ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ПРАВО
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- ПРАВО -
Gledaj Filmove Online

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Вршење и заштита на правaтa

Вршење на правата


Главен израз на правата е нивното вршење,нивната реализација.Како вршење на права некои автори го означуваат однесувањето на овластеното лице кое одговара на содржината на правото.Тоа дефинирање е точно но не укажува на содржината на самото однесување на субјектот.Вршењето на стварност е остварување на економската содржина на правото.Правата се остваруваат ,односно се вршат на најразлични начини зависно од нивната природа,односно од природата на предметот на правото.Така,апсолутните права се остваруваат по правило со непосредно користење на стварите,односно со непосредно располагање со нив.Економски речено вршењето на може да се изрази низ реализација на употребната или прометната вредност на стварта која е предмет на правото.Правото на сопственост на пр.,се остварува преку држењето ,користењето и располагањето со стварите и со нивната заштита; авторското право со остварување и заштита на личните компоненти и со пренесувањето на имотните компоненти на другото за одредена противвредност (авторски хонорар).Релативните права се остваруваат со барање од обврзните лица да ја извршат својата обврска спрема носителот на правото,со заштита и на други начини.Очигледно е,според тоа,дека правата се вршат со низа фактички и правни дејства.Карактеристично е притоа дека некои права со нивното цршење се гасат т.е се консумираат.Тоа е случај со правата врз потрошните ствари,со остварувањето на релативните права и со наследните права.Ако потрошната ствар се употреби неа повеќе ќе ја нема и затоа правото ќе изгасне заедно со својот објект. Ако се исплати еден долг или се оствари кое да било облигационо побарување со тоа престанува облигациониот однос,а со него и облигационото право.Некои од облигационите права се гасат како такви,но истовремено се трансформираат во апсолутни стварни права.Така ако купувачот го добие предметот на купопродажба со тоа се гаси неговото облигационо право но се создава едно ново стварно право.Во поглед на вршењето на правата во имотнотно право важи начелото на диспозиција,според кое правото не само во создавањето, но и во фазата на неговото вршење зависи од волјата на носителот.Тој одлучува дали ќе го врши или не своето право и како ќе го врши него.Се разбира дека невршењето може да предизвика неповолни правни последици за носителот.На пр. со пропуштање да се побара заштита,таа може и да се изгуби (застареност). Како и во поглед на создавањето на правата,така и за вршењето има отстапување од начелото на диспозиција.Поради одредени општи или поединечни интереси вршењето на правото може да се одземе со потполна диспозиција на носителот.Во одредени случаеви кои не се малубројни,носителот на правото должен е да го користи правото и тоа на одреден начин.Карактеристични примери за ова отстапување се примерите со земјиштата и другите ствари од општ интерес.Земјоделското земјиште мора да се обработува рационално,а за тоа постојат одредени правни критериуми. Санкција за непочитување на оваа норма е привремено одземање на земјиштето од сопственикот (т.н.присилна управа) Шумата исто така мора да се користи на одреден начин и треба да се обновува.Средствата за производство во приватна сопственост мора да се корситат во граници и на начин предвиден во закон. Споменик на културата мора да се користи и одржува на начин којшто нема да ја намали неговата кѕлтурно-историска вредност. Вршењето на правата во некои случаеви може да се остварува од трети лица спротивно на волјата на носителот на правото. Така доверителот на едно лице може при дадени услови да го користи правото на својот должник ,за на тој начин да го оствари своето право.Јавниот правобранител може од своја страна да се јави како вршител на правата на општествено-правни лица и граѓани,макар што тој не е учесник на односот. Едно од ограничувањата на слободата во вршењето на правата е и ограничувањето на субјектите во поглед договорното откажување од едно право или од заштитата од повреди на тоа право.Според законот за односите меѓу родителите и децата нема правно дејство откажувањето од правото на издршка.Во овој случај практиката односно законодавецот ја ограничува диспозицијата на субјектите во нивни интерес.Накусо со оглед дека правото е општествена категорија неговото вршење не може да се остави на апсолутна зависност од носителот на правото,па се предвидуваат одредени општествено-оправдани ограничувања на слободата во нивното вршење.

Злоупотреба на правата


Општата граница во вршењето на правото е т.н злоупотреба на правото. Правото може да се врши слободно,но не и да се злоупотребува.Во старите права,пред се во римското постоел принцип на слободно и неограничено вршење на своето право.На прашањето кога може да се зборува за злоупотреба на правото постојат две становишта.Едното е субјективното а другото објективното.Според субјективното злоупотреба на правата постои во случај кога правото се врши со намера да му се направи штета на друг.Тоа е т.н шикана,шиканозно вршење на правото.Таа намера е основа правото да се преобрази во злоупотреба.Такво е првобитното становиште ,но подоцнежната теорија и практика сметаат дека злоупотреба може да има и тогаш кога нема намера за оштетување на друго лице.Објективниот критериум се сведува на невообичаеното користење на правото како посебна основа за злоупотреба на правото.Во тој правец е и дефиницијата што ја дава белгискиот научник Корнил: “Злоупотребата на правото е антисоцијално вршење на едно индивидуално право кое непотполно е дефинитано во законот”.Со оглед на реченото злоупотреба може да се означи како вршење на правото со намера да му се направи штета на друго лице или на начин кој не е нормален,вообичаен.Нашето најново законодавство ја прифати објективната концепциј,но тоа не значи дека во практиката злоупотребата не ќе можи да се јавува и во субјективен облик т.е како намера или свест со вршењето на своето право да му причини штета на другото лице.Според некои мислења поставувањето на прашањето за злоупотребата на правото е нелогично, противречно.Правото или постои или не постои.Ако носителот ги пречекори границите на своето право тој врши неправо и не може да се зборува за злоупотреба на правото.Меѓутоа нашата теорија е согласна дека таква противречност не постои.Едно е неправо а друго е злоупотреба на правото. Некогаш границите на едно право се фиксно и одредено дадени.Во такви случаеви пречекорувањето на тие граници значи неправо.Овде нема потреба да се зборува за злоупотреба на правото,но има случаеви кога границите на правото не се,ниту можат да бидат определени прецизно така што во такви случаи нивното одредување може да стане само конкретно од судот. Според Спаиќ постојат 2 круга односно еден двоен круг на границите на правата.Еден од нив кој законот јасно го одредува и друг кој што може да го одреди само судот. Проблемот потекнува од таму што интересите на субјектите се тесно испреплетени така што правата на едни лица во нивното извршување можат да се преплетуваат со правата на други лица.Воопшто субјективните права имаат своја социјална содржина.Тие можат да се користат само во рамките на нивната намена,а не и преку неа.Затоа кога се врши право мора да се води сметка со тоа да не се повредуваат правата на други лица,односно на општествената заедница.Во литературата се даваат познатите примери на вршењето на професионалните дејности на разни занаетчии кои предизвикуваат голема бучава,чад,прав,мириси и слично.Прашање е до која граница е тоа дозволено.Познат е и случајкот на копањето на бунар во своето земјиште но така што сите водени жици од соседните земјишта се оресекуваат и се предизвикуваат штети на соседните земјишта.Во сите овие случаеви може да се констатира или намера за ошететување на друг или невообичаено користење на своето право така пто тоа право не може да се усогласи со вршењето на правата на другите лица.Практиката во овие случаеви одредува кога се пречекорува границата на нормалното користење на правото.Во денешни современи услови одредена бучава мора да се поднесува но колкава и при какви услови тука мора да има одредени граници.Идејата за злоупотреба е родена во зрелиот капитализам.Според некои наши автори таа е израз на идејата на солидаризмот.Според оваа филозофска идеја општествените судири треба да се решаваат со усогласување на правата со мирно сообразување.По наше мислење доколку солидаризмот како ублажување на суровоста на индивидуалното право со оглед на општиот интерес како основно решение на општествените судири со право го отфрлуваме,не смееме да ја негираме неговата вредност ако коректив во рамките на еден одреден општествен систем,капиталистички или социјалистички.Солидаризмот не е само инструмент за спасување на капитализмот,но и критика на индивидуализмот.Тој е одраз на зрелиот капитализам во кој веќе беа иизраснале внатрешните противречности на системот.Се разбира дека забраната на злоупотребата како правен институт не може да ја разреши основната иоштествена противречност која постои во едно експлоататорско општество.Не би требало да биде спорно дека институцијата злоупотреба на правото е нов квалитет во имотното право,кој е израз на стварните потреби.Тоа е коректив во границите на дадениот систем.Како таков тој е реалност и дури извесно приближување кон новото социјалистичко општество.Во нашата теорија е неподелено мислењето дека злоупотребатана правото има место и во нашето право.И автори кои критички се произнесуваат во однос на злоупотребата на правото во буржоаски услови категорички и изречно се за признавање на оваа институција во нашиот правен систем.И нашиот законодавец доста рано ја има усвоено оваа институција како прогресивна,социјална,разумна граница на правото.Злоупотребата како институт е призната и од Узансите за промет со стока во облик на норма која бара чесност и совесност во вршењето на правото.Законот за односите меѓу родителите и децата од своја страна изречно зборува за злоупотреба на родителското право.Како што се наведе погоре најновите закони за сопственостите и облигационите односи го потврдија дотогашниот став назаконодавецот со тоа што го објективизираа поимот злоупотреба на правото.

Колизија на права


На вршењето на правата во некои случаи може да му се препречи колозијата на повеќе права кои истовремено му припаѓаат на еден субјект или правото кое припаѓа на други субјекти.Во еден случај правото на еден субјект му конкурира на истовидното право на друг субјект така што го отежнува или оневозможува другото право.Конкуренцијата односно колозијата по правило се решава во корист на едното од правата по одреден приоритет.Основите за приоритет се различни.Во некои случаеви за приоритетот одлучува времето на создавањето на правото.Појако е порано создаденото право.Така ако врз еден ист недвижен предмет се установат повеќе хипотеки нивното остварување ќе биде според редот на запишувањето на хипотеките.Прво ќе го оствари своето право првиот, па подоцнежните хипотекарни доверители ако од вредноста на продадениот предмет преостане нешто по исплатата на приоритетниот доверител.Врз првенството може да влијае природата на правото.Така,при конкуренција на правото на сопственост и права изведени од неа приоритет имаат изведените права ,кои претставуваат ограниченија на сопственоста (заложно право пред сопственичкото располагање; право на плодоуживање пред правото на користење од страна на сопственикот).При колизија меѓу стварно и облигационо право по правило првенство има стварното право.При стекнување на права и основата може да одигра улога. Така,ако два законски владетели претендираат на појако право на владение,појак ќе биде оној кој што ја прибавил стварта по основа на товарен договор пред оној кој ја прибавил стварта по основа на даровен договор.Приоритетот,во некои случаеви зависи исклучиво од социјалната положба на лицата што конкурираат на едно исто право.Така,при развод на бракот право на користење на заедничкиот стан ќе добие еден од брачните другари зависно од семејната положба во која ќе се најдат поранешните сопрузи.Слично е и во случај на барање за проширување во испразнет дел од стан што конкурираат повеќе сосоственици.Законот за наследување врз основа на принципот на правичност признава одреден приоритет меѓу наследниците зависно од нивната економска положба.Во некои случаеви првенството претставува правна сила а не право,но сепак и во таков случај колозијата на два можни идни носители на едно право се решава според принципот на приоритет кој се определува според разни критериуми.(На пример право на првенствено купување на стан во корист на сегашниот носител на станарско право,право на општествено-правни лица да бидат првенствени купувачи на земјишта со приватна сопственост и др.) Во овој контекст заслужува посебно да се подвлече, како што тоа може да се види и од овде приведениот пример за првенственото право на општествено-правните лица пред физичките лица како претенденти за стекнување на едно право,дека колозијата може да се појави и на поширока општествена основа т.е. и како одреден судир меѓу поединечните и општите интереси.Задача на законите со кои се сака да се обезбеди првенството на општествениот интерес е тоа првенство да го уредат прецизно почитувајќи го при тоа во оптимална мера и поединечниот интерес.Постои и приоритет во носење на обврските.Тоа е обратната страна на односот.На пр.според Законото за односите меѓу родителите и децата “лицата кои според законот се должни да даваат издршка го даваат издржувањето по оној ред по кој доаѓаат за наследство”. Во други случаеви прописот дозволува правото да се оствари од два субјекти без да постои посебен приоритет на обврската.Во некои случаи од една основа можат да произлезат повеќе права и тоа на таков начин што сите други можат да се остварат, бидејќи едно со друго не се конкурираат.Така на пример ако со договор е предвидено да се предаде една ствар,па се западне во задоцнување,носителот на правото има овластување покрај стварта да побара и надомест на штета за задоцнување.Во друг случај ако со договор лицето прибави истовремено повеќе права ќе може да ги остварува сите нив.Тоа е т.н. кумулација на правата и во овој случај меѓу нив нема конкуренција.Во трети случаеви кога правото се однесува на повеќе објекти но така што носителот треба да избере еден од нив за извршување (елекциона конкуренција),тогаш по извршениот избор останува само еден предмет.Има и такви случаеви кога постои само еден предмет на извршување но се можни разни солуции во врска со неисправното исполнување на обврската.Така, ако предметот на исполнување има физички недостаток (мана) доверителот спрема околностите ќе може да побара било поправка на предметот (отстранување на маната) било намалување на цената, било раскин на договорот.Но, само една од овие солуции е можна.Во сиве овие случаеви станува збор за изведени (несамостојни) права. Постои и т.н. конкуренција на права или на закони.Тоа е случај кога едно право може да се оствари по повеќе основи,но по која било основа да се оствари,се остварува само еднаш.Така на пример при одземање и трошење на потрошна ствар нејзината противвредност може да се бара по основа на причинување на штета или по основа на неосновано збогатување,со тоа што за секој од двете основи треба да бидат исполнети условите.Сиве споменати и други приоритети односно колозиони случаи имаат свои оправданија во наведените правни прниципи за еднаквост и правна сигурност,а во некои случаи се израз на одредени општествени или социјални интереси.

Заштита на правата, Самозаштита и правна заштита


По правило правата и обврските се извршуваат доброволно,односно непречено од други лица.Постојат,сепак случаи во кои правата на носителите им се оспоруваат или попречуваат,односно обврските спрема носителите на правата не се изврпуваат така како што е предвидено.Правото мора да биде заштитено.Без заштита правата не можат да се сметаат како права, т.е. како овластувања кои и присилно можат да се реализираат,во крајна линија со интервенција на државата.Затоа заштитата на правата од некои се смета дури и како составен дел на субјективните права.Правниот поредок содржи свои посебни правила кои се однесуваат на заштитата на правата.Како што ќе видиме,постојат материјално правни и процесно-правни правила кои се однесуваат на заштитата на правата.Заштитата на рпавата се обезбедува од страна на посебни државни органи.Тоа се по правило судовите.Оваа заштита е позната како правна заштита.Во современи услови, во начело не е дозволено носителите на правата сами да ја остваруваат заштитата на своите права. Таква можност би создавала мошне многу несигурности и самоволија.Но,по исклучок и денес мора да се дозволи и самозаштита т.е. обезбедување на своето право со сопствена фактичка акција,без обратување до судот.Начелно речено,тоа може да виде само во оние случаеви кога според околностите не може ни да се очекува ефикасна заштита од овластените органи на власта, а без таа заштита правото бездруго би било повредено.Во однос на конкретните случаи кога е дозволена самозаштита дел од нашите автори инсистираат на два примери.Тоа е т.н нужна одбрана,која значи одбивање на еден истовремен против-правен напад,и крајна нужда (или состојба на нужда),која постои тогаш кога едно лице без своја вина се најде во неповолна ситуација,во која ако не му направи штета на друг не ќе може самото да го заштити своето право.Законот за облигационите односи од своја страна ги легализира нужната одбрана и крајната нужда како што сосем јасно го дефинира и општиот поим на дозволената самопомош.Имено член 162 од овој закон под овој поим го подразбира “правото на секое лице да ја отстрани повредата на правото кога непосредно се заканува опсаност,ако таква заштита е нужна и ако начинот на отстранување на повредата одговара на условите во кои настанува опасност”. Oд оваа одредба произлегува заклучокот дека дозволената самозаштита може да настани и во други ситуации,а не само од двете погоре споменати.Рука спаѓаат: самозаштитата на владението во смисла на одредбите на Законот за процесна постапка,односно на сојузниот сопственички закон.Правото на задржување на туѓи ствари кога тие ќе се најдат на имотот на субјектот кој сам си го штити своето право;правото на станарот да изврши поправка во станот; итн.Според тпа доста е широк регистарот на случаите кога носителите на правата можат да се заштитуваат со сопствена акција,без помош на судот.Па сепак,облиците на самозаштита,земено во целина претставуваат исклучок од правилото дека заштитата се остварува како правна,пред судовите и други овластени органи.Материјално-правната заштита на правата се засновува врз три важни принцпи: а) секое право ужива заштита б) заштитата се дава на барање на носителот на правото в) заштитата се здобива но и се губи.Овие принципи не треба дасе сфатат во апсолутна смисла.Кај секој од нив има отстапување.Има права кои не уживаат заштита.Тоа се некои права за кои правниот поредок не предвидува заштита.Такви се правата од комар и обложување.Такви се и правата кои потекнуваат од неморални,недозволени правни дела.И права кои се застарени не уживаат заштита (природна облигација).Заштитата по правило се дава на барање на носителот на правото кое е повредено.Тоа е израз на познатото начело на диспозицијата на страните на односот.Постојат отстапувања и од ова начело,така што некогаш заштитата се дава не на барање на самиот носител на правото но на едно трето лице.Така на пр. на место на носителот на правото под определени услови заштита на неговото право може да побара негов доверител од еден друг однос,за на тој начин доверителот да го оствари своето право спрема својот должник.Во други случаеви,заради заштитата на општествениот интерес и општествената сопственост, наместо на непосредно заинтересираните организации на здружен труд ,како учесници на имотно-правен однос, заштитата можат да ја побараат надлежните органи какви што се јавниот обвинител и јавниот правобранител,односно општествено-политичката заедница. Во некои случаеви како носител на заштитата ќе се појави ликвидациониот(стечајниот) управител кој мора да се грижи за заштита на интересите и правата на доверителите на лицето што е во ликвидација.Тоа е т.н. акторат т.е. право да се биде тужител.Правото на заштита,познато и како право на тужба се раѓа во моментот на повредата на правото.Меѓутоа во тој поглед има некои појавни разлики меѓу разните видови на права,Кај стварните права заштитата се раѓа дури во моментот на повредата на правото.Пред тоа односот воопшто и не се гледа,ниту е конкретизиран.Кај релативните права заштитата постои од самото создавање на правото,бидејќи е познат евентуалниот повредувач на правото.Но и во тој случај до стварна заштита доаѓа само при повреда на правото т.е. при неисполнување на правото кое е стасано.Според својата содржина правото на заштита во начело е овластување да се бара од судот остварување на правото по присилен пат.Но,како што и порано се истакнува,ова право познато и како барање или претенција не треба да биде сфатено како да значи безусловно остварување на своето право во неговиот првобитен вид.Затоа барањето треба да се сфати како заштита да се обезбеди било самото право,ако тоа е можно,било соодветен правен економски ефект на тоа право (надомест на штета).
1) Средства за правна заштита. – Средства за правна заштита се тушбите и приговорите.Затоа не е правилно да се инсистира на идентифицирањето на заштитата и правото на тужба (во материјална смисла).Инаку,изразот тужба во материјална смисла има смисла затоа што на тој начин се повлекува разлика меѓу неа и изразот тужба во формално правна смисла.Во формална смисла под тужба се подразбира писмениот документ во кој носителот на правото кој бара судска заштита се обраќа до судот.Каква е суштината на двете споменати заштитни средства-тужбата и приговорот.Тужбата е иницирање на судска постапка за заштита на правото на едно лице кое смета дека некое друго лице (туженото) му го повредило тоа право.Тужба е значи,првобитно обрнување на судот за заштита.Тужениот од своја страна има право на заштита.Средство за негова заштита е приговорот.Според тоа приговорот е такво заштитно средство со кое се одбива туѓ напад (тужбата).Одбивањето,пак, се состои во изнесување на свои права (и аргументи за нив) со кои треба да се обеснажи барањето т.е правото на тужителот.Тоа е истакнување на некое свое право кое го прави барањето на тужителот неефикасно.При определени услови тужителот може да употреби и едно нападно средство т.е противтужба.Со противтужбата не се одбива тужбата т.е претендираното право на тужителот,но му се спротиставува на тужбеното право.Во оваа смисла противтужбата е дефинитана и во законот за процесна постапка.Пример за противтужба би бил кога еден тужен од сопственички спор побара од првобитниот тужител да му плати одредена сума на име трошоци за подобрување на спорниот објект,кој тужениот ќе треба да му го врати на тужителот по сопственичка основа.Од овој пример се гледа дека противтужбата може да се поднесе во еден спор само ако противтужбеното барање потекнува од истата фактичка состојба за која се води спорот според основната тужба.
2) Видови на тужби и приговори.- Постојат повеќе видови на тужби и приговори. Според критериумот против кого може да се насочат тужбите се разликуваат како стварни и лични. Стварните тужби се поднесуваат против секое лице кое ќе го повреди едно апсолутно,стварно право. Се разбира дека тужбата може да се насочи само против едно конкретно лице кое реално ќе го повреди туѓото право,но потенцијално секој може да се најде во такква позиција.За разлика од овие тужби личните тужби можат да се насочуваат само против определени лица кои се однапред познати како учесници на имотно-правниот однос.Таков е случајот со договорувачите кои при повреда на обврските еден против друг можат да поднесуваат тужби.Според горното,оваа класификација на тужби се врши спрема природата на правото што се повредува.Според некои автори по овој критериум треба да се разликуваат три вида на тужби: стварно-правни,облигационо-правни и наследно-правни тужби. Според дејството на судската одлука со која се дава заштита,тужбите,а најсоодветно со нив и судските одлуки се разликуваат како кондемнтаторни (осудувачки,извршни),деклараторни (утврдувачки и конститутивни (востановувачки). Првите тужби се карактеристични за релативните односи и со нив се бара од судот тужениот да биде задолжен нешто да стори или пропушти или да трпи.На пр. да се исплати долг од договорен однос,да се надомести сторената штета и др.Овде спаѓаат и стварно-правните тужби со кои се сака признавање на правото и враќање на спорната ствар во владение на титуларот на правото односно отстранување на други повреди на правото.Деклараторните тужби имаат поограничено барање.Со нив се сака само утврдување од судот постоењето или непостоењето на еден однос.Со оглед на тоа постојат дба подвида деклараторни тужби – позитивни и негативни.Оваа тужба му е позната и на нашето постоечко процесно законодавство.Деклараторната тужба може да се појави и како составен дел од кондемнаторската служба,бидејќи за убажувањето на таква тужба треба прво да се установи дека правото т.е односот постои,па врз осносва на тоа тужениот да се задожи на некое однесување.Од друга страна кога една тужба се одбива поради непостоење на правна основа,всушност пресудата на судот се сведува на констатација,односно декларација дека таквиот однос не постои.Со други зборови,спорот се сведува на негативно утврдување на одредени правно-релевантни околности.Конститутивните тужби се тужби со кои тужителот бара востановување на нов однос меѓу тужителот и тужениот односно создавање на едно ново право кое до подигнувањето на спорот не постои,а се бара да се создаде.И приговорите можат да бидат од разни видови.Според своето дејство приговорите се разликуваат како перемпторни и дилаторни.Првите се оние со кои се сака да се отстрани дејството на тужбата во целост,но во квалитативна а не во квантитативна смисла.Така,перемпторен е приговорот дека дел од долгот за кој се води спорот е исплатен. Перемторен е и приговорот со кој што тужениот во сопственички спор докажува дека нему му припаѓа правото на сопственост над спорната ствар,а не на тужителот,како и приговорот со кој се истакнува застареноста на барањето.Дилаторни се приговорите со кои се барањето само се одлага.На пр.тужениот одбива да плати орочен долг поради тоа што рокот не е изминат или одбива да плати долг поради тоа што и другата страна не ја исполнила својата обврска.Приговорите се разликуваат и како лични и стварни зависно од тоа дали можат да се истакнуваат само против одредени лица или против секој носител на едно право,односно побарување.Приговорите од областа на облигационите односи по правило имаат личен карактер.Приговорите од стварно-правните односи по правило имаат стварно-правен карактер.Приговорите можат да се појават и како самостојни и несамостојни.Самостојни се оние приговори кои не базираат врз некое друго право но само на една одбранбена можност која се исцрпува во обеснажувањето на тужбата во материјална смисла или на извесно право.Така,приговорот за застареност е вид на самостоен приговор зашто ако постои услов за истакнување на застареност,тој може да се користи без оглед на самото побарување и неговата правна важност.Таков е и приговорот за заблуда.Несамостојни се оние приговори кои се базираат на некое право. Конечно потребно е да сеправи разлика меѓу материјално-правните и процесно-правните приговори.За материјално-правен приговор се работи кога тој е насочен против едно право.

Најосновни карактеристики на формалното (процесно) имотно право


Во рамките на прашањето за правната заштита на правото ќе изнесеме најосновни црти на постапката во која се остварува таа заштита.Судската заштита на правата се спроведува по одредени правила на постапката.Овие правила се создадени така што да обезбедат полна гаранција за точното утврдување на правните состојби,а со тоа и за правната сигурност.Правилата на постапката во основа се усогласени со основните карактеристики на материјалното имотно право.Постојат разни фази на постапката за заштита на правата.Првата и најважна фаза е онаа во која се утврдува постоењето на едно право.Таа фаза започнува со поднесувањето на тужбата и приговорите, па продолжува со докажувањето.Докажувањето значи утврдување на вистинитоста на околностите врз основа на кои никнува правото. Должноста да докажува паѓа на оној кој се повикува на една околност.Често околностите не мораат да се докажуваат бидејќи се претпоставени.Во таков случај должноста за докажување паѓа на оној којшто ја оспотува претпоставката.Постојат разни доказни средства предвидени во процесните правила (исправи,сведоци,вешти лица,сослушување на страните,свечена изјава позната порано како клетва).По доказната постапка судот ја донесува својата одлука по правило во облик на пресуда,а поретко во облик на решение.Со својата одлука судот го уважува или одбива барањето,во целост или делумно.Заради правилно пресудување првостепените одлуки по правило можат да се обжалуваат пред повисокиот суд.Пресуда која не е обжалена или која е донесена од повисокиот суд станува по правило правосилна т.е. не може да се напаѓа со редовни средства (ревизија).Постојат и вонредни средства за преиспитување на правосилните пресуди (барање на заштита на законитоста,повторување на постапката).Правосилна пресуда е извршна т.е. може присилно да се извршува (остварува).Со донесувањето на правосилната одлука завршува првата фаза од имотно судската постапка.Нормално е правосилните пресуди на судот да се извршуваат доброволно.Тоа значи обврските кои судот им ги наложил на тужените лица овие се должни да ги извршат без понатамошна интервенција на судот.Ако не биде така, тужителите имаат можност да му се обрнат на судот за присилно извршување на судската одлука.Правилата кои го уредуваат постапувањето на судот во оваа фаза го носат името извршна постапка. Тоа е постапка за присилно остварување на правото признато со правосилна судска одлука.Средствата на судот во оваа фаза се т.н. попис и пленидба на стварите од имотната маса на туженото лице (именувано во оваа постапка извршеник) т.е. во нивно одземање и продавање зависно од тоа за какво право,односно обврска се работи.Според некои автори мрките на судот за присилно обезбедување на признатото право се однесуваат и на привременото лишување од слободата на извршеникот за да се натера да ја изврши својата обврска.По наше мислење нашето денешно процесно право не му дава можност на судот за преземање на такви присилни средства.Новиот Закон за извршната постапка од 1978 година изречно нагласува дека е можно да се одреди и парична казна во значителни износи но не предвидува санкции над самата личност на должникот.Во некои случаи судската постапка нема за цел да расчистува спорни околности,ни да обезбедува присилно извршување на правосилни судски одлуки.Цел на постапката може да биде утврдување на некои право релевантни околности кои се важни за признавање на едно право или однос.На пр.постапката на распоредување на оставнината нема за цел да утврди спорни околности,но околности за распоредување на оставнината на лицата кои имаат наследничко својство.Ако некоја околност се појави како спорна,оставинскиот суд установувањето на таа околност го препушта на судот кој што решава спорови.Таков е случајот и со постапката за делба на заеднички имот,за утврдување на деловна неспособност идр.Овој дел од процесното право затоа се вика вонпарична (вонспорна) постапка.Со оглед на реченото процесното имотно право како систем на норми за постапување на судовите во обезбедувањето заштитата на правата се состои од три основни дела: процесна,вонпроцесна и извршна постапка.Нашето денешно имотно процесно право веќе е во основа (дури во голема мера) уредено со позитивни прописи.

Застареност


Како што е одбележано и порано,времето како имотно правен факт игра значајна улога во поглед создавањето или губењето на правата.Застареноста е една од институвиите во кои времето игра улога на факт поради кој се губи едно право.По оваа своја особина застареноста се разликува од одржувачката при која што времето заедно со одредено квалификувано владение на една ствар доведува до создавање на едно стварно право.(пр.паво на сопственост). Во постарите права застареноста егзистираше како единствен институт со два свои подвида: аквизитивна или придобивачка застареност.Денес овие два вида на застареност се третираат како два одвоени институти бидејќи се смета дека општата теорија на застареноста не може да се одржи.Постојат заеднички но и посебни особини на секој од двата вида на застареност кои не би требало да се предвидуваат.Така овие институти ги третира и нашето ново законодавство т.е. поранешниот Закон за застареност за застареност на побарувањата и важечкиот Закон за облигационите односи.Секако оправдано е за застареноста и за одржувачката посебно да се расправа во разни делови во имотното право. Така,додека за застареноста во потесна мисла на зборот,освен во општиот дел,се расправа целосно и во облигационото право и во наследното право,одржувачката се разгледува во рамките на стварното право,како еден од начините на оригинерно прибавување на стварни права.Во секој случај,застареноста како имотно-правна институција,бидејќи има свое место во облигационото и во наследното право ,треба да се третира како институција со свое место во општиот дел од имотното право.Застареноста е институт кој ги уредува условите за губењето на правото за заштита,или како традиционално,макар не сосема точно се вели,се губи правото на тужба во материјална смисла.Според тоа,застареноста не доведува во губење на самото право но на заштитата на тоа право.Правото како такво останува но ослабено без заштита.Тоа право макар застарено може и натака да се остварува но само доброволно а не присилно.Бидејќи се работи за губење на права со протек на време правото добива назив природна (неутрална) облигација.Природната облигација е морална облигација.Ако оваа облигација се изврши доброволно,не може да се бара враќање на она што е дадено во нејзиното исполнување,затоа што давањето е извршено по една важечка правна основа (облигацијата).
Функции на застареноста – Смислата на застареноста е повеќестрана.Сепак сите нејзини функции се сведуваат на една општа која е позната како правна сигурност.Пред се застареноста ја обезбедува сигурноста во една ситуација која долго време не е оспорувана.Застареноста не дозволува таквата ситуација да биде променета со поднесување на една задоцнета тужба која е способна да ја измени таквата состојба.Долгите фактички состојби треба да бидат легализирани за субјектите да не бидат во постојана опасност дека ќе бидат оштетени со задоцнети интервенции на судот.Само врз база на таквата сигурност субјектите можат да планираат натамошно развивање на имотно-правните односи.Тоа значи дека застареноста е општ услов за правната сигурност на прометот.Застареноста ги отстранува тешкотиите околу докажувањето дека едно право е изгаснато односно дека една обврска е исполнета.Имено со времето се губат писмените докази,умираат сведоците,страните или сведоците ги забораваат релевантните околности итн.Со застареноста се постигнува и една превентивна цел.Се врши притисок на носителите на правата да ги остваруваат своите права благовремено ако не сакаат да ги изгубат.Со тоа пак се постига стварно и благовремено ефектуирање на правата што е во интерес како на самите страни во односот така и на прометот во целина.На тој начин застареноста се јавува како институција во општ и поединечен интерес макар што доведува до слабеење на правата.Затоа застареноста е изградена како правна институција со комбиниран карактер.Таа има императивна и диспозитивна компонента кои ќе с епокажат како карактеристика на оваа институција.
Подрачје на примена на застареноста- Ако застареноста значи губење на заштитата на правата поради истек на време ,се поставува прашањето дали со истекот на времето може да застари заштитата на сите видови права.Во нашето право и наука владее становиштето дека заштитата на сите права не застарува што не е случај со сите правни системи.Но во врска со оваа теза треба да се нагласи дека посредно и правото на сопственост и неговата заштита можат да се изгубат.Ако поради невршењето на ова право во релативно долг период некое друго лице го стекне правото на сопственост над истата ствар која порано му припаѓала на наведениот сопственик ,поранешниот сопственик ќе ја изгуби заштитата на своето право затоа што него го прибавил по своја самостојна основа новиот владетел.Надвор од тоа заштитата на правото на сопственост не застарува.Покрај правото на сопственост не застаруваат и некои други видови права какви што се оние од семејно-правната област.Според тоа застареноста е институција со ограничено дејство.

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD