ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ТУРИЗАМ
 

Распореди на летови


OAG Flight Guide (ОАГ Водич за летови)

Иако постојат и други извори на информации за распореди, ние го избравме да го проучуваме ОАГ поради неговата светска достапност и покривање на информации.

Секоја авиолинија издава своја сопствена временска табела и водич со информации, вообичаено во форма на брошура. Овие брошури најверојато ги содржат најкомплетните информации за индивидуалнен временска табела на лет на авион (носач). Но, полесно е за патничките агенти да се обратат на една единствена публикација, како што е OAG Flight Guide за потребните информации.

Информациите во OAG Flight Guide се обновуваат месечно и ги ставаат во листа од град до град распоредите за над 800 авиолинии.
Екстактите кои ги илустрираат насловите опишани во оваа Целина се репродуцирани од OAG Август 2002 издание. Водичот за летови се издава секој месец.

OAG Flight Guide номално се произведува во единствен волумен и е поддржан од периодично издание на Додатокот на Водичот за Летови. Додатокот ги обезбедува патничките агенти и другите корисници со право на влез до информации за повеќе од 200 земји и сите поголеми промени се издаваат месечно во Водичот за Летови.

Додатокот исто така ве обезбедува со информации за пасоши, визи и здравствени регулативе како и дозвола за багаж, светски мапи, аеродромски информации, дијаграми, планови на седишта и програми.

OAG Flight Guide и Додатокот се опишува како “Комплетен водич за авиопатување”.
Главната цел на OAG Flight Guide е да ги обезбеди патничките агенти и другите инволвирани во оформување и букирање на патнички итинерари со детални информации за распореди на летови.

Aircraft type
Тип на авион
AB3/320/730
Секој код може да биде дешифриран за да го открие името на авионот (Листа на декодирање и кодирање се дадени во првите страни на “Водичот за летови”)
Class of service available on each flight
Класа на услуга обезбедена во летовите
JCYMQ
“J” е најскапата класа на седиште, и “Q” е најефтината или економичната класа на седиште (различни авиони употребуваат различни букви; Ј не секогаш е најскапото седиште ‡ позицијата на седиштето е она што е важно, то ест првата буква во сериите многу повеќе од самата буква)
Number of stops en route between the origin and destination (direct flights)
Број на запирања по рута меѓу местото на тргнување и дестинацијата (директни летови)

0, 1, 2. Нулата заначи без запирање, то ест лет без запирање. 1 или 2 значат едно/две запирања во една рута меѓу тргнувањето и пристигнувањето до дестинацијата


Додатокот на Водичот за Летови

Главната цел на Додатокот на OAG Flight Guide е да обезбеди информации за дестинациите како и потребности како што е здравствени, пасоши, визи, царина и валутни регулативе. Покомплетен опис на овие наслови е понудено во поглавјето Формалности за Патување.


Други авиопатнички информации

Табелата која следува ги покажува сите делови кои можат да се најдат во Водичот за летови и Додатокот на водичот за летови со краток опис на содржината.

Сите информации опишани во претходната табела е за патничките агенти, но некои од OAG деловите повеќе се користат од други. Како почеток постојано ќе треба да барате гратски и аеродромски кодови. Но еднаш откако ќе ги научите сите кодови кои постојано ќе ги употребувате, единствено ќе треба да ги проверувате дестинациите кои поретко ги користите.

OAG Распореди на летови

OAG Водичот за летови е голема книга од вообичаено еден волумен, која изгледа како телефонски именик, и во големина и на начинот на кој се дадени информациите внатре.

Првиот дел од месечниот OAG Водич за летови содржи општи информации.

По општите информации, и директно во продолжение на листите на распоредите/временските табели, се страници за помош со инструкции за “како да се употребат”. Иако OAG е целиот испечатен на англиски, помошните страници се испечатени и на француски, шпански, германски, италијански, кинески и јапонски.


Распоред на информациите за летови

Информациите за летови се распоредени во колони. Предноста на овој начин на претставување е што, откако сте го проучиле еден распоред од град до град, сите останати го употребуваат истиот формат!

Пример: имате клиент кој сака да лета од Lisbon до Amsterdam и потоа да се врати во Lisbon. Првиот лет е наречен “Outbound” и повратниот лет е наречен “Inbound” патување. Освен ако вашиот патник едноставно сака да патува само во еден правец, повеќето патувања побаруваат седиштата да бидат букирани за повеќе од еден лет.

Објаснување на овој концепт на друг начин:

Ако патниците патуваат до различни градови, неколку поствки на распореди на летови мора да бидат проверени. Прочитајте ги ситуациите кои следуваат. Тие опишуваат различни типови на патувања:

1) Патник 1 сака да патува од A до B

2) Патник 2 сака да патува од A до B, и потоа назад до A

3) Патник 3 и 4 ќе предземат долго патување, ќе патуваат од A до B, потоа од C до D, за да на крајот стигмат до E

4) Патниците 5, 6, 7 и 8 се група стари пријатели кои имаат цел месец одмор и имаат намера да патуваат од A до B, да останат таму цела недела, потоа да патуваат до C, потоа до D, и на крајот да се вратат дома во A

5) Последниот патник сака да патува од A до B. Од B патникот ќе патува со велосипед до местото C, и од овде ќе сака да се врати со авион до местото A

Патување 1 е патување во еден правец. Пример: Paris – Delhi

Патување 2 е повратно патување. Пример: Paris – Delhi – Paris

Патување 3 е патување во еден правец со три запирања. Пример: Paris – Delhi – Bangkok – Hong Kong – Sydney

Патување 4 е повратно патување со попатни запирања. Пример: Mexico City – Madrid – Frankfurt – Moskow – Mexico City

Патување 5 е патување со прекин (open-jaw). Пример: Sydney – Christchurch – surface – Auchland – Sydney

 




Дневни индикатори
Симболите во овие колони покажуваат кои пристигнувања и тргнувања не се во ист ден кога патувањето почнува.
+1 втор ден
+2 трет ден
+3 четврт ден
-1 претходен ден

 


СПЕЦИЈАЛНИ ПАТНИЦИ

Авиолиниите ја пружаат сета можна помош на патниците кои имаат специјални побарувања и потреби. Секојдневните побарувања се движат од тоа патниците да сакаат да го пренест и своето милениче до оние со специјални побарувања за храна.

Други патници можат да имаат побарување од помош со качување во леталото (авионот) и седнување поради медицински (здравствени) проблеми. Младите патници можат да имаат потреба од пратење низ аеродромот или додека се во самото летало (авионот), посебно ако патуваат за прв пат и не ги познаваат процедурите.

Вообичаено тоа е должност на агентот да го пренесе барањето на патникот до носачот (авионот). Во покомплексни ситуации од агентот може да се побара да разговара директно со авиолинијата во име на клиентот, да ги направи потребните аранжмани кои се однесуваат на удобноста и безбедноста на клиентот.

За покомплицирани побарувања, на многу агенти им е поедноставно да се јават и директно да разговараат со вработените во резервацискиот оддел на летот.

Поедноставните побарувања можат или да се пренесат преку телефон или да се пратат со патничкиот PNR. Покомплицирани аранжмани како што се пранесување на животни, даски за сурфање, велосипеди, итн. За нив подобро е да се разговара по телефон.


БУКИРАЊЕ НА ЛЕТОВИ

Откако ги има проучено информациите во распоредот за летање од град до град во OAG Водичот за летови, вашиот патник треба да биде во позиција да избере за себе лет кој најмногу ќе му одговара.

Следниот чекор е агентот да провери дали има слободни седишта за планираното патување на клиентите. Агентот го прави ова преку телефонирање на избраната авиолинија и ги прашува вработените во резервации да ги проверат броевите на седишта во авиолиниските компјутерски информации.

Автоматизираните патнички агенти самите можат да проверат дали седиштето е слободно преку испишување на командата за слободни места во Компјутерскиот Резервациски Систем (CRS).

Различни CRS се употребуваат од страна на патничките агенти за да добијат информации за распоредите, слободни места, тарифи и други патнички формалности. ЦРС е добивка за една автоматизирана агенција која комуницира директно со авиолиниите, преку кој можат да се направат резервациите и да се издадат итинерарите.

Секој лет мора да биде директно проверен. Ако соодветните седишта се слободни тогаш агентот ќе побара од резервацискиот клерк на авиолинијата да направи резервација на летот. Алтернативно, ако се употребува CRS, агентот резервира летови преку креирање на PNR во име на клиентот.


Компјутеризирани патничко агенциски системи

Следува пример за еден тип на команда. Овој пример покажува Galileo CRS можност за побарување, и неговиот одговор. Други CRS системи се Sabre, Worldspan, Apollo и Marsha. Сите овие се Глобални Дистрибутивни Системи, чиишто компјутерски резервациски системи (CRS) се употребуваат од страна на патничките агенти широко во светот. Компјутерските формати или команди како што се претставените подолу се слични во сите системи, т.е сите вклучуваат специфициран датум и рута. Оваа информација е обврзничка.
Од друга страна, други информации се опционани, како што се време на тргнување/пристигнување, авион по избор, и избор на град преку кој се патува.

Телефонско букирање

Алтернативно, агентите можат да телефонираат на авиолинија и да направат побарување за одреден лет од вработените во резервации, кои ќе го направат букингот и ќе направат букинг препорака.

Проверете во Распоредот на летови за да го изберете опциите за најповолниот лет за вашиот клиент пред да телефонирате на авиолинијата за да проверите можни слободни места и да направите резервација.

Неавтоматизираните агенто ги употребуваат телефонските букирања. Но телефонското букирање исто така може да се употреби кога одредени летови на авиолинија не се продаваат преку CRS, или кога компјутерското поврзување е невозможно.

Следните чекори опишуваат процедура на телефонско букирање:

1) Изберете летови од OAG Водичот за летови

2) Направете белешка за следното пред да се јавите до авиолинијата:


- Детали за одредени летови, плус алтернативи
- Број на патници
- Име(ња) и контакт детаил на патник(ци)

3) Телефонирајте на вработените во резервации на авиолинијата и идентификувајте се. “ Овде е Mарија Попвска од Нехар Турс ”.

4) Специфицирајте ја целта на вашето јавување:

- Да направите резервација
- Да откажете резервација
- Измените резервација
- Повторно потврдите резервација

5) Број на седишта

6) Рута

7) Кои летови, времиња и датуми за патување ви се поволни

8) Имиња и контакт детали на патници

9) Какви било специфични побарувања како што се храна, корпа за бебе, побарувања за одредени седишта итн.

 

Фонетска азбука

Вработените во авиолинијата и патничките агенти го употребуваат овој метод за комуникацијата да биде појасна и поефикасна. Зборовите и препораките можат лесно да бидат погрешно протолкувани, посебно кога се разговара преку телефон, па затоа спелувањето на зборови и препораки фонетски помага да се намали можноста за погрешно разбирање.


 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD