ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МЕНАЏМЕНТ
 
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- МЕНАЏМЕНТ -
Лидерство и менаџмент-семинарска работа
Gledaj Filmove Online

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ


Поимот лидерство, како збор од англискиот јазик, се преведува како водење, водство, управување. Меѓутоа, за објаснување на овој поим неопходно е да се земат предвид карактеристиките што всушност ги изразува водството и водењето.
Лидерството е влијание врз луѓето со одредување цели, давање насоки и мотивирање додека работат за да ги остварат задачите и да ја унапредат организацијата
Лидерството е начин на насочување и мотивирање на група луѓе и нивно доведување во состојба да ги остварат поставените цели. Тоа исто така, бара да се биде одговорен и да се одговара за целата група
Менаџментот, поради неговата важност во работењето на претпријаието, покривајќи ги сите функции на работење, претставува подрачје од посебен интерес во микроекономската наука. Терминот менаџмент има повеќе значења кои можат да бидат применети на различни начини. Менаџменот е доминантна активност во секој аспект на модерното општество, што значи дека постои универзалност на менаџментот. Менаџментот се дефинира како универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работата со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите за остварување на однапред дефинираните цели на претпријатието.

ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

Лидерството и менаџментот се два поими, кои често се користат како замена еден за друг, но тие всушност објаснуваат два различни концепти. Лидерството е само дел од многуте предности што еден успешен менаџер треба да ги поседува. Треба да се посвети големо внимание за да се направи разлика помеѓу двата поима.
Главната цел што треба да ја има менаџерот е да ги максимира излезните резултати на организацијата со административно извршување. За остварување на ова,лидерите мора врз себе да ги преземат функциите: организирње, планирање, вработување, насочување контролирање.
Лидерството е само една значајна компонента од функцијата насочување. Менаџерот не може само да биде само лидер, тој исто така има формален авторитет и да биде ефективен.
Менаџментот ги прави работите да бидат вистински, а лидерот прави вистински работи.Ова значи дека менаџерите ги работат работите со помош на книги,ја следат политиката на компанијата, додека лидерите ја следат нивната интуиција, со помош на која можат да бараат поголема корист за компанијата.
Менаџментот вообичаено се состои од луѓе што имаат искуство во подрачјето на нивната работа и кои имаат работено на издигнувањето на компанијата. Менаџерот знае како работи секој дел од системот, а исто така можр да поседува и добро техничко знаење.
“Традиционалното гледање на менаџментот е дека тој ги заменува четирите главни функции планирање, организирање, водење и контролирање (координирање)”
Главните разлики меѓу лидерството и менаџментот се следните:
- менаџментот е процес кој во себе вклучува неколку функции: организирње, планирање, вработување, контролирање.
- лидерството е една од фазите на менаџментот, а тоа е водењето.
- менаџментот е насочен кон сите ресурси на организацијата.
- лидерството е насочено само кон луѓето.
- менаџментот создава услови за развој на организацијата.
- лидерството има извршувачка задача.
- менаџментот користи разни методи за поставување на задачите.
- лидерството ги користи своите, личните човечки чуства, емоции, можности.
- менаџментот, во суштина е тимска работа.
- лидерството е работа на поединец.
- менаџерството менаџира работи.
- лидерството води луѓе.

НИВОА НА ЛИДЕРСТВО

Лидерството како процес влијае на другите за да ги остваруваат задачите преку поставување цели,давање насоки и преку мотивирање,вкличува четири клучни фактори: лидер,тие што следат,околина или ситуација и процес на комуникација меѓу лидерот и тие што следат.
Факторите што го определуваат нивото на лидерството можат да го вклучат опсегот на контрола,нивото на раководство и степенот на влијание што го има лидерот на позицијата на која се наоѓа.
Всушност,поголемиот број лидерски позиции се на директно ниво на лидерство и секој лидер,на кое било ниво на лидерство дејствува како директен лидер,кога тоа го прави директно со подредените.

ДИРЕКТНО НИВО НА ЛИДЕРСТВО

Директното ниво на лидерство е лидерство лице влице, или прва линија на лидерство. Ова ниво на лидерство го има во организациите во кои подредените своите лидери ги гледаат цело време. Тоа се групи, тимови, одделенија, сектори. Опсегот на влијание на лидерот на директно ниво на лидерство може да се протега како влијание врз десетина до влијание врз неколку стотина лица.
Директните лидери ги развиваат односите со нивните подредени, човек-човек, но тие понекогаш влијаат на организацијата преку нивните подредени.
Лидерите на директно ниво на лидерство се доволно блиску за да можат да ги гледаат работите брзо и да знаат дали тие се одвиваат добро или не и да знат како да го насочат решавањето на проблемите.


ОРГАНИЗАЦИОНО НИВО НА ЛИДЕРСТВО

Лидерите на организационото ниво на лидерство имаат влијание од врз поголем број на лица во зависност големината на организацијата. Тоа го прават индиректно,вообичаено преку неколку нивоа на подредени кои работат како директни лидери. Лидерите на организационото ниво на лидерството имаат персонал или цел штаб, кој им помага да ги водат нивните луѓе и да бидат менаџери на ресурсите со кои располага организацијата.
Способностите што треба да ги имаат лидерите на организационо ниво се разликуваат од способностите што треба да ги имаат лидерите на директно ниво,но само по опсегот,а не и по водот. Домените на способностите се слични,но лидерите на организационото ниво мора да работат многу покомплексно,со многу повеќе луѓе,со многу несигурност и со многу несакани последици.
Тие своето влијание го извршуваат многу повеќе преку подготвување на политика и интегрирање на системот,а не со директни контакти,лице в лице.
Организационото ниво на лидерство опфаќа лидери,кои раководат со групи на работи сврзани со извршувањето на работните задачи на организационите единици.

СТРАТЕШКО НИВО НА ЛИДЕРСТВО

Стратешкото ниво на лидерство значи воспоставување структура на организацијата,алоцирање ресурсите,соопштување стратегиската визија и подготвување на фирмата за извршување на нејзината идна улога.
Лидерите на стратешко ниво раобтат во неизвесна околина со голем комплекс на проблеми,кои влијаат и се под влијание од настани и организации надвор од фирмата.
Лидерството на стратешко ниво вклучува многу луѓе,од сите лидерски способности и активности кои се совладуваат на директно и организационо ниво на лидерство,но стратешкото лидерство бара и други кои се покомплексни и кои индиректно се учат.
Лидерите на стратешко ниво се заинтересирани за околностите во кои функционира фирмата,нивните одлуки ги образложуваат барањата за нови производи,за истражување и развој,соработка со други фирми и слично.Лидерите на стратешко ниво на лидерство често не можат да го видат остварувањети на нивните идеи за време на нивниот мандат,меѓутоа нивните иницијативи можат да се најдат во годишните планови и со нивната реализација да се остварат.Од друга страна,некои стратешки одлуки веднаш можат да се најдат на насловните страници на весниците или на телевизија.
Стратешките лидери имаат многу малку можности да ги посетат пониските нивоа од нивните организациони единици,меѓутоа важно е нивното чуство кога тоа го прават.Тие своето влијание го исполнуват преку нивните подредени,мораат да развијат силни способности за одбирање и развивање на добри подредени извршители.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛИДЕРИТЕ

Кога станува збор за карактеристиките што треба да ги поседува еден лидер,тогаш може да се каже дека: лидерот е човек-добар или лош,кој може да ги придобие или да ги мотивира луѓето да го следат. Лидерот мора да има силен карактер за да може да ги инспирира другите да го следат со доброволност.

Лидерот мора:

- да има пренослив оптимизам
- да покажува почитување на принципите и на средствата за работа,дури и кога и самиот не е сигурен во материјалните резултати.
- да поседува чувство на праведност во кое другите ќе имаат доверба.
- добро да ја познава човековата природа.
- да има самоконтрола
- да биде добар пресудувач по карактер и одбирач на луѓе.
- да биде во состојба да доминира и на крајот да може да управува со се што е околу него
.

Лидерот исто така треба да има четири основни доблести :
- внимателност: мудрост и тактичност
- праведност
- воздржаност: самоконтрола чуствителност и трпение
- храброст
Да се биде лидер значи да се развијат сите аспекти на човековата личност, односно, да се биде, да се знае и да се работи.


ВРЕДНОСТИ НА ЛИДЕРОТ


Според некои критериуми развиени во САД, вредностите што треба да ги има лидерот се следните :

- лојалност (Lojality)
- должност (Duty)
- почитување (Respect)
- несебичност во службата (Selfless Service)
- чесност (Honor)
- интегритет (Integrity)
- лична храброст (Personal Courage)

Разбирањето на вредностите е прв чекор.Секој лидер треба да ги разбира и да верува во неговите акции и да ги прифати и да живее со нив.
Лојалноста се искажува како доблест и обврзност да се почитува Уставот, законите и власта, да се биде верен на институцијата и вработените. Лијалноста не треба само да се очекува од другите , туку таа треба да им се дава.
Должноста започнува со она што се бара од лидерот и од другите,согласно прописите,регулативите и наредбите но таа вклучува и повеќе од тоа.
Почитувањето значи признавање и прифаќање на личниот дигнитет и вредноста на сите луѓе, без оглед на расата, полот, верата или религиските уверувања.
Несебичност во службата значи да се работи она што е вистинско за организацијата и за луѓето што работат со лидерот заедно, при што овие одговорности мора да се стават над личните интереси.
Чесноста значи да се стават вредности на фирмата над личните интереси, над кариерата и личниот комфорт.
Интегритетот значи дека тие ги прават нивните принципи познати и постојани. Да се има интегритет значи да се биде целосно морален и искрен кон самиот себеси.
Личната храброст има две форми-физичка(да се надмине стравот од повреди и извршување на обврски) и морална храброст(да се остане цврст дури и под дејство на закани).


КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛИДЕРОТ


А) Mентални карактеристики :

- Волјата е внатрешен мотив што ги тера работниците и лидерите да продолжат да работат кога се исцрпени и уморени.
- Самодисциплината кај луѓето доаѓа како резултат на навиката да се работат вистинските работи. Лидерот мора да мисли јасно и да работи со резон. Самодисциплината е клуч за овој вид однесување. Самодисциплината значи дека треба да се направи тоа што треба да се направи без оглед на тоа како се чуствува тој ѓто треба тоа да направи.
- Иницијативата е способност човек да може да почне да работи без да има јасни инструкции, да работи кога ситуацијата се менува или кога планот е отпаднат.
- Смислата за пресудување значи да се има способност брзо да се одлучи што е важно и што треба да се направи, односно лидерот е тој кој треба да донесе одлука за секоја ситуација.
- Самодовербата е уверување дека се работи коректно и соодветно,или вистинско во секоја ситуација, дури и кога се немаат сите потребни информации. Самодовербата произлегува од компетентноста, од способноста да се учи и од посветеноста на работата.
- Интелегенцијата е способност да се донесе добра одлука, како резултат на комбинацијата на професионалните вештини кои се научени за време на школувањето и умешноста да се размислува и разгледува проблемот врз основа на приложените податоци.
- Свеста за култура значи дека лидерот мора да биде свесен за културните фактори кои ги поседуват луѓето,чиј лидер е тој.

Б) Физички карактеристики :

- Здраствената состојба е се што се превзема да се остане со добро здравје на пр. рутинско продолжување на вежби, добра хигиена на забите, лично дотерување и уредување.
- Физичката кондиција ја искажува подготвеноста да се издржи во работата како физички така и ментално и емоционално.

В) Емоционални карактеристики :

- Одржување на самоконтрола инспирира мир и доверба кај подредените и ги инспирира и тие да возвратат, бидејќи можат да очекуваат дека ќе се прошири чувството на лидерот за тоа што вистински треба да се работи.
- Балансирањето значи да се користи сопственото искуство за да им се обезбеди на подредените соодветна перспектива.Тоа може да се оствари со опуштање или со интензивирање на напорот во зависност од ситуацијата.
- Стабилноста значи дека лидерот е сигурен,сталожен размислува со мирна глава кога е под притисок и мирен кога се соочува со опасности.


ВЕШТИНИТЕ НА ЛИДЕРОТ

А) Вештини на лидерот на директно ниво на лидерство

Лидерите на директно ниво на лидерство,за да можат да преферираат ред и дисциплина во извршувањето на одлуките треба да имаат: интерперсонални вештини, кои опфаќаат способност за комуницурање, надзор, советување, критичко резонирање, етичко резонирање, рефлексно размослување и др.
Во рамките на интерперсоналните вештини и способноста за комуницирање значи пренесување на информациите до подредените на начин кој е лесно разбирлив за нив. Покрај овој начин на комуницирање, се применува и т.н. неформално комуницирање, односно лице в лице конверзација.
Надзорот, кој го вршат директните лидери значи поверување, а со тоа и воспоставување рамнотежа тоа да не биде ниту преобилно ниту недоволно. Советувањето е насочена комуникација кон подредените за да подготват план за извршување на неопходните акции со кои ќе се остварат задачите.
Во рамките на концептуалните вештини, способноста за критичко резонирање значи оспособеност на лидерот да размислува за решавање на проблемите.
Креативното размислување значи барање решение за некој проблем кој дотогаш се нема појавено, или пак решавање на стар проблем на нов начин. Етичкото резонирање значи лидерот да ги прави вистинските работи со вистинско резонирање цело време.
Рефлективното размислување значи развојот на лидерот да нема вакуум, секој лидер да биде отворен за примање на повратни информации за извршување на работите.
Техничките вештини се изразуваат преку способноста на лидерот да ја знае опремата, средствата, системите и се она што како средства е неопходно за да може да се реализираат акциите.
Тактичките вештини овозможуваат успешно извршување на задачите и донесување на одлуки. За да се стекнат тактичките вештини, неопходно е соодветно обучување, како најдобар начин за унапредување на индивидуалните и заедничките способности како и за зајакнување на оперативните можности (кондиција).
Успешното одржување на военото поле се сосотои од вештините на војниците кои мора да ги имаат за да можат да ја вршат работата на професионален начин а лидерите да се грижат за нив, да ја извршат работата на специфичен начин.

Б) Вештини на лидерот на организационо ниво

Лидерите на организационото ниво на лидерството продолжуваат со користење на вештините што треба да ги имаат лидерите на директно ниво на лидерство, меѓутоа тие мора да научат и дополнителни вештини.
Интерперсоналните вештини на лидерите на организационо ниво се однесуваат на разбирањето на работниците, комуницирањето и надзорот.
Разбирањето на работниците, лидерите на организационото ниво го користат да ги мотивираат подредените и да ги поттикнат нивните иницијативи за успешно остварување на задачите, да градат добра организациона дисциплина и да ги почитуваат утврдените стандарди.
Комуницирањето, како способност на лидерството значи вклучување на подредените, отворено комуницирање со нив, ценење на вредноста на нивното мислење, градење на позитивен пат за помош на лидерите на организационо ниво да ги надминат спротивставувањата и да градат доверба.
Надзорот од лидерите на организационо ниво значи обезбедување на повратни информации, поттикнување на стартната информација и унапредување на извршувањето на работите со цел да успеат во тоа. Со спроведување на надзорот може да се води кон успех, посебно во случаи кога намерите на лидерите не се целосно од прв пат разбрани.
Концептуалните вештини на лидерите на организационо ниво бара разбирање на системот и развивање способности за селектирање, односно брзо идентификување на информациите кои се однесуваат на задачите, нивно задржување и издвојување на значајните од незначајните.
Развивањето намери претставува лично чуство на лидерите како да ги остварат задачите и како може да го постигне тоа организацијата што ја водат. Јасните и концизни намери на лидерите на организационо ниво ги вклучуваат начините и очекуваните резултати на остварувањето на зацртаните идеи.
Селектирањето или филтрирањето на информациите значи дека лидерите на организационото ниво комуниоцираат со нивиот персонал и определуваат кои информации им се потребни и го тераат персоналот да ги обезбеди.
Лидерите на организационо ниво размислуваат околу системот во нивната организација, за тоа како работат заедно, како ги користат предностите и како на најдобар начин можат да ја завршат работат сите како целина.
Лидерите на организационо ниво имат малку можности да ги унапредуваат техничките вештини кои ги имаат стекнато како лидери на директно ниво, но тоа не значи дека треба да ги заборават. Лидерите управуваат со времето, опремата, средствата, објектите, буџетот за нивни потреби и со луѓето.
Активностите на лидерите на организационо ниво, кои се однесуваат на нивното влијание врз другите, значат поделување на работата на подредените лидери и на персоналот за да можат да ги остварат работите на организацијата. Влијанието вклучува постојано покренување идеи, правење концепти, проценување на повратните информации и инспирирање на подредените со своето присуство и храброст.
Лидерите на организационо ниво, во процесот на одлучување, преземаат активности за идентификување на проблемот, прибираат информации од сите нивоа, ги синтетизираат информациите во можни решенија и тогаш ја избираат и ја извршуват најдобрата одлука. Примарната задача на лидерите на организационо ниво во сферата на мотивирањето е да воспостават и одржуваат клима на добри односи и успешност на организацијата која ја водат.
Извршувањето на активностите за лидерството на организационо ниво значи спроведување на новните намери преку подредените и со тоа извршување на работите. Тоа опфаќа системско планирање и подготвка, кои се состојат од воведување на идеи, постигнување на цели, определување на задачи и следење на се што е претходно поставено.
Унапредувањето на активностите, всушност значи искажување на тоа што работат лидерите денес, за нивните подредени и нивната организација да работат подобро во наредниот ден, следниот месец или година и подолго. Лидерите на организационото ниво создаваат и оспососбуваат лидери на сите нивоа на организационата поставеност на организацијата, градат тимови и создаваат околности за учење, како од нивното искуство така и од искуството на други.

В) Вештини на лидерот на стратегиско ниво

Лидерите на стратегиското ниво живеат со вредностите што треба да ги имаат на кое било ниво на лидерство, но тие како лидери на стратегиското ниво се соочуваат со додатни предизвици.
Лидерите на стратегиското ниво на лидерство ги користат интерперсоналните вештини што ги стекнале како лидери на директно или организационо ниво, но делокругот, нивната одговорност и авторитетот бара лидери со невообичаено софистицирани интерперсонални вештини.
Комуницирањето на стратегиско ниво е сложено и се однесува на широк круг луѓе-персонал, функционални и оперативни компоненти поврзани во дејствувањето едни со други и со надворешната околина. Една од формите на комуницирањето на лидерите на стратегиско ниво е дијалогот.
Дијалогот е конверзација меѓу двајца и повеќе луѓе и тој не е само активно слушање, туку и внимателно размислување што да се рече или да не се рече, логично проценувње на разговорот без лични предрасуди. За да се биде добар преговарач, треба да се има способност да се слуша, да се прифаќа разговорот и да се биде објективен, да се биде тактичен и дискретен и да постои способност да се постигне согласност со тие со кои се преговара.
Лидерите на стратегиското ниво не само што имаат авторитет, туку и одговорност да изберат и постават персонал со добри карактеристики.
Стратешките лидери терба да имаат мудрост , а мудроста не е знаење. Исто така, развиваат и обликуваат визија и инспирираат соработка и вложување напори за разработка на визијата до детали.
Лидерите на стратегиското ниво својата работа ја работат на високо ниво,а тоа бара широк спектар на технички способности. Една од тие е стратешката умешност, која најшироко е дефинирана како вештина за формулирање, координирање и креирање на идеи, начини и средства да се унапредат и одбранат интересите на фирмата.
Една од способностите на лидерите на стратегиското ниво е умешноста за создавање услови за примена на технологија,која овозможува да се стекнат конкурентски предности. Лидерите на стратегиското ниво работат за да го изразат своето влијание во рамките на работењето во нивната организација и надвор, во околината. Тоа го остваруваат преку комуницирање, донесување на одлуки и решенија. Лидерите се секогаш отворени за нови идеи од најразлични извори, не само однатре од нивната организација, туку и од други места.
Унапредувањето на фирмата, односно компанијата и организацијата во која работат лидерите на стратешко ниво значи издвојување на работите кои ќе се работат денес за подобра иднина.

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЛИДЕРСТВОТО

Пери Смит разработува дваесет основи-принципи кои ги нарекува основи или бази за филозофијата на лидерството.

Неговите основи за лидерството се следниве :
1. Довербата е неопходна. За секој лидер на поголема организација е основно да биде подготвен и да е во состојба да им верува на подредените лидери.
2. Лидерот мора да биде добар учител. Учењето други и лидерството одат заедно како рака и ракавица, а тоа значи дека лидерот треба да работи сосема непосредно со луѓето и да им помага да бидат креативни и внимателни.
3. Лидерот треба да решава проблеми. Тој треба сам да решава проблеми, но мора да остави и подредените лидери исто така да решаваат проблеми. Тој мора проблемите да ги решава многу побрзо отколку подредените лидери.
4. Лидерот мора да комуницира. Преку говор - да зборува и да слуша - и во пишана форма. Со доброто комуницирање лидерот може да ги мотивира луѓето да работат и да се обврзат дека ќе работат подобро отколку пред тоа.
5. Лидерот мора добро да управува со времето и да го користи ефективно. Тоа значи тој да го користи техничкиот персонал за извршување на технички работи, да знае брзо да чита и да ги извлекува поважните работи, да биде работлив.
6. Лидерот мора да и верува на својата интуиција. Тоа значи постојано да проверува дали е задоволен со сопствената одлука, дали одлуката е прифатлива за другите, дали нешто не оди погрешно. Лидерот треба да има т.н антена надвор, да го следи пулсот на организацијата, да биде вешт и во контакт со луѓето.
7. Лидерот мора да биде подготвен да ги преместува луѓето со одреден мотив. Преместувањето треба да се прави со отменост, стил и со непоколебливост.
8. Лидерот треба да води сметка за неговите луѓе. Ова значи дека лидерот треба да се грижи за физичкото здравје на луѓето кои ги води, за нивниот професионален развој и да им помага кога е потребно.
9. Лидерот треба да има визија.Тој треба добро да планира, да поставува цели, да определува приоритети и да води грижа за задачите на организацијата.
10. Лидерот мора да ги подреди неговите амбиции и его на целите на организацијата што ја води. Треба своите амбиции да ги насочи кон развојот и јакнењето на фирмата и кон приближувањето на стандардите за одлично извршување на задачите.
11. Лидерот треба да знае како да ги води состаноците. Да знае каков вид на состаноци се потребни, да ги подготви правилата на однесување, да се грижи состанокот да се одвива во најдобар ред .
12. Лидерот мора да го знае процесот на донесување на одлуки и процесот на нивно спроведување. Лидерот мора да знае како да донесе одлука, какви одлуки да му подготват неговите подредени, да знае какви одлуки да донесе за да бидат одобрени од повисокото раководство.
13. Лидерот мора да може да биде виден и да може да му се пристапи. Лидерот еден дел од времето може да помине во канцеларија, но другиот дел мора да е меѓу неговите луѓе, одржувајќи состаноци, посетувајќи ги подредените на нивните работни места и простори
14. Лидерот треба да има смисла за хумор. Општо, лидерот би требало да биде расположен да кажува и слуша шеги.
15. Лидерот треба да биде одлучен, но внимателно одлучен. Лидерот пред да одлучи треба да ги сослуша сите страни и да ги согледа сите околности.
16. Лидерот треба да биде во состојба да се самоиспитува. Тој треба да може да погледне во самиот себе, и да направи анализа каде има направено грешки, каде не постапил коректно и каде има одбрано погрешен пат.
17. Лидерот мора да биде реален. Реалноста е нешто што лидерот треба да го има предвид за да ја обезбеди стабилноста и развојот на организацијата.
18. Лидерот треба да биде отворен. Лидерот секогаш треба да е отворен за сите кои имаат нови гледишта и нудат нови начини на работа и работат со нови идеи.
19. Лидерот треба да воспостави и одржува високи стандарди на достоинство. Лидерот со добро облекување, манири, водејќи церемонии со достоинство создава услови за добро работење.
20. Лидерот треба да гради заедништво. Ова значи дека лидерот треба да знае дека секој го разбира неговиот основен придонес кон градење на вредностите, а и да се преземаат корективни активности кога има повреди на интегритетот и на стандардите на заедничкиот интегритет.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD