ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
- |
|
|
|
“Браќа Карамазови” - Фјодор Михалович Достоевски
Фјодор Михалович Достоевски
Скоро
цел век Достоевски е предмет на проучување низ светот. Во многу пристапи
и анализи се согледува една заедничка црта – сознавање за гениј, дури
и во оние кои се бореле против Достоевски. Горки на пример, го напаѓал
неговиот конзерватизам во неговите мисли, но сепак признал дека: ‘‘ Генијалноста
на Достоевски е неоспорна, по сила и пластичност на сликите со него може
да се спореди само Шекспир. ‘‘ Ниче признал: ‘‘ Тој е единствениот мислител
од кој научив нешто. ‘‘ Томас Ман го нарекува најголемиот психолог во
светската книжевност. Адлер смета дека психоанализата како наука произлегла
од неговите продори во подсвеста на луѓето: ‘‘ Ни денес не е исцрпено
се што има тој придонесено како психолог.‘‘ За Цвајг, воодушевувањето
од неговата уметност е неизмерна и колку повеќе се обработува неговото
дело, дотолку повеќе изгледа неверојатна неговата големина. Жид напишал:
‘‘Романите на Достоевски го прикажуваат најпотресниот живот за кој знам.
‘‘
Творецот на Злосторство и казна, Идиот и Браќа Карамазови, очигледно во
секој став го наметнал своето влијание.
Животот на Достоевски бил многу драматичен: тој ги имал истрпено сите
човечки маки – сиромаштија, неизлечива болест, смртна казна, робија, доживотен
неспокој помеѓу верата и сомнежот.
Роден е на 30.10.1821 во Москва. Животот веќе во раното детство му ги
има покажано своите несреќи: болницата во која неговиот татко работел
како лекар била наменета за просјаци. Ни атмосферата во семејството не
била весела. Таткото често им велел дека кога тој ќе умре, ќе бидат просјаци.
Во желбата неговиот син да има ‘‘сигурен леб‘‘, го запишал на Инжинерска
воена академија, така Достоевски на 16 години го облекол шинелот и шест
години учел како се подигаат и уриваат ровови. Идниот голем хуманист го
учеле да го дели светот на непријателски групи. Бегајќи од духот на касарните,
тој навечер читал дела од Шилер и Бајрон. Во 1843 год. завршил академија
и добил чин на поручник. Тој и натаму живеел помеѓу рововските цртежи
и сонот за креирање. Го продал сиот свој имот за да може да го напише
својот прв роман Бедни луѓе со кој се стекнал со книжевно име. Белински
му рекол: ‘‘Вие имате природен талент за пишување, останете му верни и
ќе бидете голем писател.‘‘ Како славен уметник, Достоевски признал дека
тоа му бил најсреќниот момент од неговиот живот. Влијанието на Белински
е пример за неговото учество во илегалниот револуционерен кружок на Петрашевски.
Во пролетта 1849 полицијата ги уапсил членовите на кружокот. Овој чин
го распарчува неговиот живот. Во неговата судбина се вплеткуваат истражувачи,
затвори и окови. Истражувачката комисија настојувала да го оддели од кружокот.
Му соопштиле дека ќе биде помилуван од страна на царот доколку соработува
и се изјасни за што се било дискутирано на состаноците и какви биле нивните
планови. Достоевски молчел. Проценката на испитувачите за неговиот карактер
била: ‘‘паметен, независен, итар, упорен, еден од најважните.‘‘ После
осум месечна истрага била донесена пресуда да биде стрелан во неговата
28 година. Откако било исценирано стрелањето и после претрпениот страв
од смртта, добил помилување. Осуден е на осум години робија.
На 23.01.1849 стигнал во затворот во Сибир. Во графата ‘‘кој занает го
знае‘‘ е запишано: ‘‘Физички работник. Писмен.‘‘ Што се претрпел во затворот,
тој запишал во Записи од мртвиот дом. После издржувањето на казната, со
помош на неговите школски пријатели, дозволен му е престој во престолнината.
Во средината на декемвр, 1859 год. после десет години, отпатувал во Петроград.
На почетокот на 1860 год. објавени се неговите собрани дела во два тома.
Но, сепак книжевната слава повторно ја добил по објавувањето на Записи
од мртвиот дом. Потоа му се случиле многу несреќи: умреле неговата жена
и брат, цензурата го забранува списанието ‘‘Време‘‘.
Во најтешките услови, притиснат од долгови и болест, ја пишува Злосторство
и казна, која му носи светска слава, но не го спасила од беда. Издавачот
Стеловски го уценува да ги издаде неговите дела за три илјади рубљи, под
услов да напише уште еден роман. Немајќи избор, Достоевски се согласил.
Меѓутоа, после летните одмори се вратил во Петроград без роман. Милјуков
му предложил да диктира на стенограф. Наставникот по стенографија, Ољхин,
ја одредил најдобрата ученичка Ана Сњиткина да му помогне на Достоевски
и во рок од еден месец тој успеал да ја заврши Коцкар. Во текот на работењето
Достоевски се зближил со Сњиткина и во февруари 1867 год. се венчал со
неа. Бегајќи од долговите отпатувал во Европа и останал четири години.
Се тепал, живеел во кровови, просел и пишел тажни писма: ‘‘Кој ги сака
моите дела треба да ми овозвможи да работам и живеам. Мене секогаш ми
се случувало почетокот на романот да биде смислен во печатницата а крајот
– во главата.‘‘ Сепак во тие години ги напишал Идиот и Зли души. Осеќајќи
дека се потешко пишува надвор од Русија, решил да се врати и во јули 1871
год. стигнал во Петроград. Во тоа време бил славен писател. Перов го насликал
неговиот портрет за Третјаковската галерија а заемодавачите му се заканувале
со затвор. Во 1876 год. почнал да го издава списанието ‘‘Писателски дневник‘‘,
во кој бил уредник и единсвтен соработник. Во него ѓи изнесувал своите
мислења за Европа, Русија, книжевноста, политичките случувања. За време
на српско-турската војна често пати пишувал за Србија и Црна Гора, Черњаев
и доброволците. Во тие години започнува со пишување на романот Браќа Карамазови.
Во 1880 год. учествувал на свеченото откривање на споменикот на Пушкин
и го одржал познатиот говор за големиот поет. Успенски се сеќавал: ‘‘Достоевски
скромно и плашливо се качил на сцената и не поминале ни 5 минути а веќе
тој успеал да ги освои срцата, мислите и душите на сите присутни. Тој
имаше сила, метафорички, да го донесе Пушкин во салата и со неговите зборови
да ги објасни неговите сегашни тешкотии и маки на присутните. Во тоа е
причината на необичниот успех на неговиот говор.‘‘ На почетокот на 1881
год. ненадејно се разболел и умрел. Новинарот Маркевиќ ѓи опишал неговите
последни денови: ‘‘ Во аголот на својата мрачна и неугледна соба, лежеше
на диванот со зафрлена глава. Светлоста од свеќата паѓаше на бледите образи
и чело и осветлуваше дамка од крв на неговата брада. Слабо дишење можеше
да се забележи низ неговата грозничаво отворена уста. Беше во длабока
несвестица.‘‘ На погребот на големиот писател присуствувале околу сто
илјади луѓе. Во тестаментот Достоевски изразил желба да биде пограбан
покрај поетот Њекрасов. Владата и понудила на неговата жена парцела покрај
Жуковски. Така петрашевецот, кој стоел на погубилиштето окован, бил пограбан
покрај дворски поет наместо покрај поетот кој пишувал за ‘‘тага и одмазда‘‘.
Психичката раздразливост и бунтовничкото расположение на Достоевски
„Според целосна разумна психолошка логика, главните психолошки и морални
проблеми на Достоевски по понудената и прифатената “спогодба” со режимот
биле во тоа што тој, како човек со нестабилен нервен систем и високи и
строги морални барања, целиот свој живот настојувал некако да ја оправда
својата капитулација пред себе и пред другите. За да се разбере големината
на оваа трагедија на самооправдување соодветно, мора да се земе во предвид
дека Достоевски уште во раната младост бил еден од оние кои не можат да
се справат со околината во која се наоѓаат. Прекумерната раздразливост,
чувствителноста и затвореноста на писателот, која веќе била изразена во
неговата младост, била во својот облик една претерана и со сила формирана
одбрамбена реакција на еден недоволно прилагоден човек со слаба душевна
рамнотежа. Од истата оваа психолошка перспектива може да се разбере и
бунтовничкото расположение на младиот Достоевски. Првите книжевни успеси
брзо и го отстапуваат местото на неуспесите, и како што знаеме, младиот
писател се нашол во положба да раскине и со кружокот на Белински, на кој
можел да му заблагодари за неговата рана уметничка слава и во кој таа
слава веќе почнала да бледее. Под тие околности, другиот кружок, тој на
Петрашевски значел за младиот писател одреден психолошки излез. Тука во
тој кружок Достоевски пробал да ја поврати изгубената сигурност, а освен
другото, тој тука можел да се види и како борец против социјалната неправда,
за еден подобар и похуман социјален поредок.“
„Се разбира, психолошката и етичката драма на младиот писател се случувала
во одредени друштвено-политички услови, во еден изразен автократски режим,
а актерот т.е. Достоевски, по социјалната положба не бил некој кој му
оди најдобро во животот. Како син на неугледен воен лекар, без висок социјален
статус, необезбеден материјално, припадник на друштвениот слој на книжевници
кој по самата нивна природа била под будното око на цензорите, Достоевски
ни во неговата социјална положба не можел да најде поттик за некој полојален,
покомпромисен став спрема режимот. Така, благодарение на заедничкото делување
на психичките и социјалните околности улогата на борецот за правда се
покажала како единствениот и најдобриот начин за решавање на психичката
равенка на писателот.
Колкава била ефикасноста на ова се гледа по тоа што Достоевски поминал
низ искушувањата на истражната постапка и четирите години робија зачувувајќи
го својот морален, а во овој случај и психички интегритет. Навистина,
страшните душевни страдања кои писателот ги проживеал, како и тешката
болест кој тој ја добил во овој период влијаеле на неговите кршливи психички
темели, што со време станале уште покршливи. Кога непосредно по излегувањето
од затвор тој пак бил соочен со губењето на книжевната кариера, здравјето
и жената која ја сакал, писателот чии психички темели веќе биле разнишани,
оценил дека мора да се одрече, еднаш и засекогаш од улогата на борец за
правда.“
Филозофијата и главните јунаци на Достоевски
„Размислувајќи на Достоевски како мислител, значи да размислуваш на врвна
комплексност и длабочина, чија мисла и уметнички опис, во себе не содржи
само различни идеолошки ставови, туку и различни сложени значења.“
„Достоевски извршил големо влијание врз правецот на филозофската мисла
во XX век. Преку неговите романи тој успеал да вклучи низа на сериозни
и контроверзни филозовски коментари. Како што изјаснува Берџаев. Во делото
на Достоевски комуникацијата на филозофски идеи е истотака направена преку
еден индиректен начин на разоткривање на судбините на неговите јунаци.
Секој јунак е прикажан дејствувајќи по одредени верувања што би можеле
да го наречеме "кармички последици " на еден даден филозофски
став, кој покажува што ќе се случи со јунакот на крајот од делото. Секој
од јунаците на Достоевски, како лица кои ги среќаваме и во вистинскиот
живот, е мистерија за одгатнување. Берџаев забележува дека секој лик е
сложувалка која треба да се реши; истотака нагласува дека помалку интересните
сложувалки се морално „подобрите“ ликови, оние со најинтересните пресврти,
чијшто интегритет е загрозен, кои се контрадикторни и себеси се прашуваат
зошто го прават тоа што го прават. На читателот е оставено да претпоставува
какви се основните принципи кои повлекуваат навидум контрадикторни акции;
какви клучни животни одлуки донесуваат ликовите; какви сегашни околности
придонеле за овој или оној лик да постапува на таков и таков начин. “
„Писателот, главниот јунак во своите романи не го замислува како некој
што владее со своите постапки, туку како некој што е роб на своите постапки.“
„Како и секој реален човек, што го среќаваме во секојдневниот живот е
морална мистерија, така и секој јунак на Достоевски не тера да помислиме
дека е реален; само со една вештачка конструкција, со еден стереотип,
може да биде разрешена мистеријата. Верувањето на Достоевски било дека
реалните луѓе не се такви прецизни конструкции. Можеме да кажеме дека
Достоевски стои како херојски контрапункт на најголемите идеи на модерниот
свет. Со цел да се види како тој ја зазема оваа позиција би требало да
се набљудува неговиот живот; одредени настани на него влијаеле толку длабоко
што тој не може да ги прифати оптимистичките сценарија, или плановите
за рационализација на општеството, со цел да се ослободи човештвото од
своите синџири. Од она што Достоевски го видел во животот, повеќето од
синџирите на човештвото биле токму моралните. А моралните синџири можат
да се отстранат само со духовна преродба, а не преку социјална реорганизација.
Ова е причината зошто многумина го нарекуваат реакционер. Но, неговата
омраза кон теократијата и угнетувањето, од сите видови, е толку длабока
како и секое друго револуционерно чувство, така, тој не се вклопува меѓу
традиционалистите како што се на пример Словенофилите.
Филозофската мисла на Достоевски била обликувана пред се во неговиот антропоцентризам
и борбата да ја сознае суштината на човековата природа. Сите теми, коишто
тој ги нагласил, вклучувајќи религија, етика, естетика, историја, држава,
Руско општество, овозможуваат клуч за мистеријата што значи тоа да се
биде човек.“
Бахтиновото толкување на Достоевски
(полифонија, недовршеност и карневализам )
Никола Милошевиќ во предговорот на самата книга, ќе го додаде следново:
„Помеѓу оние ретки теоретичари кој работеле на делата на Достоевси, и
се труделе да објаснат некои иманентни обележја на книжевната структура,
посебно место му припаѓа на теоретичарот Михаил Бахтин.“
„Бахтиновото толување на Достоевси е ингензиозен обид да се објасни една
апстрактна, вонвременска, универзална, безпримерна и во основа статична
онтолошка шема, што се накалеми на конкретно, временско, прагматично и
динамично книжевно ткиво на романите на Достоевски.“
“Проблеми поетике Достоевског” се смета за главно дело на Бахтин и овде
Бахтин ги претставува трите значајни концепти.
Прв е концептот за недовршено себство: индивидуата не може да се финализира,
целосно да се разбере, запознае или обележи. Иако е можно да се разберат
луѓето и да се третираат како да се целосно познати, концептот за недовршеност
на Бахтин не ја отфрла можноста дека личноста може да се смени и дека
личноста никогаш не е целосно откриена или целосно позната во светот.
„Достоевски не би ја насликал смрта на својот јунак, туку кризата и пресвртите
во нивните животи, како што би го насликал и самиот животен праг на јунакот.
Неговите јунаци би останале внатре недовршени ( како што самосвеста неможе
да се заврши ). Таков би бил неговиот полифоничен пристап на раскажување.“
Од овде може да увиди дека овој концепт ја одразува идејата на душата.
Втор концепт е идејата за односот помеѓу себеси и другите или другите
групи. Според Бахтин, секоја личност е под влијание на друга во еден испреплетен
начин и последователно на ова, ниеден глас не може да биде изолиран. Во
филозофијата на Бахтин се гледа влијанието на другите врз личноста, не
само во смисла на тоа каква е личноста, туку и како личноста мисли и како
личноста се гледа себеси искрено.
„Достоевски го сметаат за еден од најголемите иноватори во полето на уметничките
форми. Тој создал, по наше толкување, една сосема нов тип на уметнички
размислување, кој условно ги нарековме полифониски.“(Бахтин, Михаил: Проблеми
поетике Достоевског. - Белград, Нолит 1967, стр. 53) Бахтин пронашол во
делото на Достоевски вистинска репрезентација на полифонија т.е. многу
гласови. Секој лик во делото на Достоевски претставува глас кој зборува
за себеси, различен од другите. Оваа идеа за полифонија е поврзана со
концептот за недовршеност и себеси и другите, бидејќи недовршеноста на
индивидуата е онаа која создава вистинска полифонија. Бахтин, исто така,
накратко го опишува и полифонискиот концепт на вистината. Тој ја критикува
претпоставката дека, ако две индивидуи не се согласуваат, барем едната
од нив мора да греши. За Бахтин, вистината не е изјава, реченица или фраза.
Наместо тоа, вистината е број од заедничко адресирани, иако контрадикторни
и логички недоследни, изјави. На вистината и требаат мноштво од носечки
гласови. Таа не може да биде задржана во еден ум и не може да биде изразена
од “една уста“. Полифониската вистина бара многу симултани гласови.Бахтин
не мисли да каже дека многу гласови носат дел од вистината и дека се дополнуваат
едни со други. Голем број на гласови не ја прават вистината едноставно,“просечна“
или “синтетизирана“.Фактот на заедничка адресираност, на соочување и на
посветување на контекстот од реалниот живот, ја разликува вистината од
невистината.
Според третиот концепт на Бахтин, карневалот е контекстот во кој различните
индивидуални гласови се слушнати, цветаат и се соочуваат меѓу себе. Карневалот
создава “праг“ каде обичните конвенции се уништени или извртени и уникатниот
дијалог станува можен. Поимот на карневал е начинот на кој Бахтин го опишува
полифонискиот стил на Достоевски: секој индивидуален лик е силно дефиниран
и во исто време читателот сведочи за влијанието на едниот лик врз другиот.
Со други зборови, гласовите на другите се слушнати од секоја индивидуа
и секој го оформува ликот на другиот.
Браќа Карамазови
Она што е Хамлет во Шекспировиот и Фауст во Гетеовиот опус, тоа е Браќа
Карамазови во опусот на Достоевски. Во многу писма авторот говори дека
основните мисли на ова дела ги носел во себе во целиот живот. За разлика
од Злосторство и казна и Идиот, планот на овој роман и концепцијата на
главните ликови не се разликуваат битно во почетната фаза и конечната
редакција.
Идеата за распаѓањето на руското општество и семејство е содржана и во
најголемиот роман на Достоевски – Браќа Карамазови ( 1879 – 1880 ). Тоа
големо дело без сомневање припаѓа на високиот руски реализам, го синтетизира
стварањето на Достоевски и отвара нови патишта за романот како книжевна
врста.
Криминалистичката фабула за убиството на стариот Фјодор Карамазов ( а
долго време не се открива убиецот ) е подредена кон разоткривање на карактерите
на трите негови синови кои не се разликуваат само по своите психички особини
туку и пред се, се разликуваат по своите погледи кон светот. Со Димитриј,
човек кој е чувствителен и страствен, но склон кон пороци и чудни желби,
стои рационален аморален човек кој се бунтува против религијата на Иван,
кој според своите идеи ( бог не постои – се е дозволено ) станува стварен
идеен зачетник на злочин, а кон него е спротивставен смирениот христијанин
и моралист Аљоша. Накрај тука е и нивниот полубрат, слугата Смердјаков
кои всушност го убива стариот Карамазов, а идејната димензија на романот
ја проширува и стариот Зосима како носител на евангелистичките погледи
и во тоа учителот на свештеникот Аљоша ( делови од романот се одвиваат
во манастир ). Иако е очигледно дека носителите на авторските поглед,
Зосима и Аљоша, Достоевски ги остава и другите браќа да зборуват, дури
и застануват и пред некои нивни аргументи, па во идејните расправии кои
се развиваат низ страниците на делото всушност се рамноправни страни и
во еднакви мери уверливи во своите аргументации. Заради тоа говориме како
всушност во овај роман најпотполно доаѓа израз на начелото ‘‘Полифонизам‘‘
( израз на М. Бахтин ), многугласните ликови од кои ниеден не се поистоветува
со авторот, но во исто време на секој од нив се согледува противречниот
авторски мисловен состав.
Цели делови на романот претставуват дијалог-расправа, од кои посебно се
изразува знаменитиот ‘‘разговор на две деца‘‘ , помеѓу Иван и Аљоша, кој
се одвива во крчмата во малиот покраински град, сосема случајно и под
непредвидено под обични околноси, во крчмарска бучава, а всушност се зборува
за постоењеото или непостоењето на Бог и апсурдно уредениот свет ( што
е доказ дека Иван е атеист ), за потоа да премине во самостојната целина
Легендите за големиот инквизитор, кој претставува еден од клучевите на
овој роман. Во Легендите, Исус доаѓа на земјата за време на шпанските
инквизиции, а големиот инквизитор го враќа од каде дошол бидејќи неговата
власт се темели на ‘‘ единствените три сили на земјата: чудо, тајни и
авторитет‘‘, а слобода на изборот, заснована на постоењето на морални
критериуми (овде Иван, а со него и Достоевски повторно полемизира со социјализмот).
Со Легендите карактеристични се и други, во ткивото на романот вметнати
целини, како што се Исповед на врелото срце на поетичниот Димитриј Карамазов,
а значаен е исто така, и многу пати цитиран и во модерната книжевност
разговорот на Иван Карамазов со ѓаволот како нов облик во кој Достоевски
зборува за раздвоена човечка свест. Во позадината на темелните идеи на
судирот кои го тресат светот а се лоцирани во мал руски град, поставени
се и актуелни социјални проблеми како на пример научниот напредок или
судските реформи во Русија, па романот освен филозофска вертикала има
и своја руска хоризонтала на актуелностите.
И како новелист Достоевски зазема значајно место во историјата на руската
и светската книжевност.
Обработка на делото
Браќа Карамазови се објавени во ‘‘Руски весник‘‘ во 1879 и 1880 год.
а после една година повторно се појавило посебно издание. Романот доживува
огромен успех. Во критиките е прогласен за најдобро дело на Достоевски
и е наречен мистично-аскетски роман. Антонович напишал дека ‘‘делото е
тешко да се нарече роман. Тоа е трактат изложен низ ликовите. Јунаците
не разговараат, туку “рецитираат“ и тоа најчесто на една иста тема која
очигледно дека авторот ја сака, теолошка тема или подобро речено тема
со мистично-аскетски својства‘‘. Критичарот тврди дека во романот нема
хуманизам, дека во него присуствува средновековниот мрачен дух, како во
текстовите на Ефрем Сирин.
За романот, воглавно се напишани негативни критики (Михајловски, Горки,
Јермилов). Но многу забелешки на животот на Достоевски се тргнати од дневниот
ред, па за нив не вреди да се полемизира. Критичката мисла во денешни
времиња, ослободена од грижливоста на догматскиот пристап, има многу причини
да тврди дека Достоевски во ниедно свое дело, со толкава поетска слика
не го изразил ставот: Мене не ми се допаѓа лицето на овој свет. Делото
е најинтензивно одрекување од злото на светот, бунт искажан на социјален,
етички, религиозен и филозофски план. Сосема очигледно е дека благородништвото
е прикажано во последните фази на тотална криза. Карамазови не се случајно
семејство, туку семејство кое содржи омраза еден кон друг и желба за меѓусебно
пресметеување. Во таа куќа вонбрачниот син Смердјаков е лакеј на својот
татко Фјодор Карамазов и прима плата. Таа плата најдлабоко го навредува.
Сосема природно е што така положба во семејството мора да предизвикува
сатанска омраза. Таткото го ограбил синот Митја, како да се ортаци, а
што е најзастрашувачки, таткото му станува соперник во љубовта. Оттука
секоја помисла на Митја на својот татко се претвора во закани: Ќе го убијам.
Одговарајќи му на Аљоша, уплашен од заканите на Митја, очигледно и од
судот - ‘‘Зошто живее такво суштество‘‘, Иван одговара: ‘‘Еден гад ќе
го изеде другиот и двата нека ѓи носи ѓаволот‘‘ и со тој исказ се открива
омразата не само кон неговиот татко туку и кон неговиот брат. И тие двајцата
стануваат ривали во љубовта кон Катарина Ивановна. Заминувањето на Аљоша
во манастир може да се свати како бегство од смрдеата и нечистотијата
на домот на Карамазови. На таков заклучок, упатува авторското предупредување
дека ‘‘Аљоша воопшто не беше фанатик, не беше ни мистик..беше само еден
млад човек кој сакаше луѓе.‘‘
Руската книжевност на 19 век нема ниедно дело во кое владеачката класа
би била покажана во толку одвратна слика како што е направено тоа во Браќа
Карамазови. Наспроти благородниците, луѓето од народот, Достоевски ги
претставува со допадливо топло сочувствување. Епизодниот лик на селнката
Настасја има подлабоко значање од местото кое го зазема во глобалната
структура на делото. Слушајќи ја нејзината исповед и осеќајќи ја нејзината
бол за губењето на нејзиниот син, Зосима вели: ‘‘Тоа е вашата мајчинска
судбина на земјата‘‘, што всушност значи дека големиот писател, судбината
на мајката го инкарнирал во ликот на проста селанка, а не во жена од владеачкиот
сталеж. Тоа не може да биде случајно и ја покажува вистината во одредени
уверуванја на уметникот. Сонот на Митја за руското село ‘‘изгорено, каде
што немаат жито, немаат леб и просат‘‘, каде што плачат мали деца, делува
по потресно од секоја песна на селскиот бард Њекрасов. Најнакрај, фактот
што Иван својата помисла за страдање ја поврзува со судбината на дете
од село кое е растргнато од кучиња, сосема одредено го покажува уметниковот
чувство за стварност и блискост на најпрогресивниот идеен став во тоа
време. А највеќе бесмисленост на судот дека во Браќа Карамазови нема хуманизам.
Исто така темата не понижување и навредување не доживеала деградација
во романот. Снегирјов е значаен лик поради бунтот против понижувањето
и поради човекото достоинство. Семејството на Снегирјов е контраст на
Карамазови: разединетост и омраза наспроти страдање и љубов. Иљуша Снегирјов
е најтрагичниот детски лик во опусот на Достоевски, а и во целата руска
книжевност. Иљуша не толку од болест колку што умира од неодмаздена навреда.
Татковите зборови: ‘‘Во мало суштество – голем гнев‘‘ не е само најдобра
карактеристика на ликот, туку и дијагноза на неговата болка. Гневот кој
не можел да се олицетвори во освета ја гори неговата душа одвнатре и предизвикува
физичка болест. Но затоа и бунтот останува вечно буден: ‘‘ Одиме така,
неговата мала рака во мојата и тој ми вели: Тато, како те понижи, а очите
му горат. Што да правиме Иљуша, реков јас. Тато, предизвикај го на двобој,
во школото ме навредуваат дека си кукавица и дека ќе примиш од него –
десет рубљи. Не можам да го предизвикам на двобој, Иљуша и му објаснувам
зошто.Ме ислуша и рече: Тато, сепак немој да се помируваш со него, кога
ќе пораснам јас, ќе го предизвикам на двобој и ќе го убијам. Гледате што
се се случува во неговата глава?‘‘ Не само што малата детска душа не се
помирила туку и цело време го остварува сонот за одмазда. Во светлото
на Иљушевата судбина се открива целата смисла на пораката на Зосима: ‘‘Тешко
на тој кој ќе навреди дете.‘‘ Достоевски во социјален план ги назначил
сите причини и извори за идни револуции.
Легендата за Големиот Инквизитор
Од мал бунт израснува голем, вечен, изразен во петата книга од романот,
што е според авторот и тежиште на романот – идејно, етичко и филозофско.
Во тесно сепаре на руска крчма, во дијалог со Иван и Аљолша, се искажуваат
најдлабоките и најпотрсните мисли за судбината на човештвото на земјата:
за лебот и слободата, природата на човекот и етиката, страдањето и смислата,
тајните и авторитетот. Она што Крилов го започнал, Иван Карамазов го довршил:
убиствената аргументација ја докажува бесмисленоста во верата, во хармонијата
и во смислата на страдањето. Основните тези на Иван се во ова: Ако постои
бог и е премудар, како може да се објасни смислата на животот заситена
со страдање, зошто е ‘‘ земјата од површината до центарот наквасена со
човечки солзи?‘‘ Иван експлицитно не се откажува од Бог, туку од светот
во кој е неминовно страдањето, а со самото тоа, имплицитно се одрекува
и од Бог. Осиромашувајќи ја својата аргументација, тој говори само за
страдањето на децата. Но со тоа всушност ја чини својата аргументација
неодолива, бидејќи страдањето на возрасните се објаснува со тоа што тие
се грешни а децата се невини. Детето кое било растргнато од кучиња, пред
очите на неговата мајка, имал само осум години и не ни стигнал да згреши.
Богот кој се осветува врз децата е полош и од демоните. Со тоа Иван ја
побил тезата дека страдањето е присутно во животот на луѓето како казна
за гршноста на луѓето. На објаснувањето дека страдањет постои за луѓето
да имат соодветен критериум за добро и зло, Иван одговара дека ако треба
преку страдањето на децата да се плати за вистината за доброто и злото,
тогаш и не ни треба бидејќи е прескпа цена, поради нечовечноста. Третиот
теолошки доказ, смислата на страдањето е дека е потребна бидејќи со неа
се искупува идната хармонија на светот, за Иван е неприфатлива ‘‘поради
љубовта кон човештвото‘‘: ‘‘Таа не е за нашиот џеб. И јас однапред ја
враќам влезницата за во рајот. Мене ми е потребма одмазда и тоа не таму
некаде во бесконечната иднина туку тука на земјата и да можам да ја видам
лично. Не сакам мајката да се прегрне со џелатот чии кучиња го растргнале
нејзиниот син. Таа не смее да му прости. А ако не смее да му прости, каде
е тука хармонијата?‘‘
Иван ја докажал неодржливоста на сите теолошки феномени преку феноменот
на страдање. Одрекувајќи се од смислата на страдање, тој се одрекува од
телошокото објаснување на светот. Светот на неправда и зло преку тоа ја
изгуби и последната тврдина на која се потпираше. Уверливоста на Ивановите
тези, Достоевски ја прикажува на таков начин што Аљоша поставува две прашања:
Што да се прави со генералот чии кучиња го растргнале детето и дали би
прифатил да биде градител на новиот рај на земјата под услов во неговите
темели да заѕида солзи на невини деца. На првото прашање божјиот искушеник
Аљоша одговара: ‘‘Да се стрела.‘‘ а на второто: ‘‘Не, не би прифатил‘‘.
Во двата случаја тој не реагира монашки, туку ја прифаќа логиката на Иван:
бара одмазда и одбива рај кој треба да се заслужи со страдање на невини.
Објективно, тоа е пораз на сфаќањето на светот на Аљоша, пораз на црквата
и религијата, што е симболизирано во романот. Во тоа е и правата смисла
на изјавите на Иван: ‘‘Не те давам тебе на Зосима‘‘. Заминувањето на Аљоша
од манастирот може да се итерпретира како плод на семето на сомневање
кое Иван со својот бунт го посеал во неговата свест.
Бунтот на Иван Карамазов е пресметка со религиозните концепции за светот.
Следното поглавје на романот ‘‘Легендата за Големиот Инквизитор‘‘ е внатрешна
пресметка. На Аљошовото прашање нели е Христовата етика решение за проблемите
на светот, Иван одговара со својата ‘‘Поема‘‘. Иако зборува само Инквизиторот,
а Христос молчи, ‘‘Легендата‘‘ е најзначајна полемика. Инквизиторот ги
открива грешките на Христосовата етика, а со самото тоа ја оправдува ревизијата
која е извршена на црковното учење. Духот на сомневање кој го искушувал
Христос во пустината го предупредил на иден пораз на неговата мисија,
затоа што ‘‘оди во свет со празни раце, само со заветот на слобода‘‘,
која и покрај привлечноста и тешкиот товар и затоа во човечките очи помалку
вреди од леб. Го советувал да ги претвори камењата во леб и така ‘‘човештвото
ќе потрча по него, покорно и благодарно и во вечен страв да не му бидат
одземени лебовите.‘‘ Покрај тоа му предложил да се симне од крстот, да
стори чудо, бидејќу чудата и тајната имат голема власт врз човечката душа.
Луѓето би поверувале во чудо, а со тоа и во ново учење. Накрај, му понудил
да го земе ‘‘царскиот меч‘‘ како симбол на власт и да владее. Христос
ги одбил сите предлози, бидејќи не сакал да го зароби човекот ни со леб,
ни со чудо, ни со власт и сила. Сакал слободно да се определуват за неговиот
збор. Во тоа е фаталната грешка на мислењето на Инквизиторот, која го
условила неговиот пораз. Бидејќи така Христос постапил ‘‘како бог‘‘, одговарајќи
дека ‘‘човекот не живее само од леб‘‘, сепак е поочигледна вистината дека
човекот не живее без леб. ‘‘Знаеш ли дека во име на тој леб, ќе се побуни
земскиот дух, ќе се судри со тебе и ќе те победи и сите ќе отидат по него...Нахрани
се, па потоа барај доблест. Ете што ќе напишат на знамето кое ќе го кренат
против тебе и кое ќе го сруши твојот храм.‘‘ Христовата грешка е дотолку
тешка, што му се пружила прилика да го обедини човештвото и тако да ја
реши третата мака на човештвото за единство, бидекјќи нема ништо понеспорно
од леб. Таа вистина би станал вистина за се.
А основниот пример на Христовата грешка е во тоа што неговата претстава
за човекот не одговара со реалноста: ‘‘Се колнам, човекот е послабо и
пониско суштество отколку што мислеше ти за него‘‘. Затоа во неговите
очи Христовата вистина не можела да има цена еднаква на матерјалните вредности.
Црквата извршила ревизија на неговото учење и прифатила она што Христос
го отфрлил: ја ограничила човечката слобода и лебот, со тајни, чуда и
власт. Инквизиторот цело време инсистира на тоа дека ревизијата е извршена
со љубов кон човекот: ‘‘Христосовата љубов е невозможни чудо на светот‘‘,
ги подесиле каноните спрема ‘‘слабот и ниско суштество‘‘.
Иако полемиката на Иван е насочена против еванѓелските етики, таа има
и пошироко значејне. Ликовите на Христос и Инквизиторот не се ограничени
со една епоха и идејно-етичка платформа. Во визијата на Достоевски, судбината
на Христос е симболична за секој идеолог-основач: учениците ќе ја ревидираат
вистината на учителот, а ревизијата ќе биде мотивирана со разбирање на
човечките слабости. Покрај тоа во ‘‘Легендата‘‘ се поставени проблеми
кои човекот на својот историски пат постојано ги решава, но не може да
рече дека трајно ги решил. Тоа се проблемите на лебот и слободата, односот
на човечката природа и етиката и проблемот со обединување на светот. Во
‘‘Легендата‘‘ лебот не значи само дека црквата не го решила социјалното
прашање и со тоа го условила својот пораз. Лебот ја симболизира потребата
на животот, со која човекот е воглавно одреден. Траен недостаток на секоја
идеја е што е дефинирана според идеал, според човечки желби, а не според
реалните можности. Оттука конкретната стварност го влече идеалот кон себе.
Тоа ја чини аргументацијата на Инквизиторот убедлива. Меѓутоа, потребата
не целокупната човечка судбина. Тој мора да ја совлада потребата на патот
кон слободата, кон идеалот. Идеалот е потребен на животот за да се движи
напред, за стварноста да не се задоволи сама со себе. Идеалот неограничен
со пропозициите на реалните можности е неопходен да го брани човекот од
банализирање и апсолутен леб. Човекот во историјата најдобро ја потврдувал
својата веродостојност во моменти кога го жртвувал својот леб насушен
за својот идеал, кој може да изгледа и како невозможно чудо. Оттука целата
човечка историја и се движи помеѓу стварноста и идеалите.
Проблемот на слободата се третира во непосредна врска со човечката природа,
слободата открива противречност на човечкото суштество и неговото однесување.
Човекот се стреми кон слободата како идеал и се жртвува за неа, но исто
така во услови на перманентно определување помеѓу добро и зло, слободата
на изборот, слободата се претвара во тежина, кога човекот сака да се ослободи
во замена за закон, за пропишан правилник. Накрај, слободата неизбежно
се стреми кон апсолутниот свој вид и затоа се граничи со самоволие. Трајниот
проблем на секоја идеологија и друштвена структура е во поставување на
граница на човечката слобода. Во основа несогласувањето на Инквизиторот
со Христос се две концепции на човечката природа. Христос му поставил
на човекот многу високи барања, одрекувања, скоро невозможни – да го сака
ближниот како себе, затоа и создал впечаток како да не го сака човекот.
Инквизиторскиот хуманизам е одреден спрема моќите на луѓето како слаби
суштества. На прв поглед неговиот хуманизам е поприфатлив, бидејќи се
одрекол од големи барања за да му биде полесно на човекот. Меѓутоа, тој
сепан не можел да скрие дека не ги цени луѓето, според неговите сфаќања
човекот е слаб и подол, зата никаква духовна вредност во неговите очи
не може да се мери со лебот. Инквизиторското расудување, природно во себе
носи скриена мисла дека човекот таков каков што е не може да почитува
и да сака. Оттука на крајот од ‘‘Легендата‘‘ станува јасно дека Христос
многу барал од луѓето затоа што верувал во неговата сила и возвишеност,
а кога така го ценел, тогаш и го сакал. Зошто кога Инквизиторотската концепција
била точна, ниеден подвиг во човечката историја не би постоел. Владеење
на човечките слабости не е само опасност за идеалот, туку и опасност за
луѓето, бидејќи ако човекот се задоволува со малку, општеството неминовно
би се уништило и банализирало. Без обид за надминување на своите моќи,
нити може да се одмери својата моќ ниту може да постои создавање.
Накрај, мислата на Иван за човечката жед за единството на светот во суштина
значи стремеж на секоја идеа кон универзалноста. Навистина, во човечката
историја, секоја голема мисла не би можела да се задоволи со парцијална
победа, туку и сакала да завладее со целиот свет гледајќи во тоа најубедлив
доказ за своите вистинитости и цели. По сите компоненти ‘‘Легендата‘‘
ѓи надминува рамките на темата во која дијалогот е започнат и говори за
одредена вистина за човекот и историјата. Констатацијата дека Достоевски
во Браќа Карамазови ‘‘ја препеал старата песна‘‘ во суштина е точна. Во
романот се среќаваат старите мотиви: понижени и навредени, разделување
на човечката личност, страсни поврзаности за животот, единствената противречност
во ширината на човекот, злосторството и казната, љубовра-омразата, страдањето
на децата патници, природата и етиката, судбината на доброто и убавината
на светот, атеизмот и месијанството. Меѓутоа, неоспорна вистина е дека
старите мотиви и теми во овој роман имат добиено завршно, маестрално олицетворение
и интерпретација. Оттука Браќа Карамазови представуваат и синтеза и врвно
достигнување на создавањето на Достоевски.
Случувањата во судницата
Судењето на Димтри е јавен спектакл. Луѓето ги имаат слушнато новостите
за случајот и судницата е преполна со гледачи, највеќе жени. Интересно,
повеќето од нив се надеваат Димитриј да биде ослободен. Многу од мажите
не симпатизираат толку овој женкар и се надеваат на осудување. Кога ќе
се прочуе дека Смердјаков нема да сведочи бидејќи извршил самоубиство,
Димитриј вели: ‘‘Кучешка смрт за куче‘‘. Кога го прашуваат Димитриј како
се изјаснува во врска со случајот тој вели дека е виновен за многу работи.
Тој вели дека е виновен за ‘‘пијанство и несоодветно однесување, мрза
и развратништво.‘‘ Но, исто така вели дека ‘‘решил да стане учтив човек‘‘
до крајот на неговиот живот, кога го уапсиле за криминал што тој не го
извршил. Тој се изјаснува како невин, но сите, дури и неговите подржувачи
знаат дека обвинителството има добар случај против него.
Адвокатот на Димитриј ги дискредитира сите сведоци кои имаат сведочено
против Димитриј, како на пример Ракитин, Григориј и капетан Снегирјов,
потенцирајќи дека сите сведоци имаат сопствени мотиви против Димитриј.
Аљоша не е дискредитиран бидејќи е познат по својата неприкосновена чесност
и исто така изложува случај кој и помага на одбраната на Димитриј. Аљоша
кажува за разговор кој го имал со својот брат кој докажува дека Димитриј
навистина имал голема сума пари во себе пред убиството. Аљоша тврди дека
3000 рубљи на Фјодор, никако не би можеле да бидат мотив за убиство на
својот татко. Ова докажува дека Димтриј не ги украл парите кои му биле
пронајдени кога бил уапсен, тој ги имал пред убиството.
Катерина исто така и помага на одбраната на Димитриј со раскажувањето
на случки кои го прикажуваат него како чесен човек. Таа вели дека Димтриј
не ја уценувал ни заведувал неа, иако имал шанса. Сведочењето на Катерина
го вознемирува Димитриј бидејќи смета дека го извалка неговото име, но
таа сепак ја кажува приказната за да му помогне на човекот на кој се има
заколната дека ќе го поддржува и цени.
Иван наеднаш се појавува во судницата, и кога ќе биде испрашан, неговите
одговори не му помагаат на никој. Тој очигледно не е здрав и зборува бесмислици.
Тој не дава докази против Смердјаков. Но, кога ќе ја напушти судницата
тој ги покажува 3000 рубљи на судот кои Смердјаков му ги има дадено. Тој
тврди дека Смердјаков го убил и ограбил Фјодор и дека тие се парите од
грабежот. Тој додава дека бл посетен од ѓаволот – и луѓето почнуваат да
зборуваат дека е луд. Поради неговото наводно лудило, неговото сведочење
против Смердјаков е отфрлено и тој е исфрлен од судницата.
Катерина сведочи пак, овој пат необјасниво го менува мислењето за Димитриј
и го покажува неговото писмо во кое вели дека би го убил Фјодор за пари.
Судот прашува зошто го има сокриено овој доказ и таа вели дека сакала
да ја спаси нејзината љубов по секоја цена, но и дека неговото неверство
ја имат разбеснето. Таа не можела да издржи и морала да ја каже вистината.
Грушенка се разбеснува и ја навредува Катерина за нејзината дволичност.
Обвинителот го затвора случајот. Тој искрено смета дека Димитриј е виновен.
Тој зборува за опаѓачкиот морал на рускиот народ. Тој го напаѓа Фјодор
за неговата алчност. Тој вели дека однесувањето на старецот го направиле
неговиот син огорчен и лут. Сепак, тој вели дека ова не го оправдува убиството
и смета дека Димитриј треба да биде осуден. Обвинителот ги анализира браќата
Карамазови поединечно, заедно со обвинетиот. Тој вели дека Димитриј е
стравствен и очаен, два квалитети кои посочуваат на убиец. Тој смета дека
Смердјаков не ги поседувал овие квалитети и со тоа ја отфрла вината од
него. Исто така, тој потенцира дека Смердјаков имал напади вечерта кога
се случило убиството. Најконкретниот доказ против Димитриј е писмото кое
Катерина го покажала на судот. Обвинителот бара од поротниците Димитриј
да биде осуден.
Адвокатот на Димитриј е славна личност и сите во судницата со неочекување
го чекаат неговото излагање. Тој зборува прецизно и топло и го обвинува
обвинителството за злонамерност. Тој зборува зошто сите докази против
Димитриј не се комплетно основани. Адвокатот го напаѓа обвинителот за
неговите психолошки проценки, велејќи дека психологијата е ‘‘како нож
со две острици‘‘. Тој објаснува како психологијата лесно може да докаже
дека Димитриј е сочувствителен, импулсивен човек или ладен, пресметлив
убиец. Со ова докажува дека психолошките докази се неосновани.
Тој исто така тврди дека и другите докази се бесмислени. На пример, нема
доказ дека Фјодор имал 3000 рубљи кои Димитриј би можел да ги украде.
Објаснувањето на Димитриј од каде му се тие пари е исто добра и како теоријата
дека ги украл од татко му.
Адвокатот на Димитриј потоа објаснува како Фјодор бил ужасен татко, кој
често го занемарувал и злоставувал детето. Димитриј погрешливо дете кое
пораснало без татко, поради постапките на Фјодор. Потоа, вината на Смердјаков
е спомената пак. На крај, адвокатот смета дека затворите се за реформирање,
а не за казна, но дека затворањето на Димитриј ќе ги уништи шансите за
негово реформирање. Кога тој завршува целата судница му аплаудира.
По кратка пауза, поротниците се враќаат и го прогласуваат Димитриј за
виновен. Во целата бучава на судницата, Димитриј извикува дека не е виновен,
дека и простува на Катерина и посакува дека неговото семејство ќе се грижи
за Грушенка. Тој е изнесен од судницата.
Анализа на истото:
Последната книга од оваа новела се случува во судница, што е соодветен
крај за новела што е центрирана околу убиство. Ова е новела за вина, иако
Димитриј е тој што е суден, тој не е единствениот чиј живот е анализиран
низ правните постапки. Овие крајни глави се алегорија за силното осудување
што со секој лик се соочува, внатрешно или надворешно. Бидејќи религијата
игра голем дел во оваа новела, ова судење повикува на духовно пресметување.
Без разлика дали е со судот, со Бог или со самиот себе, секој лик се соочува
со судење. Зосима вели дека својата свест е едиствениот начин на казнување.
Страдањето на Иван се случува само во неговата глава.(на пример, помеѓу
него и неговите лични демони) Смерјаков сам себе си пресудил.
Иако судењето на Димитриј е јавно, потенцирајќи дека општествено е поважно
јавното судење од внатрешното судење на сите ликови, ова е најзначајната
арена во која се проценува моралната вина. Исто така, во согласност со
идеата дека јавното судење и казнување се спротивни на идеите на Зосима(а
најверојатно и според Достоевски, кој имал такво искуство), читателот
дознава дека Димитриј е невин. Ова судење не е за свест, внатрешни мотиви
или злонамерност, сите поими се комплицирани и теми за интепретација.
И покрај сиот разговор за психологијата, ова судење е за факти и начинот
на кој државата ги користи овие факти за да се дојде до погрешното заклучување
дека Димитриј го убил својот татко. Во исто време е тажно и смешно дека
најексплицитното судење, кое највеќе луѓе го анализираат, всушност е нефункционирање
на правото. Ова го потврдува тврдењето на Зосима, дека казнувањето од
државата е погрешно. И дека самоанализирањето е поуспешно.
Судењето е јавен спектакл бидејќи луѓето се позаинтересирани за скандали
и интриги. Адвокатот на Димитриј е познат по неговите брилијантни говори
и забавни улоги, а не по стриктното внимание на деталите.
Задолженоста е значаен концепт во новелата. Делумно бидејќи Русија има
западнато во тешки времиња, присуството или отсуството на парите е поврзано
со идеите на гордост и чест. Многу било срамно да не се плаќаат долговите
и ликовите како Снегирјов и Иван се трудат многу да останат без долгови.
Нивната смисла за интегритет е базирано врз нивната финансиска независност.
Многу срамно нешто во очите на народот е тоа што Димитриј не го вратил
долгот кон Катерина.
Настрана фактите, ова судење е јавен настап центриран околу фамилијарна
драма. Судењето е битка помеѓу морал и интрига, базиран на длабоко задржаните
верувања и чувства на тие кои го следат судењето, не на детали. Димитриј
станал славна личност. Другите се дефинираат себеси според нивното мислење
за судењето. Еден граѓанин може да знае каков е друг граѓанин според неговото
мислење за Димитриј Карамазов. На овој начин судењето е повеќе за луѓето
кои го следат, отколку за Димитриј.
Суштината на секој лик станува повеќе јасен со секое нивно следно излагање.
На пример, сведочењата на Григориј и Марфа се директни и осудувачки. Двајцата
се посветени кон нивниот едноставниот поглед кон искреноста и ако вистината
придонесува момче кое тие го израснале да биде затворено во затвор, тогаш
нека е така. Исходот е неизбежен и за нив нема друг избор. Аљоша е чесен,
топол и разбирлив и неговото сведочење е за среќа да му се помогне на
Димитриј. Грушенка се докажува себеси дека му помага на Димитриј, бидејќи
нејзиното сведочење е емоционално и искрено и нејзината посветеност кон
Димитриј е јасна.
Катерина, во нејзиниот дел, покажува дека е контрадикторна. Таа дава лично
срамно сведочење за карактерот на Димитриј, преку тоа заветувајќи се да
му помогне на човекот што го сака, но пред да заврши судењето, таа дава
докази кои ја запечатуваат судбината на Димитриј, кажувајќи дека и е доста
со неговите неверства. Па на обвинителот кој му е во прилог овој исказ
на Катерина Ивановна ќе рече:
„Во што да веруваме сега? Дали во првата легенда – за настапот на висока
благородност, кога ги дал последните средства за животот и се поклонил
пред добродетелта, или во опачината на медалот, која е толку одвратна?
Во животот обично се случува така што при две спротивности вистината треба
да се бара на средината; во овој случај оа не е толку буквално, најверојатно
од сè е дека тој во првиот случај бил искрено благороден, а во другиот
случај, исто така, искрено долен. Зошто? Па, ете затоа што ние сме широки
природи, карамазовски – јас токму тоа сакам да го прикажам, - природи
способи во себе да имаме секакви можни спротивностии во исто време да
ги посматраме обете бездни: бездната над се, бездната на нашите идеали,
и пездната под нас, бездната на најдолното и најсрамното паѓање.“
Не е јасно зошто го прави ова, но едно е јасно, дека таа има лична агенда
и дека нејзините постапки не произлегуваат од нејзиното срце, туку од
некои нејзини планови. Можеби таа сака да стане страдалник или да добие
некакво спасение со посветеност која таа не ја чувствува. Во секој случај
таа е смирена и допадлива, но надворешноста крие нешто многу попресметливо
и мрачно.
Сведочењето на Иван докажува колку длабоки се неговите чувства за срам
и вина. Во ова дело страдањето има директна врска со совеста. Сериозноста
на состојбата на Иван го покажува неговиот внатрешен немир. Иван, кој
изгледа смирен и психолочки стабилен во целото дело, се распаѓа. Она што
отпрвин изгледа како ладно и неемоционално однесување, очигледно е маска.
Под светлото на јавната инквизиција, луѓето како Иван можат да откријат
некои од нивните скриени но вистински бои.
Осудувањето на Димитриј за убиството на татко му, прикажува тврдења за
политичките и религиозните убедувања. Зошто Достоевски би го завршил романот
со осудување на погрешниот лик. Погрешното осудување ја прикажува неправдата
во светот – освен ако се работи за правдата на совеста покрај се, покажувајќи
дека државата греши во одлучувањето на тоа што е добро, што лошо. Дали
Димитриј треба да страда за неговиот живот? Дали Димитриј заслужува да
оди во затвор, иако тој не убил никој? Засега идеата на Зосима за казнувањето
ја вклучува совеста и фактот што вистинската правда е лична и духовна,
а не политичка.
Зошто тогаш, се прави јавното судење толку значајно во делото? Иако одењето
во затвор, не мора да промени човек, придонесува за градење на карактер.
Како што објаснуваат многу ликови во новелата објаснуваат, тие тежнеат
кон страдање со цел да ги прочистат нивните чувства на срам и вина. Димитриј
е на границата помеѓу спасение и проколнување во целата новела. Ова е
шансата на Димитриј да ја прочисти неговата вина со служење робија, иако
тој не е виновен за криминалот. Ова осудување е како благослов.
Смердјаков, кој избегнал осудување, поминал многу полошо од Димитриј,
според чувството за правда на Зосима. ( Подобро е виновната личност да
признае и да плати, отколку да се остане слободен и никогаш да не се биде
реформиран). Тежината на совеста на Смердјаков е толку голема што тој
си го одзел неговиот живот, сам и без поддршка од општеството.
Иван, кој исто така чувствува вина за убиството, не е ставен на судење,
но неговите чувства за вина се поголеми отколку што тој може да поднесе,
кои го излудуваат.
Судењето не покажува, барем не нас, дека Димитриј е крив за било каков
криминал освен за тоа што тој го има одредено за себеси. Исто така, другите
личности, повеќе или помалку, покажуваат дека се имат сретнато со правдина
кое не мора да зависи од порота. Притоа, притисокот од јавноста и помага
на карактерите да се ослободат од својата вина. Судењето не е всушност
за грешкте на казнениот систем, туку е платформа која му дава на Димитриј,
а до одреден степен и на други, шанса за спасение во социјален и политички
контекст, без лични и духовни последици. Ова судење е јавна платформа
која почива која ги покажува вистинските последици за тие што се засегнати.
Епилог
Аљоша ја посетува Катерина, каде што го наоѓа Иван болен и заспан. Катерина
му кажува на Аљоша дека планираат да го ослободат Димитриј од затвор за
да може да ја напушти земјата и дека и треба помошта на Аљоша. И покрај
фактот што ова придонесува до лаги и подмитување, Аљоша се согласува под
еден услов, Катерина треба да го посети Димитриј во затворот. Кога Аљоша
го посетува Димитриј, Димитриј е опседнат со тоа дека треба да се покае.
Тој сака да биде спасен преку страдање, но тој вели дека му треба Грушенка
за да му помогне во тоа тешко време во неговиот живот. Аљоша возбудено
му кажува за нивните планови за неговото бегство. Димитриј се согласува
со нивните планови, но чувствува голема потреба дека некој ден ќе сака
да се врати во Русија. Катерина го посетува Димитриј и тие се помируваат.
Грушенка го посетува Димитриј и кога Катерина ќе ја види, таа и се извинува
и неа. Грушенка, не го прифаќа извинувањето и не и простува за нејзините
постапки во судницата, што довеле до осудувањето на Димитриј. Иљуша умира.
Аљоша оди на неговиот погреб. Тој зборува со пријателите на Иљуша и им
вели да се сеќаваат на неговиот пријател. Децата многу го сакаат него
и сите се радуваат за неговиот ментор и пријател.
Анализа на епилогот:
Оваа завршница е за покајување и спасение. Не е толку за покајувањето
на Димитриј, иако објаснува како тој сака да започне нов живот. Не е току
за покајувањето на Иван, иако тој е спасуван од страна на Катерина. Овој
епилог покажува дека децата се спасението на Русија. Кога Аљоша им зборува
на децата, тие се радуваат на неговите зборови и идеи и може да се претпостави
само дека тие ќе ги искористат неговите идеи во нивните животи.
„Знајте дека нема ништо повишно и посилно, и поздраво, и покорисно за
идниот живот, од некаков убав спомен, а особено ако е тој од детството,
од родителската куќа. Вам многу ви се зборува за вашето воспитание.а еден
толку прекрасен свет спомен, зачуван од детството, можеби е токму најдобро
воспитание. Ако човек носи во себе многу такви спомени,тогаш тој човек
е спасен за цел живот. А ако макар еден убав спомен остане во нашето срце,
некогаш и тоа може да послужи како спас. .. .Не плашете се од животот!
Колку е убав животот кога ќе направиш нешто добро и праведно!“
Потрагата за спасението е многу поголема од неколку индивидуалци како
Димитриј и Иван. Кога Фјодор умира без спасување на неговиот злобен, злонамерен
живот, најзначајните последици се оние кои се одразуваат на следите генерации
како маки и тешкотии. Неговите синови, доброволно или не, имаат научено
се од него и го живеат нивниот живот во сенка на неговиот. Ако го отфрлат
неговото влијание од нивниот живот, тие ќе остварат мал триумф. Ако можат
да пренесат малку надеж кон следните генерации, тие многу придонесуваат
кон нивната држава и нивниот народ. Кога Аљоша ги шири неговите зборови
и идеи кон децата, тој придонесува кон осигурување на иднината на Русија.
Достоевски имал силни чувства кон неговата држава. Кога Димитриј зборува
со Аљоша за пребегнување во друга држава, тој го изразува мислењето еден
ден да се врати во Русија и дека ја сака државата. Оваа новела почнува
како приказна за едно семсјство а завршува со приказна за државата како
место во кое индивидуалците и фамилието можат да бидат инспирирани да
живеат подобар живот.
Користена литература:
*Flaker, Aleksandar: Ruska književnost – Zagreb, SNL 1986
*Бахтин, Михаил: Проблеми поетике Достоевског. - Белград, Нолит 1967
*Милошевиќ, Никола: Достоевски као мислилац. - Белград, Партизанска
книга 1981
*Dostoevski, Fjodor: Braća Karamazovi. – Beograd, Izdavaćka radna organizacija
“Rad” 1979 (предговор)
*Достоевски, Фјодор: Браќа Карамазови. – Скопје, Мисла, Македонска книга,
Наша Книга, Култура 1980 (цитати)
http://philosophy.ucdavis.edu/may/mattey/phi151old/NOV28LEC.HTM Dostoevsky
as Philosopher November 28, 1995; June 2, 1998 Guest Lecture by Jay
Gallagher)
http://www.gradesaver.com/the-brothers-karamazov/study-guide/section12/epilog
Download
СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » »
Besplatni Seminarski
Radovi - Бесплатно семинарска
работа
SEMINARSKI RAD
|
|