Со распадот на СФРЈ, со декрет на претседателот Киро Глигоров и со
конзенсус на сите политички партии во тоа време, извршена е централизација
на власта. Ова централизирање е изведено со цел да се овозможи целосна
контрола на територијата на Република Македонија и да се осигура нејзиниотсуверенитет.
Во интервјуто од 2000 година дадено за неделникот ФОКУС, Претседателот
на Република Македонија, дава објансување за оваа одлукКа: "Во
тоа време се плашевме од поединците во некои делови во Македонија
кои заговараа формирање на етнички енклави, автономија на Струга и
Тетово и нивно припојување кон Косово и Албанија, во Куманово се појавија
српски радикали кои бараа автономија од Скопје. Тука ја видовма опасноста
и се одлучивме за централизиран систем на Власт, со кој требаше да
биде обезбеден територијалниот суверенитет на државата". Подоцна
се случија неколку измени во законите за децентрализација кои беа
донесени во Република Македонија. Значителни измени се донесени после
усвојувањето на Охридскиот рамковен договор.
Клучни сегменти
Клучни сегменти во реформата на локалната самоуправа се:
- Децентрализација на власта
- Фискална децентрализација
- Територијална организација
- Јакнење на капацитетите на општините
Со реформата на локалната самоуправа ќе се зајакнат фискалниот капацитет,
капацитетот на човечки ресурси и политичкиот капацитет на општините,
за:
- Обезбедување ефективни јавни услуги на локално ниво;
- Развој и одржливост на локалните економии, создавање на можности
за вработување и можност за развој на претприемништвото;
- Развој на транспарентна и одговорна администрација, на локално ниво;
- Обезбедување на инструменти преку кои граѓаните ќе можат да вршат
влијание во донесувањето на одлуките за прашања од локално значење;
- Да станат партнери на централната власт и да се подготват за ЕУ-интеграцијата
на локално ниво;
За да се постигнат овие цели, Владата на Република Македонија:
- Утврди нова територијална организација на локалната самоуправа,
со цел општините да имаат капацитет ефективно да ги остваруваат пренесените
функции и одговорности;
- Обезбеди стабилна правна рамка за финансирање на единиците на локалната
самоуправа;
- Ефективно го комуницира тековниот процес на децентрализација до
клучните целни групи и јавноста;
- Заедно со општините и меѓународната заедница ги развива човечките
ресурси, техничкиот и финансискиот капацитет на општините за остварување
на пренесените функции и надлежности;
- Ќе им помага на општините да се подготват за ЕУ-програмите за,,пред-
пристапување и,,после пристапување;
-- Ќе ја поддржува и потпомага меѓуопштинската соработка со цел да
се осигура ефикасно, ефективно и правично обезбедување услуги за граѓаните;
- Ќе го помага процесот на ЕУ-интегрирање на ниво на локална самоуправа;
- Ќе продолжи да работи во партнерство со општините на локалниот економски
развој;
- Ќе продолжи да го поддржува и потпомага развојот на е(лектронско)-владеење;
- Ќе развива механизми следење на општините во остварувањето на пренесените
функции;
- Ќе ги зајакне и развива сопствен капацитет за координирање на тековниот
процес на пренесување на надлежности, на финансиски и на човечки ресурси,
и имот на општините;
Реформата на локалната самоуправа во Република Македонија не се соочува
само со вообичаените проблеми што ги следат ваквите сложени реформи,
туку се соочува и со проблемите кои се специфични за земјите во транзиција.Реформата
не може да се спроведе без да се земе предвид поширокиот контекст
на економската состојба во земјата.
Низ бројки
Институциите опфатени со децентрализцијата се: 356 основни училишта,
81 средно училиште, 48 организации од областа на културата, четири
домови за стари лица, детски градинки. Министерството за труд и социјална
политика моментно ја има подготвено новата мрежа на претшколски институции.
Според податоците од Заводот за статистика на Република Македонија(www.stat.gov.mk)
26.395 вработени во јавните институции ќе бидат префрлени на локално
ниво. Околу 9.078 од основните училишта, 6.654 од средните училишта,
556 од културните организации и 107 од домовите за стари лица. Покрај
тоа, околу 30.000 државни службеници ќе бидат префрлени во локална
надлежност, заедно со 270 вработени во владините министерства - 117
од Министерството за финансии, 126 од Управата за јавни приходи и
27 од Министерството за образование.
По стапувањето насила на законот за урбанизам, ќе биде обелоденет
бројот на вработените во Министерството за транспорт и врски кои ќе
бидат ангажирани во општините. Вкупно 742 пожарникари што сега работат
за Министерството за внатрешни работи ќе бидат префрлени во надлежност
на 29 регионални противпожарни служби и на Скопје. Платите ќе бидат
обезбедени од изворните општински приходи за финансирање, собрани
преку даноците на имот, ДДВ, персоналниот данок и локалните
даноци. До 2007 година платите на професорите во основните и средните
училишта, како и учителките и воспитувачките во предшколските институции
и во институциите на културата ќе се покриваат од државниот буџет.
Дотогаш, 90 отсто од општините ќе покажат дека имаат менаџерски капацитет,
што ќе им овозможи да добијат средства од блок субвенции. Платите
ќе бидат депонирани на општинските сметки за секоја област одделно,
а општините ќе ги распоредат внатрешно. Владата на Република Македонија
ja има донесено и програмата за децентрализација според која е подготвен
и пакет закои кои еден по еден се донесуваат во парламентот, бидејќи
постојат голем број на забелешки од страна на пратениците кон одредени
точки. [Деталните забелешки и амандмани за пакетот закони се наоѓаат
на сајтот на Собрание на Република Македонија (www.sobranie.mk)] Програмата
за спроведување на процесот на децентрализација 2004-2007 е документ
што ги следи стратешките определби за реформата на локалната самоуправа
и процесот на децентрализација. Програмата директно се надоврзува
на Оперативната програма за децентрализација 2003-2004, која е сконцентрирана
на создавање на нормативни предуслови за пренесувањето на надлежностите
од централно на локално ниво. Програмските активности се однесуваат
на трансферот на надлежности, вработени, средства за работа и имот
од централно на локално ниво и на зајакнување на капацитетите на општините
за успешно преземање на пренесените надлежности. Во Програмата е утврдена
и потребата од натамошна комуникација на процесот, вршење на надзор
и мониторинг над остварувањето на пренесените надлежности. Оваа програма
е проследена со Акционен план за нејзина реализација, што обезбедува
преглед на активностите што ќе треба да се преземат во назначениот
период, за остварување на програмските цели. Во приодот на реализација
на Програмата ќе се врши редовен мониторинг и евалуација на имплементацијата
на Акциониот план, врз основа на што тој ќе биде периодично ажуриран,
за да се обезбеди актуелност и целисходност на предвидените цели и
активности во секој момент од развојот на процесот.
Реформата на локалната самоуправа има за цел да обезбеди локална демократија,
стабилност, ефективни јавни услуги и економски развој. Целите на реформата
на локалната самоуправа ќе се остваруваат преку:
- Јакнење на демократските институции на локално ниво;
- Бладеење на правото;
Обезбедување на јавни услуги на локално ниво; Механизми на инспекција
и контрола што ќе гарантираат транспарентн- ост и подеднаков третман
на граѓаните во користењето на јавните услуги;
Предвидена динамика
Динамиката на економските реформи ќе влијае на способноста на општинскиот
сектор да излезе на пазарите на капитал, приватизација и склучување
договори за општински услуги со надворешни лица, како и на локалниот
економски развој.
Неопходен предуслов за реформа на локалната самоуправа е и реформата
на јавната администрација, како значаен фактор во постигнувањето на
реформските цели. Реформата претставува и важен дел од одговорноста
што Република Македонија ја презеде со Спогодбата за стабилизација
и асоцијација со Европските Зедници и нејзините земји-членки (2001
год.) со Европското партнерство (2004 год.), Апликацијата за членство
во ЕУ и определбата за членство во НАТО.
Она што е можеби најважниот дел од пакетот за Децентрализација е таканаречената
фискална децентрализација. Македонија во моменотв има потреба од стимулација
на локално ниво, што би предизвикало развој на општините, отварање
на нови работни места и заживување на малите градови кои денес речиси
и не функционираат. Целосно финансирање на сопствениот буџет нема
ниту една држава. Но целта е Локалната Самоуправа да се финансира
од сопствени даноци, кои сама ги пропишува и собира. Скоро секаде
има пропишан лимит за висината на тие стапки. Ако општините го пробијат
тој лимит, се знае дека државата повторно ќе ја превземе сверата на
пропишување даноци и распределба.
Во документите кои се на располагање на "Секeретаријатот за Евро
Интеграции (www.sei.gov.mk)". Во ЕУ, скоро 55% од приходите локалните
влсти ги задоволуваат од сопствени извори, а во скандинавските земји
тој просек е 75%. 27% се генерираат од локални даноци, 17% од таксите,
а 13% од (парични казни, камати на банкарски сметки, продажба на општинска
сопственост. Основни локални даноци се Персоналниот данок и данок
на имот. Во Македоија помалку од 20% се генерираат од сопствени извори
(најмалиот приход е на Грција со 33%). Ние локални даноци немаме туку
тие претставуваат тгрансфери на централната и локалната власт. Тоа
е затоа што општините немаат контрола на даночните стапки. Средствата,
кои се реално собрани немаат никаква врска со распределбата 80 –10
–10. Смислата на овие локални даноци е во нивната висина, односно
во локалното одредување колкав ќе биде данокот (едни би прифатиле
поевтини и понекавлаитетни услуги, а други – не). тоа се должи на
можноста од различни даночни основици, па една заедница ќе финансира
едно ниво на услуги, а други друго ниво. Секако дека последици има
и од овој систем (некои послаби заедници овие диспаритети ги чувствуваат
како намалена конкурентност и пречка во напорите за промовирање на
нивниот економски развој). Заради тоа Програмите за воедначување се
основен елемент на секој фискален систем. Децентрализираниот фискален
систем може да функционира добро само ако приходите на ЛС од централната
власт можат да се предвидат. Тоа е можно ако приходите се пропишани
со формула. Во Европа постојат закони и прописи за тоа. Кај нас Министерството
за финансии врши прераспределба од вкупната маса до Локалната самоуправа
и применува “ограничување на јавната потрошувачка’ на износот на локалните
даноци.