ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
- |
|
|
|
КНИЖЕВНА СЕМИОТИКА
Мошне често поимите семиотика и семиологија се изедначуваат, така што
често наместо семиотика употребуваме семиологија и обратно.
Фердинанд де Сосир зборува за знакот и прв прави дистинкција меѓу семиотика
и семиологија. Семиотиката е општа теорија на знаците. Семиологијата го
проучува функционирањето на знакот во општествената пракса. Денес се избегнува
оваа дистинкција и семиотиката се изедначува со семиологијата, односно,
тие се синоними.
ОПШТА СЕМИОТИКА: Знакот не постои само во јазикот и книжевноста, туку
и во филмот го имаме и тонот како знак, знаци од народната традиција (облаците
како знаци итн.). Знакот е еден општ феномен кој постои во сите облици
на човековата комуникација. Со помош на знакот нешто соопштуваме. Знаковната
комуникација ги надминува границите на меѓучовечкото општење. Се смета
дека таа знаковна комуникација ја има и кај животните, растенијата итн.
Во рамките на општата јазична информација и комуникација постои и книжевниот
вид на комуницирање меѓу авторот и читателот, меѓу делото и читателот
итн.
Семиотиката се дели на:
1. СЕМАНТИКА - која се задржува на односот меѓу ознаката и означеното;
2. ПРАГМАТИКА - е дисциплина која се задржува на односот меѓу знакот и
читателот;
3. СИНТАКТИКА, СИНТАКСА - е дисциплина која се задржува на односот меѓу
знаците, пр.: текстовите како знаци, книгите како знаци.
Семиотиката прави неколку типологии и разликува неколку видови знаковни
системи:
1. ПРИРОДОЈАЗИЧНИ СИСТЕМИ - нив ги дефинира како првостепени и тука спаѓаат
природните јазици, т.е. националните јазици (македонски, француски итн.).
Тоа се јазици кои се одликуваат со некоја конкретна пракса, употреба.
Во овие системи секој знак е во однос со некој предмет (референт) од стварноста.
Не сите знаци се конкретни, не секогаш означуваат само предмети кои постојат,
кои ги има во стварноста, туку постојат и апстрактните, метафизичките
знаци, кои означуваат нешто кое не е опипливо, но сепак постои во нашата
свест.
2. ВЕШТАЧКИ ЗНАКОВНИ СИСТЕМИ - Вештачки знаци имаме во математиката, информатиката
итн. Тие знаци се нарекуваат вештачки, затоа што тие се договорени. Тука
спаѓаат и сообраќајните знаци, знаците од јазикот на глувонемите, слепите
итн.
=> СТРУКТУРАТА Е НАЧИН НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ. СИСТЕМОТ И СТРУКТУРАТА
СЕ НЕДЕЛИВИ.
3. ВТОРОСТЕПЕНИ, СЕКУНДАРНИ ЗНАКОВНИ СИСТЕМИ - Обично се надградуваат
врз веќе постоечките јазични системи и не секогаш се однесуваат на работи
кои ги има во природата. Книжевноста ги употребува природните јазици за
да ги претвори во книжевни, ги кодира и сл. Сите секундарни јазици имаат
претходна потреба од природните јазици и заедно конституираат некои веќе
изведени знаковни системи, како на пр. Книжевниот. Секундарен знаковен
систем е на пр. Митот - иконичен, сликовит систем.
4. МЕШОВИТИ, ХИБРИДИЗИРАНИ ЗНАЦИ - На пр. Есејот кој е комбинација од
природојазичен систем и второстепен знаковен систем и сликовит систем.
5. МЕТАЈАЗИЦИ - Метајазични системи, на метајазик, се мисли кога со еден
јазик се опишува некој друг вид јазик кој е веќе изграден, на пр. Теоријата
на книжевноста го опишува книжевниот јазик. Постојат и мета-мета јазици,
како на пример книжевната критика, книжевната методологија итн.
Семиотиката разликува: јазични и нејазични знаци, вербални и невербални.
Семиотиката разликува неколку типови знаци и тоа:
1. ЗНАК-СИМБОЛ - симболи се сите кодирани знаци и тие се денотативни.
Овие знаци имаат висок степен на кодифицирање и конвенционалност. Кај
овие знаци односот меѓу знакот и означеното е кодивициран.
2. ЗНАК-ИКОНА - кај овие знаци врската меѓу ознаката и означеното е сликовите.
Иконичните знаци се конотивни знаци. Моделот има карактеристики на уметничка
творба.
3. ЗНАК-ИНДЕКС - кај нив врската меѓу ознаката и означеното е причинско-последична.
Овие знаци се општо семиотички. Пример: Каде што има чад има и оган. Кај
нив постои некоја логична врска која се јавува како резултат на подолготрајно
перцепирање. На пр. уште пред да настане земјотрес, животните се вознемируваат,
значи го претчувствуваат. Исто така, пред таквите катастрофи, добиваме
информации, предупредувања од другите планети. Сето ова спаѓа во индексното
информирање.
Семиотиката разликува постојани и променливи знаци.
Знакот го означува предметот, го заменува предметот. Затоа, знакот се
посматра од страна на предметот кој го означува. За да се појави знакот,
мора д апостои потреба некој предмет да се замени, да се означи.
Роман Јакобсон ја опишува книженоста, книжевната порака како автореференцијална,
естетична.
Едно книжевно дело во исто време може да биде и автореференцијално (естетично)
и референцијално.
Знаковноста на книжевноста не се исцрпува смо со интересот за означеното.
Знакот е сложен состав (ознака + означено). Со знаците се служат субјектите,
пренесувајќи ги на други субјекти, што значи дека мора да постои договор.
Во книжевноста има повисок степен на естетичност, но со тоа не се исклучува
прагматичноста. Додека пак на пр. во новинарството, повисок е степенот
на прагматичноста, но тоа не мора да значи дека не постои естетичност.
Постои и интертекстуалност. На пример, пародијата - има пародизирање на
книжевно дело кое веќе постои, имаме и митеми, кај кои основниот текст
потекнува од некој друг, претходно напишан текст, хипотекст. Дури и во
книжевноста имаме метајазичност, но сепак доминира второстепеноста.
Треба да се укаже и на согледбата која се однесува на фактот дека постои
разлика меѓу книжевни и лингвистички системи. Некои системи побрзо се
менуваат, а други побавно. Системите подразбираат конвенционализирани
односи, подразбираат извесна константност, законитост.
Говорот е пракса, вид на употреба на јазикот. Јазичниот систем побавно
се менува. До промена во јазичниот систем доаѓа кога настануваат промени
во конвенционалниот систем. Промената во лексиката не е вистинска промена
во јазикот, но промената во синтаксата е вистинска промена, затоа што
синтаксата е огледало на јазикот, таа ја претставува душата, суштината
на јазикот.
Во 20 век настануваат брзи и радикални промени во книжевните системи,
а кај јазичните системи може да нема промени и со векови.
КНИЖЕВНИОТ СИСТЕМ КАКО ВТОРОСТЕПЕН
КНИЖЕВНА СЕМИОТИКА
Системите се разликуваат по степенот на моделативната моќ. Првостепените
системи имаат висок степен на моделативна моќ, а второстепените имаат
понизок степен на моделативна моќ. Книжевноста е второстепен (секундарен)
знаковен систем. Во книжевноста, јазичниот систем се реорганизира на поинаков
начин, бидејќи природојазичниот систем е веќе кодиран, тој уште еднаш
се кодира во книжевноста, што значи дека книжевниот систем е двојно кодиран.
= КОД =
Кодот подразбира што е забрането а што не е. Терминот „код“ не е чисто
книжевен термин, туку потекнува од егзакните науки (математиката, информатиката).
Кодот ни ја покажува оптималната граница меѓу забранетото и дозволеното.
Моделативната моќ е способност да се претстави некој предмет во форма
на јазична или книжевна слика. Моделот е слика на предмети кој се посочува,
прикажува со еден знак. Моделот на предметот што се прикажува во еден
текст може да биде поблизок до светот кој го прикажува, но може да биде
и пооддалечен. Оттаму, едни знаци се сметаат за условно пореалистични,
пореференцијални, поотворени кон предметметот, а други се сметаат за помалку
референцијални, херметични и позатворени кон предметот.
Структурата на природојазичниот знак подразбира директна врска меѓу знакот
и референтот. А во книжевниот систем тој однос меѓу знакот и предметот
е индиректен, па дури и невидлив. При читањето на знаците, учествува цела
низа од интерпретенти, кои се знаци подредени од други знаци и кај секој
читател пбудува цела низа различни слики, секој читател различно размислува.
На пример, со поимот „куќа“ секој поимува различно: некој има, некој нема
куќа, камена куќа, разрушена куќа, убава куќа, куќа-полжав, мала куќа,
бела куќа итн.
МОДЕЛОТ, СЛИКАТА НА ПРЕДМЕТОТ ВО КНИЖЕВНОСТА ГО ПРЕТСТАВУВА ОНА ШТО НЕ
МОРА ДА ПОСТОИ, ОНА ШТО МОЖЕ ДА Е ОТСУТНО.
Обичните јазични знаци се пореференцијални, затоа што врската меѓу знакот
и предметот може да се провиери, а кај книжевноста тоа го нема. Некои
книжевни знаци сосема ја отфрлаат референцијалноста, па се идентификуваат
како нереференцијални, или како автореференцијални. Тие сосема се оддалечиле
од врската меѓу знакот и предметот, животот, светот итн. Но после Маларме
сите тие врски се укинуваат, тие се невидливи, па дури знаците можат да
не означуваат ништо друго освен самите себе. Тие знаци се означуваат самите
себеси и со тоа го повлекуваат прашањето на дефиницијата на знакот со
кој секогаш се означува нешто што постои надвор од нив. Овие знаци имаат
свое потекло и своја подолготрајна традиција. Укинати се логичките врски
меѓу нив, или барем се невидливи на прв поглед. Има книжевни знаци кои
се во поголема мера референцијални и такви кои се автореференцијални,
кои поттикнуваат на размислување на самиот знак, освен точна информација
тие сакаат да понудат нешто повеќе за предметот, односно светот кој го
претставуваат; тие знаци настојуваат да имаат поширока, поуниверзална
информација за начинот на кој се организирал животот и светот.
Во книжевниот систем се активира начелото на созвучност, на музикалност,
односно се активира самиот принцип на знаковност, семиотичност, што има
голема улога во формирањето книжевни текстови за кои не е важно што ќе
се каже, туку како ќе се каже. Не постојат два потполно идентични збора.
Обичните јазични знаци се одликуваат со висок степен на симетричност меѓу
предметот и знакот со кој тој предмет се означува. Овие знаци се потешко
читливи затоа што ја искривуваат сликата на светот кој е означен со тој
знак; а тоа е така заради асиметричноста меѓу знакот и предметот, односно
светот; не се мисли на ништо конкретно.
КНИЖЕВНИОТ СИСТЕМ Е:
1. секундарен, второстепен;
2. двојно кодиран;
3. иконичен, сликовит, со висок степен на моделативност;
4. односот меѓу предметот и знакот е асиметричен;
5. покажува интерес кон самиот знак и тоа висок степен на автореференцијалност,
а во исто време се и комуникативни и информативни.
Се смета дека со сите овие својства на книжевниот систем, својата структура
ја прикажува во мало - во тропите. Се смета дека обичниот јазик се стреми
да се конвенционализира, да се употребува автоматски, но книжевно-уметничката
информација се стреми да биде нешто повеќе од обична информација. Во таа
смисла, обичните изрази имаат низок степен на информативност.
Целта на книжевноста е постојано да ги актуелизира сликите кои се умртвиле,
заборавиле во јазикот, а тоа го постигнува кога тие изрази ќе ги пренесе
во друг, нов контекст и текст и нема повеќе да се примати употребуваат
автоматизирано. Се што е старо, веќе видено, автоматизирано, предвидливо,
не носи многу информации. Но, кога ќе се направи трансформација, модификација
на контекстот, степенот на непредвидливоста ни дава до знаење дека тука
постои некој степен на уметничко изразување.
Се она што е стереотипно може да врши книжевна функција само кога ќе се
актуелизира и со него ќе се каже нешто ново, непознато, непредвидливо.
Во книжевната комуникација мошне е важен читателот и се што се вклопува
во неговата мерка на очекување е веќе познато, конвенционално, а се она
што ја надминува таа мерка е шокантно и чисто книжевно.
За да се развива системот, во него треба постојано да се воведуваат промени
кои ќе имаат радикален карактер. Се смета дека книжевниот систем е сложен
систем, затоа што истовремено е моделативен, иконичен, комуникативен,
информативен итн.
СТРУКТУРА И
КНИЖЕВНО-УМЕТНИЧКА СТРУКТУРА
Терминот структура е преземен од дисциплините кои имаат егзактен карактер.
Овој термин означува устројство, конструкција, градба, состав.
Може да се говори за некаква поврзаност меѓу структура и систем (состав
на прагми). Прагми - јазични, семантички __тивни, се она што се сретнува
во сите книжевни родови. Книжевнио вид е презентативен.
Постои една предрасуда, дека оако се говори за структура, мора да се зема
само структуралистичкиот метод. Структуралистичкиот метод ја проучува
книжевноста иманентно - однатре, без разлика на надворешните фактори.
Структура - нестатична. Овој термин има своја праисторија и предструктуралистичкиот
метод. Се афирмира со појавата на Сосир, потоа кај Прашките структуралисти
во 30тите години (Роман Јакобсон).
Структурата е начин на организирање на еден род, при што се мисли на нешто
динамично, живо, отворено. Но, тоа секогаш претставува некој минимален
ред, кој може да се посматра трансисториски, надвор од книжевноста. Тоа
го покажуваат антропологијата и лингвистиката. Се разликуваат две рамништа
на поимање на општеството.
Архетипски структури - во кои се пројавува Едипов комплекс, чедоморство,
Федра, а то ас еглавно негативни пројавувања. Тие постојано се обновуваат,
се менува смо нивното име, суштината е иста. Кога се говори за структура,
не се мисли на склопови, туку на односите меѓу тие делови, кои се различни
односи.
Структурата е латентно дадена, потребно е да се активира за да се изрази
даден однос. Таа не е материјална категорија, туку е корелациона меѓу
најмалку два дела, во склоп на една голема целина. Мора да постои сооднос
од таа целина кој е повисок од тие кои ги поседуваат деловите. Самата
ознака може да не означува ништо. Дури и знакот е една виша инстанца.
Тој воспоставува однос межу ознаката и означеното. Контекстот ни покажува
како текстот се структуира, а го вклучува и субјектот, како и каналот
преку кој се пренесува.
Структурата е деллива на елементите од кои е составена, од деловите кои
градат некоја трета инстанца. Таа не е еднаква на збирот од тие делови.
Идејата за структурата има свој континиум од Платон па наваму. Кога се
говори за едно книжевно-уметничко дело не може да го менуваме начинот
на кој авторот ги поставил деловите. Самото дело има своја цврста структура,
постои кохерентност. Секое книжевно-уметничко дело располага со минимум
структура, која во рамките на еден текст е завршена. Структурата не се
исцрпува по однос на самиот текст, туку продолжува во соодносите меѓу
текстовите, кои се надворешни. Внатрешната структура е латентна, но во
соодносот со читателот таа го менува својот карактер. Структурата станува
надворешна, се отвара кон еден текст, се чита во одреден социјален контекст
на дадена епоха. Таа се отвара и спрема категоријата вредност, т.е. спрема
некнижевни категории во кои учествуваат читателот и авторот. Односот текст-читател-автор
е различен во писмената и усната традиција. Во усната книжевност постои
колективен, мултиплициран автор, усниот текст е наменет за друг вид рецепција,
за колективиет (за празници, протакуларни, религиски обреди). Романот
е индивидуален вид.
Се воведува нов однос на прием на текстот (информатичко поимање). Во секојдневната
комуникација односите се поинакви, говорителите-читателот е познат.
Во книжевното уметничко дело се говори за естетска структура - уметничка.
Тоа не значи дека таа е полисемантичка, полифункционална (едукативна,
национална, лингвистичка, забавна, социјална).
Јазичниот книжевен систем подразбира одредени конвенции.
Книжевната структура е составена од текст и контекст (жанрот, кодот, метајазичноста,
сите типови на канали, психички, биографски, биолошки фактори). Книжевната
структура подразбира нешто условно дадено (текстот). Контекстуални фактори
- отворени.
Текстот е примарната даденост во книжевноста. Тој се надградува при самото
читање со што и се вреднува. Во крајна линија, тоа завршува во една нова
вредност.
Текст
Книжевно-уметнички текст
Textus
Лат. textus = текстура, ткаенина, специфичен вид ткиво, преземен е од
материјална средина и пренесен во книжевна.
Текст - книжевно уметничко дело и го претставува графичкиот звуковен дел
на делото. Тоа е непроменлив дел, материјален, од книжевно-уметничкото
дело кое е посложено, составено од нематеријален дел, стилот. Книжевно-уметничкиот
текст може да биде во усна и во писмена (книжевна) форма.
Текстот го менува својот статус низ историјата претставува дел од морални
јазични конвенции. Со текстот се поврзува и развојот на човековата цивилизација.
Се поврзува со цивилизацијата на знаците. Секој текст е артикулиран и
систематизиран, тој постои за да комуницира со него. Авторот (индивидуа
или колектив) и знакот, со тоа се поврзувал текстот долго време, а читателот
бил исклучен. Денес се смета дека читателот влијае врз тие книжевни конвенции.
Разлики меѓу книжевно-уметничко дело и книжевно-уметнички текст. Текстот
се смета за отворена категорија, знак, додека делото е затворена категорија,
целина, класична со редуцирано значење. Тоа е теорија на Ролан Барт и
структуралистите во Франција.
Променливоста на текстот се гледа во усната традиција. Текстуалноста е
колку фиксен, толку и материјален дел од делото. Секој текст служи не
само да информира, туку и да комуницира. Текстот како културно-уметничко
дело подразбира авторство, читателски чин, вреднвуање, негирање и др.
Културно-уметничкиот текст поврзува најмалку две димензии - историската
и уметничката, онтолошката.
Постојат книжевни и некнижевни текстови. Се поставува прашањето кои се
тие индикации врз кои се одредуваат текстовите? Во принцип секој некнижевен
текст е структуиран врз принципот на природојазичниот систем. Имаат карактер
на примарни структури. Книжевните се структуирани врз принципот на книжевно-уметничкиот
код и се секундарни. Во таа смисла, книжевниот текст е културно кодиран
и има симболично значење, никогаш само буквално. Книжевниот текст е двојно
кодиран, конотативен, сликовит, иконичен, полифункционален и секогаш почива
врз препознатливи конструктивни постапки и елементи кои кај некои текстови
се позабележетелни. Пр., формалниот пристап - ритамот, стихот, паралелизмот
во песната, особено со врзаниот стих.
Колоквијалниот говор не подразбира изразување во стих (подразбира премин),
тој е празен, рамен, прав.
Секогаш кога зборуваме за текст ние влегувваме во сферата на говорот,
а не на јазикот. Текстот има структура на знаци и затоа за книжевноста
може да се зборува како за сложен текст. Говориме за елементарни знаци.
Светот да се поима како структура, знак. Може да се зборува за хиерархија
на тие текстови - модел на мин. текст и сложени текстови, се до најсложените
текстови и надвор во текстови на стварноста. Семиотичкото дефинирање на
текстот овозможило текстот да се толкува како отворен знак, комуникативен,
на релација со стварноста и со другите текстови.
Интертекст. Денес се повеќе така се зборува за текстот. Се зборува за
нефикционална книжевност (патепис). Текстото може да искаже одреден светоглед
врз основа на други текстови, по пат на цитати, парафрази. Книжевниот
текст може да цитира книжевни и некнижевни текстови (хроники). Книжевно-уметничкиот
текст/дело не е заинтересирано само за чистата природа, туку и за културата,
цивилизацијата и човекот.
Постојат три типа на дефинирање на текстот и тоа:
1. чисто лингвистички
2. чисто семиотички
3. чисто поетички
Текстот не може да биде помал од една реченица, но таа треба да биде со
сите елеметни, потрбно е да има дејство. Текстот мора да има почеток,
средина и крај. Тој секогаш подразбира одреден контекст (јазичен, историчен,
културен).
Семиотиката ги бара и надреченичните односи. Таа подразбира семантика,
но и прагматика. Текстот таа го посматра како знаковна, информативна,
комуникативна, историска и културна категорија.
Поетичкото дефинирање на текстот подразбира интерес за спецификите на
текстот кои го преобразуваат од некнижевен во книжевен. Ги бара неговите
стилско-уметнички вредности.
Текст-дискурс (синоним) - секој тип на заокружен исказ, писмен или устен,
тој е говорна категорија. Затоа, се говори за разни дискурски, а се мисли
на разни текстови. Дискурс може да биде и беседата.
Специфики на книжевно-уметнички текст - се мисли на феноменот на автоматизација
и дезавтоматизираност. Текстот се реактуелизира во одреден контекст.
Книжевно-уметничкиот текст е целина која содржи позитивни и негативни
величини дадени во текстот, кои можат да се препознаат. Секоја плус постапка
е неадоврзување на веќе постоечкото во книжевноста. Негативни величини
- радикални постапки, промени, минус постапки, отсуство на доминантните
одлики на книжевноста. Тоа отсуство се осетува во овој термин, тие зависат
од односот што го зазема читателот спрема текстот. Книжевниот текст е
извор на двосмислени, симболични културно-кодирани значења. Сложеноста
на информацијата е пропорционална на сложеноста на текстот. Структурата
и стилот се семантички делови. Кога текстот се семантизира, истовремено
и се стилизира.
Од книжевниот текст се добиваат и информации од емотивен карактер. Информациите
се дадени во специфична форма која не е лишена од емотивни обележја.
Книжевниот текст има своја посебна морфологија - форма, структура. Книжевниот
текст постои како еден вид семиозис; поврзување кое ги вклучува и меѓучовечките
односи. Читателот е често пати имплицитен и препознатлив. Авторот е пред
се институција, социјална категорија. Постои и еден друг вид автор - имплицитен
автор.
Книжевниот текст го конструира своето значење во самиот процес на читање,
комуникација. Книжевната комуникација е сложена и ги подразбира следните
категории:
- автор
- текст
- читател
- предмет за кој тој текст говори
- кодот
- начин или канал на комуникација.
Секој текст се запишува и замислува како специфично линеарно поврзување
на знаците во просторот и времето, според законите на природојазичниот
систем. Примарно, текстот не мора да биде запишан, туку може да биде замислен
(писмената форма е само дополнително организирање на текстот). Прозните
книжевни текстови имаат понагласена варијанта да се изделат од самата
проза. Во романто и расказот се повидливи свесно употребените дополнителни
конструктивни постапки.
Писателот, преку текстот интервенира во хронологијата на настаните. Во
романот и расказот се изделуваат две рамништа: 1. на приказна и 2. на
интервенција, начина на изработка на приказната.
Се што е сижеен елемент се смета за дополнителен книжевен, уметнички елемент:
писателот интервенира во сиже и дискурс. Сижејните конструктивни постапки
можат традиционално да се изделат во прозата. Сижето се смета за чиста
интервенција. Кај поезијата основна карактеристика е стихот. Присутна
е римата, паралелизмот. Поетскиот исказ се труди да ја избегне обичната
линеарност на природо-јазичниот систем. Повторувањето во поезијата има
функција во создавањето на поголеми единици: стапка-полустапка, стих-строфа-песна.
Во песната можат да се изделат конструктивни постапки, кои го покажуваат
нејзиниот книжевен степен. Во поезијата се вкрстува природно-јазичниот
знак и музичкиот кои н емора да имаат исто значење. Песната е двојно кодирана
и ги следи правилата на овие два система:
буквално
» » » читање на книжевниот текст
преносно
Таму каде што нема двојно читање, нема книжевен текст. Книжевниот текст
го моделира светот два пати, како што е случајот со тропите, семантичките
фигури. Нив ги наоѓаме во идиоми, фразеологизми и таму наоѓаме книжевно-уметнички
вредности во редуциран вид. Таму во преносното значење се наоѓаат зачетоците
на митското мислење на светот. Во книжевноста наидуваме на клиширани форми
кои иницираат дека станува збор за книжевен текст. Го сместуваат текстот
во одреден жанр. Во усната книжевност се забележува говорно клише. Лингвистиката
разликува уште два вида на говорни клишеа покрај идиомите и фразеологизмите:
гатанки и поговорки.
Идиомот содржи опис на некој настан кој во обичната комуникација се автоматизира
и клишето се чита како обичен израз. Книжевниот текст го реактуелизира
идиомот и клишето. Клишето има карактер на посложен текст во однос со
обичниот. Се збори како парадигма на книжевниот текст.
Книжевниот текст задолжително содржи симболична ситуација која што може
да се толкува како проекција на некоја претходно готова слика. Книжевниот
текст располага со сигнали на распознавање, кои се употребуваат на ниво
на:
- простор;
- говор, вербални, стилски;
- лик (психолошки);
- време.
Книжевниот текст во секоја епоха утврдува свои доминантни конвенции кои
се моделираат од една до друга епоха:
- тематски конвенции;
- стилски конвенции;
- книшето може да се конвенционализира.
ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКА ПОРАКА
ФУНКЦИИ НА ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКАТА ПОРАКА
Во почетокот на 20 век, како резултат на позитивизмот се формира формалистичкото
перцепирање на книжевноста, кое е иманентно (внатрешно). Делото се посматра
текстуално од неговите граматички и лингвистички структури.
Спротивен е надворешниот пристап. И двата пристапи како радикални, не
се добри. Како реакција на овие две гледања се јавува на почеток во рамки
на структурализмот а потоа во рамките на книжевната семиотика - се посматра
делото како функција - функционално гледиште. Делото има функција во општеството.
Отворено е во сите правци. Избегнат е причинско-последичниот однос писател-општество,
како и анисторичноста. Кога се применува овој пристап се земаат исти текстови,
но се менува нивната поставеност. Стилската постапка, вредноста и неговото
значење се варијабилни величини. Затоа, толкувањето, вреднувањето треба
да има историска дистанца како и неговото поставување. Имаме постојан
процес на конвенционализирање на стилските и естетските постапки. На овој
процес се спротивставува процесот на актуелизација и иновација. Секоја
уметност допушта појава на иновации и нови пристапи, за да се избегне
состојбата на стерилност.
Оригиналноста е меѓу конвенцијата и иновацијата. Семиотиката го посматра
делото како комуникациски чин - порака. Прави разлика меѓу обичната јазична
порака и делото како јазично-уметничка порака.
___ Булјар (германски психолог) ја дал првата дефиниција на јазичната
порака: јазичната порака е составена од единици и секоја единица има задача
да биде една од трите фактори или да врши една од трите функции:
фактори = порачител, примател, предмет на пораката
порачител - изразна (експресивна) функција
примател - апелативна функција
предмет - прикажувачка (референцијална) функција.
Вредности:
1. симптоматична вредност (порачителот)
2. симболична вредност (примателот)
3. сигнална вредност (предметот)
На секој тип на јазична комуникација се остварува т.н. комуникациски
контекст, кој говори за тоа дека е воспоставен односот автор-текст-читател.
Во 60тите години овој трочлен модел на комуникацискиот контекст на јазичната
порака го проширува Роман Јакобсон во есејот Лингвистика и поетика, во
збирката есеи со ист наслов, со тоа што дава платформа како да се разликува
обичниот од книжевно-уметничкиот текст. И двата текста можат да имаат
уметничка функицја. Разликата е во тоа што книжевниот текст претендира
да има естетска функција. Во некнижевните текстови таа не е доминантна,
неприкосновена, таа е можна (пробабилна). Јакобсон кон трите фактори додава
уште три:
1. порачител - емотивна функција;
2. примател - конативна функција,
3. контекст - референцијална функција;
4. контакт (канал) - фатичка функција;
5. код - метајазична функција;
6. порака - поетска функција.
Ако нема канал - нема комуникација. Книжевно-уметничката порака ја гледаме
како културен дел, односно како дел од културата. Една иста порака може
да биде исполнета со значење или да биде испразнета (извлечена од нејзиниот
сопствен код или контекст). Поетската функција е сконцентрирана на самата
порака, на самата информација. Во книжевноста е многу битно како нешто
ќе искажеме. Тоа ја дава разликата меѓу обичната и книжевно-уметничката
порака.
Мукаржовски говори за семиолошки функции, што ги групира во:
1. практична (воспитна, социјална, забавна)
2. естетска
3. информативна (во реторички, новинарски текстови, во колоквијален говор,
во дидактичка поезија).
Способноста на книжевно-уметничкиот текст да врши повеќе фунции - полифункционалност.
СОЦИЈАЛНА ФУНКЦИЈА НА ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКАТА ПОРАКА
Социјалната функција што книжевноста ја врши во општеството е една од
функциите кои укажуваат на поставеноста на книжевноста во општествениот
контекст и се разликува од естетската функција. Како прагматична, социјалната
функција се поврзува главно со факторот примател, читател, критиката.
Поврзаноста со овој фактор не ги исклучува другите фактори, односно можноста
за поврзување со другите фактори.
Естетската функција во крајна линија е менлива категорија.
Социјалната функција ги вклучува сите чинители на книжевниот текст. Нема
книжевен текст кој нема социјална (општествена) функција, затоа што секое
книжевно дело е дел од општеството.
Книжевноста не е изолиран систем, афтархичен систем. Тоа не е доволно
само за себе, туку влијае и трпи влијанија врз себе. Структурата на книжевното
дело е отворена и динамична.
Нема книжевно дело кое не врши некоја социјална функција. Нема книжевен
вид како вид не влегува во социјална констелација, односно, не врши некоја
социјална функција.
Усната книжевност и усните книжевни видови имаат долга традиција на позиционирање,
во рамки на општеството, и кај неа е манифестна, видлива социјалната функција.
Пример, песните и другите народни умотворби не се класифицирани според
естетскиот принцип, туку според социјалниот принцип (пр: жетварски, аргатски
ајдучки, овчарски итн.) Овие песни се социјално условени, со нив се изразува
некоја социјална функција на човекот, но таа социјална функција не им
ја одзема естетската вредност на тие песни и на книжевните дела воопшто.
Потоа, играчките, брзозборките, освен забавната функција, вршеле и образовна
функција. Исто така, гатанките меморираат една мисла, едно знаење, што
е плод на народната традиција.
Фактички, социјалната функција е поврзана со многу акции и реакции кои
ги врши книжевноста, не само во рамки на општеството, туку и во рамките
на сите други области од човековото живеење и дејствување.
Во одделни периоди од развојот на книжевноста се нагласува со интересот
за социјалната функција, а во други периоди особено е нагласен интересот
за естетската функција. Додека во ново време се прават обиди да се најдат
допирните точки на овие две функции, не да се помират, туку дасе поврзат,
затоа што сепак, книжевноста не се посматра само како текст, туку и како
контекст.
За книжевноста мое да се зборува и од аспект на функција да изрази нечии
интереси и потреби. Сликата на светот која ја дава едно книжевно дело
е во согласност со реалната општествена слика. Секој посебен период од
човековата историја се одликува со посебна слика на општеството која ја
дава книжевното дело или книжевноста воопшто.
Модерната книжевност се повеќе инсистира на создавање на поиндивидуални
слики на свет, со што се отежнува глобализирањето на сликата на светот.
Така, во некои епохи имаме многу различни светови во еден свет, додека
во други епохи тие индивидуални епохи/светови се универзални.
Кижевноста покажува различни видови социјална стварност, затоа што општата
стварност не се заснова само на социјалната стварност, туку и на интимна,
семејна, психолошка, ментална, сексуална итн. Затоа имаме и најразлични
визии на светот и писателите пишуваат социјални, фамилијарни и психолошки
романи итн...
СЕМИОТИЧКИ АСПЕКТИ НА КНИЖЕВНИОТ ТЕКСТ
Доста формалисти преминуваат во семиотичари: Р. Јакобсон, Р. Барт, Мукаржовски...
Лингвистички (структурални) и семиотички пристап. Семиотиката ги менува
термините и многу често дава семиотички пар на даден структурален термин
СТРУКТУРАЛИЗАМ СЕМИОТИКА
систем код
говор порака
Главна цел е комуникацијата и пренесувањето на информацијата. Во таа
смисла семиотиката го проширува контекстот на промислување на книжевноста.
Сооднос со реципиентот. Се што е естетско и информативно е латентно дадено
се додека не влезе во контекст на комуникацијата. Семикотиката го става
акцентот врз прагматичноста. Прагматиката секогаш мисли на читателот и
публиката. Семиотиката трга од постулатот дека во животот постојат различни
знаковни системи во кои се уредува светот, односно културата на човештвото
и различните видови светови. Го посматра секој знаковен систем како еден
тип на јазик. Има знак, систем и текст (на музика, сликарство), а спрема
тоа и различни видови на текстуалност.
Се што е текст е истовремено и знак. Се што е знак не е текст. Текстот
може да посматра и на ниво на ознака и на ниво на означено. Според некои
семиотичари и светот е текст. Тоа е најопштото поимање. Сопругата на Лотман
вели дека светот е текст каде што постои извесен архитекст, според кој
се што се случува е претходно случено. Но, и текстот е свет.
Семиотиката придонесува враќање на науката во проучувањето на книжевноста.
Книжевноста е научна и проверлива. Семиотката ги прави разграничувањата
на различни типови на знаковни системи:
1. природни (примарни)
2. секнундарни
3. вештачки (на математиката, на програмските јазици)
Од друга страна се јазичните степени:
1. јазик-објект (книжевниот јазик го предучува светот)
2. јазик-предмет
3. метајазик (но и метајазичпност во книжевноста).
Книжевниот јазик е мешан, хибриден јазик. Тој е двојно кодиран но во
послободна смисла треба д асе третира како јазик кој е повеќекратно кодиран.
Секоја информација има две димензии:
- математичка (проверлива, семиотичка)
- хеуристичка (информацијата не секогаш може да се провери, што е импресивно
во еден исказ, на некој начин наследно, а експресивните елементи говорат
за авторот и неговиот начин на изразување).
Пјер Гиро се залага за статистички мерења на стилскиот говор.
Лео Шпицер (стилистичка критика) има специфични поимања на стилот. Тој
вели дека секое дело има своја внатрешна форма и може да се допре до неа
без разлика од каде ќе почнеме со анализата на делото. Таа внатрешна форма
се поврзува со психологијата на авторот и има свои надворешни манифестации.
Реторичката концепција на стилот продолжува во 20 век како неореторичка
концепција, се говори за неореторика како вид стилистика.
СТИЛ
Терминот стил е од старогрчко потекло, значи столб, стожер, а подоцна
зборот означувал средство за пишување од метал, дрво, коска и сл. Стилот
претставува начин на пишување.
Стилот како поетичко-реторичка категорија. Уште многу одамна стилот е
дефиниран како човек затоа што стилот не е апстрактна категорија, туку
е категорија која укажува на тенденцијата дека при пишувањето доаѓа до
израз авторот. Стилот подразбира процес на индивидуализација на некој
говор, на некој текст. Автентичпноста е во зависност од субјектот кој
зборува или пишува. Одликите на една личност (ментални предиспозиции,
психичката состојба, т.е. психо-физичката состојба, образованоста во одредена
област, начинот на јазично изразување и сл.) го дава стилот.
Во 19 век Бахтин вели дека стилот не е човек, туку стилот се најмалку
двајца. За да се одреди стилот на еден говорен исказ никогаш не е доволно
како нешто се меморизира, се кодира, туку и како се декодира од другиот
објект.
Аристотел вели дека стилот во голема мера зависи од контекстот, функцијата
на изразот, намената, целта, прилагоденоста на моментот со изразот, кој
се кажува. Нескладот е една од негативните одлики на стилот. Она што не
е усогласено, прима негативна конотација. Се треба да биде усогласено
на намената, целта, на другата личност итн. Една од позитивните индикации
е ускалденоста на местото, временто, човекот итн. Други позитивни индикации
се јасноста наспроти која е најасноста, Според Аристотел негативна индикација
е и големата претенциозност. Аристотел ги почитува своите ставови за соодветноста
на стилот на жанрот, времето, местото, публиката, намерата итн. Според
него, сублимноста е добра одлика на стилот, а честите проширувања, дигресии,
зборуваат за еден вид лош стил. Сувопарноста или високопарноста, зборува
за невкус и тоа е исто така негативна индикација.
Во Реториката, во 3та глава, се однесува на стилот и ги истакнува следните
особености на стилот:
- јасноста
- прикладноста
- сублимноста
- непретенциозноста
- ефектот на изненада што треба да се постигне со некој специфичен начин
на искажување.
Добриот стил од Аристотел до денес, би требало во процесот на комуникација
да носи дефамилијаризацијата, тоа значи дека стилот е извор на дополнителни
информации, токму поради фактот што е причинител за создавање необични,
оригинални, автентични, крајно индивидуализирани информации, текстови.
Основните дефиниции на стилот во 20тиот век го допираат овој аспект на
стилот, неговата изненадност, очуденост. Секој стил се спротивставува
на навтоматизиранта употреба на јазикот и се свртува кон неавтоматизиран,
тежок говор. Стилот е секогаш прашање на говорот, на пораката, а не на
јазичниот систем. Оттаму, стилот или е категорија која се разликува од
граматичкиот кодекс или настојува еден говор да биде особен, да достигне
висок степен на индивидуалнизација. Иако глобално сите бараат, согледуваат
ваква димензија на стилот, сепак постојат извесни разлики од автор до
автор.
Стилот се дефинира како добро и убаво пишување или говорење (калокагатија=добро=убаво).
И книжевните стилови низ историјата произлегуваат од стилски формации,
стилски комплекси, кои понатаму се пројавуваат низ други појави во културата.
Ова го има не само во книжевноста, туку и во музиката, сликарството, вајарството,
архитектурата итн. Стилот е еден посеопфатен феномен кој освен текстот
на книжевното дело, вклучува и други фактори, кои образуваат една констелација
и затоа не може да биде предмет на изучување на само една граматичка гранка.
стилот зависи од читателот културните норми на епохата (пр. во една епоха
нешто може да биде вулгарно, да биде табу и сл.) Стилот е еден вид поглед
на свет и во голема мера зависи од читателот и неговите предиспозиции,
а исто така, во голема мера зависи од текстот. во книжевноста стилот се
стреми да го достигне ефектот на изненадното, неочекуваното и сл. и често
се гледа како аномалија, прекршување на постоечките норми. Стилистиката,
совјот предмет на изучување го дели на граматиката, лингвистиката, книжевната
критика. Оттука, имаме и стилистичка критика. Главно, стилистиката се
дефинира како посебна дисциплина која се занимава со проучување на се
она што претставува естралингвистичко... на изразот на еден текст или
еден говор.
Download
СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » »
Besplatni Seminarski
Radovi - Бесплатно семинарска
работа
SEMINARSKI RAD
|
|