ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ТУРИЗАМ
 

Културите во Северна, Централна и Јужна Америка

КУЛТУРАТА ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА

Пред најмалку 20000 години, групи луѓе го започнуваат своето движење од Азија во Северна Америка. Портата која ја поминуваат е замрзнатиот Берингов мореуз, кој за нивно населување ги понудил во широките пространства на Американскиот континент. Населувањето се движелио во три правци: исток, југоисток и југ. Северноамерикаснсиот континент со своите климатски карактеристики ги определил условите за живот во две основни групи, Ескимо и Северноамериканската група Индијанци.

Ескимо

Ескимите се населиле и денес живеат во поларните предели на Северна Америка, на Гренланд, Бафинова Земја, и полуостровот Лаврадор, но едновремено ги има во Русија и во поларните области на Сибир. При населувањето живееле и во внатрешноста на Северна Америка, но биле истиснати од соседните Алгонкино индијански племиња кои им го дале името Еским, што значело човек што јаде живо месо. Ова население, поради исклучително тешките климатски услови е принудено да се бори за гол живот, особено поради намалување на бројот на моржови, кои претставуваат нивна основна храна.
Јазикот на Ескимите се дели на источен и западен дијалект. Источниот дијалект го говорат Ескимите во Сибир и се смета за постар. Двата дијалект, може да се третираат како еди нствен дијалект.
Антрополошки тие се со мала висина, од 155 цм, аглите на очите се на поголема оддалеченост, мали и секогаш се полузатворени, за што влијаело опасноста од поларното слепило. Вилиците им се силно развиени поради начинот на исхрана во коа преовладува месото. Косата им е густа со црни влакна, а тениот им варира од црвеникава до жолтеникава.

Како да се преживее

Основно занимање на Ескимите е ловот и риболовот. Животот се одвива во села кои се ископани во села, а како материјал за ѕидовите и покривите се користат блокови од мраз. Блоковите се редени под агол, за да се овозможи формирање на полутопчест облик на кровот. Живеалиштето познато како Игло, е долго околу 15 метри, со широчина до 2 метри и висина до 3 метри. Меѓусебно се поврзани со ниски, тесни ходници во вид на лавиринт. Иглата се поделени на простории за живеење, сместување на храната, простории за кучињата, простории за опремата, како и простории за оружјето. Во едно игло се сместени до 40 луѓе, што укажува на племенски живот. За осветлување и затоплување се користат кандила во кои гори маст од моржови или китови.
Ловот како основна гранка за опстанок, со природните услови им ја унифицира облеката која во целост е од кожа. Кожата е превртена така што влакната да овозможуваат топлотна изолација. За подобро движење во снежни услови, користат помагала за нозете. Прво користеле коски од животни прицврстени со кожни ремени. Потоа се заменети со прачиња обработено дрво. Едни се прилагодени за одење по длабок снег, други за лизгање, а трети за трчање. Со тек на времето настанало усовршување на истите. Културно наследство од Ескимите денес се скиите во најразлични форми. За полесно одвивање на животот биле создадени санки, кои биле поставени на две паралелни китови коски. Оружјето кое се употребува се копја, лакиви и стрели со метални делови кои биле добивани со размена. Некои од пронајдените лакови се големи колку човек, а за тетиви се користат обработени жили од животни.
Вториот извор на храна е рибловот во кој се користат јадици, мрежи и целосно метални копја – харпуни. За лов на китови се користат кајаци со должина од 6 метри изработени од коска или дрво кои целосно се покриени со специјално обработена кожа во урина, за да е непропустлива. Кајаците се придвижуваат од весла. Резбите на веслата ја покажуваат племенската припадност.
Од големо значење е трговијата која се одвива со Аглокините на точно определени локации. Предмет на размена се крзна за сулфурен пирит и метални предмети.

Традиција и култура

По секој успешен лов Ескимите им подаруваат месо на своите соседи. Овој обичај е строго почитуван. Облеката им се состои од поголем број на делови, и е широка и направена од повеќе слоеви. Кошулите се до колена и влегува во кожени панталони, кои влегуваат во чизми до колена и се врзуваат со кожни ленти. Горниот дел е целосен со качунка. Целата облека е премачкана со сало од фока за да не пропушта вода.
Големо значење имаат естетскиот изглед и украсувањето. Украсувањето на одредени делови на телото со тетовирање се врши околу десеттата година. Тетовирањето се изведува со игла и конец кој се провива над површинскиот дел од кожата. Трагите се видливи дека конецот и дупчињата се поттурани со саѓи. Најмногу се украсуваат ушите, носот и усните со големи и мали обетки изработени од мали коски или школки.
За време на празниците се носат маски изработени од кожа со кои ги имитираат животните. Наследството припаѓа на првородениот син. Тој има обврска да се грижи за мајката и сестрите до нивната свршувачка. Ако нема машки наследник, наследството и обврските припаѓаат на најблискиот роднина по таткова линија. Оддржувањето на врските има големо значење.
Големо влијание е посветувано на образованието на децата кое започнува од најмала возраст. Синовите се упатуваат во тајните на ловот. Ловот на првата фока означува самостојност. По тој повод се организира свеченост пропратена со тетовирање. Населбите ретко се составени од повеќе од дестина иглоа. Ескимските родови ретко војуваат меѓусебе. Ескимите се познати како кротки и мирољубиви.
Духовната култура на Ескимите е богата. Во неа прво место е богатото и разновидно устно народно творештво. Најзастапени се преданијата и легендите. Особено имаат богат фонд на магични формули. Фабулите секогаш имаат поучен карактер. Современата книжевност започнува со излегувањето на првото списание за уметност и литература во 1861 година. Ликовната уметност се одликува со оригинални решенија. Изведбите се на камен, коска, кожа и друг материјал. Најпластичните прикази најчесто прикажуваат геометриски фигури, т.е. приамиди, кругови, ромбови и друго, како и стилизирани прикази на луѓе, ирваси, фоки, кајаци, како и митолошки прикази. Фолклорот е меѓу поразвиените. Користат некој вид на гусли и барабани, пропратени со низа на некои интерени игри кои се изведуваат само со горниот дел на телото. Самиот чин на раѓање и одгледување на децата е дел одфолклорот. Појавата на првите пелени од мека, превртена кожа и коритење на амајлии за оддржување на децата во живот. Бракот кај ескимите е моногамен и пропратен со весела церемонија, за разлика од умирањето кое во основа е сурово фрлање на трупот во морето.
Религијата е сложена. Верувале во добри и лоши духови, се до прифаќањето на христијанството. во религиозниот живот значајна улога имаат шаманите. Освојувањето на северните предели на Северна Америка од страна на европските колонизатори, поради непријатните климатски услови, долго време не влијаело на културата и живото на ескимите. Промените настануваат кога во нив биле пронајдени нафта и рудни богатства, и за потребите на експлоатација се изградени првите населби.

Северноамерикански Индијанци

 

Населување и организација

Северноамериканските Индијанци кои пред доаѓаање на Европјаните живееле на широкиот потег од Атлантскиот Океан на исток па се до Карпестите Планини на запад. Се претпоставува дека се еден од ограноците кои 20000 п.н.е. преку Беринговиот Мореуз ги населиле пространствата на Америка. Според податоците од крајот на 20 век, нивниот број изнесува околу 1 милион. Малиот број на припадници се должи на постојаните истребувања на кои биле подложени од страна на Европејците од почетокот на 16 век. Името Индијанци за домородечкото население грешка која ја направил Кристофер Колумбо, кој мислеќи дека го открил поморскиот пат на запад до Индија, ги нарекол Индијанци.
Родовското уредување, како и богатите предели со вегетација и животни, не создало потреба од силни државни организации. Највисок стадиум бил племето. Огромните крда бизони, од кои Индијанците добивале се, храна, облека, живеалиштата, го правело нивниот живот номадски. Големиот дел од племињата имале населби од шатори, Вигмани, кои биле лесни за пренесување и обично просторот каде биле подигани ови подвижни села бил покрај реки.
Богатите ловишта само го успорувале развојот на напредокот а со тоа и на културното воздигнување. Тие ќе почнат со создавање на култура кога ќе научат да обработуваат земја, односно кога ќе ја научат тајната на сигурно добивање храна. За ова има улога пронаоѓањето на пченката. Првите култивизирани класови пченка се најдени во југозападните делови на денешните САД во пештера и датираат од пред 8000 г.п.н.е.

Разноликост на материјаниот живот

Во Севена Америка културата бавно напредувала и тешко или никако не можеме да зборуваме за единствена култура. Секоај од наведените карактеристики, во помала или поголема мера создава целост која можеме да ја нотираме во култура на Северноамериканските Индијанци. Наведениот простор го населивале неколку стотина премиња. Нивниот број се намалувал со истребување на некои од премињата во меѓусебните војни, во борбите против освојувачите или со спојување на неколку премиња во едно. Познати племиња кои денес опстојуваат се Алгонкини, Апачи, Команчи, Дакота, Навахо, Мајам, Пуебло Хјурон,Шошони, Ирокези, Делавар и др. Во почетокот на новата ера се познати првите цврсти градби со откривање на село на племето Пуебло во карпите на кањонот на реката Колорадо. Културата на Пуебло индијанците била една од најразвиените. Тие го познавале вештачкот онаводнување а биле и вешти плетачи, грнчари и ткајачи. Нивните населби, Пуебло, биле градени од каливи тули.
Во истиот период во горниот дел на реката Мисисипи се пронајдени вештачки направени земјени насипи кои се користени за заштита на селата, на земјоделците, од поплавите на реката. градителите обработувале дрво, камен и бакар, а покрај пченка го познавале одлгедувањето на тикви и тутун. Се смета дека индијанското население во Ново Мексико, Аризона, Јута правеле грнчарски производи од глина испрепелтени со гранчиња.

Начис индијанците кои се населиле во близина на денешниот град Њу Орлеанс, едновремено биле земјоделци, но земјата ја обработувале со мотика и никогаш не го пронашле плугот. Овие Индијанци се делеле на три групи: зарбеници од други племиња, кои ги вршеле сите работи во домаќинството, слободни луѓе кои се занимавале со земјоделство и сонца , воениот слој кои биле сметани за надлуѓе и почитувани како богови.
На исток било сместено племето Крик, кои живееле во големи стационирани села во кои имало и по неколку илијади жители. Со секое село упревувал главатар кој имал одговорност за своето село пред врховниот поглавица.
Апачи Индијанците биле најгомлема група племиња на запад од реката Мисисипи. За зачувување на територијата биле во постојана борба со околните племиња. Како би се наметнале како воини, на поразените противници им ги отсекувале прстите и правеле ѓердани. Со цел да им ја одземат земјата, Европските населеници ги прикажувале како бесмилостни. Денес голе мброј на топоними ги носат нивните имиња. Според племињата Дакота, Јута, Мајам се именувани држави, Хјурон е име на езеро, Делавар, Ирокез, Зуни се имиња на реки и тн.

Заеднички црти на индијанската култура

Основната црта на оваа култура била подвлечена од климатските услови кои го диктирале начинот на живеење. Климатските услови и основното занимање, ловот, влијаеле на физичките карактеристики. Виток стас, силни и долги екстремитрети, издолжено лице, малку закосени очи, црна коса и темножолт пигмент на кожата. Црвенокожци биле наречени затоа што во воените судири се премачкувале со црвена вукланска кал.
Според животните кои ги ловеле биле изработени и оружјата, лак и стрела, копја, томахавк, користеле и многу видови на стапици. Ловот и постојниот номадски живот од нив создал трпеливи и издржливи луѓе. Ова ги поставило и основите на верувањата – анимализам. За религиските ритуали биле изработувани дрвени титеми поставени во средишниот дел на селото. Тотемите биле од едно дрва на кое биле изрезбани животните кои се ловени. Секое племе имало животно заштитник на племето и се наоѓало на врвот на племето.
Околу тотемите се одвивал општествениот живот. Тука се собирал советот на племето. Советот избирал владетел, главатар. Главатарот на племето ги носел предувите во облик на перјаница која се спуштала по неговото тело,. Секој пердув бил добиван за извршено храбро дело. Момчињата за да станат мажи морале да се искачат до орловите гнезда и да донесат перув. Во чест на нивното поминување во мажи , била организирана свеченост. Го изведувале танцот на зрелоста а жените ги пееле магичните формули. Во кругот пред тотемот, врачот го повикувал големиот дух, Маниту. Маниту бил духот на природата, едно од ретките божества кое било почитувано од сите племиња. Целата била да на новиот маж му се даде сила да ги издржи болките на жигосувањето, ставање на вжештено железо нателото со кое било определувана припадноста. За да ги издржат болките им биле давани средства против болки кои ги подготвувале од кактусите (мескалин) дроги, и за да се залечат раните биле премачкувани со масти. Ова говори за природни лекови кои биле применувани.
Воинственоста ја стекнале поради постојаните меѓусебни судири во борбите за подобри територии. За да ги заплашата противниците се користеле со боење на телата со т.н. воени бои кои за секое племе биле различни и се носеле само при воени походи. Војните започнивале симболично со ископување и закопување на воената секира, при што завојуваните страни, седнати во круг го пушеле лулето на мирот. Телата на починатите биле поставувани на високи конструкции од дрва со цел да бидат поблиску до Маниту , т.е. да не бидат растргнати од дивите ѕверови.

Оддржување на природното наследство

Пренесувањето на знаењето, искуството и традицијата се вршело преки низи, бројаници, од школки, каменчиња и коски подредени според определен распоред големина и шари. Сите племиња до доаѓањето на Европските колонизатори живееле на крајно низок степен на културен развој.
Нискиот степен на култура и неповрзаност биле најголемата слабост на индијанците во нивните обиди за сочувување на својата територија пред налетите на Европејците. Тие успеваат најнапред да ги потиснат индијанците од исток кон запад. Веќе во почетокот на 19 век сите племиња биле покорени и сместени во резервати. Овие освојувања биле последени со наметнување на христијанската религија. Во последните години придобивки на индијанската култура во Северна Америка се повеќе добиваат на значење преку нивна презентација низ целиот свет, особено нивниот однос кон природата.

Културата во Централна и Јужна Америка

 

Мајката на Буда

Диего де Ландри, Фрањевички калуѓер во 1562 година по наредба на римскиот Папа пристигнува во Централна Америка. Причината не е покрстувањето на домородното население. Тие се веќе покорени и ја примиле христијанската религија. Под негово водство, шпанските освојувачи ги уништиле сите ракописи и ги убиле сите водечки спиритуални луѓе, со што ја уништиле напредната култура на маите.
Страв од што?
Можеби од културното наследство на еден народ, кој со својата посебност во цивилизациски поглед се наоѓал на многу повисоко ниво. Ниво кое и денес не става пред низа парашања за кои немаме одговор и го бараме во недешифрираните хиероглофи сочувани само уште на градбите.
Мексико, Белизе, Хондурас, Гватемала и Салвадор е територија на која во почетокот на осмиот милениум п.н.е. Се населуваат во својата потрага по место за живеење, номадите од Централан Азија. Тие преку Беринговиот проток, спуштајќи се преку Северна Америка ги запоседнуваат овие територии. Дел од нив останале во Северна Америка а дел од нив продолжиле на југ кон Јужна Америка. Климатските и природните услови во Средна Америка силно влијае врз населението, менувајќи ги нивните антрополошки карактеристики. Бојата на кожата од бледо жолта се затемнила во темно жолта. Условите во џунглите, полни со крволочни животни, барале голема концентрација на население и настанок на силно поврзани племенски заедници, Олмеци, Затопеци и Толтеци, кои кон крајот на четвртиот милениум п.н.е. Се обединуваат во еден народ под име Маи, создавајќи силна држава под водство на легендарниот владетел Теотинуакан, Кукулкан. Зборот Маи има повеќе значења. Во Кина мајката на Буда се викала Маји. Од друга страна овој збор во Египет имал значење на универзален поредок во светот, што пак наведува дека дел од образовното наеселние го напуштило Египет и ги населило споменатите краишта. Маи, пак, кај Сумерите е заедничко име за движењето на небесните тела, според кои бил составен календарот. Постои уште една теорија за потеклото на Маите која настанува од нивното верување во надсуштества, богови, кои со необични кочии ги населиле и им помагале во животот.

Летачката змија со пердуви

Според легендата Теотинуакан, на летечката змија ги поминал големите води и ја определил територијата за својот народ. Воа верување длабоко било вкоренето во верувањето на Маите. Посебно е впечатливо при изградбата на пирамидите кои од секоја страна имале по 91 скалило, вкупно 364 скали до платформата, која била 365-тата, што одговара на бројот на денови во годината. На неа бил поставен жртвеник. Поголема специфика е светлосниот феномена на северните скали кои двапати во годината, за време на пролетната и есенската рамноденица создава сенка во облик на змија. Најдобро се воочува на храмот познат како Кукулуканова пирамида во градот Чичен Ица. Културното населдство на Маите е сочувано во остатоците на повеќето стотици градови. Откривање во нивната целовитост без значителни разурнувања освен од забот на времето е во 20-иот век. Населението било поделено на два основни сегмента, земјоделци и градско население. Размената на производи била на високо ниво.за ова сведочат сочуваните патишта, посебно кон градот Ел Балам, Црниот Јагуар, најголемиот трговски центар со улици широки 10 метра. Овој град бил изграден на најголема површина, при што централниот дел билле пазарите. Во него 4 пати во годината се одржувале свечености, кои можат лесно да се споредат со денешните саемски манифестации. Одењето во градовите било само на повик на владетелот за работа на големите градби или за големите верски свечености. Облеката им била од груба јутана ткаенина и не смееле на себе да носат никакви украси и да ги бојат телата.

Природата како модел на однесување

покрај големиот број на селски населби, кај што живееле најоглемиот број на население, Маите изградиле повеќе од 1000 градови. Во секој од нив постоела палата за владетелот и палата за управникот на градот. Престолнината на владетелот бил градот Тикал, град на гласовите. Овој град УНЕСКО во 1979 година го прогласил за монумент на светското културно наседство. Во него се откриени 4000 градби меќу кои доминира храмот меѓу небото и подземјето, кој со височина од 96 метри е највисокото здание на американскиот континент. Во подножјето на овој храм се наожа и скалест премин во земјата со длабочина од 15 метри, со кои се надополнувала оставената слика за замен живот кој води на небото или во подземјето. Нрамот како и сите други храмови е изработен од релјефни камени блокови со хиероглифи кои ја воделе душата да не залута. Внимание заслужуваат Храмот на Големиот Јагуар и Храмот на Маските, кои со централниот храм се наоѓаат во однос на постојната комуникација. Градот борел околу 50 000 жители.
Секој од градовите на Маите имал своја специфика. Така, градот Паленке бил посветен на деветте господари на времето. За него е карактеристично скалестата пирамида – гробница, единствен доказ дека пирамидите на маите се користеле како гробници. На камениот саркофаг, во кој е пронајдено тело, се впишани броеви, 12-60 и 30-12. првиот број одговара на годините кога е пронајдена гробницата, а вториот колку години има до крајот на светот. Во иделаната положба со гробницата е опсерваторијата или кулата на деветте ветрови, во која положбата на прозорците на врвот одговараат на планетарниот систем со 2 пооделни прозорци за сонцето и месечината.
Иако не најзначаен, градот Чичен Ица е најдобро истражен, покрај Кукулакановата пирамида за светско културно наследство е значајна опсерваторијата Каракол. Четирите влезни врати на опсерваторијата се преклопуваат со страните на светот за помалку од 1 степен, додека преку отворите на таванот се следат точно настаните во вселената, патот на Сонцето, најсеверните и најужните патувања на Венера, положбата на северницата и положбата на соѕвездијата. Харамот на фалусите е поставен во паралерен однос со Црвениот Јагуар. Градовите кои ги споманвме и многу други се ставени под заштита на УНЕСКО.


Во чест на боговите

Маите во своето постоење биле носители на знаење кои во својата средина земале посебен тек. Во Бонампак – градот на фреските и муралите овозможува да ги видиме достигнувањата во ликовната уметност, каде на единствениот сочуван мурал во 3 дела се прикажани сцени на игри, танчери, живописно облечени. Танцот го прати оркестар. Ликовите на луѓето, животните и боговите, и прикажан натпревар меѓу два табора со топка на игралиште. Сите објекти биле градени од органски материјал. На највисоките места се граделе дождовни цистерни од кои преку системи на наканли водата се спроведувала до зградите, особено до парните купатила. Уште една карактеристика е акустичноста на објектите особено на игралиштата. Иако биле отворени, поздравот на играчите се слушал секаде. Поради недостаток на вода, за свети се сметале подземине извори – Ценоти или Аква Азура, покрај кои секогаш биле поставувани статуи на орли кои во канџите држат срце.

Мистерија

Големината на оваа култура се воздигнувала во правци на сестран развој, но на досега непознат начин сите градови во почетокот на 20 век биле напуштени и никогаш повеќе ненаселени. Сите придобивки биле заборавени. Населението во селата, каде животот продолжил, и во нив биле сочувани само верувањата во надусштества, богови, кои ги пренесувале од колено на колено чуварите на знаењето.

Нови држави и конквистадори

Престанокот на државата на Маите го искористуваат најнапред Тепанците кои основаат повеќе малди држави, за да во почетокот на тринаесеттиот век бидат освоени од Ацтеките. Ацтечкито владетел Итскуалт во 1231 година ја сосдава својата држава со престолнина во градот Теноцитл. Ацтечкатадржава опстанала до 1521 година кога штанскиот конквистадор Фернандо Кортез на измама го заробил владетелот Монтезума 2 и ги принудил Ацтеките да го предадат градот. Ацтечката држава не оставила некое поголемо културно наследство. Напредок имала во обработката на металите, особено златото, кое морале да го предадат на Кортез како откуп за владетелот. Шпанците од територијата на Средна Америка создаваат свое колонијално владение. Огромни пространства биле доделени на велепоседници кои создаваат хациенди. Работата на хациендите ја извршувало домородното население. Облеката се приспособила на природните услови, со што настанала традиционалната мексиканска облека – пончо и сомбреро. Градовите во кои живеело исклучително население од Европа биле градени во монумантален Средноевропски стил. Добар пример е Мкесико Сити кој е изграден околу црквата Св. Фрањо Асишки, со камбанерија која се издига до 181 метар. Од времето на шпанската колонијална власт треба да се издвојат повеќе споменици кои се под заштита на УНЕСКО. Барокната црква Санто Доминго во градот на сребрените рудници Закатекс, манстирот на Св. Крст и одлично сочуваното старо градско јадро на градот Пуебло со стадионот а корида, Палатата на гувернерот и зградата на ветувањето во вториот по големина град во Мексико, Гвадалахара.


Војна зна независност. Вила и Запата

Во 1811 година во Мескико започнува селското востание кое завешува во 1821 година со солободување од шпанската колонизација и создавање на Мексиканско царство. Постојаните судири за власт ги искористуваат САД и им го одземаат Тексас, Калифорнија, Невада, Јута, Аризаона, Ново Мексико, како и поголемиот дел од Колорадо и Вајоминг.
Промени настануваат по мексиканската револуција во 1910 година која ја предводеле легендарните народни водачи Панчо Вила и Емилијано Запата, кои со своите подвизи остануваат во народните песни. Тие успеваат во 1917 година да му донесат слобода на мексиканскиот народ .
Валоризирање на културното наслесдство во туристички цели

Вака богатот културно наследство, земјите од Средна Америка го поткрепуваат во туристички атрактивни понуди кои ги презентираат на сите светски туристички саеми и манифестации. Од музички фестивали на маријачите, ритуалните игри на Маите и Ацтеките, претстави од времето на Запата и Вила, се со цел светот да биде сапознаен со нивното културно наследство. Ова пак на регионот му носи годишна посета од преку 35000000 туристи што го прави туризмиот основна стопанска гранка.

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD