ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МЕНАЏМЕНТ
 
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- МЕНАЏМЕНТ -
Лидерство и менаџмент-семинарска работа
Gledaj Filmove Online

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Лидерство и светските лидери


Вовед

Лидерството е процес во кој поединецот влијае врз другите луѓе, ги инспирира и мотивира, ги насочува нивните активности за да им помогне на групата и на организацијата да ги постигнат своите цели. Ако лидерите не се ефективни, нивното влијание не придонесува за тоа, и често пати ги остранува кон постигнување на целите. Покрај извршувањето на целите, ефективното лидерство ја зголемува способноста на организацијата да одговори на предизвиците, вклучувајки ја и потребата од конкурентна предност, потребата да се негува етичкото однесување, и потребата да се управува со различна работна сила фер и коректно. Лидерите кои покажуваат влијание врз членовите на организацијата, помагаат задоволувањето на овие цели да ги зголеми шансите на организацијата за успех.

ДЕСЕТ НАЈМОЌНИ БОГАТАШИ И НАЈДОБРИ ЛИДЕРИ ВО СВЕТОТ


Големото богатство со себе ја носи и моќта да се предизвикаат промени. Угледниот американски магазин “Форбс” ги рангира најмоќните светски милијардери, според нивните политички врски, големината на бизнисот и инвестициите, медиумската покриеност, филантропските убедувања и нивното вкупно богатство.


1. Бил Гејтс - Вкупното богатство на првиот човек на Мајкрософт се проценува на 40,7 милијарди долари и според Форбс тој е рангиран на првото место. Покрај тоа што е најбогат човек на светот, Гејтс истовремено е и најмоќен од сите милијардери во светот. Оперативниот софтвер на Мајкрософт опслужува 93% од персоналните компјутери во светот. Најбогатиот човек на светот истовремено е и најдарежлив. Гејтс годишно подарува над една милијарда долари, најмногу во истражувања на вакцини.


2. Ворен Бафет - Според големината на вкупното богатство од 30,5 милијарди долари Бафет е рангиран на второто место. Компанијата Оракл поседува 36% од Беркшир Хедавеј, како и екстра профитабилен удел во акциите на Кока Кола и Жилет.


3. Силвио Берлускони - Трет најмоќен милијардер во светот е италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Според вкупното богатство од 5,9 милијарди долари Форбс го рангира Берлускони на 45. место.
Италијанскиот премиер и бизнисмен најголемо внимание посветува на Фининвест, неговата инвестициона фирма која поседува 49% од најголемата италијанска телевизиска мрежа Медиасет. Берлускони исто така има интереси во банкарството, осигурувањето и издаваштвото.


4. Руперт Мурдок е четвртиот најмоќен милијардер во светот и покрај тоа што според вредноста на неговото богатство, кое се проценува на 5,5 милијарди долари, е рангиран на 54. место.
Тој е сопственик на Мурдок Њус Корпорејшн. Неговата телевизиска куќа Фокс, која сателитски се пренесува низ целиот свет, му овозможува глобално влијание.


5. Ли Ка-Шинг е петтиот најмокен милијардер. Неговото богатство се проценува на 7,8 милијарди долари и Форбс го рангира на 28 место на листата на најбогати луѓе во светот.
Шинг е сопственик на холдинг компанијата Хачинсон Вампоа која се занимава со телекомуникации, пристанишни услуги и недвижен имот и која е присутна во 41 земја низ светот. Ли Ка-Шинг е најбогатиот човек во Азија и поседува 13% од вредноста на берзата во Хонг Конг. Досега има инвестирано над седум милијарди долари во Кина и има изградено патишта и железници во должина од 400 милји.


6. Принц Алвалид. Саудискиот принц Алвалид е шестиот од листата најмоќни милијардери. Тој “тежи” 17,7 милијарди долари и на листата на Форбс е рангиран на петто место.Влијанието на овој саудиски принц достигнува многу подалеку од Средниот Исток. Принцот Алвалид е најголем поединечен инвеститор во американската финансиска корпорација Ситигруп. Тој има контакти со лидери на повеќе од 20 земји во светот, вклучувајќи ги и Русија, Велика Британија и Кина.


7. Михаил Ходорковски. Со богатство од околу осум милијарди долари рускиот бизнисмен Ходорковски е рангиран на 26. место, но тоа не е пречка Форбс да го рангира меѓу десетте најмоќни милијардери. Не се знае како асењето на Ходорковски ќе влијае на неговата моќ и неговото богатство. Ходорковски до неодамна беше доминантен сопственик на Јукос, втората по големина нафтена компанија во Русија.


8. Робсон Волтон, најстариот син на Сем Волтон контролира 38% од семејниот бизнис-синџирот на продавници на мало Вол-Март. Неговото богатство се проценува на16,5 милијарди долари и на листата на најбогати милијардери во светот е рангиран на 7. место. Најголемиот светски синџир продавници на мало само во САД има 3.200 продавници и 1.200 продавници во странство, со годишна продажба од 244 милијарди долари. Компанијата може да го зајакне присуството во Европа преку британската компанија Сејфвеј.


9. Карлос Слим Хелу- Мексиканскиот бизнисмен Хелу според своето богатство од 7,4 милијарди долари е рангиран на 35 место. Тој е познат по инвестирањето во американските продавници на мало Сакс и Сиркут Сити, а поседува и една третина од Мексикан Болса. Хелу издвои милиони долари од своето богатство за обнова на Мексико Сити и го најми Рудолф Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк, да го исчисти криминалот во градот. Хелу исто така е цврсто поврзан и со врвните политички личности во Мексико.


10. Азим Премџи. Индиецот Премџи според вкупното богатство од 5,9 милијарди долари е рангиран на 45-то место. Тој поседува 84% од Бенгалор Випро, најголемиот индиски технолошки концерн. Випро е лидер во профитабилниот бизнис од поместувањето на професионалните работни места од САД и Европа кон Азија.

БИЗНИС ЛИДЕРИ ШТО ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2006 ГОДИНА


Највеликодушен


Ворен Бафет Berkshire Hathaway

Вториот најбогат човек на светот и најпознат инвеститор, Ворен Бафет(76) одамна велеше дека еден ден ќе подари голем дел од неговото богатство вредно 46 милијарди долари. Тој ден дојде на 26 јуни 2006, кога Бафет објави дека во наредните неколку години ќе донира вкупно 31 милијарда долари на фондацијата која ја основаше неговиот пријател и најбогат човек на светот, Бил Гејтс, заедно со својата сопруга Мелинда. Бафет рече дека причината за оваа негова одлука била тоа што Гејтс умее подобро од него да ги употреби тие пари за хуиманитарни цели, па затоа нему и му ги доверува. На своите три деца, кои исто така управуваат со хуманитарни фондации, Бафет им отстапува околу 33 милијарди долари вкупно.
Најголем “уништувач” на конкуренцијата


Ерик Шмит Google
Може ли животот да е поубав за Google? Заработката во третиот квартал беше подобра од прогнозираната, се зголеми на 2,7 милијарди долари, а акциите на компанијата молскавично го достигнаа врвот од 500 долари секоја кон крајот на ноември. Пазарната капитализација на овој гигант во интенрет пребарувањата, достигна повеќе од 147 милијарди долари, што е девет пати повеќе од еден General Motors. Заслугите за овој разурнувачки поход на *Google се на неговиот лидерски триумвират-основачите Сергеј Брин и Лери Пејџ и главниот извршен директор Ерик Шмит. Тие успеаја да ги “искршат” сите ривали, со сe Yahoo и Microsoft. Амбицијата на Google да се шири и надвор од својата основна дејност стана многу очигледна во октомври, кога го купија интернет сајтот за размена на видео-клипови YouTube за 1,65 милијарди долари. Основан во почеткот на 2005 година од пријателите Чад Харли и Стив Чен, сајтот во моментов привлекува 81 милион посетители месечно. YouTube нуди огромна колекција на аматерски видео-клипови, но и исечоци од ТВ шоу програми и серии, кои се пиратски. *Google им понуди примамлив колач на музичките и телевизиските куќи, преку можност за удел во капиталот или зделки за делба на приходите, што до некаде ги стивна нивните поплаки за пиратеријата присутна на YouTube. Компанијата тргна на страна неколку стотини милони долари, во случај на евентуални судски процеси. Сепак, пиратеријата наскоро може да биде најмалиот проблем за големите медиумски концерни. Google неодамна пушти пробно печатени огласи во 50 големи весници, што значи дека има намера да стане господар на модерниот адвертајзинг.


Најдраматично примопредавање на функција


Бил Форд на Алан Малали Форд мотор компани
Вилијам Клеј “Бил” Форд Џуниор, наследникот на империјата што ја создаде неговиот прадедо Хенри, сфати дека неговото раководење со компанијата само ја држеше “во лер” откога застана на нејзиното чело пред пет години. Тоа му го соопшти на бордот во јули, и потрагата по негова замена можеше да почне. Во игра влегоа неколку крупни имиња, но на крајот изборот се сведе на Алан Малали(61), тогашен шеф на одделот з комерцијални авиони во Boeing. Малали е познат како љубител на Лексус(лукзузен бренд на Тојота), а исто така и воодушевен приврзаник на Тојотиниот систем за производство и инженеринг. Форд сакаше некој надвор од авто-индустријата, кој ќе може да ја зајакне дисфункционалната корпоративна култура. Статусот на Форд како икона на американската индустрија, привлекува многу повеќе внимание, отколку било која компамнија што е во фаза на трансформација. Ако успее, Малали ќе биде херој. Ако не, Бил Форд ќе ја понесе вината за лошиот избор, како и за расипување на она што неговиот прадедо го остави во наследство.


Најдобар могул во мобилната телефонија


Ванг Жианџу China Mobile
Ванг Жијанџу(58) води телекомуникациска компанија што наскоро ќе има претплатничка база од 300 милиони корисници, што е колку популацијата на САД. China Mobile која што котира на хонгконшката берза веќе е една од најголемите светски телеком компании, со пазарна капитализација од преку 160 милијарди долари. Иницијативите на Ванг таргетираат секого-од руралните жители па сe до Руперт Мардок. Во октомври, компанијата лансираше интернет и смс услуга за прикажување на цената на житото, наменета за фармерите. Неколку недели подоцна, *China Mobile објави дека ќе пушти во употреба бежичен музички сервис во партнерство со компанијата на Руперт Мардок, News Corp. Тоа следеше, откако Кинезите купија 19,9% удел во Мардоковата Phoenix Satellite Television Holdings, за 166 милиони долари. Оваа фирма поседува 24-часовен канал за вести во Кина. И ако сето тоа ви се чини недоволно, не се секирајте: Ванг планира да се рашири и надвор од Кина, пред сe во земјите во развој.


Најдобар нискотарифен летач


Макл О’Лири Ryanair
Првиот човек на Ryanair, Мајкл О’Лири ја води ирската авиокомпанија во нови екстреми кога се работи за летањето по ниски цени, а богами и заработува големи пари од тоа. Ryanair е најпрофитабилната европска авиокомпанија. Заработката за првите шест месеци од 2006 порсна за 39% на 422 милиони долари, со продажби од 1,6 милијарди долари. eRyanair сe уште нуди најевтини авиобилети на континентот, што често се движат околу 20$. Иако за време на нивните летови не се служи ништо, а водата се наплаќа 3,5 долари за шишенце, бројот на патници постојано расте. Со 43 милиони патници годишно, Ryanair сега е поголем и од далеку поетаблираните ривали како British Airways, на пример. А, О**’Лири нема намера да застане. Неодамна направи обид за непријателско превземање на *Aer Lingus, уште една ирска авиокомпанија.

ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ НА БАФЕТ

Ворен Бафет е вториот најбогат човек на светот, најдобриот инвеститор на сите времиња, еден од најголемите филантропи на денешницата-а, сепак изгледа како сосема секојдневен човек. Мери Бафет, која што 12 години беше во брак со Вореновиот син Питер, ја долови филозофијата на милијардерот од Небраска во неколку книги, што ги напиша со ко-авторот Дејвид Кларк. Нивната последна книга, со наслов “Таото на Бафет”, содржи 125 негови цитати заедно со кратки објаснувања. Сепак, овие цитати не гарантираат сигурен пат до милијардите. Тоа се само совети за оние што сакаат да бидат инвеститори за да ги разберат своите инвестиции и да откриваат одлични зделки. Ние ви издвојуваме десет најважни.

Правило бр.1: Никогаш не губи пари.
Правило бр.2: Никогаш не го заборавај правилото бр.1

Тајната за да се збогатите: Собирајте пари. И колку повеќе пари имате за почеток на инвестирање, толку повеќе ќе се кумулираат. Така што, преземањето ризици со вашите пари додека сте млади, можеби и не е најдобра стратегија.

-Треба да инвестирате како во католичките бракови-за цел живот.
Ако гледате на инвестицијата како доживотна обврска, поверојатно е добро да размислите пред да решите да “рипнете во тавче”. Наградата може да биде огромна. Бафет инвестирал 11 милиони долари во весникот Вашингтон Пост пред 30 години, а денес неговиот удел таму тежи 1,5 милијарди долари.

-Јас не се обидувам да скокам преку пречки високи по метар и половина. Барам наоколу пречки од триесетина сантиметри што можам да ги пречекорам.
Бафет не лета во ѕвездите. Тој не се обидува да даде гол од секој дел на теренот. Тој чека за перфектна шанса, “зицер” што би се рекло. Компании со бизнис планови што ги разбира, што продаваат производи кои нема да излезат од мода.

-Кога сакам да побарам совет, гледам во огледало.
Бафет не бара потврда од другите. Претпочита да оди спроти ветрот. Често има купувано акции во компании каде што никој друг не сакал да влезе: General Foods, RJR Tobacco, Geico, American Express.

-Инвестирај во бизнис што може и будала да го води, бидејќи еден ден будала и ќе го води.
Има бизниси со силна економска подлога и бизниси со слаба економска подлога. Вие сакате да инвестирате во овие првите, бидејќи потешко е ним да им се нанесе штета.

-Најважната работа што треба да ја направите ако се најдете во дупка, е да престанете со копање.
Ако се затекнете во лоша инвестиција, престанете таму да фрлате пари. Иако е болно да се повлечете, на крајот е многу повеќе профитабилно.

-Ако успеете од прва, престанете со понатамошни обиди.
Бафет секогаш бил во потрага по одлични бизниси за купување, и кога еднаш ќе ги купел, ги задржувал, гледајќи со уживање како акциите им растат паралелно со заработките. Еднаш штом сте направиле добра инвестиција, подобро е да ја задржите отколку да ја продадете за скромен профит и да продолжите понатаму.

-Сакам да можам да ги објаснам моите грешки. Ова значи дека правам само нешта што комплетно ги разбирам.
Ако не го разбирате тоа што го правите, тогаш зошто го правите? Правилниот инвестициски пристап не е интуитивен, туку рационален.

-Ако им е потребна мојата помош да ја менаџираат фирмата, веројатно сме во неволја.
Само затоа што сте одличен инвеститор, не значи дека сте и способен менаџер. Да препознаеш талент е различно од поседување на истиот. Знајте ги своите способности, користете ги, но не се преценувајте.
-Ако не можеме да најдеме нешта во нашиот ранг на разбирање, не излегуваме од него. Тогаш чекаме.
Ако компанија се наоѓа во кругот на компетенциите на Бафет, тој би можел да ја купи, но само ако се нуди по добра цена. Ако не е во неговиот круг, тој нема ни да ја погледне. А, ако не може да најде инвестиција што ја разбира и се продава по добра цена, тој ќе чека. И ќе чека. И ќе чека...

Надја Сваровски, жената што ги спои Swarovski и модата

Пра-пра-правнуката на основачот на австриската компанија за производство на кристали, со помош на гламур и паметен маркетинг успева несопирливо да го турка Сваровски во светот на модата и шоу бизнисот. Имиџот расте, а со тоа и продажбите. За Надја Сваровски,одговорна за комуникациите на семејната компанија со јавноста, допрва претстои блескава “кристална” иднина.
Облеката не беше единствената атракција на последната Париската модна недела. За време на појадокот со шампањ, луѓето од бизнисот со внимание го следеа изложувањето на колекцијата на луксузен накит од австрискиот производител на критстали Сваровски, наречена “Runway Rocks”. Сваровски се уште ги прави оние слатки кристални животинчиња по кои што е познат одамна. Но, исто така има и нов имиџ денес. А, тоа е во голема мера заслуга на Надја Сваровски, 36-годишна пра-пра-правнука на основачот на компанијата Даниел Сваровски. Со помош на подеднакви делови од гламур и паметен маркетинг, таа несопирливо го турка Сваровски во светот на модата и шоу бизнисот.
Сте ги забележале сите оние фустани накитени со кристали за време на доделувањето на Оскар?
Тоа е се заради Надја. Таа ги убеди дизајнерите како Александер МекКвин и Зак Поузен да ги облагородат нивните креации со кристали. Таа исто така, се поврза со познати уметници кои што ги снабди со кристали за од нив да направат се-од лустери до рачни торби- и потоа ги покажуваше нивните дела за време на големи изложби или модни настани. И самата веќе славна личност, Надја Сваровски се појавува многу често на добротворни настани и го отвори својот прекрасен апартман во Лондон, декрориран со Сваровски кристалните лустери, за фото-сесии од магазините.

Детство исполнето со тони кристалчиња
Таа е израсната во Европа, а своето детство го опишува како исполнето со кристали-прозорецот од нејзината соба гледал кон огромната фабрика на Сваровски. “Си мислев дека сите малечки момчиња и девојчиња растат со тони кристали околу нив. Татко ми ќе дојдеше дома со џебови полни со кристалчиња, што беше навистина фантастично за мене и сестра ми. Ние си правевме ѓерданчиња и нараквици од нив. Едноставно ги обожувавме. Дури и од фамозните фигурички во облик на животни, имав моја омилена колекција на прасиња”, се сеќава Надја Сваровски. Подоцна таа дипломирала историја и работела односи со јавност во Њујорк пред да се вклучи во семејниот бизнис во 1995 година. Оттогаш бизнисот почнува да расте вртоглаво. Продажбите се имаат трикратно зголемено во последните седум години, на 2,7 милијарди долари годишно. Компанијата која е не котира на берза, ја удвои својата мрежа на продавници низ светот и сега нивниот број изнесува речиси 600. Со Надја како гласноговорник, на Сваровски му се предвидува уште поголем сјај во иднина. Никој од нејзините братучеди што се вклучени во бизнисот не работел понапорно од Надја, за да и обезбеди на компанијата место под сонцето во светот на модата. Уште за време на нејзината претходна работа во Њујорк во една ПР агенција, таа увидела дека Сваровски не биле ефективни во нивното комуницирање со модниот свет.Имиџот на производите од незјината семејна компанија & се чинел некако кичест. Затоа, таа лансирала неколку иницијативи, вклучувајќи и поставка на салон во Њујорк, каде што американските дизајнери се поканети да “копаат” низ двестоте фиоки полни со кристали. Тука се и спонзорства на настани, како и соработки со модни дизајнери и дизајнери на енетерирер. Меѓу најуспешните е програмата наречена “Кристална палата”, лансирана во 2002 како проекти за инвентивно осветлување. Некои од нив, особено серијата на кристални лустери на норвешкиот дизајнер Торд Бонтје, наречена “Цвет”(помалите се продаваат за преку 15.000 долари), се нашироко копирани.
“Ова се фантастични времиња за потрошувачите, има толку многу креативност и фантастични производи за одлични цени. Конкуренцијата е огромна и ние сакаме да го прифатиме тој предизвик и да создаваме прекрасни производи со дизајнот како приоритет. Убавиот дизајн, според мене, не е толку тешко да се понуди. Навистина мислам дека можеме да оставиме белег врз пазарот, со Сваровски”.

“Hewlett Packard” доби нов шеф


Новиот лидер на “HP” пред големи предизвици
Аналитичарите сметаат дека кој и да застанеше на чело на “HP”, ќе се соочеше со “ѓаволски” тешка задача да менаџира компанија со 150.000 вработени во 170 земји. На Марк Хард, новиот челник на компанијата, му претстои многу работа
По едномесечна потрага по нов лидер, “HP” го назначи Марк Хард за претседател и главен извршен директор на компанијата. Хард, кој мина долги години во “National Cash Register” (NCR), доаѓа на местото на Карли Фјорина, која го напушти кормилото на “HP” во февруари, откако бордот на директори не се согласи со нејзината стратегија за развој на компанијата. Хард ја презеде новата функција на први април и му се придружи на бордот. Роберт Вајман, кој беше в.д. претседател на “HP” до изнаоѓањето на нов лидер, останува на функцијата главен менаџер за финансии и член на бордот, додека Патриша Дан продолжува на позицијата неизвршен претседател на бордот.
Силни лидерски способности
Со своите 48 години, Хард е познат како рационален менаџер што го стекна респектот на “Wall Street” по само една година откако стана прв човек на “NCR” во март 2003. Компанијата што произведува автомати за пари, скенери за трговијата во малопродажба и обезбедува услуги за чување на податоци, достигна вредност на своите акции од речиси 50 долари минатата година (во 2003 акциите вредеа само десет долари), откако Хард ги скрати трошоците за 100 милиони долари и ги доведе трите главни сектори до профитабилност.
“Го одбравме Марк заради неговите силни лидерски способности што ги демонстрираше со препородот на NCR која, иако е помала компанија од HP, е комплексна организација со повеќе бизнис сегменти. Бевме импресиоирани од способноста на Марк да го развива внатрешниот потенцијал на компанијата со константна надградба на вештините на своите вработени, неговото разбирање за улогата на корпоративната култура во успехот, како и неговиот личен интегритет”.

КАРЛОС СЛИМ ХЕЛУ МОМЕНТНО ВТОР НАЈБОГАТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ


Националност: Мексико
Возраст: 64
Нето-богатство: 13,9 милијарди долари
Потекло на богатството: наследено и расте
Индустрија: комуникации
Адреса: Мексико Сити, Мексико
Брачен статус: вдовец, 6 деца


Како најбогат човек во Јужна Америка - потроши енормна сума за да го доведе поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, да помогне во намалувањето на стапката на криминал во Мексико Сити. Карлос Хелу е познат по зајадливоста во контактите со неговите конкуренти. На политички план Слим, како што го знаат во Мексико, е жесток опонент на слободната трговија и слободните пазари што и се препорачуваат на Латинска Америка.
“По 20 години придржување до тој совет, Мексиканците немаат никаква придобивка од него”.
Според најновите информации Карлос Слим Хелу минатата година го има зголемено своето богатство за 19 милијарди долари, и сега се приближува кон бројката од 50 милијарди. Неодамна Форбс објави дека Слим веке го надминал довчерашниот втор најбогат човек на планетава инвестицискиот гуру Ворен Бафет. Во сите земји па дури и во Финска би го нарекле шампион на капитализмот, почитуван затоа што вработува 220 000 луге и ја турка својата земја кон модерната ера. Но не и во Мексико, каде што медиумите и народните маси долго време се сомневаат дека има нешто матно во врска со Слим. Тој е преставен како безкрупулозен монополист што ја изградил својата империја благодарение на своите блиски врски со мексиканските политичари. Но без разлика на тоа тој ниокгаш не бил формално под некаква истрага. Слим исто така вели ,,Ако ве засегаат критиките што доагаат на ваша сметка, вие сте мртви,, .

КРУШКАТА ПОД КРУШКА ПАЃА


Во последно време, Карлос Слим покажува особен интерес во филантропијата, област што не беше некој приоритет додека ја градеше својата својата империја. Тој формираше фондација со неколку милиони долари пред 23 години, но таа има малку направено оттогаш. Пред една година Слим и даде инјекција од 1,8 милијарди долари и вети дека сумата ке се зголеми на 10 милијарди за четири години, со цел да се финансираат здравствени и образовни програми.
Слим бил предодреден за бизнис уште од мали нозе. Неговиот татко Жулиан Слим Хадад Агламаз бил либански емигрант кој инвестирал во недвижности во центарот на Мексико по револуцијата во Мексико 1910 година. Секоја недела тој му давал по 5 пезоси на синот и барал од него да забележува што купува, во едно тефтерче. Додека наполнил 26 години, Карлос веке имал акомулирано 400 000 долари од инвестиции и се оженил со Сомаја Домит, која му родила шест деца.

Лошо лидерство


Барбара Келерман е раководителка на истражувањето во Центарот за јавно лидерство и предава на Харвард универзитетот. Врз основа на своето долгогодишно искуство, авторката самата на себе и на читателите им поставила на прв поглед необично прашање: по што е, на пример, Садам Хусеин сличен на Тони Блер?
Обајцата се (биле) лидери. Келерман сака да укаже на опасно наивната претпоставка дека поединците што на кој било начин ја злоупотребуваат својата моќ и авторитет воопшто не се лидери. Таа тврди дека таквите поединци, без оглед на кое подрачје од општеството делуваат, воопшто не се отстапување или исклучок. Врз основа на современи примери таа издвоила седум основни типови на лошо лидерство и истражува зошто и како лидерите ја преоѓаат границата од добро кон лошо. Освен тоа, книгата ја анализира и улогата на следбениците, откривајќи како тие учествуваат во лошото водство, па понекогаш дури и го предизвикуваат. За да станеме подобри лидери и следбеници, мораме да се соочиме и со темната страна.

ЗАКЛУЧОК


За да се биде лидер човек мора да е способен да влијае врз другите луѓе, ги инспирира и мотивира, ги насочува нивните активности за да им помогне на групата и на организацијата да ги постигнат своите цели. Пред се треба да се има дарба, и многу знаење. Како што кажавме лидерството е процес во кој поединецот влијае врз другите луѓе, ги инспирира и мотивира, ги насочува нивните активности за да им помогне на групите и на организациите да ги постигнат своите цели, лидер е човек кој го остварува својот врв, кој има одлична положба, положба со која тој човек е влијателен, знае како да се организира себеси и останатите мегу себе, знае што е потребно за да работата се изврши, знае како да ги мотивира останатите вработени успешно да ја извршат исработат својата работа, а исто така и да ги награди. Ако лидерите не се ефективни, нивното влијание не придонесува за тоа, и често пати ги остранува кон постигнување на целите. Но и без разлика на тоа во светот постојат и лидери кои лошо влијаат во светот, кои се иницијатори на војни, и кои некаде го прават светот неубаво место за живеење.


Користена литература


1.Форбс - Американски магазин

2.Менаџмент и менаџери - Тодор Тодоров, Марина Топалоска

3.Капитал - бизнис магазин

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD