на истражување. За да се намалат негативните последици од нивното постоење, потребно е да се откриваат.
Јавниот сектор има мошне значајна улога. Објаснување: пазарниот механизам не е во состојба секогаш да ги оствари сите економски функции или ситуации во кои пазарот не дава оптимални резултати. Прашање: како може државата да интервенира на начин да се оствари ефикасна прераспределба на ресурсите.
Постојат многу причини што ја објаснуваат неопходноста од присуството на јавниот сектор, како на пример:
-потребата од воспоставување на правен поредок, кој ќе овозможи непречено функционирање на пазарните институции и на механизмите на конкуренцијата;
-обезбедување јавни добра;
-решавање поврзани потреби и проблеми од јавен интерес
-спроведување политика за распределба на придобивките и на имотот на начин на кој се врши корекција на дистрибуцијата воспоставена преку дејствувањето на пазарниот механизам со цел да се воспостави општествена правичност;
-обезбедување стабилност во економските движења (стабилни, монетарни и фискални движења, стабилен курс и ниска инфлација, намалување на невработеноста и зголемување на вработеноста и сл.), како и развој на стапката на производен пораст која одговара на општествените преференции.


Овде се наметнуваат прашањата за тоа кои видови природни добра и услуги би требало јавниот сектор да им ги стави на располагање на корисниците на јавните добра и услуги и во кој обем и за кого и колку средства добиени од јавните приходи да се наменат за намирување на јавните расходи?
Одговорите на овие прашања ја претставуваат срцевината на сите дискусии, кои од година во година се водат на разни државни нивоа и научни дебати, а бидејќи во голем дел претставуваат конкретни политички одлуки, се и постојана борба на политичките сили во конкретна држава.
Обезбедувањето на јавните добра државата може да го врши преку обезбедување на следниве видови јавни добра:
-Чисти јавни добра;
-Нечисти (мешовити) јавни добра, и
-Заслужни јавни добра.


Чистите јавни добра имаат две карактеристични својства. Прво, не е можно да се ограничи нивната употреба.Второ, не е ни пожелно да се ограничи нивната употреба. Чистите јавни добра опфаќаат такви добра што не е можно да се обезбедат во доволни количини со примена на принципот на пазарна ефикасност. Станува збор за воената одбарана, полицијата, управата за заштита на животната средина и сл. Нивните испораки не може да се обезбедат на пазарот бидејќи се карактеризираат со:
-Неконкурентност во потрошувачката, користењето на јавните добра од страна на едно лице не ја намалува корисноста што лицето ја дава на други лица
-Немање исклучоци т.е. не можноста да се спречи кој било да ги користи.
Секој граѓанин може да ужива во сигурноста што ја овозможува полицијата и притоа, односно притоа не смее да влијае на намалувањето на уживањето на другите граѓани. Значи може без ограничување да се ужива во нивната употреба за разлика од личните и притоа да не се плати ништо.

Нечистите и мешовити јавни добра се тие добра кај кои не се присутни карактеристиките на чистите добра. Тие се добра кај кои освен елементите на јавноста постојат и елементи на приватност. Користа што се остварува со користење на овие добра може да стане лично (сообраќајници, образование и здравствена заштита)
Производство и користење на наеведените добра начелно би можело да се организира на пазарен принцип, но со сигурност може да се каже дека трошоците за исклучување трети лица од користењето на наведените добра би биле многу високи, така што воопшто не се исплатува да се преземат какви била активности со цел да се овозможи пристап само на тие што ја платиле цената (на пример да им се дозволи да влезат в град само на возачите што учествувале во трошоците за изградба на уличната или патна мрежа) односно државата е заинтересирана за пристап до ваквите добра да имаат поединци без разлика на нивната платежна способност.
Конечно, државата ќе интервенира така што го наметнува користењето на одредени добра на поединците бидејќи тие имаат корист од тоа. Станува збор, на пример за задолжителното основно или средно образование, задолжителното користење на сигурносните појаси и др. Всушност станува збор за заслужни јавни добра. Имено, поединците често не дејствуваат во корист на сопствениот интерес дури и тогаш кога располагаат со сигурни, вистинити и точни информации. Потрошувачите можат да донесат погрешни одлуки. Возачите нема да се врзат со сигурносните ремени, иако знаат дека врзувањето ги зголемува шансите да се преживее во случај на евентуална несреќа. Државата во овие ситуации не може да се задоволи само со давање информација туку мора и да интервенира.
Во овој домен се изделуваат четирите можни комбинации, две основни карактеристики кога не е можно да се ограничи употребата на јавните добра т.е. исклучи или не е пожелно ограничување на потребата на јавните добра т.е. компатибилност.
Оттука следуваат четири видови добра и тоа:
-Добра со исклучување и компатибилност - мешовито (приватни и јавни) добра со наплата.
-Добра со исклучување и инкомпатибилност - чисти приватни добра кои се нудат на пазарот.
-Добра со неисклучување и компатибилност - чисти јавни добра
-Добра со неисклучување и инкомпатиблиност - мешовити (приватни и јавни) -добра кои имаат атрибути на заеднички добра.

Присуството на јавниот сектор во пазарните стопанства е само доказ дека тие се мешовити. Базирани се на приватниот сектор, но со помало или поголемо учество на јавниот сектор. Интервенцијата на државата е неопходна и според тоа е и присутна. Оттука произлегува дека јавните финансии имаат покрај чисто фискалната функција (прибирање на јавните приходи за финансирање на јавните расходи) и многубројни нефискални функции. Посебно се нагласуваат три неопходни економски функции:
1.Алокативната функција која се гледа во тоа што при прибирањето на потребните средства и обезбедувањето на јавните добра спроведува насочување на економските активности од приватниот во јавниот и потоа повторно во приватниот сектор.
2.Дистрибутивната функција која се гледа во тоа што државата, земајќи од една страна средства од приватниот сектор и обезбедувајќи од друга страна јавни добра врши прераспределба на доходот и на имотот во согласност со моделот на правична распределба.
3.Стабилизациска функција која се гледа во тоа што јавните приходи и јавните расходи во државниот буџет се користат за да обезбедат колку што е можно висока вработеност, стабилност на цените, соодветна стапка на економски пораст и урамнотежен платен биланс.

Реализацијата на наведените економски функции создава конфликти бидејќи целите што се содржани во нив се често меѓусебно конфликтни и противречени. Политиката на јавните финансии треба да се конципира така што ќе се оствари оптимални комбинации од наведените цели.
Улогата на државата се развила како врз основа на неопходноста за обезбедување на јавните потреби така и на неопходност за корекција на дејствувањето на пазарот па и на приватните потреби. Поимот јавни потреби можеме да го одредиме на различен начин. Можеме конкретно да ги наведеме и да ги наброиме или укажеме на нивните карактеристики. Можеме да ги одредиме според субјектот што ги врши (државата и други јавноправни тела), а можеме да ги дефинираме и споредуваме со приватните потреби. Тоа е релативно наједноставен пристам. Меѓуто, проблемот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед. Ова е поради тоа што јавните расходи имаат карактеристики што се политички, правно-институционални, економски,психолошки, социолошки и од друга природа. Покрај тоа и влијанието на јавните расходи, во приватниот и во јавниот сектор е многу сложено. Јавните расходи опфаќаат и материја од мешовити добра ( кои можат да се обезбедат и во пазарниот и во јавниот сектор), а постојат и позитивни и негативни ефекти кон прозиводите на пазарот, па и јавното стопанство за кое државата, исто така, мора да решава, па и решенијата за тоа спаѓаат во јавни добра.
Јавните потреби не се лични, приватни потреби, кои луѓето ги обезбедуваат на пазарот, туку потреби што се обезбедуваат со посредство на државата и другите јавноправни тела. Таквиот начин на обезбедување на јавните потреби е поефикасен од приватниот начин н нивно обезбедување. Самата природа на јавните потреби е таква што тие најдорбо можат да се обезбедат со принципот на зајмење и на солидарност од страна на државата и од другите јавноправни колективи.
Науката за јавните финансии ги изучува јавните потреби и нивното финансирање. Таа изучува управување на јавните потреби за управување на државата и на јавноправните тела, односно политичките сили ( структури) што одлучуваат за јавните потреби и избираат и контролираат органи што ги остваруваат јавните потреби.
Јавните потреби не се мали, вредат многу и мораат да бидат платени. Затоа финансиите што служат за задоволување на јавните потреби. Јавните финансии опфаќаат, во просек, околу 2/5 од ДБП, а во некои релативно развиени земји и до 1/2 од ДБП.
Овие потреби( кога се конкретизираат) прво ги опфаќаат традиционалните јавни потреби и тоа:
1. општи законодавни активности, донесување управни акти и судска заштита на законитоста во сите сфери на животот во државната заедница.
2. надворешна( меѓународна) безбедност или безбедност на границата на земјата, која бара организирање и финансирање на вооружените односно воените сили.
3. внатрешна безбедност, која заедно со надворешната безбедност опфаќа заштита на животот, слободата и на правата на граѓаните, на нивните имоти во земјата како и заштита на политичкиот, правниот и економскиот систем во земјата. За реализација на овие потреби е неопходно ефикасно функционирање на органите на внатрешните работи, правосудните работи, судството и правобранителството и сл.
4.во јавните добра спаѓаат и природните национални богатства и поради тоа, во целта на спречување „негативна потрошувачка“ на природните добра, државата има право по пат на другите јавни добра, да ги управува природните добра, како и да обезбедува нивно што поекономично користење. Решавањето на овој проблем мораме да го поврземе со екстерналиите и со улогата на државата во заштита на човековата околина.
Ова се, главно, класични јавни потреби, настанати кога и државата, кои се услов и претпоставка за нејзино функционирање, односно затоа и постои државата, тоа се нејзини составни делови. Јавните потреби постојано се развивале па покрај класичните ( кои,исто така, постојано се усовршувале) имаме и нови јавни потреби.


Државата како јавно добро


Современата држава неможе да постои ако на своите граѓани не им обезбедува јавни потреби иако во својот домен и во рамките на своите одговорности не создава и за приватните потреби на граѓаните. Со други зборови за граѓаните е добра таа држава, која им обезбедува соодветно ниво на приватни и јавни потреби, за не е добра таа што не го прави тоа.
Ефикасноста на државата како организација и институција на власт, зависи од многу фактори кои влијаат на задоволување на јавните потреби. Овие фактори се специфични за секоја држава. Меѓу нив најзначајни се политиката, достигнатиот степен на демократизација на државата, материјалните можности на државните обврзници, дораснатост на јавните функции на тие што ги вршат односно вештина, професионализам во нивното вршење, предности за поединецот, социјален систем, традиција, припадност во соодветни меѓународни здруженија( ЕУ) и сл.
Како граѓаните имаат потреба од ефикасна држава, за нив и самата држава е едно од најголемите јавни добрa. Проф. Stiglic истакнува дека сите ние имаме корист од подобра,поефикасна и подобра држава. Всушност „добрата држава“ ги има сите својства на јавните добра и од користа што ја дава не е пожелно да се исклучи кој било поединец.
Ако државата е способна да не го намалува обемот на своите услуги, да биде поефикасна и да го намали данокот, сите имаат корист. Политичарот на кој ова ќе му појде од рака, може да добие нешто за возврат, ама тоа е само дел од користа што ја добиваат другите. Посебно треба да се истакне дека тие што гласале против политичарот што успеал да го оствари ова, добиваат исто толку колку и тие што се ангажирале во неговата кампања, но и поединци што не гласале и тие што настојувале да ја искористат политичката активност на другите.


Регулација


Синтетички гледано , регулацијата претставува активност на државата насочена кон корегирање на пазарниот неуспех со цел да се осигура ефикасна алокација на ресурсите т.е. нивно рационално користење.Во економијата се прави разлика помеѓу економска и општествена регулација.
Економската регулација се однесува на контрола на цените на добрата и услугите на одделни претптијатија , на условите за влез и излез во и од секторот , на обемот на производство , на стандардите што треба да ги исполнуваат производите и услугите и слично.Таа е најтипична за индустриите што претставуаваат придорен монопол ,каде аутпутот може ефикасно да се произведе само во една фирма –телекомуникации , електрика , природен гас ...Економската регулација е присутна и во други сектори како на пример во земјоделското производство ,транспортот ,финансиите и др.
Општествената регулација пак се однесува на заштита на животната средина како и пропишување на соодветни стандарди за заштита на работниците и потрошувачите.
Специфицирањето е основна задача и цел на економската регулација т.е. на оптималната регулација е најнепосредно врзано со прашањето...”како да се поттикнат фирмите на неконкурентните пазари да дејствуваат на начин кој е компатибилен со општествените цели”… т.е. како да се постигне компромис помеѓу основната цел на фирмата –максимизација на профитот и јавната благосостојба.Значи з аразлика од фирмите кои го максимизираат профитот ,владите треба да ја максимизираат благосостојбата.


Користена литература:
Економија – Таки Фити
Wikipedia.org

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD