ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
 

Вампири

Во народното творештво, во народните приказни и песни, како и во народните верувања македонскиот народ има развиена митологија. Мноштво митолошки суштества, (самовили, ламји, змејови, наречници, вештерки, вампири и сл.), митолошки претстави за природните појави, небесните тела, животните, птиците и сл. зборуваат за животот на нашиот народ во минатото. Затоа ние денес во овие митолошки претстави всушност го гледаме нашиот предок, неговите сфаќања, неговите верувања, неговата фантазија... Што се однесува пак до ритуалот можеме да речеме дека сите поважни моменти од животот на човекот, многу работни процеси, празнувања и сл. се проследени со обичаи, верувања, обреди и ритуали. Во овие обреди се преплетуваат многу пагански, христијански, битови и други елементи. При раѓањето на новиот член на семејството, верувањето во наречниците е причина за изведување обичаи за нивно придобивање и за измолување на среќа и успех во животот, обичаите при крштевањето, богатите обичаи и верувања поврзани со свадбата, обичаите поврзани со трудовите процеси: жетвата (зажнивањето, и правењето на брадата на дожнивањето), вршењето, засејувањето, ритуалите поврзани со празниците (Бадник, Божик, Василица, Прочка, Тодорова Сабота, Еремија, Ѓурѓовден и т н.) зборуваат за големото значење што ритуалите го имале во животот на нашиот човек.
Во ова кратко истражување ќе се задржам на вампирите, коишто играат важна улога во народната демонологија.
Вампир претставува демоснко битие кое по смртта станува од гробот повиткано во бело платно, општата претстава за вампирот е и гајда (мев) полна со крв, која се тркала како топка. Според некои верувања вампирот бил невидлив освен за посебно обдарените, според некои бил како сенка, некои тврделе дека личел на човек, но бил создаден само од кожа и крв, наместо нос имал дупка, наместо очи имал црвенило како оган, имал големи заби, а некаде се зборува за отсуство на екстремитетите. Постоело и верување дека доколку некое животно го прескокнело починатиот пред да се повампири, тој можел да се трансформира во неговиот облик. Во Србија, Босна и Хрватска постои верување дека вампирот може да се претвори во пеперутка, бидејќи во бдеењето над покојникот најтешко било да се заштити телото од прелетување на пеперутките и другите инсекти. Вампирот има свој дом, тоа е гробот, а го напушта само ноќе. Само во сабота и при задушниците тој не може да го напушти гробот. За ова имаме и запис од Марко Цепенков:
Гробието од вапирите имале една дупка, што си оделе во сабота да си лежат, чунки непендек било ете вапир во сабота не одел по куќите да праи зулум”.
Ликот на вампирот во македонските верувања и во усната проза воопшто е еден од најпрочуените демонски суштества, како и од етнолошка, така и од фолклористичка страна, иако располагаме со богат материјал од XIX век и со материјал собран во наша современост. Материјалот собран во последниве години сведочи на живоста на овој лик и дозволува споредбени студии од кои можат да се проследат верувањата на нашиот народ во еден период од околку еден век и промените што настанувале во овој период, во прв ред во однос на верувањата во вистиноста на постоењето, односно непостоењето на некој лик. Во тој контекст можат да се најдат основните промени што настанувале во верувањата и во митските преданија за вампири. Исто така преку нив можат да се согледаат сличностите, односно разликите помеѓу верувањата на нашиот народ и верувањата на другите словенски и балкански народи, како и начинот на создавање на митските преданија за вампири кај соодветните народи и нивните заемни проникнувања.
Во Македонија во меѓувоедниот период работеле ред етнолози и фолкористи кои меѓудругото, забележале и верувања и преданија за вампири. Тука се мисли воглавно на некои српски истражувачи коишто работеле на територијата на денешна Р Македонија. Нашата наука, како етнолошката, така и фолкористичката, на ликот на вампирот и на преданијата за него нема посветено многу внимание. Забележани се доста преданија за вампири објавени во Бугарија коишто потекнуваат од Пиринска Македонија.
Во денешно време познат ни е обичајот наречен “пречувување на мртовецот”. Обичај на чување, бдеење над мртвото тело пред погребот е исто една од кариките која на врзува со минатото и паганството. Мртвиот човек се “чува“ и непрестано мора околу него да седи разбуден барем еден човек (поретко жена) исто така се внимава да не изгаснат свеќите. Овој обичај е од грижа да покојникот не се повампири3, то ест преку неговото тело не премини некое животно (кокошка, мачка, пес, глушец...). Некаден среќаваме oпис на случај каде се најмува човек за да го чува цела ноќ покојникот за да не го нападнат жени - вукодлаци (versipelles) кои можат да се престорат во куче, мачка, глушец па дури и мува.
Доколку се случи некое од овие животни да го прескокне мртовецот, тој ќе се повампири. Дух на умрениот кој го оживеал ѓаволот или некој зол дух, е Вампир. Јужните словени веруваа дека е влакнест како пес, има крвави очи и заби, и дека блува оган. Нема коски туку е само кожа исполнета со крв. Вообичаено злосторниците и грешниците по смртта стануваат вампири, а праведните, само ако преку нивните трупови премини некое нечисто животно (мачка, пес, глушец, кокошка). Вампирот може да биди и невидлив, а присуството го осеќаат кучињата, коњите, говедата. Најчесто се јавува на гробиштата, крстопатите, водениците или во куќите на најблиските на починатиот. Против вампирите се користат крст со катран нацртан на вратата од куќата, железото, лук, звук на ѕвоно, или шилести предмети. За да не се повампири, на мртовецот му се засечува кожата му се сечат тетивите под колената, му се забиваат трња под нокти. (за да не може ѓаволот да му ја одери и наполни со крв), под јазикот му се забодува трн за да не може да цица крв, а телото се закопува со лицето кон земјата или околу вратот му се става срп. На гробиштата се носи коњ и се смета дека ако се вознемири или се плаши од некој гроб дека тука лежи вампир. Тогаш гробот се откопува, телото се прободува со колец, спалува или фрла во вода или вар.
Овие верувања и обичаи како што спомнав погоре, потекнуваат уште од паганството. Сите верувања и обичаи денеска живеат во македонската рурална средина. Премногу се внимава околу обичаите поврзани со мртовецот. Имено овие би рекол “хипотези за повампирување на мртовецот” се само остаток од некогашното паганство на нашите простори, кое се уште живее само во духот на суеверието.
Секогаш кога станува збор за вампири, се повикуваме главно на вампири-мажи. Но, забележани се верувања и преданија каде што имаме повампирување на жена. Моќта на вампирката во однос на вампирот е иста. Прави пакости, ги мачи луѓето, прави нереди низ селото и сл. Не постои посебна разлика во релацијата вампир-вампирка. Имено, вампирка би рекол е по архаичен израз, и за него се користи поимот вештерка. Во македонската традиција помалку е застапена вештерката во однос на другите традиција. Поимот вештерка во другите земји си зема со себе и друго значење. На пример во Англија поимот “вештерка” не е употребуван само за да се опише зол волшебник, туку истотака и за лукав човек. Постоеле многу променливи термини за овие практиканти „бели“ „добри“ или „добронамерни“ вештерки, благословувачи, врачеви, маѓесници, сепак најчести се лукавец и итрец. Современистот Региналд Скот изјавил „Денес не е поразлично да се каже на англиски јазик, таа е вештерка или таа е итра жена“ додека итреците се здобивале со почит јавното мислење за нив сепак не било многу позитивно, бидејќи се верувало дека тие како што може да излекуваат така може и да наштетат. Многу од овие мажи и жени биле осудувани на вештерство. Многу вештерки од Англија се обвинети дека се дружат со демони а многу всушност биле мудри луѓе чии познавања за самовилите се демонизирани: Многу Француски devins-guerisseurs се обвинети за вештерство а половината од обвинетите вештерки во Унгарија биле исцелители. Некои од исцелителите и вражалците обвинувани за вештерство се сметале себе си за посредници помеѓу обичниот свет и духовниот свет, еквивалентни на шамани.
Таквите луѓе ги опишувале контактите со самовилите, духовите или мртвите како вонтелесно искуство и патување низ кралствата на ″другиот свет″. Верувањата од овој тип се вметнати во преданијата во поголемиот дел од Европа и нашироко се опишани обвинетите врштерки во централна и источна Европа. Повторувања на теми вклучува учество во повикување на мртвите или големи гозби често водени од женско божество кое подучува магија и дава пророштва: и учество во борби против злите духови, вампири или вештерки, да обезбеди плодност и просперитет за заедницата.
Доста интересно е преданието за “Вампирот од село Боула”. Вампирите се јавуваат буквално во сите области од секојдневниот (рурален) живот. Па така, според ова преданија имаме повампирување на ерген (заљубен во некоја девојка). Овде е покажана врската на ергенот (вампир) со неговата љубовница (обична девојка). Пакоста што ја прави тој врз девојката би рекол дека произлегува од неможноста да биде со неа (односно неостварената желба да се ожени со неа) а од друга страна, секој имајќи ги особините на вампир, прави пакости.
Лошите настани произлезени од него во селото, ја имаат токму таа одмазничка цел,(не успешноста да се ожени со девојката). Тој прави лошотии во селото, ги пакости селаните.
Како и во другите преданија во врска вампирите, така и овој вампир селаните успеваа да го уништат. Таа уништлива моќ (за уништување на вампирот) ја имаат постарите, потпирајчи се на својата мудрост и искуство.

Постојат преданија кои говорат за “лажни вампири”. Тие се засноваат на детските трикови, во руралниот свет каде постои суеверноста. Таков е примерот со преданија под наслов “Лажниот вампир”7.
Тие детски трикови ја будат свеста на селаните, ги воздигнуваат нивните чувства кон својата суеверност. Имено, во времето кога е создадено ова предание цивилизацијата било на многу ниско ниво, што е резултат на ниското сфаќање на луѓето (селаните).
Овој “лажен” вампир не е откриен од обичните селани. Се појавува друго лице (орган, во случајот полицијата) кој става крај на дилемата и исплашеноста на селаните.
Во овој случај се работа за лажни претпоставки за постоење на вампирите. Можеби токму ова предание ќе не натера да размислиме подлабоко за тоа дали вампирите постојат или не, да се задлабочиме подлабоко и да ја најдеме природата на останатите преданија, и да докажеме дека се тие невистинити.
Откако накусо го разгледавме “вампирот” во Македонија, да рагледаме што се случува со вампирот во модерната фикција, литературата, во филмот и телевизијата.
Вампирот сега е основен дел во популарната фикција. Оваа фикција започна со поезијата од осумнаесетиот век и продолжи со кратките приказни во деветнаесетиот век, највијателна и најпрва беше Вампирот на Џон Полидори (1819г.) главна улога вампирот Лорд Рутвен. Неговите понатамошни искористувања се објаснети во други претстави каде што тој игра како негативец. Вампирската тематика продолжи и во петпарички сериските објави како што се Вампирот Варни од 1847, а кулминираше со најдобриот роман на сите времиња Дракула од Брам Стокер објавен во 1897 год. Дополнително се вградени некои елементи во профилот за вампири кои денес се сметаат за основни. Забите и ранливоста на сончева светлина се појавиле во 19от век со Вампирот Варни и Грофот Дракула и ноќното суштество Мурну кое се плаши од светлина од 1922 год. Наметката се појавува во 1920 год . за да му помогне на Дракула да ″исчезне″ од сцената. Лорд Рутвен и Варни се лекувале на месечева светлина, иако ова не се знае во традиционалниот фолклор. Бемсртноста е еден атрибут кој се појавува во филмот и литературата за вампирите. Но цената за вечен живот се плаќа скапо, имено поради постојаната потреба за човечка крв.
Вампирот за прв пат се појавува во поемата Вампирот од 1748 год. Од Хајнрих Аугуст Осенфелдер, Ленора во 1773 од Готфрид Аугуст Бургер, Невестата од Коринт 1797год. од Јохан Волфганг фон Гете, недовршената поема на Самуел Тејлор Кристабел и Лорд Најрон со Гиоур (The Giaour) во 1813год на Бајрон се препишува и првото прозно дело за вампирите во 1819 год. Вампирот. Сепак ова е напишано од личниот лекар на Бајрон, Џон Полидори кој приспособи енигматска приказна за овој пациент. Доминантната личност на Бајрон, во посредништво на неговата љубовница Леди Керолин Ламб во нејзиниот роман ( готска фантазија посветена на дивиот начин на живот на Бајрон) е многу успешно и влијателно вампирско дело во раниот 19ти век.
Вампирот Варни е заштитен знак популарен во средината на Викторијанската ера, готска приказна од Џејмс Малком Рајмер (подоцна препишано на Томас Прескет Прест) која првенствено се појавува меѓу 1845 до 1847 во петпаречки хорори, поради тоа што биле евтини а имале хорор содржина. Приказната е објавена како книга во 1847 год. на 868 страници со по две колони. Има жив опис при опишување на ужасните истражувања на Варни. Друго значително дополнение е Лезбејскиот вампир Кармила на Шеридан Ле Фану во 1871 год. исто како Варни и таа е отсликана донекаде како симпатичен лик, со голема изразеност на нејзината состојба.
Не постои ниту еден друг толку влијателен обид за отсликување на вампирите како оној на Брам Стокер – Дракула, кој е отсликан како заразна болест од демонско опседнување, со нагласен секс, крв, и смрт, удар во Викторијанска европа каде туберкулозата и сифилисот се чести. Вампирските црти опишани во делото на Стокер се совпаѓаат со доминантната фолклорна традиција, која се развива во модерна фикција. Со осврнување на минатите дела како што се ″Вампирот″ и ″Кармила″, Стокер почна да истражува за неговата нова книга кон крајот на 1800тата, со читање на дела како што е Земјата позади Шумата во од Емили Жерар во 1888 год. и други книги за Трансилванија и вампири. Колега во Лондон му ја спомена приказната за Влад Тепеш ″Вистинскиот жив Дракула″ и Стокер веднаш ја вметна приказната во книгата. Првото поглавје беше испуштено на објавувањето во 1897 год, но беше подоцна објавено како Гостинот на Дракула во 1914 год.
Една од првите “научни” романи за вампири беше онаа на Ричард Метсонс, Јас сум Легенда од 1954 год. која е употребена како основа за филмовите Последниот човек на Земјата од 1964 год. Човекот Омега 1971 год и Јас сум Легенда од 2007 год.
Дваесет и првиот век има многу примери за вампирска фикција како што се: Братството на Црниот бодеж од Ј.Р. Вард и други доста популарни книги за вампири кои се привлецни за тинејџерите и младите луѓе. Како новели за вампирска паранормална романса и наводни вампирски херои, секако приказни за вампирски култни детективи кои се доста популарни и се повеќе се шират.
Како еден од доста проминентните ликови во класичните хорор филмови, вампирот е доста инспиративно средство за филмската и индустријата за игри. Дракула е главниот лик во скоро сите филмови за вампири и многу рани филмови или се основани на новелата за Дракула или се многу сродни до неа. Овде се вклучува и Германскиот нем филм од 1922 год Носферату во режија на Ф.В. Мумау кој е првиот првиот филм кој го отсликува Дракула иако имињата и ликовите требало со мимики да се разбираат.
Филмот на Мимау не можел да го прави тоа бидејќи не добил дозвола од вдовицата на Стокер и поради тоа многу делови од филмот морало да бидат изменети. Дополнение на овој филм е Дракула на Универзал студио (Universal), во главната улога е Бела Лугоси како Грофот којшто всушност е првиот филм со зборување кој го прикажува Дракула. Во таа декада се снимија усте неколку други филмови со вампири а најзначаен е Ќерката на Дракула од 1936 год.
Легендата за вампирите е зацементирана во филмската индустрија кога Дракула е повратен за новата генерација со славните епизоди на Хамер Хорор (Hammer Horror) во главна улога Кристофер Ли, како Грофот Дракула. Успехот на Дракула во 1958 год со Ли е продолжен уште во седум дела. Ли се појави како Дракула во вкупно пет и стана многу познат по својата улога. До 1970 год Вампирите се раширија во филмови како што се : Грофот Јорга, и Вампир од 1970 год. Африкански Гроф Блекула од 1972 год. Носферату од 1979 год. како и римејк на истото дело преименуван во Вампирот Носферату заедно со Клаус Кински. А во некои филмови беа претставени и лезбејски антагонисти како што е случајот со Вљубените вампири во 1970 год базирано на приказната за Кармила.

Заклучок

Проучувањата на верувањата за ва,пири и преданијата за овие митски суштества е мошне важно како од етнолошки аспект, така и од фолклористички. Проучувањата треба да одат паралелно, бидејќи само на таков начин тие можат да бидар целосно и сеопфатно анализирани и се разбира, да одговорат на современите барања на научните истражувања. Митските преданија сочинуваат една целина: етнографско-фолклорна и секое парцијално истражување не може да биде во состојба да се одрази суштината како на верувањето, така и на фабулата, изградена врз основа на верувањата. Според тоа, секое митско предание содржи неколку полиња, кои помеѓу себе семантички се поврзани. Во конкретниот случај можеме да издвоиме неколку основни семантички полиња, и тоа: етнографско (верувањето,) фолклорно (фабулата), географско (местоположбата на дејството), религиозно ( заштитните средства од вампири), народна медицина (начинот на лекување на човекот кој се разболеле со вампирот) и сл.
Таквиот пристап поцелосно ни овозможува да го разбереме и сфатиме народното гледање на постоењето на вампирите на контактите на човекот со нив и нивното доживување.


Користена литература:

ВАМПИРИТЕ во македонските верувања и преданија / Танас Вражиновски - Скопје Матица македонска. 2009 179 стр. ; 21 см.
Интернет референци:
http://mk.wikipedia.org/wiki
http://mk.wikipedia.org/wiki
http://mystodonia.com/misticni-prikazni-i-legendi/
http://mk.wikipedia.org/wiki/

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD