ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- КРИМИНОЛОГИЈА: |
|
|
|
СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Семејното насилство, или познато како семејно
малтретирање, малтретирање на брачниот другар или
насилство врз интимниот партнер, се појавува кога одреден член насемејството,
партнер или поранешен партнер, физички или психички се обидува да доминира
врз другиот. Семејното насилство често се однесува на насилство меѓу
брачните другари или малтретирање на брачниот другар, но исто така може
да вклучува партнери кои живеат вонбрачно и интимни партнери кои не се
во брак. Семејното насилство се појавува во сите култури; луѓе од сите
раси, етнички групи, религии, полови и класи можат да бидат извршители
на семејно насилство. Семејното насилство се извршува и од мажи и од жени.Има
многу видови семејно насилство, меѓу кои најзастапени се физичкото насилство,сексуалното
злоупотребување, емоционалното малтретирање, заплашувањето, економско
лишување и насилнички закани. Насилството може да биде кривично и вклучува
физички напад, како што се тепањето, туркањете или малтретирање, сексуално
злоупотребување, како што се несаканата или присилената сексуална активност,
и скришно следење на жртвата. Иако емоционалното, психолошкото и финансиското
малтретирање не се кривични однесувања во некои правни системи, тие се
форми на малтретирање и може да водат кон кривично насилство.Важен составен
дел на семејното насилство кој е често игнориран е доменот на пасивното
малтретирање, кој води кон насилство. Пасивното малтретирање е тајно,
лукаво и прикриено. Ова вклучува прогонување, одолговлекување, расеаност,
двосмисленост, запоставување, духовно и умствено малтретирање.
СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Неодамнешното внимание кон семејното насилство започнало со „движењето
на жените“, особено феминизмот и правата на жените, во 1970-тите, кога
се здобило со внимание загриженоста за жените кои се тепани од нивните
мажи. Сознанието и документацијата за семејно насилство се разликува од
земја до земја. Проценките кажуваат дека само третина од случаите на семејно
насилство се пријавени во САД и Велика Британија. Според Центрите за контрола
на болеста, семејното насилство е сериозен, јавен здравствен проблем што
може да се спречи, кој зафаќа повеќе од 32 милиони Американци или повеќе
од 10% од населението на САД.
Популарно било ставањето акцент на жената како жртва на семејно насилство.
Сепак, со порастот на „движењето на мажите“, а особено маскулизмот и правата
на мажите, сега има застапување за мажите кои се измачувани од страна
на жените. Во специјалниот извештај за повреди поврзани со насилство од
страна на Министерството за правда на САД, престојувањата во болничките
оддели за ургентни случаи што се однесуваат на семејно насилство покажуваат
дека физички малтретираните мажи претставуваат само една шестина од вкупниот
број пациенти кои признале во болничкото соопштување дека семејното насилство
е причина за нивните повреди. Извештајот нагласува дека значително повеќе
мажи, отколку жени, не го откриле идентитетот на нивниот напаѓач.
TЕРМИНИ
Терминот „насилство на интимниот партнер“ (НИП) често се употребува синонимно.
Семејно насилство е широка дефиниција, често употребена за да вклучи и
малтретирање на дете, малтретирање на повозрасни и други насилнички постапки
меѓу членовите на семејството. „Малтретирање на сопругата“, „тепање на
сопругата“ и „ќотек“ се термини кои понекогаш се употребуваат кај жртвите
на насилството, било тоа да се или не во брак или живеат според други
договори. Во последните години, „тепање“ или„тепана жена“ станале помалку
прифатлива терминологија, бидејќи малтретирањето може да има други форми
освен физичко малтретирање и често мажите се исто така жртви на насилство.
Други форми на малтретирање може постојано да се случуваат, додека пак
физичкото малтретирање се случува повремено. Другите форми на малтретирање
имаат способност да водат конментална болест, повреда на самиот себе]па
дури и обиди за самоубиство.Одделот за насилство против жените на САД
(ОНЖ) го дефинира семејното насилство како „начин на навредливо однесување
во некоја врска кој е употребен од едниот партнер да добие или да задржи
власт и контрола над другиот интимен партнер“. Дефиницијата вклучува дека
семејното насилство „може да му се случи на секој без разлика на расата,
возраста, сексуалната ориентација, религијата и полот“ и дека може да
има многу форми, вклучувајќи го физичкото малтретирање, сексуалното малтретирање,
емоционално, економско и психолошко малретирање. Детската и семејна судска
советодавна служба и служба за поддршка во Велика Британија во својата
„Политика за семејно насилство“ го користи семејното насилство кога опишува
голем број насилнички и навредливи однесувања, кои ги дефинира како:
Начините на однесување се карактеризираат со злоупотребата на моќта и
контролата на една личност над друга кои се или биле во интимна врска.
Тоа може да се случи во љубовни врски од мешани полови и љубовни врски
од исти полови и има длабоки последици во животите на децата, индивидуите,
фамилиите и заедниците. Може да биде физичко, сексуално, емоционално и/или
психолошко малтретирање. Последниот може да вклучува заплашување, малтретирање,
оштета на имот, закани и финансиска злоупотреба.
Во Шпанија, воведувањето на Органски закон 1/2004 од 28 декември за мерки
за целосна заштита против половото насилствоодредил некоклу клучни термини.
Законот го одредува половото насилство како насилство кое е насочено кон
жената поради фактот што си жена и поради тоа напаѓачите сметаат дека
ги немаш основните права за слобода, почит и способност за донесување
одлука. Новиот закон основа судови именувани како Судови за насилство
против жените и ја отстранува претпоставка на невиност за маж обвинет
за семејно насилство. Судовите се овластени да ги држат затворени вратите
на сослушувањата пред судењето и законски да го протераат мажот од домот;
да му ги одземат родителските права, старателството на детето или правата
за посета и да му забранат на мажот да поседува оружје.
Начини на малтретирање
Семејното насилство може да биде во неколку облика. Физичкото насилство
исто така може да биде извршено на неколку начини, така што може да се
сретне од најмал физички контак, преку силување па до убиство. Недиректното
физичко насилство може да вклучува уништување предмети, удирање или фрлање
предмети близу до жртвата или штета на љубимците. Покрај физичкото насилство,
малтретирањето на брачниот другар често вклучува умствено или емоционално
малтретирање, вклучувајќи вербални закани за физичко насилство на жртвата,
на себе или други, меѓу кои и децата, движејќи се од јасни, детални закани
па сè до имплицитни и нејасни закани што се однесува на содржината и временскиот
период. Исто така, вербално насилство вклучува закани, навреди, омаловажувања
и напади. Невербалните закани може да бидат гестови, изрази на лицето
и држење на телото. Психолошкото малтретирање може да вклучува економска
и/или социјална контрола, како што е контролирање на парите на жртвата
и други економски средства, потоа спречување на жртвата да се гледа со
пријателите и роднините, активно попречување на општествените врски на
жртвата и изолирање на жртвата од општествени контакти.
Физичко насилство
Насилно однесување на личност во алкохолизирана состојба. Ваквата состојба
често доведува до физичко малтретирање, силување или убиство.Физичкото
насилство е намерната употреба на физичка сила со можност за создавање
повреда, штета, инвалидност или смрт, како на пример удирање, туркање,
гризење, клоцање или употреба на оружје.
Економско малтретирање
Економско малтретирање се случува кога насилникот има целосна контрола
врз парите на жртвата и други економски средства. Обично, ова подразбира
ставање на жртвата на строг „џепарлак“, задржување пари насила и присилување
на жртвата да моли за парите сè додека насилникот не даде некоја пара.
Вообичаено е за жртвата да добива помалку пари како што малтретирањето
продолжува. Ова исто така вклучува (но не е ограничено на) спречување
на жртвата да го заврши образованието или да добие вработување, или намерно
безмилосно трошење и злоупотребување на заедничките средства.
Сексуално насилство
Сексуалното насилство е поделено во три групи:
1. употреба на физичка сила за да се присили личност да има сексуална
активност против негова или нејзина желба, без разлика дали делото е направено
или не;
2. обид за сексуална активност или направена сексуална активност вклучувајќи
личност која не може да ја разбере природата или состојбата на делото,
не може да го спречи тоа или не може неподготвено да комуницира да се
впушти во сексуална активност, на пример поради малолетна незрелост, болест,
инвалидност, влијанието на алкохол или други дроги, поради заплашување
или притисок;
3. навредлив сексуален контакт.
Емоционално малтретирање
Емоционалното малтретирање, или понекогаш нарекувано психолошко малтретирање
илиментално малтретирање, може да вклучува приватно или јавно понижување
на личноста, контролирање што жртвата може и не може да прави, криење
информации од жртвата, намерно да се направи нешто за жртвата да се чувствува
потценета и засрамена, изолирање на жртвата од пријатели и фамилија, индиректно
уценување на жртвата со наштетување на другите кога жртвата покажува независност
или среќа или ускратување пристап до пари на жртвата или други основни
средства и потреби.Жените кои се емоционално малтретирани често се чувствуваат
како да не се поседуваат самите себе, всушност тие може да чувствуваат
дека другиот речиси има целосна контрола над нив. Жените кои се под емоционално
насилство често страдат од депресија, кои ги става нив на зголемен ризик
од самоубиство, проблеми со земање храна, дрога и алкохол.Емоционалното
малтретирање на мажите е опишано со ниско мислење за себе. Типичните начини
на малтретирање вклучуваат понижување и ослабување на забележителните
надлежности особено пред други луѓе. Овој проблем може да биде проширен
заради широко прифатените верувања во општеството (со вклучување и помеѓу
самите мажите) дека мажите кои се емоционално малтретирани се на некој
начин помалку мажевствени, причинувајќи мажите да се чувствуваат засрамени
за барањето помош.
Следење
Скришното следење на потенцијалната жртва често го има во типовите на
„насилство меѓу интимни партнери“. Скришното следење на потенцијалната
жртва се опишува како однесување кое се повторува и кое им причинува на
жртвите да чувствуваат висок степен на страв
Малтретирање - Статистика
Семејното насилство се случува насекаде низ светот, во различни култури,
и влијае на луѓето низ општеството, без разлика на економскиот статус.
Во САД, според Бирото за правна статистика, жените шест пати исто колку
и мажите имаат шанси да доживеат насилство од интимниот партнер.
Насилството и жените
Во САД, мажите имаат доживеано повисок степен малтретирање отколку жените
за сите видови насилничко злосторство, освен силување и друг сексуален
напад, но 20% од сите насилнички злосторства кои ги доживеале жените во
САД се случаи на насилство врз интимниот партнер, споредено со 3% насилничко
злосторство кои го доживеале мажите. Според Бирото за правна статистика
на САД, „во 1994 на секои 5 насилнички мачења врз жената од страна на
партнерот, имало 1 врз мажот. Партнерите извршиле околy 900.000 малтретирања
врз жените и околу 167.000 малтретирања врз мажите. Во моментов истражувањето
е ограничено на малтретирање на лезбејка од нејзината партнерка, но истрагата
од страна наканадската влада дознала дека 19% од испитаните лезбејки одговориле
дека се жртви на нивните партнерки.
Насилството и бременоста
Семејното насилство за време на бременоста може да биде незабележан од
страна на медицинските експерти затоа што често е претставено на неспецифични
начини. Голем број земји статистички се анализирани да ја пресметаат распространетоста
на оваа појава:
- Распространетост во Велика Британија: 2.5-3.4%
- Распространетост во САД: 3.2-33.7%
- Распространетост во Ирска: 12.5%
- Стапките се повисоки кај тинејџерите
- Сериозноста и зачестеноста постнатално се зголемиле (10% преднатално
споредено со 19% постнатално; 21% на 3 месеци постнатално )
Има голем број излагања кои може да бидат поврзани со семејно насилство
за време на бременоста: одложување во врска со барањето нега за повреди;
доцни резервации, неприсуствување на состаноци, самоисполнување на обврски;
чести посети, неодредени проблеми; агресивен или претерано грижлив партнер;
изгореници, болки, нежност, вагинални солзи, болести што се пренесуваат
преку сексуален однос и пометнување.
Семејното насилство исто така може да влијае врз фетусот, наредните бебиња
и постоечките деца:
- Предвременораѓање: предвремено раѓање, прерано пукање на мембраните,
спирала (контрацептивно средство; IUD-intrauterine device)
- Психосоцијални: мешање во врска, сведоштво на насилство, проблеми со
земање храна и спиење, емоционална сиромаштија, повлечен, пре-попустлив,
наметлив, агресивен, проблеми на школо, самоубиствена замисла
- Законски: прашања за заштита на децата, преклопување со малтретирањето
на дете
- Долготрајна хронична болест
Насилството и мажите
Според извештајот на Центрите за Контрола на Болестите од јули 2000, податоците
од Бирото за Правда, Истражувањето за Меѓународно Криминално Измачување
покажало дека жените се на значително повисок ризик од насилство врз интимниот
партнер отколку мажите, додека податоците од Истражувањето за Меѓународно
Семејно Насилство противречат на овие податоци и постојано покажуваат
дека мажите и жените имаат еднаква веројатност да бидат физички малтретирани
од интимниот партнер.Истиот извештај, преку телефонско интервју со 8000
мажи и 8000 жени, покажува дека 7.5% од мажите тврдат дека некогаш биле
силувани или малтретирани од нивниот партнер во животот (споредено со
25% од жените), и 0.9% од мажите тврдат дека биле силувани или малтретирани
во претходните 12 месеци (споредено со 1.5 % од жените). Во мај 2007,
истражувачите на Центрите за Контрола на Болестите го соопштиле степенот
на насилство помеѓу интимните партнери кои самите го пријавиле користејќи
податоци од истражувањето од 2001год. Во истражувањето, речиси една-четвртина
од испитаниците пријавиле насилство во нивната врска. Половина од овие
вклучуваат еднострани („не-взаемно насилство“) напади а половина вклучуваат
напади од страна на двајцата и контранапад („взаемно насилство“). Жените
изјавиле дека имаат направено еднострани напади двапати почесто отколку
мажите (70% во споредба со 29%). Во сите случаи на насилство врз интимниот
партнер, поверојатно е жените да бидат повредени од мажите, но 25% од
мажите кои се во врски со насилство од страна на двајцата изјавиле дека
се повредени, споредено со 20% од жените кои пријавуваат дека се повредени
кога се во врски на еднострано насилство. Поверојатно е жените да бидат
повредени во не-взаемно насилство.Додека големо внимание било посветено
на семејното насилство врз жените, активистите на правата на мажите тврдат
дека семејното насилство врз мажите е исто така општествен проблем на
кој треба да му се посвети внимание.Секоја година, 834.000 мажи се силувани
или физички малтретирани од интимните партнери просечно 3.5 пати годишно,
на вкупно 2.9 милиони напади годишно (4.9 милиони за жените). Поверојатно
е да бидат силувани или малтретирани мажите кои се во интимна врска со
други мажи отколку мажите во хетеросексуална врска. Според истражувањето
за Правда од Центрите за Контрола на Болестите од 2000год., „Приближно
23% од мажите кои живееле со друг маж во заедница изјавиле дека биле силувани,
физички малтретирани, и/или скришно биле следени од машкиот партнер со
кој живееле вонбрачно, додека мажите кои се ожениле или живееле со жена
во заедница изјавиле 7.4% таков вид насилство од страна на жената или
партнерката со која живееле вонбрачно.Овие резултати, во комбинација со
оние покажани во претходните набројувања, обезбедуваат понатмошни докази
дека насилството врз интимниот партнер е извршено главно од мажи, без
разлика дали е врз машки или женски интимен партнер.Неслучајната анкета
за самопријавување која е онлајн од 2007-2008 е спроведена од истражувачите
на Кларк Универзитетот иБриџлотер Стејт Колеџот , која настојува да ги
потврди искуствата и здравјето на мажите кои имале доживеано насилство
од партнерот во минатото.
Насилството и децата
Кога се работи за семејно насилство врз децата вклучувајќи физичко малтретирање,
истражувањата во Велика Британија од страна на NSPCC (National Society
for the Prevention of Cruelty to Children – Меѓународно Друштво за Заштита
на Децата) покажаа дека „повеќето насилства се случиле дома“ (78%). 40-60%
од мажите и жените кои малтретираат други возрасни исто така ги малтретираат
и своите деца. [34] Девојки чиишто татковци ги тепат нивните мајки имаат
6.5% повеќе шанси да бидат сексуално малтретирани од нивниот татко отколку
другите девојки од ненасилнички домови. [35]
Насилството и тинејџерите
Насилство во тинејџерските состанувања е начин на контролирање на однесувањето
од страна на еден тинејџер врз друг кои се во врска. Има многу сличности
со „традиционалното“ семејно насилство но исто така има и извесни разлики.
Поголема е веројатноста тинејџерите да се изолираат од нивните врсници
отколку возрасните како резултат на контролирање на однесувањето од страна
на нивниот дечко/девојка. Исто така, насилничката врска за многу тинејџери
може да биде нивно прво љубовно искуство и никогаш порано да немале „нормална“
љубовна врска со која може да ја споредат.
Светската здравствена организација и насилството
Светската Конференција за Човекови права, одржана во Виена во 1993, и
Декларацијата за Елиминација на Насилството врз Жените во истата година,
заклучиле дека граѓанските општества и владите признале дека насилството
врз жените е јавна здравствена грижа и грижа на човековите права. Работата
на ова поле резултирала со основање на меѓународни стандарди, но задачата
за документирање на степенот на насилството врз жените и производството
на сигурни, споредбени податоци за да се води политиката и набљудувањето
на реализацијата биле претерано тешки. Студијата во повеќе држави на Светската
Здравствена Организација за Здравјето на Жените и Семејно Насилство врз
Жените 2005 е одговор на оваа тешкотија. Објавена во 2005 год. таа е пионерска
студија која анализирала податоци од 10 земји и фрла светлина врз распространетоста
на насилството врз жените. Таа настојува да го испитува насилстото врз
жените како јавна здравствена политичка мерка. Резултатите ќе бидат употребени
за да се информира покорисен одговор од владата, вклучувајќи ги здравството,
правдата и општествените службени сектори, како чекор напред во исполнувањето
на обврската на државата да се елиминира насилството врз жените според
законите на меѓународните човекови права.
Видови
Начините и одликите на семејното насилство и малтретирањето може да варираат
на други начини. Мајкл П.Џонсон покажува три главни начини на насилство
меѓу интимните партнери. Типологијата е поддржана од следните истражувања
и проценки на Џонсон и неговите колеги, како и независни истражувачи.
Треба да се направат разлики во поглед на видовите насилство, мотивите
на извршителите и општествената и културната ситуација. Насилството од
страна на мажот врз неговата сопруга или интимен партнер често се прави
како начин на кој мажите може да ги контролираат „своите жени“. Други
видови насилство меѓу интимните партнери исто така се случуваат, вклучувајќи
го насилството меѓу хомосексуалните парови [38] и од страна на жената
врз нејзиниот партнер. Разликите не се засновани на еден единствен инцидент,
туку на начини преку многубројни инциденти и мотиви на извршителите. Видови
насилство утврдени од Џонсон се:
- Насилство во двојка - не е поврзано со општата контрола на однесувањето,
туку се појавува во расправа каде што едниот или двајцата партнери физички
се нафрлуваат едниот врз другиот. Интимното малтретирање е еден елемент
во вообичаениот начин на контрола од страна на едниот партнер врз другиот.
Интимното малтретирање е почесто од насилството во двојка, поверојатно
е да се засилува прекувремено, не толку веројатно да биде взаемен и поголема
е веројатноста да вклучува сериозни повреди.
- Интимно малтретирање може исто така што вклучува емоционално и физичко
малтретирање.
- Насилнички отпор - понекогаш e претставен како „самоодбрана“. Ова е
насилство обично извршено од жени врз нивните насилнички партнери.
- Меѓусебна насилничка контрола е редок вид насилство врз интимниот партнер
и се случува кога и двајцата партнери се однесуваат насилнички, во борба
за контрола.
Друг вид е ситуациско насилство во двојка, кое се појавува од конфликти
кои се заоструваат до расправии, а потоа и до насилство. Ова не е поврзано
со вообичаениот начин на контрола. Иако поретко се случува во врски и
е помалку сериозно од интимниот тероризам, во некои случаи тоа може да
биде често и/или доста сериозно, дури и опасно по живот. Ова е најверојатно
најчестиот вид насилство врз интимниот партнер и доминира во општите истражувања,
студиските примероци па дури и во примероците за брачно советување.Видовите
на машки тепачи утврдени од Холцлорт-Мунрое и Стјуарт вклучуваат „само
семејство“, кои главно припаѓаат во CCV видот, кои општо се поненасилни
и помала е веројатноста да се изврши психолошко и сексуално малтретирање.
Тепачите од видот интимно малтретирање вклучуваат два вида: „општо-насилнички-недруштвени“
и „дисфорична граница“. Првиот вид вклучува мажи со општи психопатски
и насилни тенденции. Вториот вид се мажи кои се емотивно зависни од врската.
Поддршка за оваа типологија е пронајдена во следните проценки. Други како
што се Центрите за контрола на болестите на САД, го делат семејното насилство
во два вида: взаемно насилство во кој и двајцата партнери се насилни и
невзаемно насилство во кој едниот партнер е насилен.
ТЕОРИИ
Постојат многу различни теории за причините на семејното насилство. Ова
вклучува психолошки теории кои ги земаат во обѕир личните закани и психичките
карактеристики на напаѓачот, како и социјалните теории кои ги земаат во
обѕир надворешните фактори на околината на напаѓачот, како што се структурата
на семејството, стресот и социјалното учење. Како и во многу појави во
однос на човечкото искуство, изгледа дека ниту еден единствен пристап
не ги покрива сите случаи.
Психолошка теорија
Психолошките теории се фокусираат на личните закани и психичките карактеристики
на напаѓачот. Личните закани вклучуваат ненадејни напади на бес, слаба
контрола на нагоните и слабо самопочитување. Различни теории укажуваат
дека психопатологијата и други нарушувања на личноста се фактори и дека
малтретирањето кое го имаат искусено како дете ги наведува некои луѓе
да бидат понасилни како возрасни. Истражувањата покажале голема распространетост
на психопатија меѓу насилниците. Датон предложил психолошки профил на
мажи кои ги малтретираат нивните жени, тврдејќи дека имаат гранични карактери
меѓу психички иневротични, кои се развиле порано во животот. Џелс укажува
дека психолошките теории се ограничени и нагласува дека другите истражувачи
откриле дека само 10% (или помалку) одговараат на овој психолошки профил.
Тој тврди дека општествените фактори се важни, додека личните закани,
душевната болест или психопатијата се помалку важни.Треба да се забележи
дека граничните нарушувања на личноста кои се употребени во овој контекст
се застарени. Иако првобитно се верувало дека психолошката состојба на
личноста била помеѓу невротична и психичка сега е прифатено дека ГНЛ се
најтешки и бескомпромисни нарушувања од нарушувањата на личноста.
Социјална теорија
Оваа теорија опфаќа разгледувања на надворешните фактори во околината
на напаѓачот, како што се состав на семејството, стресот, општественото
учење, а ги вклучуваат и теориите за рационален избор.
Теорија на средства
Теорија на средствата била предложена од Вилијам Гуд. Жени кои зависат
од мажите најмногу за економската благосостојба. Со тоа што имаат деца
за кои треба да се грижат и двоумењето дали да го напуштат бракот ја зголемува
финансиската тешкотија и го прави се потешко нивното заминување. Зависноста
значи дека тие имаат помалку опции и малку средства кои може да им помогнат
да се соочат со или да го сменат однесувањето на нивниот маж.Двојките
кои делат власт исто така доживуваат зачестеност на конфликти и кога конфликтот
ќе порасне голема е веројатноста да прибегне кон насилство. Ако едниот
брачен другар сака контрола или власт во врската, тој може да прибегне
кон малтретирање. Ова може да вклучува принуда и закани, заплашување,
емоционално малтретирање, економско малтретирање, изолирање, олеснување
на ситуацијата и обвинување на брачниот другар, користење на децата (со
закана дека ќе ѝ ги одземе) и се однесува како „господар на замокот“.
ЗАКЛУЧОК
Неодамнешното внимание кон семејното насилство започнало со „движењето
на жените“, особено феминизмот и правата на жените, во 1970-тите, кога
се здобило со внимание загриженоста за жените кои се тепани од нивните
мажи.Терминот „насилство на интимниот партнер“ (НИП) често се употребува
синонимно. Семејно насилство е широка дефиниција, често употребена за
да вклучи и малтретирање на дете, малтретирање на повозрасни и други насилнички
постапки меѓу членовите на семејството.Семејното насилство може да биде
во неколку облика. Физичкото насилство исто така може да биде извршено
на неколку начини, така што може да се сретне од најмал физички контак,
преку силување па до убиство. Недиректното физичко насилство може да вклучува
уништување предмети, удирање или фрлање предмети близу до жртвата или
штета на љубимците. Покрај физичкото насилство, малтретирањето на брачниот
другар често вклучува умствено или емоционално малтретирање, вклучувајќи
вербални закани за физичко насилство на жртвата, на себе или други, меѓу
кои и децата, движејќи се од јасни, детални закани па сè до имплицитни
и нејасни закани што се однесува на содржината и временскиот период. Исто
така, вербално насилство вклучува закани, навреди, омаловажувања и напади.
Невербалните закани може да бидат гестови, изрази на лицето и држење на
телото.Психолошкото малтретирање може да вклучува економска и/или социјална
контрола, како што е контролирање на парите на жртвата и други економски
средства
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
1. Закон за семејство
2. Семејно Право – Лилјана Спировиќ Трпеновска, 1997 година
3. Wikipedia
Download
СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » »
Besplatni Seminarski
Radovi - Бесплатно семинарска
работа
SEMINARSKI RAD
|