ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - КРИМИНОЛОГИЈА

НАТО

 

НАТО или Северноатлантската Алијанса (англиски: North Atlantic Treaty Organisation (NATO), француски: l'Organisation du Traité de l'Atlantique Nord (OTAN)), понекогаш нарекувана Атлантска Алијанса, или Западна Алијанса е меѓународнa безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на североатланскиот договор на 4 април, 1949 година. Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел, Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица.

Во првите неколку години, НАТО претставувала еден вид обична политичка асоцијација. Првиот генерален секретар на НАТО е Хастингс Исмеј, кој изјавил дека целта на организацијата е „одбрана од СССР, под раководство на САД и Германија да се држи потчинета“.[2] Како резултат на важната улога која Велика Британија ја добива во алијансата, Франција во 1966 година се повлекла од пактот.
Со паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, главната цел на алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на т.н. Источен блог, односно поранешните членки на Варшавскиот договор. Ова пред се сè однесува на земјите од Балканскиот полуостров, кое доведе до проширување на алијансата во 2004 година (Бугарија, Романија) и 2009 година (Хрватска и Албанија).[3] Во 2009 година требало и Република Македонија да пристапи кон алијансата, но поради недоразбирањата со Грција околу името Македонија, таа го блокирала пристапот на Букурешкиот самит.
По терористичките напади од 2001 година врз САД, алијансата се насочува кон нови предизвици расположувајќи војски во Авганистан и Ирак, со што ја пребродува таканаречената „Криза на индентитетот“ од деведесеттите години.


Историја


Договорот од Брисел, потпишан на 17 март, 1948 помеѓу Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Обединето Кралство, се смета за претходник на НАТО договорот. Создавањето на т.н. Берлинска блокада довело до создавање на Западноевропски сојуз чија цел се темелила на одбрана на организацијата во 1948 година. Но, учеството на САД во тоа време било неопходно за да се спротистави на воените сили на СССР. Така, одговорот од можниот нов воен напад започнал да се гради веднаш.
Овие преговори довеле до Североатланскиот договор кој бил потпишан во Вашингтон на 4 април,1949 година. Со новиот договор, новата Алијанса освен членките од Бриселскиот договор ги вклучувала и САД, Канада, Португалија, Италија, Норвешка, Данска и Исланд. Договорот не бил прифатен еднострано. Така, веке во март избувнале големи антинатовски немири во Исланд.

Такви дејства, кои се сметаат за неопходни, вклучително и употреба на вооружена сила, не означува дека другите држави членки директно се обврзани да реагираат со воени дејства. Тие се должни да одговорат на тоа, но да го зачуваат изборот и начинот по кој би реагирале при една таква ситуација. Ова од своја страна се разликува од договорот од Брисел каде тоа било задолжителна обврска. Еден пример околу овој член е неучеството на НАТО во Фолкландската војна помеѓу Велика Британија и Аргентина во 1982 година. За прв пат во историјата на договорот, САД се повикал на член 5 на 12 септември, 2001 година по терористичките напади.
Создавањето на Алијансата довело до некоја постандардизација на сојузничката воена терминологија, процедура и технологија, кое во многу случаи означува користење на практиките на САД од европските членки. Стандардизацијата била уредена со околу 1300 договори. Во почетокот на 1950 година била воведена 7,62 × 51 НАТО пушка како стандардно оружје. ФН ФАЛ станала една од најпопуларните и најкорисните оружја во деведесетите години на минатиот век.


Студената војна


Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, ривалитетот помеѓу двете супер-сили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и нуклеарни воени потенцијали, и многу посредни војни. Во тој период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете супер-сили. Неколку пати доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна: Блокадата на Берлин во (1948-1949), Корејската војна (1950-1953), Виетнамската војна (1959-1975), Кубанска криза со нуклеарни проектили (1962) и Советско-Авганистанска војна (1979-1989).
Избувнувањето на Корејската војна во 1950 година било од решавачко значење на НАТО, бидејќи се појавила можна опасност пред се од комунистичките земји. Тоа ја принудила алијансата да развива конкретни воени планови. Во 1952 година, на Лисабонската конференција било решено воената дивизија да се прошири на 96. Во тоа време, НАТО имал околу 50 дивизии во Централна Европа, и уште десетици во Италија и Скандинавија. На таа конференција официјално Хестингс Исмај бил назначен за прв генерален секретар на НАТО.
Истата 1952 година кон сојузот се присоединиле Турција и Грција. Во 1954 година, Советскиот Сојуз започнал компања според која требало и тој да биде дел од НАТО пактот сè со цел да се зачувал мирот и стабилноста на Еворпа. Но, во државите членки ова го сметале како мотив за ослабување на позициите на НАТО, и во крајна сметка овој предлог од СССР бил одбиен. Вклучувањето на Западна Германија во сојузот на 9 мај 1955 година бил опишан како “решителен повратен момент во историјата на нашиот континент“ од Халвард Кинг, министер за надворешни работи на Норвешка во тој момент. Главна причина поради која Западна Германија била вклучена во сојузот е невозможноста без германска работна сила да се постигне во областа на развивањето на воената индустрија. Од друга страна, СССР на 14 мај 1955 година го формирала Варшавскиот договор, кој го потпишале Унгарија, Чехословачка, Полска, Бугарија, Романија, Албанија и Источна Германија. По таков начин бил создаден т.н. источен блог под влијание на СССР и западен блог под влијание на САД.


Француско повлекување


Единството на НАТО било нарушено во почетокот на својата историја. Кризата започнала кога на чело на Франција бил Шарл де Гол во 1958 година. Де Гол најмногу се противел на силната и голема улога на САД во организацијата, нешто што тој го воочувал како специјална врска помеѓу Обединетото Кралство и САД. Со меморандум, испратен до претседателот Двајт Ајзенхауер и премиерот Харолд Мекмилан на 17 септември, 1958 година, тој потенцирал за создавање на тристрана дирекција, со која Франција би била поставена на исто рамниште заедно со САД и Обединетото Кралство. Тој исто така го потенцирал и опфатот на НАТО да се вклучат и географските области кои биле од интерес на Франција, пред сè ова се однесувало на Алжир.
Сметајќи дека дадениот одговор е незадоволителен, Де Гол започнал да гради една независна одбрана на својата држава. Така, официјално на 11 март, 1959 година Франција се повлекла од командувањето со НАТО, а три месеци покасно Де Гол забранил располагање на надворешни јадрени оружја на територијата на Франција. Тоа го принудило САД да ги префрли своите десетици илјади авиони на соседните НАТО бази.
И покрај тоа што Франција покажувала солидарност кон останатиот дел од НАТО пактот за време на Карипската криза од 1962 година, Де Гол продолжил со создавање на независна одбрана преку повлекување на француските бази кои се наоѓале на Атланскиот океан. Веќе во 1962 година, сите француски вооружени сили биле отстранети од НАТО базите, и сите нефранцуски војски на НАТО биле замолени да ја напуштат Франција. Со тоа било преместено и седиштето на SHAPE на 16 октомври, 1967 година од Роквенкорт, блиску Париз во Монс, Белгија. Но, Франција останала лојална на одбраната на Европа од можни комунистички напади од истокот.


Детант


На 30 мај, 1978 година, државите членки на НАТО ги дефинирале двете дополнителни цели на Алијансата, односно поддршка на сигурноста на државите членки и стремежот кон детантот. На 12 декември, 1979 година, како резултат од целите на Варшавскиот пакт во Европа, министрите одобриле расположување на американски ракети GLCM и Pershing II во Европа. Една слична ситуација од 1984 година довела до големи протести во цела Западна Европа.


Крајот на Студената Војна


Крајот на Студената војна и распаѓањето на Варшавскиот договор во 1991 година всушност го намалил или уништил основниот противник на НАТО. Тоа довело до стратешка промена на целите на НАТО, неговите задачи и предизвици. Во практиката, тоа довело до постепено раширување на НАТО кон Источна Европа, како и проширување на дејноста во области, кои во минатото биле дел од т.н. Источен блок. Првото проширување на Алијансата настанало на 3 октомври, 1990 година со обединувањето на Германија, кога поранешната Источна Германија влегла во составот на Федерална Република Германија. Во исто време, било договорено дека НАТО силите со преземањето на Источна Германија нема да се движат кон источна Европа. На 7 мај, 2008 година, Daily Telegraph направил интервју со последниот претседател на СССР, Михаил Горбачов кој истакнал дека токму тоа било договорено. Тој истакнал дека: „Американците ветија дека НАТО нема да се движи надвор од границите на Германија по крајот на Студената војна, но сега половина од Централна Европа и Источна Европа се веќе постојани членки на НАТО, значи што се случи со нивното вертување? Тоа покажува дека не може да им се верува.“
Балканска интервенција

Главна статија: Граганска војна во Босна и Херцеговина.
Главна статија: НАТО-во бомбардирање на СР Југославија.



Првата воена операција на НАТО била извршена во Југославија. Конфликтот во Југославија започнал од 1993 и неофицијално завршил во 1996 година. НАТО вовел воено ембарго и економски санкции на СР Југославија. На 28 февруари 1994 година, НАТО ги превзел првите воени дејства врз босанските срби. Операцијата Deny Flight започнала една година порано на 12 април 1993 година и продолжила до 20 април 1995 година. Бомбардирање од страна на НАТО имало и во август 1995 година против армијата на Република Српска, по масакрот во Сребреница. Воздушните напади на НАТО силите “помогнале“ да се стави крај на војната во Босна и Херцеговина, и како резултат на тоа бил потпишан Дејтонскиот договор. Спроведувањето на договорот се одвивало под мандатот на ООН, користејќи ги од НАТО т.н. многунационални сили под името ИФОР (IFOR – Implementation Force), кои во себе ги вклучуваат силите на УНПРОФОР (UN Protection Force). Договорот започнал да важи од 20 декември 1995 година. По една година овие сили се трансформирале како СФОР (SFOR – Stabilisation Force). Кон крајот на 2004 година, командувањето на овие сили преминало под контрола на Европската Унија.
НАТО-вото бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (или Операцијата Сојузничка сила според НАТО) е воена операција на НАТО против Сојузна Република Југославија што траеше од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
При бомбардирањето, НАТО врѓел напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин тешко биле оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Цивилните жртви изнесувале околу 500-1200 загинати[4]. Економската штета се проценува на 30 милијарди долари. На 9 јуни СРЈ и НАТО во Куманово потпишуваат договор за примирје со кој се стави крај на бомбардирањата. Според договорот на територијата на Косово треба да се разместат 45.000 војници предводени од НАТО и со мандат од Обединетите Нации. Во врска со тоа се постигнува согласност Советот за Безбедност на ОН да донесе соодветна резолуција. Врз основа на тоа, на 10 јуни е усвоена Резолуцијата 1244.
Во САД, Велика Британија и повеќе од останатите членки се противопоставиле на предлогот на НАТО кој иницирал Советот за сигурност на ООН да ги одобри воените удари на НАТО во Србија во 1999 година.


По нападите на 11 септември


Терористичките напади на 11 септември 2001 година довеле НАТО пактот за прв пат во својата историја да се повика на член 5 од Уставот на НАТО. Членот гласи: Нападот на било која држава означува напад против сите членки. Операцијата Active Endeavour имала за цел прекин на терористичкото снабдување со оружје за масовно уништување, како и засилување на сигурноста во броопловството. Операцијата започнала на 4 октомври 2001 година. Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи[5].
САД објавиле Војна против теророт во рамките на која презеле широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот. Во рамки на Војната против теророт, НАТО го нападнал и освоил прво Авганистан во 2001, а потоа коалиција предводена од САД го освоила и Ирак во 2003, како земји кои го поддржувале тероризмот.Проширување на НАТО
По падот на Берлинскиот ѕид, кон Алијансата се приклучиле повеќе земји кои порано биле под влијание на СССР од Северна Европа и Источна Европа: Естонија, Летонија, Литванија, Словенија, Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија, Романија, Хрватска и Албанија.


Во 2006 година се спровел средба на врвот на НАТО во Рига, Латвија која се присоединила кон алијансата две години порано. Тоа била првата средба на врвот на НАТО, која се одвила во држава која е била дел од СССР, и втора средба која во времето на комунизмот припаѓала на Варшавскиот пакт. (по средбата во Прага во 2002 година). Енергетичната сигурност била една од соновните теми на средбата во Рига[6][7]. На средбата на врвот во април 2008 година во Букурешт, Романија, НАТО изгласил можност за присоединување на Хрватска и Албанија кон алијансата. Двете држави се присоединиле една година покасно, во април 2009 година. На Украина и Грузија исто така им било укажано дека ќе станат членки на сојузот[8].


Блокада на членството во НАТО на Македонија


На 3 април 2008 година, на Самитот на НАТО во Букурешт, Романија, Грција ја блокирала поканата за Република Македонија за членство во НАТО. И покрај категоричното залагање на неколку водечки земји за приемот на Република Македонија, а пред сè на САД, Грција не дала согласност за покана на Република Македонија, образложувајќи го тоа со лошите соседски односи поради нерешениот проблем со името Македонија.
На 17 ноември 2008 година, Република Македонија покренала тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека со попречувањето на приемот во НАТО Грција директно го прекршила членот 8 од Времената спогодба, кој предвидува дека Грција нема да го попречува членството на Република Македонија во меѓународни организации. Разгледувањето на тужбата е во тек, и треба да заврши најдоцна 4 години од тужбата.


ИСАФ


Во август 2003 година, НАТО за прв пат во својата историја започнала мисија надвор од границите на Европа, кога ја превзела контролата над Меѓународните сили за сигурност и помагање или ИСАФ во Авганистан. ИСАФ е формиран врз основа на одлука од Советот за Безбедност на ОН (Резолуција 1386 од 20 декември 2001 година) со мандат да го штитат Кабул и околината од Талибанците, Ал Каеда и останатите противници на Авганистанската привремена влада предводена од Хамид Карзаи. Со текот на времето ИСАФ ја прошири својата мисија во четири етапи на територијата на целиот Авганистан. Во октомври 2003 година, по усвојувањето на Резолуцијата 1510 на Советот за безбедност, мандатот на ИСАФ беше проширен и на области надвор од Кабул, по што германски војници беа испратени во регионот Кундуз, на северот од земјата. Од 31 јули 2006 година ИСАФ ја презеде контролата над југот од Авганистан, а на 5 октомври истата година и над истокот на земјата. Во 2006 година по интензивирањето на воените дејствија на Талибанците на југот од Авганистан, се разгори Авганистанската војна, а ИСАФ се вклучи во покрупни борбени операции против Талибанците. Со поголемата вклученост во борбите, силите на ИСАФ се почесто стануваат мета на бунтовниците.
Но некои критричари сметаат дека националните интереси и други ограничувања ја намалиле ефективноста на ИСАФ. Така на пример, политологот Џозеф Нју ова го образложува во една статија која датира од 2006 година: “Многу членки кои се со војската на НАТО во Авганистан ги предприемат националните интереси, кое го ограничува максималното користење на нивниот воен капацитет пооделно. Така, Велика бртанија, САД, Холандија, Канада поголемиот дел од своите борби го поминуваат на јужниот дел од Авганистан, додека Франција, германија и Италија на северниот дел. Па од овде, тешко е да се види како НАТО би можел да успее да го стабилизира Авганистан, освен ако несака да ангажира повеќе војници за акција“[9]}}.


Противракетна одбрана


За неколку години, САД заедно со Полска и Чешка се договориле за изградба на ракетен штит и радар за целите на НАТО. Но, тоа во голема мера било против вољата на местното население. Во 2008 година, Полска и САД подтишале договор за изградба на дел од штитот на противракетна одбрана во Полска, кое пак ќе биде поврзано со воздушниот одбранбен радар во Чешка. Во одговор на тој договор, била покренета иницијатива од страна на околу 130.ооо полски жители за петиција за референдум, но истата била откажана. Целиот проект на американската противракетна одбрана во Централна Европа се очекува дека ќе биде готова во 2015 година и ќе биде во состојба да покрива поголем дел од Европа со исклучок на Романија, Бугарија, Македонија, Грција и Турција[10] .
Во април 2007 година, НАТО ги повикал европските сојузници за создавање на противракетен систем, кој би ја покривал Европа од напади. Во одговор на тоа, рускиот претседател Владимир Путин изјавил декатаквиот проект може да доведе до зголемување на ризикот од взаемно уништување[11]


Проширување


Нови членки на НАТО се предимно од Источна Европа и Балканот, вклучително и земјите од Варшавскиот договор. На последниот самит од 2008 година во Букурешт било ветено за покана на уште три земји: Република Македонија, Грузија и Украина. Република Македонија кон алијансата тебало да се приклучи заедно со Хрватска и Албанија на 1 април 2009 година, но поради спорот околу името, соседот Грција го блокирал влезот. Турција исто така се заканила за блокада кон Кипар.
Други потенцијални држави членки се Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои се приклучиле кон Adriatic Charter во 2008 година. Русија и понатаму силно се противи за проширувањето, бидејќи смета дека НАТО го прекршува договорот помеѓу Михаел Горбачов и Џорџ Буш дека по обединувањето на Германија, НАТО нема да се проширува кон источните земји од Европа[12].


Соработка со трети страни


Од 1990 година, НАТО постепено го зголемувал својот контакт со држави кои не се дел од некоја од горенаведените групи. Политичкиот дијалог со Јапонија започнал во 1990 година. Исти контакти биле одржани и со Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија во 2004 година.


Партнерство за мир


Партнерство за мир (ПзМ) е програма на НАТО насочена кон соработка и создавање на доверба помеѓу членките на НАТО и останатите земји од Европа и од поранешниот СССР. НАТО го воспостави Партнерството за мир во јануари 1994 со цел да ја зголеми стабилноста и безбедноста низ Европа. Основните цели на ПзМ, објавени во 1994, важат и денес[13] . Тие го подразбираат следново:


• подобрување на транспарентноста на националната одбраmбена програма и воениот буџет;
• обезбедување демократска контрола врз националните вооружени сили; и
• долгорочно развивање на националните сили на партнерите кои можат полесно да станат интероперативни со силите на НАТО-членките.


Евроатлански совет за партнерство


Евроатланскиот совет за партнерство (ЕАСП) била создадена на 29 мај 1997 година. Целта за создавање на овој совет била подобрување на односите помегу НАТО и државите кои не се членки на алијансата, пред се оние од Европа и од Азија за Европската периферија[14].

Медитерански дијалог


Медитеранскиот дијалог бил создаден во 1994 година со цел да се координираат односите помегу Израел и земјите од Северна Африка.


Структура


На интернет страницата на НАТО, внатрешната организација на НАТО се разделува во политички структури, воени структури, организации и агенции непосредствено подчинени на штабот на НАТО. Главниот штаб на НАТО се наоѓа на булевар Леополд III, В-1110 Брисел, кој е во населбата Харен во општина Брисел[15] . Во моментот се гради нова градба за седиштето кое ќе се наоѓа близу до денешниот, и истиот треба да биде довршен во 2012 година.


Политичка структура


НАТО алијансата е уредена од страна на дваесет и осум држави членки. Секоја членка испраќа делегација или исполнува мисија во штабот на НАТО во Брисел, Белгија[16] . Членовите на сите делегации обично се виши државни службеници или опитни политичари односно имаат изградено некој дипломатски ранг. Сите заедно го формираат Североатланскиот совет, одбор кој се собира заедно барем еднаш во седмицата и има ефективен политички орган и правни можности за зeмање на решенија во НАТО. Од време на време, советот одговара пред министрите за надворешни работи, министрите за одбрана или раководителите на државните служби.
Седницата на Североатланскиот совет ја закажува Генералниот секретар на НАТО. Секоја држава членка пред советот има полн суверенитет и одговорност за сопствените си решенија.


Воена структура


Втор основен член на делегација од сите држави членки е воен преставник, односно генерален офицер од секоја држава на вооружените сили. Заедно со воените претставници на Воениот комитет (МС) го сочинуваат органот кој е одговорен за препорака на НАТО од таа област. Основната улога му е да ги посочува насоките и советите во вреска со воената политика и стратегија на Алијансата. Таа е одговорна за целосното спроведување на воените работи во НАТО под раководство на Советот. Исто како и кај Советот, и овде одговорност се има пред министерствата за одбрана и воените служители на секоја нација која е членка на алијансата.

Парламент на НАТО



Организации и агенции


На интернет страницата на НАТО се претставени четириесет и три различни организации и агенции (15 мај 2008). Девет логистични органи:
• НАТО подршка и Агенција за набавски
• Централен европски гасоводен систем
• НАТО гасоводен систем
• NETMA
• Агенција на НАТО за стандардизација
• Три грагански итни органи

1. Противоздушна одбрана
• NACMA
• Програмски центар

2. Еден AEW орган

3. Осум комуникациони органи и информирачки системи
• NC3A
• NCSA

4. Една електронска воена агенција

5. Едно метеролошко тело (MCMG)

6. Едно океанографско тело (MILOC)

7. Агенција за научни иследувања и технологии (РТА)

8. Четри органи за образување и обука

9. Пет органи за проектирање
• (AGS/PPO)
• (BICES)
• (CALS)
• NATO FORACS
• (MSIAC)

 


Литература


1. "English and French shall be the official languages for the entire North Atlantic Treaty Organization.", Final Communiqué following the meeting of the North Atlantic Council on 17 септември, 1949. "(..)the English and French texts [of the Treaty] are equally authentic(...)"The North Atlantic Treaty, Article 14
2. Reynolds, The origins of the Cold War in Europe. International perspectives, p.13
3. Albania, Croatia join NATO military alliance, AFP, 1 април, 2009
4. Хјуман рајтс воч: Цивилни жртви во НАТО воздушната кампања (англ.)

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD