ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ТУРИЗАМ
 

ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА КУЛТУРАТА,
ЕДНА ОД АЛТЕРАНТИВНИТЕ ФОРМИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

 

Современата култура, вклучувајќи го и балканскиот културен модел во текот на втората половина на 20 тиот век го враќа значењето на тонот, звукот и сликата на која се повеќе се инсистира отколку на сув текст. Што значи тоа? Текстот секако постои, но ја објаснува самата слика и тонот, како нивен придружник. Тој слижи да ни го објасни, да го преведи тонот или сликата, но секако и основен културен израз кој пренесува не само информации, емоции, туку целосен поглед на свет. Нормално, тоа стана можно со воспоставувањето на техничката можност за трајно бележење на звукот и сликата, кои идентично како и самиот текст се пренесуваат и чуваат за прикажување и во иднина.

Едновремено, кога станува збор за истражување на културата, сликата сама по себе во одредени сегменти ни покажува, но не и докажува. Сликата може да биде двосмислена и нејзиното значење да има различни вредности. Затоа од големо значење за ваквие истражувања е да постои и внатрешна и надворешна дијалектика. Всушност во рамките на репрезентацијата на посматраната култура, звучниот и визуелниот запис јасно го надополнуваат етнографскиот/антрополошкиот текст каде предметите се појавуваат насекаде во целокупниот културен контекст. Имајќи го предвид блаканскиот културен модел и истражувањата кои се прават во предвид тој домен, во нивната основа не е ослободено од традицијата. Таа не само што посто во нив како остаток од минатото, туку делува и како активна компонента на сегашноста, поради што традицијата не ја разгледуваме како нешто што е против општествените промени, туку како можен инструмент кој општеството ги користи за да се заштити од социјално изместување.

Визуелна антропологија
Етнолошки и антрополошки документарни филмови

Ако ги земеме во прдвид локалните заедници, можеме да кажеме дека тие кога се истражувани, не биле истражувани филмски. Кога тоа го прави филмска екипа, тоа е сосем друга слика, особено има разлика дали тоа истражување се прави со или без етнолог или антрополог. Ако тоа се прави со помош на научен истражувач, и ако истражувачот или пак тимот се надвор од таа заедница, можеме да кажеме дека станува збор за истражување во вистинска смисла, бидејќи визуелизацијата на културата ни овозможува објективност на самото поимување и презентирање на културата. Во тие филмови се испреплетени одредени елементи на материјалната култура, на духовната култура, елементи кои се многу значајни, иако невидливи, тие се силен одраз на постоечкиот културен модел во оваа урбана средина, но и значаен мотив за луѓето да пројават интерес да го доживеат специфичниот менталитет на различните етнорелигиски групи на овој културен простор. Имено, визуелизацијата на културата или докумнетарниот филм располага со необично сложен и богат јазик кој прецизно може да ги прикаже или изрази не само случувањата во даден простор и време на одредена група луѓе, туку и да ни ги манифестира и нивните чувства и идеи. Самото видување, согледување и знаење станале цврсто испреплетени и затоа начинот на којшто го сфаќаме поимот идеја длабоко е поврзан со самата проблематика на поимување, слика и видик. За обликот и содржината на културните феномени, би можело да се каже дека одлучуваме најчесто врз основа на тоа како изгледаат во целина. Манифестниот фоно-лого-центризам за визуелната култура, всушност ја потврдува хипотезата дека секогаш поаѓаме од визуелниот облик и дури потоа говориме, теоретизираме и ги разбираме тие исти облици низ менталните конструкции.
Современиот етнолошки/антрополошки филм, како специфичен начин на забележување и презентирање на културата, не само што може, туку мора и да го одржува сите нивоа на антрополошко истражување, од едноставен етнографски запис, па се до анализа на феноменолошка и идејна структура, вклучувајќи ги и постоечките ставови на членовите на истражуваната заедница. Доколку во истражувањето е вклучен и објектвниот метод, можеме да говориме за однос меѓу идеалниот и реалниот модел на однесување внатре во една заедница. Искуството покажува дека во денешните документарни етнолошки/антрополошки филмови во однос на она што забележуваат истражувачите се повеќе се говори на феноменолошкото ниво, обидувајќи се да го забележат реалното случување. Но, многу занчаен момент на ваквото истражување е фактот дека истражувањето го прави антрополог кој одлично ја познава ваквата материја, а уште позначаен сегмент е фактот што ако истражувачот бил или не дел од таа заедница. Оригиналноста на ваквите визуелни записи претставува една значајна алтернативна форма за развој на туризмот, а во случајов за развој на културниот туризам.

Визуелизацијата – Алтернативна форма за развој на туризмот

Зошто токму визуелизацијата е важен сегмент за развој на ваквиот туризам? Затоа што таа ни дава алтернатива да направиме репрезентација која ќе ги содржи во себе двете нивоа на внатрешен и надворешен дискус. Тоа е единствен начин да добиеме комплетна слика на случувањата во визуелниот запис. Едновремено, визуелизацијата на културата претставува прецизна препрезентација на одредени сегменти во културата и за најшироката јавност со што таа не ги лиши ни луѓето кои се дел од филмот, ни самите автори од нивниот културен идентитет. Тоа значи дека останува цврсто дефинирана во времето и просторот.
Од друга страна, визуализацијата на културата како тоталитет или одредени нејзини сегменти ни овозможува да ги согледаме нештата какви се сега во моментот на истражување, што секако претставуваат непроценлив извор за туристот да добие информации кои можат да станат мотив за планирана посета. Најранте искуства на истражувачот и доживувањето на уметничкото покажуваат дека авторскиот пристап за стварноста не е само можност за негово поинакво согледување, туку и длабоко доживување кое антрополошки е условено и ни овозможува да го видиме и она што не го гледаме. Создавањето на визуелната слика за стварноста околу нас уште од самиот почеток бил еден од начините на човекот за негово разбирање, и несвесно водело кон создавање на целокупноста на сето видливо и невидливо во визуелно презентирање за естетско, визуелно и релативно поимување на се околу нас. Потребата да се тргне од манифестната (видлива) стварност на визуелната слика, која едновремено го искажува нејзиниот скриен, невидлив аспект, укажува на целокупната деликатност на авторскиот однос ко визуелното представување.
Со оглед на тоа што визуелизацијата на културата располага со необично сложен и богат јазик кој на специфичен начин прецизно може да ги изрази не само случувањата, туку и чувствата и идеите, интердисциплинарниот пристап е повеќе од потребен особено за дијахроното набљудување на културата. Таквиот вид на запис станува валиден извор на информација не само за етнологот/антропологот кој истражувал, туку и за сите други стручни лингвисти, етномузиколози, историчари, социолози, историчари на уметноста, туризмолози, археолози кои црпат значајни информации.

За да може да се верува во вистинската документарност на истражувањата поврзани со културата и народниот живот на одредена група луѓе, видувањето на авторот треба да обезбеди повеќе фактори на валоризација. Всушност треба да се приближи технологијата првенствено кон стручните работници, да се организираат семинари, смотри, и други видови на едукација со цел што поголема афирмација и надвор од просторот кој се истражува.
Меѓутоа, содржината и обликот на намерно формираните визуелни извори, како и намерното или планираното собирање на материјали, секогаш зависи од самиот автор, неговата теориско-методолошка определба, претходно поставените хипотези, како и задачите на истражување. Се случува и во одредени современи истражувања различни автори за целосно ист културен феномен да соберат сосема различни ресурси на податоци и тие пак да бидат веродостојни на соодветен начин.
Во контекст на добивање на целосни искористливи податоци, во процесот на научно истражување на веродостојноста на изворите мора секогаш да опфатиме
- внатрешна критика на изворите со кои се утврдува веродостојноста на информациите кои ги содржи самиот извор
- надворешната критика која ни дава информации за изворот на податоци

Внатрешната критика или погледот одвнатре е значаен предмет на визуелизација. На тој начин може да се утврди степенот на вредување на поединецот кој е вклучен во самата активност, као и степенот на вреднување на поединачните сегменти на активностите.

Надворешната критика или поглед однадвор, опфаќа и три нивоа на забележувања
- едноставен етнографски запис – визуелно забележување без било какви интервенции, во континуитет, дополнето со исказите на самите учесници на одредена активност.
- Етнографски филм – кој подразбира објаснување, односно самиот антрополог дава свои коментари на повеќе нивоа на сознанија кои неможе да ги прикаже самата слика.
- Уметничка транспозиција назабележаната појава – самиот автор се појавува како носител на визуелните модели на современата култура.

Ваквите визуелизации на културата кога културата се истражувакако тоталитет најчесто се опфатени и минатото и сегашноста. Благодарени на ваквите визуелни записи кои најчесто се достапни за гледање и на тој начин се ставени и на внатрешната и на надворешната критика, индиректно претставуваат и алтернатива за развој на културниот туризам.

Визуелизацијата и присуството на невидливото

Факт е дека културата секогаш ги привлекува туристите, само отворено е прашањето дали за туристот таа е видлива или невидлива и на кој начин и невидливото може да стане видливо? Што е тоа што ни го открива визуелниот запис? Дали тој може да да ни го покаже мозаикот на менталните склопови на човекот меѓу постоечкото и имагинарното, пастргнат меѓу паралелните светови во кои опстојува и преживува?
Од умешноста на реалната визуализација на културата земена како тоталитет, ќе зависи и на кој начин гледачот ќе го гледа, како ќе го восприема и на кој начин ќе го презентира на другите за да стане креативен постулат за одредена група на луѓе, т.е. потенцијални туристи.
Од големо значење за визуелизацијата на културата е и присуството на естетската димензија, и тоа не само како обид на авторот да направи убедливо остварување, туку претстава и можност за пренесување на културните артефакти од една животна средина во друг амбиент.

Визуализацијата претставува реакција на дразбите на тој што успева да го доживее внатрешното, невидливото. Тоа создава посебна поврзаност помеѓу авторот и гледачот, а на гледачот му дава можност да ја искуси залудноста на потрагата по одговорот на животот преку имање севе си, наместо преку бидување на себе... затоа што визуелните елементи најмногу доминираат во туризмот. Најголем број од впечатоците туристите ги примаат преку сетилата за вид, со што најдоминантно е висуелното доживување. Визуелниот карактер е присутен како пред самото патување, така и за време на патувањето, но и по враќањето дома
Туристичката пропаганда воедно зависи и од актуелноста и умешноста на визуелните пораки кои во голема мера најефективно и позитивно делуваат за развој на културниот туризам. Едукацијата во контекст на визуализацијата на културата и современите визуелни медиуми може да помогне да се прошири критичната маса на луѓе кои умеат да гледаат, анализираат и да ги оценуваат продуктите на визуелната култура. На тој начин од непознавачи на филмот и визуелните остварувања да направи вистински познавачи, критичари, а можеби и идни творци на визуелни записи, што е многу значаен индикатор за познавање и презентирање на културната историја воопшто, а секако тоа позитивно ќе се одрази и на културниот туризам, но и на туризмот воопшто.

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD