ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- ЕКОНОМИЈА - |
|
|
|
Принципи на рокови во буџетската постапка
Буџетот претставува мошне важен институт, во кој институт нераскинливо
сеповрзани јавните расходи и јавните приходи. Со постапката за проектирање,донесување
и извршување на буџетот директно се навлегува во срцевината нафинансиската
активност на државата. Буџетот е едно од најчувствителните инајкомплексните
прашања како за поединци, во животот на луѓето,така и уште повеќе е покомплексно,
се мултиплицира кога станува збор за државата.Затоа постојат институционализирани
инструменти за финансирање на државнитепотреби. Денес буџетското право
претставува голем збир од права и обврски. Буџетот е значајна алка за
добивање или губење на политичките избори, алка меѓу фискалните обврзници,
граѓаните и власта.Од историски аспект, буџетското право постои повеќе
векови. Во поглед на времето кога се јавил прв пат буџетот, според едни
стојалишта се смета петнаесеттиот век, според други буџетот постоел во
настарите држави во примитивна форма, како во Атина. Во седумнаесетиот
век се појавува и терминот,,буџет,, кој термин подоцна е прифатен во сите
држави.Од тогаш па до денес буџетот се третира како финансиски документ
кој за кој е потребно одобрување од парламентот , а во кој се планираат
идните приходи и се одредува извршувањето на рсходите. Со развојот на
парламетаризмот се развива во најважен инструмент за вршење на финансиската
дејност на државата.
Денес кога зборуваме за буџет , подразбираме: буџет како инструмент, буџет
како право на Парламентот и буџетско право како гранка, а во поново време
и правна научна дисциплина.Како посебно битен сегмент од поимот буџет,
во буџетската постапка се секако роковите предвидени во секоја фаза од
изготвување, доднесување и извршување на буџетот.
Роковите се и предвидени како принцип или како едно од начелата во буџетската
постапка. Роковите се со суштинско значење за буџетската постапка и истите
се опфатени и инкорпорирани во буџестко начело ,,ефективност,,.
Принципи на рокови во буџетската постапка, начелото на ефективност
Буџетски начела или начела врз кои се заснова постапката за изготвување,
донесување и извршување на буџетот на Република Македонија и буџетите
на општините се : начело на транспарентност, одговорност, законитост,
економичност, ефикасност и ефективност.
Начелото на ефективност е дефинирано прецизно во Закон за буџетите и
тоа во член 37 став 3 од Законот и истото е дефинирано како остварување
на поставените цели во согласност со буџетот во предвидените рокови.Роковите
и нивното запазување и почитување се од суштествено, односно многу битно
значење за нормалното функционирање на секоја држава, и функционирање
на сите институции во државата.
Принципот на рокови во постапката за изготвување на предлог на буџет (подготвување
на буџетот), донесување и извршување на буџетот бара многу сериозен пристап
и почитување на определените рокови.Со почитувањето на принципот на рокови
истовремено се обезбедува експедитивност, ред, одговорност, предвидување
на минимални потреби одфинасии и максимални потреби од финансии итн. Со
принципот на рокови се означува времетраењето на буџетот, кое најчесто
еедна година, што не значи секогаш да се совпаѓа со календараската година.
Најчесто донесениот буџет се однесува на периодот од 01 јануар до 31 декември.Во
најголем број случаи буџетската година се совпаѓа со календарската година
и таа уште се нарекува буџетска или фискална година.Едногодишниот период
е важен и поради фактот дека билансите во стопанството се сведуваат во
период од една година, а буџетот секогаш зависи од состојбите во стопанството.За
сметка на претходно кажаното дека буџетот зависи од стопанството, по мое
лично мислење, сметам може да се заклучи и дека почитувањето на роковите
предвидени во постапката за изготвување, донесување и извршување на буџетот
се од големо значење покрај другите фактори за стабилност на политички
план,стабилност на економијата, стопанството и социјалниот живот на една
држава. Како последица на одредени вонредни, како воени , кризни состојби
во државата може да се јави буџет со различно траење. Поради тоа што државната
активност не смее и не може да се прекине се преминува кон т.н. привремено
финансирање. Таквото финансирање се врши врз база на буџетот од претходна
година и тоа за секој месец по една дванаесетина од буџетот, за ограничен
период, краток период најчесто три месеци.Буџетот на Република Македонија
и буџетите на општините во Република Македонија се донесуваат за период
од една фискална година која изнесува дванесет месеци и започнува од 1
јануари , а завршува на 31 декември.
Посебен осврт на роковите во буџетската постапка
Буџетската постапка се одвива во неколку основни фази:
Буџетска иницијатива, предлог-буџет, извршување буџет и усвојување завршна
сметка. Во нашиот буџетски ситем иницијалната задача е доверена на Секторот
за буџет во рамките на Министерството за финансии.
Буџетска иницијатива и роковите
Нацрт буџетот го предлагаат управните органи. Во утврдувањето на буџетот
учествуваат органите на власта, но составувањето на буџетот е во рацете
на управните органи. Така е во сите земји денес. Правото за буџетска иницијатива
им припаѓа значи, на управните органи. Во поглед на буџетската работа
стои поинаку: овде предлог поднесува управниот орган.Во поглед на буџетскиот
акт, причина што се претставничките органи во поглед на техниката на составувањето
на буџетскиот предлог во малку поповолна положба од управните органи.
Само тие се во постојан контакт со секојдневниот живот. Тие најдобро можат
да ги проценат потребите на јавните служби, тие осеќаат што е неопходно
за намалување на приходите и задоволување на заедничките потреби. Поради
тоа на нив им припаѓа обврската за извршување на буџетот, тие ќе ги предвидат
вистинските расходи и точно да ги утврдат државните приходи. Претежно
обврските кои паѓаат врз сите учесници во буџетската постапка изготвување
на предлог на буџет (подготвување на буџетот), донесување и извршување
на буџетот,се со точно предвидени рокови. Во РепубликаМакедонија најважни
субјекти во подготвувањето, предлагањето донесувањето и извршувањето на
буџетот се Собранието , Владата и Министертвото за финасии.Планирањето
при подготвување на буџетот опфаќа активности на Владата наРепублика Македонија
, која е потребно да ги утврди стратешките приоритети за наредната година
и тоа е предвидено најдоцна до 15 април во тековната година.Буџетските
корисници пак изготвуваат тригодишен стратешки план, во кој се содржани
програми и активности за остварување на стратешките приоритети на Владата
на Република Македонија.Министерсвото за финансии пак има исто така рок
за изготвување фискална стратегија. Министертвото за финансии изготвува
фискална стратегија за среднорочен период од три години. Со оваа фискална
стратегија Министертвото ги предлага и насоките и целите на фискалната
политика, ги утврдува износите заглавните категории на проценетите приходи
и одобрените средства за тој период. Фискалната стратегија која Министертсвото
за финансии за изготвува, Владата на Република Македонија треба да ја
донесе (со или без измени или дополнувања, доработување) најдоцна до 31
мај во тековната фискална година.Министерството за финансии врз основа
на фискалната стратегија на Владата на РМ предлага максимални износи на
одобрени средства за наредната фискалнагодина по функционални области
на централната власт и за фондовите.Владата на Република Македонија ги
утврдува максималните износи на одобрени средства за наредната фискална
година најдоцна до крајот на мај во тековната. Уште една обврска со утврден
краен рок за Министетвото за финансии е следна:Министерството за финансии
најдоцна до 15 јуни , до носителите на функциналната област и на фондовите,
доставува инструкции во форма на Буџетски циркулар, заради доставување
на барање за изготвување на предлог на буџетот. Носителите на функционалната
област и раководителите на фондовите, предлогот на буџетските барања и
предлог на стратешките планови ги доставуваат до Министерството за финансии
најдоцна до 15 август во тековната година.Министерството за финансии го
доставува Циркуларот и до градоначалникот на општината но со друг рок
и тоа најдоцна до 30 септември.
Утврдување на Предлог буџетот
Министертвото за финансии доставува предлог на буџетот на РепубликаМакдонија
до Владата на усвојување најдоцна до 1 ноември во тековната година.
Значи за носителите на функционалните области и раководителите на фондовите
имаат законски рокови во кои треба да достават податоци до Министерството
за финасии заради изготвување на предлог на буџетот ,а пак Министертвото
за финасии има последователно законски рок во кој треба да ги собере,
обработи,прифати или измени податоците заради изготвување на предлог на
буџетот.
Донесување на буџетот
Врз основа на принципот на законитост и принципот на рокови, и Собранието
е обврзано да постапува според однапред определена постапка и рокови.
На пример членот 30 став 2 од Закон за буџетите Собранието на Република
Македонија не може да го разгледува предлогот пред да истечат 20 дена
од денот кога истиот бил доставен до Собранието на Република Македонија
,а мора да го донесе буџетот најдоцна до 31 декември. Со оглед на ваквата
законска обврска со прецизен предвиден рок во закон, Владата е должна
предлогот на буџетот на Република Македонија да го достави до Собранието
на Република Македонија најдоцна до 15 Ноември во тековната година, па
во периодот до 31 декември,предложениот буџет министерот за финансии го
презентира, собранието го разгледува, може истиот да претпри зголемување
на предложените одобрени средства кое мора да биде проследено со соодветно
намалување на други предложени одобрени средства. За разгледувањето на
предлог буџетот е предвидено во рок кој трае најмалку 20 дена од денот
на поднесувањето. Ова е од причина што донесувањето пак на буџетскиот
документ е во две под фази: претрес на предлогот на буџетот во комисија
или одбор и претрес на предлогот на буџетот на пленарна седница во Собранието.
Токму поради фактот дека буџетот е комлексна категорија која навлегува
во секој сегмент од државата и самото планирање и донесување е комплексно
па бара време и разумни рокови за секоја фаза од планирање, изготвување,
предлагање, разгледување до донесување на буџетот.Една од точно определените
обврски на Министерството за финансии е во случај кога Буџетот на РМ за
наредната година не е донесен до 31 декември во тековната година е и одобрување
на користење средства месечно најмногу до една третина од вкупните извршени
расходи во првиот квартал од претходната фискална година.
Извршување на буџетот
Извршувањето на буџетот опфаќа наплата и евидентирање на приходи и други
приливи во согласност со роковите предвидени со планот на приходи, како
и извршување на плаќање во согласност со одобрените средства.При извршувањена
буџетот потребно е
eфективно и ефикасно да се исполнат целите на буџетската програма. Ефективноста
се остварува доколку се почитуваат превдидените рокови истите во сoгласност
со буџетот. Извршувањето на буџетот започнува од 1 јануари и трае до 31
декември. Извршувањето е во надлежност на извршната власт, а за извршување
на буџетот во целина е одговорна Владата. Владата пак преку Министерството
за финансии се грижи за навремена реализација на буџетските приходи и
за извршување на расходите истите да бидат во согласност со законот. Владата
и Министерството за финансии во текот на целата година поднесуваат извештаи
до Собранието наРепублика Македонија за текот на извршувањето на буџетот,
прегледи за состојбата на , образложение за евентуалните разлики меѓу
утврдените износи во Буџетот и реализираните износи на приходи, расходи,
дефицит и задолжувања.Министерсвото за финансии преку својот сектор за
трезорско работење има најголем удел во рализацијата односно извршувањето
на буџетот. Преку изготвувањето на дневни и периодочни извештаи за наплата
на приходите и рeализација на расходите на Буџетот на Република Македонија
пак се води и еден вид контрола и на извршувањето на Буџетот. Трезорот
при Министертсвото за финансии одобрува годишни финансиски планови по
квартали и квартални финансиски планови по месеци, ги известува корисниците
и единките корисници за прометот и состојбата на нивните сметки, па преку
овој начин на работење и еден вид контрола се овозможува така речено,
секојдневно, правилно, навремено,наменско, законско користење и извршување
на буџетот.
Поднесување и усвојување на завршна сметка
Рок е предвиден и за доставување на поединечна завршна сметка од секоја
единка-корисник до корисникот на буџетот, каде што се составува збир на
завршна сметка, а овие сметки пак се доставуваат до Министертсвото за
финансии најдоцна до 31 март. Предлогот на завршната сметка го изготвува
Министерството за финансии и најдоцна до 31 мај го доставува до Владата
на Република Македонија, на која претходно е извршена ревизија од Државниот
завод за ревизија, а потоа се доставува до Собранието на усвојување.Кон
завршната сметка на Буџетот на Република Македонија се приложуваат и завршните
сметки на буџетите на општините.По утврдувањето на завршната сметка од
страна на Владата , истата се доставува на разгледување и донесување до
Собранието на Република Македонија најдоцна до 30 јуни.Од завршната сметка
се гледаат резултатите од целиот буџетски процес, , дали биле приходите
добро испланирани, дали расходите наменски се извршувале,дали е постигната
буџетска рамнотежа односно дали има буџетски суфицит или дефицит. Покрај
завршната сметка на буџетите, Извештаи за извршувањето на Буџетот на Република
Македонија се објавуваат на веб страницата на Министерството за финансии
на месечна основа. Начело на транспарентност и тоа со рок – месечна обврска
за објавување.Министертвото за финансии најдоцна до 31 јули во фискалната
година доставува до Владата извештај за извршувањето на Буџетот на Република
Македонија за првите шест месеци. Битно е да се има во предвид и дека
постои рок предвиден во законот за неискористените а одобрени средства
со буџетот. Ваквите средства и одобрувањето за овие средства престанува
да важи на 31 декември во тековната фискална година.
Заклучок
Принципот на ефективност предвиден во буџетската постапка е еден од основните
принципи врз кои се темели буџетот. Овој принцип значи остварување на
поставените цели во согласност со буџетот во предвидените рокови. Роковите
и нивното запазување и почитување се од суштестевно, односно многу битно
значење за нормалното функционирање на секоја држава генерално , со што
се овозможува нормално и функционирање на на сите институции во државата.
Затоа предвидените рокови во Закон за буџетите објавен во Сл.Весник на
РМ бр. 64 од 03.08.2005 год. И предвидените рокови во сите одлуки, правилници
и други подзаконски акти а поврзани со буџетот , Потребно е да се почитуваат
од сите надлежни институции.
Користена литература:
• Учебник по финансово право од Весна Пендовска
• www.wikipedia.com
• http://www.finance.gov.mk
• Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија
Download
СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » »
Besplatni Seminarski
Radovi - Бесплатно семинарска
работа
SEMINARSKI RAD
|
|