АРОМАТЕРАПИЈА
Ароматерапијата е древна вештина на примена на етерични
масла на различни начини за релаксација,превенција и лекување.
Ароматерапијата доаѓа од грчките зборови: aroma – мирис и therapeia
– лекување. Буквално значи лекубање со мириси. Се вбројува во алтернативната
медицина по својата природа е холистичка и комплементарна метода на лекување.
- Комплементарна,бидејќи се надополнува со другите алтернативни гранки
на медицината па и со конвенционалните.
- Холистичка,бидејќи го разгледува човекот како една целина т.е. како
физичка,духовна,ментална и емотивна индивидуа.
При тоа го зема во предвид и стилот на живеење,начинот на исхрана и.т.н.
Делува на отстранување на причините за нерамнотежа во организмот па се
користи како преветивна метода за одржување на здравјато и рамнотежата
на целото тело и духот,но и за лекување.
2. Историјат на користење на ароматерапијата
Историјата
на употреба на ароматските растенија досегнува во далечното минато,пред
многу векови и цивилизации. Цветните мириси се користеле за облагородување
на духот ителото,за привлекување на партнерот и за воспоставување психофизичка
рамнотежа.
Старите Египјани биле мајстори за масажа и стручњаци за нега на кожата.
На кралицата Клеопатра ароматерапијата и била најомилен начин за нега
на телото и духот. Подоцна старите Грци и Римјани исто така ги користеле
растенијата и нивните лековити и мирисни својства во масажа, при лекување
и во козметиката. Арапските цивилизации во старо време го усовршиле методот
на дестилација на растителните екстракти и изработувале рецептури за производство
на мирисни масла. Во источните цивилизации ароматерапијата била користена
паралелно со акупунктурата.Во средновековна Европа растенијата се користеле
за прекривање на подови со цел спречување на ширењето на заразните болести.
Иако умешноста на ароматерапијата досегнува во дачното минато,самиот термин
“ароматерапија“ е воспоставен во Франција во 1928 год. Кога познатиот
хемичар Gateffosse ја открил лековитоста на етеричното масло на лаванда
нурнуваќи ги во него своите од хемикалии изгорени раце.Тој со воодушевување
сфатил дека изгорениците многу побрзо и побезболно зараснувале отколку
обично.Тоа го поттикнало на подлабоко истражување кое резултирало со раѓање
на терминот “ароматерапија“.
3. Начини на добивање на етеричните масла
За добивање на масло се користат следните делови на растението:цветови,листови,стебленки,трева,кора,корени,растители
смоли,семиња и плодови.За добивање на неколку капки етерично масло потребна
е голема количина на растителен материјал.
- Дестилацијата е мајстариот и најчест облик на добивање на етерични масла,каде
што водената пареа со минување низ растителниот материјал ги извлекува
и пренесува компонентите на етеричното масло.Смесата потоа се лади и како
разултат добиваме ароматична водичка(хидролат),на чија површина се собира
етеричното масло.
- Ладното пресување се користи за добивање на етерични масла од кора на
цитрусно овошје.
- “Enfleurage“ методот на екстракција често се користел во индустријата
на парфеми за да се изолираат етеричните масла и мириси на ружа и јасмин.Принципот
е растителниот материјал да се нурне во растителна или животинска маст
и да се остави да стои.Мирисните супстанции потоа се издвојуваат од маста
со помош на одредени растворувачи.Поради сложеноста на процесот овој принцип
денес се користи само на југот од Франција.
- При екстракција со помош на ладни растворувачи етеричните масла се естрахираат
со помош на органски растворувачи,најчесто петрол – етер.Сепак овие масла
не се многу користени зашто често содржат остатоци од растворувачот.
- Фитоличкиот процрс е мајнов метод на екстракција со употреба на посебни
растворувачи (фитосоли).Хемиските анализи покажуваат дека маслата кои
се добиени на овој начин сепак се разликуваат од останатите.
4. Дозирање
Иако етеричните масла содржат сосема природни сустанции,тие не се сосема
безопасни,па е потребно да се користат со големо внимание и во пропишаните
дози.Тие не смеат да се нанесуваат на кожа неразредени,исклучок се лавандата
и чаевецот кога станива збор за помали површини.Поради својот хемиски
состав мораат секогаш да бидат разредени аво некој ,медиум за да не се
исуши кожата или да се надразни слузокожата.Маслата подложуваат на разни
анализи,зашто зада се користат во тераписки цели мораат да бидат целосно
природни и чисти.Најчеста анализа е хроматографијата со која се проверува
хемискиот соста и шистотата на маслото.
- Етерични масла за тело се аплицираат во концентрација од 3-5 % раствор
- Масла за тело за локална употреба 10% раствор
- Масла за нега на кожата 1-3% раствор
- Етерични масла за бањи во концентрација од 10 – 25% при што 10-15мл.од
приготвениот раствор се става во бањата.
4.1 Контраиндикации
Лицата кои имаат јаки алергии,боледуваат од астма,епилепсија,постари лица
и бремени жени би требало да обрнат внимание при употреба и да се посоветуваат
со лекар.
Етеричните масла се контраиндицирани и при:
- Зголемена телесна температура
- Крвни изливи
- Тешка општа состојба
- Алергиски реакции
- 24 часа по вакцина
- Акутни состојби
4.2 Несакани ефекти
Пред употреба се препорачува мал тест на алергија кај луѓе со чуствителна
кожа.Тестот се прави така што една капка од етеричното масло,разредена
во кашичка на базно масло се нанесува на внатрешната страна на подлактицата
или зад увото и се остава да дејствува 24 часа.Ако се појави црвенило.чешање
и пецкање маслото не смее да се користи бидејќи може да доведе до вртоглавица,мачнина
па дури и до труење.
Не се препорачува долготрајно користење на исто масло зошто би можело
да доведе до пречуствителност.Долготрајно користење се сметс секојдневна
употреба во период подолг од 3 месеци.
Цитрусните масла се фототоксични и несмеат да се користат најмалку 12
часа пред изложување на сонце или солариум,зошто резултатот може да биде
нерамномерна и неестетска пигментација.
5. Начини на апликација и дејство на етеричните масла
- Аромамасажа – природните етерични масла добро дејствуваат при масажа
на телото и лицето.Контактот на маслото со завршетоците на нервите на
кожата предизвикуваат моментална реакција на нервниот систем,чиј резултат
е опуштањето.
- Етерични масла за тело
- Етерични масла за тело за локална употреба
- Масла за нега на кожата
- Етерични масла за бањи
- Бањи за седење
- Компреси со етерични масла
- Инхалации
- За исплакнување на усна или друга шуплина
- Ароматизери за стан и.т.н.
Моќта на етеричните масла да продираат во кожата е исклучителна.тие најнапред
продираат во масните делови на кожата,потоа се подлабоко и на крајот достигнуваат
до крвотокот,преку кој се разнесуваат до сите делови на телото.Тие ја
враќаат хармонијата и поволно влијаат на органите и системите на кои им
е пореметена функционалната рамнотежа.
6. Примена на етеричните масла во светот
Во светот постојат два модели на ароматерапија:француски и англиски.
- Францускиот модел е интегриран во медицината што значи со ароматерапија
се занимаваат искључиво лекари.Овој модел подразбира и орално земање на
етеричните масла.
- Англискиот модел ја ислучува оралната употреба и тоа дека со ароматерапијата
треба да се занимаваат само доктори.Апликацијата е со нанесување на кожата
и со инхалација со цел намалување на стресот,олеснување на тегоби како
и за нега и разубавување на телото.
Ароматерапијата е една од најпопуларните форми на неконвенционална медицина
во Европа,САД,Канада,Австралија но и насекаде во светот.За неа се напишани
многу книги,постојат над илјадници кабинети каде се занимаваат со оваа
проблематика.
6.1 Примена на етеричните масла во медицината
Ароматерапијата е идеално чиста,потполно природна метода за ублажување
или отстранување на различни тегоби.Се темели на внесување на висококвалитетни
растителни масла во човековиот организам.Денешните испитувања кои се направени
во светот ја потврдуваат ефикасноста на етеричните масла.Тие во одредена
мерка се бактерицидни,а некои помагаат во лекувањети на вирусни инфекции.Некои
од етеричните масла го стимулираат обновувањето на и растот на клетките
и ја регулираат физичката и психичката рамнотежа,го намалуваат стресот
и го подобруваат крвотокот а со тоа делуваат на намалување на болката.Не
посои етерично масло кое делува само на една болест или еден тип на тегоби.Најдобар
пример за тоа е лаванда маслото кое покрај тоа што е антисептик,делува
и на намалување на заморот и на депресијата,го подобрува расположението
а на тој начин делува и на намалување на хроничната болка.
7. Цели
При израбодка на оваа семинарска работа поставени се следните цели:
- Запознавање со ароматерапијата нејзиното добивање.
- Запознавање со начините на апликација,дејството и ефектите од примената
на ароматерапијата.
Заклучок
1. Ароматерапијата на секој човек му нуди можност на сосема природен,нештетен
начин да ја одржи психофизичката рамнорежа,да се ослободи од напнатост
односно да го унапреди здравјето на телото,умот и духот.
2. И покрај тоа што е 100% природна потребно добро познавање на нивната
апликација бидејќи во спротивно може да дојде до несакани ефекти.
Литература
1.Е.Попова Рамова: Алтернативна медицина
2.www.aromatherapy.com
Download
СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » »
Besplatni Seminarski
Radovi - Бесплатно семинарска
работа
SEMINARSKI RAD
|