ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - СОЦИОЛОГИЈА
 

ГРАНИЦИТЕ HA СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИТЕ ПОЛИТИКИ

Како социјалдемократијата се преобрати од едно од најуспешните политички народни движења во историјата во низа од национални партии во политички кризи и длабока идеолошка збунетост во текот на сто години од образувањето на Втората интернационала во 1889 година? Тезата во оваа статија е дека кризата на социјалдемократијата е долгорочен исход на темелни незгоди со коишто реформистичката стратегија на секое работничко движење секогаш се соочува во однос на државата и стопанството. Тие се уште мора да бидат решени.
Овие проблеми се повеќе ќе го поставуваат прашањето на чело: дали целта на социјалдемократијата е да биде партија во владеење или организација за општествена преобразба? Макар што ова може во еден поглед било синоним за нејзините членови, ќе биде дискутирано зошто таа неопходно престанува да биде тоа како што поминува времето.

2 Сфаќања на државата

Борбата на поранешната социјалдемократија за современите демократски права, и општото право на глас особено, почивала на импулсот дека се враќала на древноста, најдобро прикажано во кратки црти со разгледувањата на Аристотел над древна Атина:
Демократијата постои кога тие кои се слободни и не се имотни, а се мнозинство, суверено ја контролираат владата, додека олигархија постои кога контролата лежи во рацете на богатите, а се малцинство".
Овој бил класниот поглед којшто ја образувал основата на борбата од страна на високите класи да ја спречат или поткопаат демократијата низ вековите. Буржоаските мислители, како што е Џон Стјуарт Мил, бил загрижен за „опасноста од класните законски прописи од страна на бројното мнозинство, кое било составено од иста класа" и би можело поради тоа да не прифати рамноправни гласови.
Борбата за демократски права од страна на работничкото движење било предуслов за да тоа стане силно народно движење со основа во индустриската работничка класа во развиените капиталистички држави. Се додека организирањето било незаконско, оваа стратегија за општествена преобразба била невозможна. Борбата за општо право на глас била елемент на стратегијата. Спектакуларниот раст на членството на социјалдемократските организации ја зајакнала вербата дека освојувањето на државната власт по парламентарен пат било неминовно. Државната власт би била искористена за напредни реформи со долгорочна цел да „се преобрази организацијата на буржоаското општество и да се ослободат потчинетите класи, до осигурување и развоj на интелектуална и материjална култура".
Расколот на работничкото движење после избивањето на Првата светска војна и Октомвриската револуција исто така имплицирал теоретски раскол во сфаќањето на државата и оттука различни политички стратегии. Според социјалдемократското сфаќање, постоечката државата била инструмент којшто би можел да биде освоен од страна на работничкото движење, додека следбениците на болшевиците тврделе дека државата секогаш била инструмент за владејачките класи да одржуваат својата превласт.
Придобивките создадени од европската социјалдемократија на крајот покажуваат дека сфаќањето на комунистичките партии кон државата во капиталистичките стопанства било погрешно. Изменетата политичка рамнотежа на силите после Втората светска војнаја донела социјалдемократијата на власт во неколку држави, во кои таа можела да спроведе низа важни реформи за работничката класа. Дури во една држава како Велика Британија, за чиј парламентарен систем долго време се сметало дека ја чувал државата безбедна од работничкото движење, лабуристичката партија можела да спроведе низа национализации на индустријата и најважната државна реформа во 20-от век: воведувањето на Национален здравствен систем којшто му дало на населението здравствена нега според социјалистичките принципи.
Во исто време станало се повеќе очигледно за западните комунистички партии, на пример големите италијанска PCI и француската PCF, коишто растеле со својата инструментална улога во антифашистичката борба, дека револуционерната стратегија заснована на Коминтернен модел била безплодна во општества со стабилно капиталистичко стопанство и функционална парламентарна држава со општо право на глас; неспособни да пронајдат алтернатива сите тие на крајот гравитирале кон реформистичка позиција во текот на поствоениот период. Само во делови од Азија, Африка и Јужна Америка, каде што такви општествени услови не важеле, првобитната стратегија се уште имала важност.

3 Слепите грешки на социјалдемократијата

Но, социјалдемократското сфаќање исто така ќе се докаже дека е поедноставено.
Прво, борбата на работничкото движење за општо право на глас не била заснована на класичната теорија на демократија како облик на владеење. Ниедна од централните институции на атинската демократија немала избрани претставници, наместо тоа, тие биле извлекувани случајно меѓу граѓаните. Избраните претставници биле оценувани дека се „аристократски" принцип за избирање на „најдобрите" во однос на статусот и образованието. Овој метод се користел скоро секогаш за избирање десет генерали на градот. Само кандидатите избрани со ждрепка можеле да гарантираат дека сиромашните земјоделци и занаетчии ја поседувале политичката власт. Испит на националните парламенти во современиот свет во однос на класна, полова и етничка припадност покажува дека атинскиот преглед бил точен; тие се пополнети со претставници кои не се статистички претставителни. За народните партии образувањето на професионални политичари, чие општествено минато се разликува од движењето, води кон долгорочни проблеми, бидејќи постои растечки ризик тие да престанат да ги споделуваат истите погледи и приоритети. Ризикот понатаму е зголемен кога примарната цел е да се победи на парламентарните избори и кога професионалните политичари можат да си обезбедат економски привилегии.
Второ, дури ако државата е законски подредена и може понекогаш да делува единствено, таа е хиерархија од државни машинерии коишто не секогаш делуваат согласно. Најекстремен пример е Чиле за време на 1970-3 кога класното отстапување на воената служба довело до тоа таа да гледа на владата на Аљенде како закана на поредокот и решила да стави нејзин крвав крај. Во неверојатна ситуација вооружените сили да се свртат против една избрана влада во развиените капиталистички држави денес, нема да биде тешко да се погоди која политичка насока државата ќе заземе. Поверојатни примери, сепак, се Министерствата за финансии или Централните банки, коишто можат да го ограничат просторот на владата за економска политика и поради тоа да влијаат на нејзината насока.
Трето, власта на државните машинерии тече од монополот на законската употреба на насилство. Ни одлуките донесени во државата, ни извршните наредби на министерите, ни законите изгласани од парламентот би биле ефикасни без можноста да се санкционираат тие кои не ги следат. Колку оваа државна власт се користи да го препроизведува капиталистичкиот начин на организирање на општественото производство дотолку таа е практично капиталистичка по природа без обѕир на тоа која партија или намери се во владеење.
Четврто, и најважно, е структурната зависност помеѓу државните машинерии и капиталистичкиот сектор. Ова е централниот проблем на инструменталното сфаќање на државата од страна на реформистите и треба да биде разгледан поопширно долу.

4 Државата во капиталистичко стопанство

 

Целокупниот изведен труд во капиталистичкиот сектор исходи со производ којшто се распределува помеѓу посредниците на Слика 1. Луѓето кои ја управуваат државата имаат положба во стопанството којашто им дава можности за привилегии, богатство и моќ преку нејзината способност да наметнува даноци. Државата му дава на капиталистичкиот сектор правен систем и закони без коишто тој не би можел да функционира, но во исто време државата е зависна од даночните доходи од приходите во секторот и кредитите за да делува во светската економија.

.

Слика 1: Централните посредници во едно капиталистичко стопанство и нивните
основни односи


Оваа зависност ги присилува државните менаџери да бидат загрижени за одржувањето на стопанската активност, без обзир на тоа дали тие се бирократи или избрани професионални политичари; без обѕир на тоа дали нивните цели се да изградат воен капацитет или да имплементираат општествени реформи. Во исто време тие мора да присвојат поглед над цело стопанство за да ги спречат уништувачките ефекти на капиталистичкиот сектор - на пример, кризи и невработеност - инаку државата бргу ризикува да ја загуби политичката поддршка од другите делови на населението од коишто таа е зависна до различни степени.
Стопанската активност многу зависи од нивото на инвестиции во стопанството. Овој факт им дава на поединечните капитали колективно вето над политиката: Претпријатијата создаваат продуктивни инвестиции а изнајмувачите даваат кредит во зависност од тоа како тие гледаат на профитабилноста и политичко-економската клима, односно ако општеството е стабилно; ако стопанството се проширува; од тоа дали работничкото движење е под контрола; ако нивото на даноци не се зголемува итн. Ако деловната доверба на капиталистите опаѓа, нивото на стопанска активност и оттука просторот за државна политика опаѓаат исто така. Ова се случува во контекст на сопернички држави, што историски претходи на капитализмот, кои делуваат во едно светско стопанство. Инвестициски протест следи со заминување на капиталот во други држави и тешкотии да се добијат кредити за размена со странство.
Овој структурен механизам ги дисциплинира поединечните држави под стабилни услови да имплементира политики коишто не ја повредуваат довербата на сопствениците на капитал и, воопшто, делуваат да одржат стабилен развој на сиот капиталистички сектор.

5 Стопански раст и простор за социјалдемократска реформа

За време на одредени историски периоди - војна, меѓународни кризи, реконструкција, народна мобилизација - рамнотежата на силите помеѓу посредниците во стопанството е изменета а довербата на поединечните капиталисти е помала. Ова го зголемува просторот за државата да извршува група на политики во зависност од другите сили во општеството.
Но, како што ситуацијата се стабилизира, тежината е вратена на зависноста од приходите во капиталистичкото стопанство. Ова создава порано или подоцна ненадминливи проблеми за реформистичката стратегија. Единствениот начин да се намали зависноста потоа е да се зголеми делот на некапиталистичкиот сектор на производството од којшто е можно да се прераспределуваат ресурсите за да се имплементираат прогресивни реформи. Во поранешното работничко движење било јасно дека ова значело одреден облик на заедничка сопственост, но тоа немало изработена теорија за тоа како стопанството би функционирало и политичка стратегија за тоа како да се организира тоа. Политиките кои социјалдемократијата главно ги применувала биле национализација на индустриите, мерки коишто се појавиле поради период на глобална мобилизација за војна и економска катастрофа 1914-1950.
Прашањето за структурата на политичката економија, сепак, не беше централно за реформистичката стратегија којашто беше воспоставена веднаш после Втората светска војна, кога националните држави ги сметаа за првенствени обновата и индустрискиот развој. Рамнотежата на силите во стопанството се променила во корист на индустрискиот капитал и работниците на сметка на изнајмувачкиот капитал; чиедвижење и способност да извлекува камати и дивиденди биле ограничени на тоа да одржуваат високи нивоа на инвестирање. Во овие околности социјалдемократијата на власт можеше да биде прогресивна сила без да мора да го предизвикува стопанскиот поредок.
Високите нивоа на инвестирање придонеле кон огромен раст на богатството и овозможиле целосна вработеност во Западна Европа додека се избегнувало сериозно оштетување на довербата на индустрискиот капитал. Зависноста од приходите во капиталистичкиот сектор не изгледало дека претставувала препрека, напротив, просторот за социјалдемократска реформа бил широк. Капацитетот што работничкото движење го изградил од деновите на втемелувањето на Втората интернационала во 1889 година на крајот дал политички бонуси на ниво што пред 1945 год. било невозможно.

6 Препреки на парламентарниот пат

Меѓутоа, високите нивоа на инвестирање имплицираат големи последици за развојот на едно капиталистичко стопанство. Кога големината на работната сила се стабилизира и стапката на раст на продуктивноста во важните индустрии не може да се крева понатаму, високите нивоа на инвестирање ќе ја снижат просечната профитабилност на инвестираниот капитал.
Во исто време работниците се концентрирани во индустрии коишто ја зајакнуваат нивната преговарачка моќ, бидејќи синдикалните акции таму влијаат на голем дел од целото стопанство. Полскиот економист Михал Калецки предвидел веќе во 1943 год. дека одржувањето на целосна вработеност ќе создаде општествени и политички промени коишто ќеја уништат довербата на индустрискиот капитал:
„Всушност, под режим на постојана целосна вработеност, „отказот" би престанал да ја игра својата улога како дисциплинирачка мерка. Општествената положба на газдата би била поткопена, а самодовербата и класната свест на работничката класа би растеле. Штрајковите за зголемувања на платите и подобрувања на работните услови би создале политичка тензија".
Понатаму, индустриските капитали би се обиделе да ги компензираат платежните барања и даноците зголемувајќи ги цените, одн. инфлација, којашто ги оштетува интересите на изнајмувачите.
Со други зборови, токму тоа беа високите нивоа на инвестиции, коишто овозможиле простор за прогресивни реформи, а коишто довеле до два одделни процеси (1) опаѓачка стапка на приход од инвестираниот капитал и (2) растечка сила на работничкото движење, резултирајќи во криза на профитабилноса и деловната доверба во развиените капиталистички стопанства во текот на средината од 1970-те години. Воопшто, социјалдемократијата немала алтернативна стратегија освен иститекејнзистички политики. Обидите да се формулира нов пат или не резултирале со изработени политички програми и стратегии или тие пристигнале предоцна.
Најамбициозните планови во движењето на западноевропските работници беа шведскиот предлог за „фондови на наемни работници" од 1975 година во коишто дел од додадената вредност од високо продуктивните претпријатија би бил пренесуван во фондови контролирани од движењето за да се преобрази структурата на сопственоста во стопанството. Ова ќе ја намалеше зависноста од капиталистичкиот сектор на долг рок, ќе го зголемеше просторот за реформа и контрола на развојот. Но, предлогот се јавил предоцна за да биде развиен во политичка стратегија во меѓународен контекст од 1980-те години, а понатаму бил ослабнат од еден влијателен дел од социјалдемократската партија којшто постојано поддржувал конформистичка реформистичка стратегија чии можности биле исцрпени.
Во обид да се движи по свој пат, парламентарната коалиција предводена од француската социјалистичка партија спровела низа национализации на индустријата и банките во 1981 година, како дел од пакетот на реформи. Но, наспроти великодушните компензации, таквите политики во тој момент се соочиле со опаѓање на деловната доверба, бегање на капиталот и оттука макроекономски проблеми. Просторот за политички акции од страна на државата бил понатаму ограничен од правилата на европскиот монетарен систем. Владата избрала да ја смени политиката целосно од 1983 година, како што е предвидено од теоријата на државата прикажана во кратки црти горе.
Наместо работничкото движење, тоа беа претставниците на финансиската класа кои иницирале во текот на кризата и ја промениле рамнотежата на силите во глобалната економија во текот на 1980-те години: Движењето на капиталот било отворено, како и нови пазари и резерви на труд на истокот; целосната вработеност била напуштена во прилог на ниска инфлација и високи каматни стапки ; следеле приватизации и кратење на јавно финансираните услуги на благосостојба. Ова исто така имплицирало крај на успешните „класични" политики на европската социјалдемократија. Но, наместо да се обидува да се занимава со причината на опаѓачкиот простор за прогресивни реформи, со други зборови, структурната зависност од капиталистичкиот сектор, социјалдемократијата отстапила од прашањето во целост и се насочила кон таканаречениот „Трет пат".
Националните социјалдемократски партии продолжиле да ги следат истите цели коишто си поставиле да ги постигнат, имено да победат на избори во националните парламенти, но сега со меѓународно ослабено работничко движење, опаѓачки простор за реформа и напуштање на прашањето за алтернативна политичка економија. Она што останало тогаш не било ништо освен нивната улога како управители на државата. Во пракса, поради тоа, тие имале помалку алтернативи да понудат од „кратења на буџетот со човечко лице". Кризата и идеолошката забуна на социјалдемократијата која постои во различни степени ширум Европа е исход на овој развој. Исто така оставила отворен простор за крајната десница да освои поддршка помеѓу дел од населението кое има конзервативни социјални вредности, но кое поддржува прогресивни економски политики и поради тоа имале причина да гласаат за социјалдемократите во минатото.
Во исто време враќањето кон експанзивни политики на благосостојба, коишто почиваат на стопански раст во минатото за да се прераспределуваат ресурсите и овозможат прогресивни реформи без да се загрозуваат приходите, станува растечки проблем кога националниот производ по глава мора да биде ограничен за да не се забрза растот на емисиите на стакленички гасови и употребата на ограничени природни ресурси. Ова ќе го ограничи просторот за социјалдемократски реформи дури повеќе. Враќањето кон експанзивни државни политики би барало враќање кон смалување на изнајмувачката камата и одржување високи нивоа на инвестиции, што на крајот би ја препроизвело истата тенденција кон криза којашто следела после поствоениот бум.
Понатаму, услугите на благосостојба не можат да биде рационализирани на истиот начин како во индустријата, што подразбира дека растечкиот дел од целокупниот труд мора да ги изведува. Но, за да се спроведуваат политики на благосостојба ова подразбира дека делот на јавниот сектор финансиран од оданочување на стопанството мора да се зголемува исто така, правејќи ги таквите политики дури попроблематични и зголемувајќи ја потребата за политичка поддршка (види Слика 1). Сепак, таква поддршка не може да се добие преку изборна пропаганда или дури агитирање, туку преку практични политики.

7 Иднината на социјалдемократијата

За да се зајакне поддршката за јавниот сектор помеѓу неговите работници и граѓаните воопшто, тој мора да биде организиран на начин којшто е надмоќен спрема капиталистичкиот сектор. Примарниот начин да се направи тоа помеѓу државните претпријатија би било да се зголеми контролата на работниците до ниво коешто е невозможно да се постигне во капиталистичкиот сектор. Исто така тоа би придонело за практично обучување во самоуправување и можности да се истражуваат нови изуми во организацијата, технологијата и координацијата на заедничките ресурси. Во исто време атинските погледи околу претставничките институции на државата не може да бидат пренебрегнати; ако социјалдемократските партии сакаат да победат на оваа арена, институциите треба да бидат пополнети со луѓе од нивната општествена основа. Тоа бара нивно реорганизација според класичните демократски принципи. За да се спречат непретставничките државни апарати од поткопување на политиките на работничкото движење кога е на власт, движењето мора да ги активира и образува членовите во овие делови од државата, ако е можно преку независни синдикати.
Ништо од ова нема по себе, сепак, да ја намали зависноста од приходите во капиталистичките сектори што станува се повеќе проблематично за реформистичката стратегија, посебно поради тоа што јавниот сектор примарно произведува услуги на благосостојба финансирани од даноци и оттука не може да бидат клучен извор за економски простор за акција. Тогаш, какви можности остануваат за вистинските социјалдемократски цели за целосна општествена преобразба преку парламентарен пат?
Треба да биде јасно дека структурата на политичката економија не може повеќе да биде пренебрегната, но мора да биде во пракса, а не само теорија, централно прашање. Може само да се шпекулира какво ќе излезеше европското движење ако социјалдемократијата успееше во имплементирањето реформи аналогни на фондовите на наемни работници уште во 1950-те години, но во секој случај тоа ќе му дадеше на работничкото движење целосно различна положба во почетокот на една економска криза. Сепак, важноста на ова прашање пак се јавува независно од работничкото движење, бидејќи растечките еколошки препреки за економско ширење бараат одредена форма на макроекономска координација и планирање.
Францускиот пример ги илустрира можните препреки за промена на структурата на политичката економија преку парламентарен пат и дека можностите тие да бидат избегнати зависат од капацитетот на работничкото движење да се организира надвор од националните парламенти: Ако социјалдемократијата продолжи даја имплементира својата програма тоа би барало напуштање на правилата на европскиот монетарен систем или нивна измена преку политички притисок од меѓународно координирано движење. Дури ако тоа успее, проблемите со инфлацијата и рамнотежата на трговијата би барале контроли над цените и увозите, што би ја забрзало кризата на деловната доверба на капиталистите и бегството на нивниот капитал. Тогаш би било круцијално да се одржи активноста на продуктивните сектори на стопанството од страна на нивните работници и да се одржат прекунационалните трговски односи кои на долг рок би зависеле од меѓународниот политички контекст којшто го фаворизира работничкото движење.
Ова, сепак, е сценарио за кое национално-сосредоточената реформистичка стратегија останала сосема неподготвена. Поради тоа, секој парламентарен успех мора да биде искористен да се зајакне екстрапарламентарниот капацитет на работничкото движење - да се организираат луѓето, да се зборува за кохерентни политички програми од нивна надмоќна точка и да контролираат делови од стопанството - за коешто историјата покажува дека треба децении истото да се изгради. Но, тоа е витално важно доколку сакаме успешните, прогресивни реформи да не бидат уништени од едноставна промена на владата.
Кризата на социјалдемократијата е долгорочен исход на нејзината цел да победи на парламентарните избори додека 'и недостасува кохерентна стратегија да ги избегне препреките на парламентарниот пат кон општествена преобразба. Наместо тоа, таа одговорила со предавање на таканаречениот „Трет пат" - кон провалија.
Ако примарната цел на социјалдемократијата повеќе не е да спроведува општествена преобразба туку да биде владејачка партија тогаш не останува ништо освен нејзината улога како управител на државата и таа ќе биде затворена во структурна потреба да ги препроизведува капиталистичките односи на производство и оттука да го сочувува класно поделеното општество. Тогаш, таа ја исцрпила својата историско прогресивна улога.

Користена литература

[1] Aristoteles och T.J. Saunders (red.). 1981. The Politics, Penguin Classics.
[2] Block, Fred. 1980. "Beyond relative autonomy: state managers as historical subjects." The Socialist Register, vol. 17 (1980), sid. 227-41.
[3] Burnheim, John. 1985. Is Democracy Possible?, University of California Press.
[4] Cottrell, A. and Cockshott, P. (2006). "Demography and the Falling Rate of Profit". Indian Development Review, Vol. 4, No. 1, June 2006.
[5] Glyn, Andrew. 2006. Capitalism Unleashed—Finance, Globalization and Welfare, Oxford University Press.
[6] Kalecki, Michal. 1943. "Political Aspects of Full Employment." Political Quarterly, vol. 14, no. 4.
[7] Miliband, Ralph. 1970. "The Capitalist State—Reply to N. Poulantzas." New Left ReviewI/59, Jan-Feb. 1970, sid. 53-60.
[8] Miliband, Ralph. 1983. "State Power and Class Interests." New Left Review I/138, Mar-Apr. 1983, sid. 57-68.
[9] Mill, John Stuart. 1862. Considerations on Representative Government, Harper & Brothers. Available at http://www.gutenberg.org/etext/5669
[10] Olsson, Lars andLars Ekdahl. 2002. Klass ir"orelse—Arbetarr"orelseni svensk samh"allsomvandling, Arbetarr"orelsens Arkiv och Bibliotek, Arbetarnas Kulturhistoriska S"allskap.
[11] Poultanzas, Nicos. 1969. "The Problem of the Capitalist State." New Left ReviewI/58, Nov-Dec. 1969, sid. 67-78.
[12] Programme of the Social-Democratic Workers' Party of Sweden. 1911. Available at Arbetarr'orelsens Arkiv och Bibliotek, http://www.arbark.se
[13] Silver, Beverly J. 2003. Forces of Labor. Workers' Movements and Globalization since 1870, Cambridge University Press.
[14] Svallfors, Stefan. 2004. Klassamh"allets kollektiva medvetande, Bor'ea.
[15] Therborn, G"oran. 1985. Nationernas of'ard—Arbetsl"osheten i den internationella krisen, Arkiv f'orlag.
[16] Zachariah, Dave. 2009. "Determinants of the Average Profit Rate and the Trajectory of Capitalist Economies." Bulletin of Political Economy, vol. 3, no. 1.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD