ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ИНФОРМАТИКА | ИНТЕРНЕТ
 

МОБИЛНА КОМУНИКАЦИЈА


Вовед

Технолошките промени и иновации можат да се набљудуваат, анализираат и вреднуваат на најмалку две рамништа: првото е економското рамниште и на него може да се следи и оценува како појавувањето на некој уред, предмет или произведено материјално добро1 влијае врз економските текови, пазарот, потрошувачката и заработувачката. Од друга страна, мошне различно по својата природа, но подеднакво важно или дури и повеќе значајно е рамништето на социјалните и културните промени кои ги предизвикува одредена технологија. Ако на ова второ ниво на следење на човечкиот развој му доделиме примарно место (што и не е чест случај во ерата на забревтаниот инфо-капитализам), тогаш тешко дека може да замислиме пронајдок или техничка иновација која имала толку големо влијание во така кус временски период како што е тоа случај со мобилната телефонија. Промените кои промовирањето на мобилната телефонија за општа употреба ги предизвика се мошне брзи и длабински, а пропорциите на самата појава најчесто се опишуваат со зборови од типот: бум, експлозија и експанзија. Како и да погледнете на овие, се уште супер-активни, промени, релевантно е да се каже дека нивното подлабоко значење и природа веројатно ќе може аналитички да ги опфатиме дури по извесен период и временска дистанца во однос на сето она што ни го приредуваат и како нe менуваат. Ако некој помисли дека опишувањето на овие феномени во вакви рамки е само дел од лавината на техно и инфо клишеа, тогаш за споредба и потсетување нека послужи следниот податок: според скорешни истражувања на МИТ универзитетот од САД, 30 проценти од испитаниците на прашањето која е најнужната техологија од која не би можеле да бидат одвоени одговориле дека тоа е мобилниот телефон. Во слична насока се движат и заклучоците на истражувањето на италијанското здружение на потрошувачи: од 300 корисници кои биле „одвоени" од своите мобилни телефони во времетраење од две недели, една четвртина од нив изјавила дека ова силно влијаело на нивната самодоверба, предизвикало сексуални проблеми, а секој шести испитаник доживеал депресија и губење на апетитот (Оортат 2005). Дури и по релативно кусиот период на постоење и влијание на мобилната комуникација, веќе можеме да кажеме дека тие промени се револуционерни. Времето за кое тоа и успеа на мобилната комуникација е драматично побрзо и покусо од времето за кое компјутерите ги извршија длабинските промени во нашето секојдневие и не воведоа во информатичката ера.

Почетоците и „бумот"


Идејата за мобилен телефон се пројавува заедно со потребата човек да произведе подвижно комуникациско средство кое ќе ја совлада просторноста и нејзините ограничувања. Првиот примитивен мобилен телефон бил презентиран во 1946 година во САД и прилично наликувал на „воки-токи" радио станица. Оној којшто сакал да повика некого преку овој телефон морал рачно да одбере слободен канал и потоа да го замоли операторот да го поврзе со одреден број, а повикот можел да се одвива само во една насока. Ова била надминато во 1964 година кога било воведено автоматско барање и поврзување на слободен канал кој мобилниот телефон можел да го употребува за тој повик, а разговорот можел да се одвива двонасочно (Сеггопе 2002). Овој пат недостатоците кои оневозможувале поопсежна употреба биле досегот (телефоните технички можеле да се користат само во околината на неколку поголеми градови во САД), телефоните користеле радио-фреквенции, а нивниот број бил прилично ограничен, и секако проблем претставувале батериите на телефоните кои биле преголеми, дури и за тогашните стандарди. Покрај постапниот технолошки прогрес на „хардверот" на мобилните телефони и минијатуризација на самиот апарат, клучен чекор било воведувањето на целуларниот систем на покривање на територијата со мобилната мрежа (просторот се дели на парцели, сеЉ-англ., за кој се одговорни по еден трансмитер и приемник). Целуларниот систем на покривање на теренот за прв пат бил воведен во Јапонија во 1979 година, а следни во 1983 биле САД и Велика Британија (Сеггопе 2002). Оттогаш во поголемиот број од развиените земји беше отворен патот за масовна употреба на мобилните телефони.
На глобално ниво експанзијата на употребата на мобилната телефонија се случи негде на преминот помеѓу двата милениума. „При-пејд" (претплатничкиот) систем на плаќање за прв пат беше воведен во 1998 година по што употребата на мобилните телефони нагло се зголеми, особено кај помладата, економски нестабилна, популација. Продажбата и употребата на претплатничките ваучери (т.н. рау аѕ уои до) значеше дека немаше потреба од плаќање со кредитни картички, дебитни чекови или пак потврдување на работен однос и големината на примањата, така што голем дел од младите масовно почна да ги купуваат и употребуваат мобилните телефони. Вториот значаен настан беше воведувањето на „СМС" (ЅМЅ-Ѕпог! Меѕѕадеѕ Ѕетсе) услугите во јануари 1999 (ЉМ.). Ова, исто така, во извонредно висока мера го поттикна и зголеми употребувањето на мобилните телефони, повторно во најголем број кај помладите корисници. „СМС" е сервис кој им овозможи на корисниците да праќаат куси пораки (во должина од најмногу 160 знаци) од еден кон друг мобилен телефон. Според истражувањата извршени на германскиот пазар во јули 2001 година, само 5% од корисниците на мобилната телефонија на возраст од 14 до 25 години никогаш не користеле „СМС" услуги (ЉМ.). На тој начин, може да се каже дека оваа услуга е извонредно важен дел од употребата на мобилните телефони, па користењето на мобилниот апарат не се сведува само на гласовна комуникација, туку се проширува и растегнува на текстуално комуницирање на далечина и во движење.
Денес во Велика Британија има преку 13 милиони корисници, а со највисок процент на корисници во однос на бројот на жители2 во статистиките се наведуваат: Данска (95%), Естонија (95%), Финска (98%), а бројот на жители и бројот на корисници веќе приближно се изедначил во Чешка, Словенија и Литванија, додека во 2005 година беше констатирано дека бројот на мобилни броеви го надминува бројот на жители во следниве земји: Израел (105%), Шведска (104%) и Холандија (101%) (Вест 6.06.2005). Бројките за Македонија објавени во текот на 2005 година и валидни заклучно со тој период наведуваат дека цифрата на мобилни корисници во нашата земја до овј период достигнала бројка од 1 110 000 или 54% корисници во однос на бројот на жители (Утрински весник 2005, \У\У\У). Колку за споредба на регионално ниво, во Хрватска бројката е 64%, Бугарија 65% и Романија 46% (шМ.). Во Кина на почетокот на 2007 се очекува бројката на корисници да достигне 500 милиони (Уи 2004: 31). Секако, се очекува овие бројки во наредниот период само да се зголемуваат, особено во општествата кои се пред вистинска и целосна информатизација.


Од фиксен кон мобилен телефон


Како што наведува погорниот пасус во текстот на Даниел Чендлер (Оаше1 СПапсПег), „социјалните норми на нашите општества пропишуваат дека на телефонски повик треба да се одговори и дека треба да се вклучиме во повикот за интеракција". Во студија спроведена во Канада, 51.7% испитаници одговориле дека би се јавиле ако телефонот ѕвони во канцеларијата на некој друг (шМ.). Според Чендлер реакцијата која се пројавува во вакви ситуации и која навидум се доживува како нелогична, се однесува на тенденцијата да се одржи комуникацискиот тек и да се одговори на повикот активно да се учествува во процесот на комуницирање и на повици за него. Комуникацијата како да се доживува како крвоток на социјалната заедница кој треба да биде одржуван. Едвард Хол (Ес1\уагс1 На11) додава дека „самиот факт што при ѕвонење на (фиксен) телефон најчесто не знаете и не сте сигурни кој се јавува, што сака, колку итна е ситуацијата заради која се јавува, ве гони да се јавите" (Хол цитиран во СПапсПег \\\). Ваквите состојби во сферата на користењето на мобилните телефони се менуваат и често се случуваат мошне поинакви реакции. Идентификацијата на телефонскиот број на повикувачот ја стеснува неизвесноста и несигурноста кој и зошто се јавува. Претходно оформените листи на контакти или претходно користените телефонски броеви сигнализираат кој се јавува, а самата конситуација може прилично да му открие на повиканиот за причината поради која се јавува повикувачот. Токму во вакви инстанци се случува процесот на инстантна индивидуализација на чинот на комуницирање, односно комуницирањето се фокусира единствено кон поединецот кој треба да одлучи дали да се јави или не. Фокусот на комуницирањето е поединецот и неговото социјално менаџирање на сопствета позиција во мрежата на социјални и комуникативни односи, а не комуникацијата рег ѕе, или пак некои други социјални категории. Навиките за автоматско одговарање на секој повик и сослушување на соговорникот во секоја ситуација можат да избледнеат и да се загубат во процесот на менаџирање на сопствената комуникација и времето на поединецот. Со други зборови, преминот при комуникацијата од фиксен кон мобилен телефон е директен, технолошки овозможен, процес на индивидуализација на учесникот во комуникацијата во особено висок степен. Учеството во мобилното комуницирање е дел од индивидуализацијата, себедефинирањето и себеостварувањето на поединецот, наспроти апсорпцијата во јавното кај фиксниот телефон, така што поединецот во мобилнито телефон добива своја комуникациска екстензија која во голема мера е сигнал за она што е тој и кое е неговото, реално, или пак потенцијално, замислено или посакувано, место во заедницата.
Во смисла на социолошките ефекти кои користењето на мобилниот телефон ги предизвикува, може да се каже дека тие се надоврзуваат и ги надградуваат процесите започнати од воведувањето на фиксната телефонија. Фиксниот телефон е комуникациски уред кој во времето на своето воведување ја смени свеста на човекот во однос не само на комуницирањето, туку и во однос на човековата перцепција на светот. Одеднаш она што беше далечно и тешко досегливо стана блиско и во досег на нашите прсти. Работите за кои поединецот претходно никогаш можеби и не чул, стануваат релевантни, интересни и блиски. Ако со фиксниот телефон светот беше во досег на нашите прсти, тогаш со мобилната комуникација светот едноставно се најде во нашите дланки. Комуникацијата и протокот на информации целосно се децентрализира, а просторноста стана во голема мера ирелевантна за начините и времето на комуницирање. Фиксната телефонија пак го започна процесот на длабински промени на двете рамништа наведени на почетокот на текстот: начините на уредување и извршување во сферата на економијата, и второ, природата на комуникацијата. Во економската сфера работите неповратно се сменија.

Структурата на урбаните градови и на руралните подрачја почна да се менува, бизнисот и индустријата се променија исто така...Градот стана место на бизнис и на индустрија, а поголемиот број градови почна да се шири и да се создаваат предградија. Начинот на кој производителите и (пре)продавачите работеа целосно се измени, тие повеќе не мораа да ги напуштаат местата на кои работеа за да се сретнат и да договорат некоја работа.
(Сеггопе 2005)

И во втората сфера на своето длабинско влијание, начините на комуницирање, телефонот внесе радикални промени. Не треба да се заборави дека пред телефонот за комуницирање на далечина на обичните луѓе на располагање им стоеја само две средства, писмото и телграфот (шМ.). Промените кои телефонот ги внесе навистина беа револуционерни, а интеракцијата се смени од корен. Телефонот за прв пат овозможи директна гласовна комуникација на далечина што беше голем напредок за своето време. Она што дотогаш беа само кодирани знаци на хартија се преточи во жив човечки глас кој ви одговараше веднаш и го даваше чувството дека соговорникот е речиси покрај вас, само што не го гледате, и како да стои од другата страна на замислениот ѕид кој ве дели. Звучната комуникација е далеку побогата и поисполнета од комуникацијата преку симболи и знаци. Сето ова на неповратен начин го смени комуницирањето помеѓу луѓето и секако внесе изобилство на варијации во комуницирањето (Ва11 цитиран во Сеггопе, 2005: \У\У\У).
Индивидуализацијата на посредната комуникација започна со фиксниот телефон, бидејќи тој на соговорниците им овозможи слобода и лично изразување кое дотогаш не беше можно. Гласот, неговата боја, динамика, одговорањето на кое не треба да чекате со денови или недели, беа голем прогрес за самата комуникација (Пла1.). Со телефонот континентите станаа поблиски, а луѓето со кои разговаравте поважен дел од вашето секојдневие и живот. „Телефонот беше првиот уред кој овозможуваше духот на соговорникот да биде изразен преку неговиот сопствен глас и (можеше) да ја пренесе пораката без да се пренесува сопственото тело до местото на другиот соговорник" (Сеггопе 2005: \\\). Фиксниот телефон за прв пат воведе свои правила во комуницирањето. Првото праавило, како што потврдуваат веќе наведените автори, е дека ако телефонот ѕвони треба да се јавите, без разлика дали е тоа ваш или туѓ телефон. Неодговарањето на ѕвонењето на телефонот се доживува како аберација или како прекршување на вообичаеното однесување. Второто правило е дека при разговорот треба да ја одржувате комуникацијата, па макар и со учтиво „да", што е еден вид замена за потврдното движење со глава при комуникација лице в лице. Низа комуникативни новини и кодови на однесуавње од типот на двете наведени беа резултат на општата употреба на телефоните. Мобилниот телефон задржа некои особености и правила на посредно гласовно комуницирање, но и воведе редица нови специфики кои значајно ја сменија комуникацијата. За тоа, секако, во продолжение на текстот.


Кога мобилните телефони ќе влезат под кожа

Мобилните телефони се практични со што ја исполнуваат својата намена. Но, од другата страна на практичноста, телефонот е предмет кој тесно се поврзува со духот на она што се нарекува „промена на животната средина".

(Мајегѕоп 2003: 5)

Мобилните телефони набргу по својата промоција и почетокот на комерцијална употреба од практични средства стануваат нешта што „морате да ги имате". Како надополнување на својата практичност, за мобилните телефони може да се додаде дека таа не е единствената причина за брзото омасовување на нивната употреба и здобивање на статус на крајно неопходни средства. Брзата технологизација на модерните општества и преориентирањето на маркетиншките стратегии кон поединецот и неговите желби (односно на желбите како категорија која ги надминува основните човекови потреби) во можеби најидеална форма се преклопија во случајот на пропагирањето на мобилната телефонија. Може да се заклучи дека комуницирањето никогаш во историјата не било повеќе на цена отколку што е тоа случај сега. Тоа како да има магична моќ и добива митолошки статус во модерната глобална култура. Како надополнување на сопствената практичност, мобилната телефонија стана и симбол на ерата на глобалната економија и на новиот динамичен начин на живеење во високо технологизираните средини. Пропагирањето и рекламирањето на употребата на мобилните телефони се покажа како двослојно: од една страна се пропагира новата технологија, но воедно се промовира поединечната марка на производ (произведувач, модел, услуга и сл.) (ш1<С. 6). Оваа двојност му даде дополнителен импулс на омасовувањето на користењето на мобилните телефони. Постапно настана еден вид на „умножување на функциите на телефонот" (Мајегѕоп 2003: 13). Од едноставни средства за комуникација на далечина и во движење, мобилниот телефон активно прифаќа и апсорбира функции досега специфични и подразбирливи за други социјални пракси и технолошки помагала. Таа мултипликација се разгрануваше на две нивоа: (а) нивото на практичните употреби и (б) ниво на идентитетот и социјализацијата. На тој начин, севкупно земено, телефонот презема улоги на: фиксен телефон, на компјутер, на музички уред, како и функции на моден индикатор (претежно функција на облеката и надворешниот изглед), трендовска ориентираност, сигнализатор на идентитетот и стилот, социјалната припадност и слично. Кумулативниот ефект на оваа мултипликација предизвика општо чувство на натурализација на местото на мобилниот телефон во секојдневниот живот до тој степен што денес често може да го слушнете прашањето: па како луѓето воопшто живееле досега без мобилни телефони? Ваквото проширено поставување и доживување на работите кои се однесуваат на местото на мобилната технологија во нашите животи, сигнализира колку малку всушност разбираме какво место таа има во нашата секојдневна комуникација, какви комуникациски и социјални улоги презема, какви промени носи и кон каква иднина н# води.


За практичноста на мобилните телефони

Како што и стана збор претходно, употребите на мобилната технологија постојано се наоѓаат во движење и процес на промени, така што сферата на употреба постојано се менува и проширува. Сепак, некои од главните сфери на употреби на мобилните телефони можат да бидат идентификувани и потврдени како стабилни и општо прифатени. Тие секако можат да дадат подобар увид во процесот кој теоретичарите и социолозите го нарекуваат „коеволуција на технологијата и човековите активности" (Ра1еп а1 а11, 2000):


Безбедност


Една од најчесто наведуваните причини за купување и користење на мобилен е „безбедноста". Родителите се посигурни во безбедноста на своите деца кога тие им се постојано достапни за повик. Исто, така возрасните сметаат дека ако нивните постари, болни или изнемоштени родители имаат телефон при себе, полесно ќе им излезат во пресрет и ќе им одговорат во секој дел од денот, овозможувајќи им релативна слобода на движење, која не би ја имале без мобилниот телефон. Луѓето кои често патуваат сметаат дека се побезбедни ако можат при каква било ситуација да се јават до блиските, до соодветни служби за помош и слично. Во ситуации на опасност и итни случаи, мобилниот телефон е незменливо средство:
Во надојдените води на реката Треска вчера еден рибар исчезнал, а двајца други рибари биле спасени да не се удават. Спасувачките екипи успеале од надојдената река да ги извадат рибарите Б.Н. и С.М од Скопје...Тие вчера наутро отишле да рибарат на реката Треска...Околу 10 часот нивото на реката наеднаш почнало да се зголемува, поплавувајќи ги сите островчиња во околината. На едно од тие островчиња биле и беспомошните рибари. Кога сфатиле дека водата с# повеќе надоаѓа и дека постои можност и тие да бидат потопени, по мобилен телефон побарале помош од вработените во хидроцентралата „Матка". На местото пристигнале полиција и пожарникари.
(Вест, 23.6.2005)


Дури 74% од американските испитаници кои имаат мобилен телефон велат дека ги употребиле своите мобилни уреди во итни ситуации и преку нив добиле мошне значајна помош.

(РЕ\У Шегпет. Ргојес! 2006)


Координација


С# пораширената употреба на мобилните уреди е една од главните причини што повеќето телефонски разговори почнуваат со прашањето „каде си?". Употребата од овој тип е една од најзначајните и најчесто цитираните причини за големата практичност и употреба на мобилниот телефон. Луѓето се достапни во речиси секој дел од денот и ако ви треба контакт со нив, тоа не е попречено од местото каде бараното лице се наоѓа. Договори за средби во лет, микрокоординирањето на средбите во време и простор, промени на планови и прилагодување на ситуациите и кон другите луѓе е нешто што денес е вообичаено, но секако единствено е можно преку општата употреба и помош од мобилната телефонија. Луѓето со мобилните телефони полесно ги координираат своите обврски и средби и полесно менаџираат со своите социјални активности, но секако не би можело да се каже дека сето тоа не би било возможно без овие средства. Од друга страна достапноста во секој дел од денот и речиси секаде може да влијае во компликување на социјалните активности, презафатеност и тешкотии во менаџирањето на времето и контактите со другите. Од овие причини и произлегува клишето дека живееме во брзо време, кое носи многу стрес. Всушност, одговорноста за своето време и социјалните ангажмани целосно се префрла на поединецот и тој преку својата способност ја има целосната одговорност да го организира сопственото време и активностите. Достапноста преку стресот ја покажува својата негативна страна со која „мобилизираните" лица мораат да се соочат.

Бизнис


Деловното работење во денешни услови со помош на мобилната телефонија е сменето од корен. Ограничувањата кои фиксната телефонија им ја наметнуваше на бизнисмените, работниците и другите деловни лица значително се рефлектираше на можностите за секојдневно работење и условите како различни бизнис зделки се договараа и изведуваа. Денес, работите на тој план се драстично различни, па договарањето повеќе не мора да се сведе на формални состаноци, деловни средби, закажани телефобски разговори и слично. Бизнисот со отворени раце ја прифати и нашироко почна да ја користи мобилната телефонија, а мобилниот телефон стана симбол на глобално ниво на новата транснационална економија. Секако, неговата корисност е важна во иста мера и за „малите бизниси", а не само за корпорациите. Луѓето ја имаат слободата на движење кое не ги попречува во исто време да раководат со својата работа и работните обврски, така што самиот бизнис поптполно се редефинира и децентрализира. Просторната сместеност на бизнисот во рамки на одредена канцеларија или претставништво секако с# уште е важно, но голем број од вистинското работење и бизнис-договарање значително се дислоцира од тој простор и од тие рамки. Може да се каже дека со експанзијата на мобилната телефонија со отворија сосема нови можности во деловниот свет. Комбинирањето на мобилната телефонија со интернетот секако отвори простор за сосме нов вид работење, т.е. „работењето од дома"3. Како резултат на користењето на мобилниот телефон „традиционалната одвоеност на работното и на слободното време се губи" (Коротаа 2000: \У\У\У, односно тие сега стануваат две сфери на човековата активност кои се испреплетуваат и не се однапред фиксирани). Луѓето сега постојано се во ситуација да бидат истовремено слободни, но и со обврска да го планираат своето време повнимателно и да прават многу повеќе избори.

Заштеда на време


Времето во денешни услови е на висока цена, а користењето на мобилните телефони при чија употреба се овозможува заштеда на времето има важна улога и се наведува како една од важните причини за негово. За да разговарате со некого, да размените информации, оставите порака, договорите средба, искоординирате некоја активност која инволвира повеќе лица, ќе заштедите време со неколку повици. Ограничената достапност на одредени лица преку обичен телефон заради просторната фиксираност на овие уреди денес се релативизира и наместо да чекате некого да се врати дома или на работното место каде има фиксен телефон, со повик кон личниот број се заштедува во време.


Семејно-пријателска комуникација


Повиците до блиските лица во секој дел од денот полесно и почесто се вршат преку мобилниот телефон заради целосната достапност која мобилниот ја овозможува. Временската или просторната ограниченост кога може со блиските да разговарате е намалена. С# уште високите цени на импулсите кои телефонските компании ги наплатуваат за разговорите ја инхибираат ваквата комуникација, сепак таа има генерална тенденција да доминира во разговорите кои ги водиме преку мобилен телефон.
Импровизирани ситуациони употреби

Бомбај, Ројтерс:
Една брачна двојка во Индија си го кажала судбоносното „да" преку мобилни телефони зашто младоженецот не можел да стаса на свадбената церемонија поради обилните дождови кои ја зафатиле западна Индија...Ја искористивме современата технологија. Не беше возможно за мене и моето семејство да стасаме до Бомбај бидејќи патиштата беа преплавени, изјави младоженецот. Сведоците од двете страни ги вклучиле телефоните на интерфон за да се осигураат дека сите роднини ќе ги чујат невестата и младоженецот како ги кажуваат брачните завети".
(Вест, 27.01.2006)

Еден британски готвач кој за малку ќе умрел кога го каснал отровен пајак, го спасила фотографијата од пајакот што ја снимил на својот мобилен телефон. Метју Стивенс (25) чистел зад фрижидерот за длабоко замрзнување во својот паб во Бриџвотер, Сомерсет, кога двапати го гризнал бразилски пај ак долг 13 сантиметри на раката. Неколку минути по нападот, почнало да му се лоши и бил однесен во болница. "Почнаа да ме стегаат градите, едвај дишев. Крвниот притисок ми скокна до таванот и срцето ми биеше толку силно што мислев дека ќе ми изрипа од градите", рекол Стивенс. Докторите не знаеле за каков тип пајак се работи, но Стивенс го имал фотографирано на телефонот, така што пратиле факс во Бристолската зоолошка градина за да го идентификуваат. Кога ја виделе фотографијата, докторите сфатиле дека Стивенс бил каснат од еден од најотровните пајаци во светот.
(Вест, 30.04.2005)


Замена за фиксен телефон


Споредбите помеѓу фиксните и мобилните телефони во овој текст беа претходно спомнати. Една од првично наведуваните употреби на мобилниот телефон е едноставна употреба на мобилен за секојдневни и вообичаени употреби како и фиксниот, таму каде што фиксниот не им е достапен на корисниците. Под ова се подразбира вообичаена комуникација преку телефон, повик до дома или до работното место, и слично, во случај кога обичниот фиксен телефон не ви е достапен. Во случај на достапност на фискен телфон, мобилниот не би бил употребен. Преодната форма на комуникациско средство помеѓу фиксен и мобилен телефон, телефонската говорница, го пополнуваше овој простор, но со проширувањето и релативното поефтинување на мобилните разговори, овој вид комуницирање се зацврстува во практичната употреба, а телефонската говорница полека преминува во далечна трета опција за разговарање преку телефон.

Социјализација


Комуникативните мрежи оформени од мобилните телефони исто така одржуваат и зајакнуваат одреден вид нови социјални мрежи и комуницирања. Таму каде што порано создавањето и одржувањето на контактите не било можно да се воспостави или да се одржи денес тоа е с# полесно да се направи со посредство на мобилните телефони. Индивидуализацијата на комуникацијата преку размена на лични мобилни броеви создава пофлексибилна социјализација со повеќе можности во инетракцијата и ширење на мрежата наконтакти и комуницирање. Мобилните компании секако го поттикнуваат овој процес нудејќи „чат" или флерт сервиси преку смс-пораки. Според Чандлер (\У\У\У) ваквите флексибилни комуникативни и социјални мрежи „имаат тенденција да ја намалат осаменоста, вознемиреноста, да ги зајакне чувствата на сигурност и да ја одржи кохезијата во кругот на семејството и пријателите/познаниците". Авторот во продолжение додава дека оваа појава резултира во оформување на еден вид нови „псхихолошки соседства" (ИлС).


Дајте уште информации!


Бројот на услугите кои стануваат достапни преку мобилниот телефон се зголемува мошне динамично. Сферата на употреба на телефонот во најголем број случаи далеку го надминува зборувањето и размената на пораки. Корисниците на него с# повеќе гледаат како на мобилен комуникативен центар кој треба да им овозможи одстап до уште повеќе информации во од. „Најголемиот број корисници преку мобилниот телефон би сакале да имаат достап до следниве информации: мапи и различни карти, временски прогнози и извешта, ажурирани податоци од берзата, спортот, популарната култура (филм, музика и сл.), примање на електронски пораки од интернет и слично (РЕ\У 1пгегпе1 Ргојес! 2006: 2). Значителна е мотивацијата и барањата за збогатување на забавниот капацитет на мобилниот телефон со вклучување на повеќе игри и мултимедијални операции (снимање фотографии, видео клипови и нивна лесна размена).


Колатерални штети на мобилната телефонија


Погодностите на мобилните телефони се бројни. Но, како што тоа е и најчест случај со новите технологии, покрај позитивните и прогресивните страни, таа носи со себе промени кои се прилично негативни и се доживуваат како непријатна промена во однос на претходно воспоставените навики и социјални пракси.

Разговори на јавни места

„АААААА!!! Чуден извик ја наруши тишината во судската сала
во скопска апелација. Тоа беше познатито борбен извик на филмскиот јунак Тарзан. Луѓето во салата се свртеа кон страната од каде што доаѓаше звукот и видоа дека едно момче се труди што побрзо да го извади телефонот од џеб. Викањето на Тарзан всушност беше музика на ѕвонење на мобилен телефон. Странките го искараа момчето оти не го исклучил телефонот како што е ред во судницата, -„Уште Тарзан ни фаливо судницата, а можеби тој ни треба да н# спаси'-".

Една од најиритирачките и наконтроверзни модерни појави поврзана со мобилните телефони е нивното користење на јавни места. Јавниот и приватниот простор се испреплетуваат на таков начин што многумина од нас мошне тешко се снаоѓаат во ваквите нови околности. Примен повик во автобус, во ресторан, на лекар, на предавање, секогаш инволвира ситуациони слушатели кои така затечени одеднаш стануваат публика на приватни разговори на мобилните корисници. Во вакви новонастанати ситуации на виделина излегуваат навики и културни особености кои досега биле претежно во сенка. Всушност, се разоткрива „социјалната интелигенција" на поединецот, односно колку тој е способен да се снајде во испреплетувањето на јавниот и приватниот простор. Ваквите новонастанати ситуации на комуникативен план се особено компликувани и ги менуваат комуникациските навики и однесувања на говорителите, така што често предизвикуваат негодување кај слушателите. Како една од можните реакции од страна на комуникаторите присутна е појава на одложување, формализација или полуформализација, скусување или пак индиректност и описност во разговорот ако тој/таа се чувствува непријатно да го изложи својот приватен разговор пред случаен аудиториум. Поединецот е ставен во искушение и контрадикторна ситуација да го оформи својот приватен простор на звучен план, слично како што тоа знае да го прави со одбегнување на погледите да речеме во автобус, но во исто време треба да внимава така оформенот звучен приватен простор да не го наруши звучниот простор на лужето околу себе, секако ако сака да ги одбегне нивните реакции.


Стрес и непредвидливост


Во делот за координацијата како практична причина за користење на мобилниот телефон беше спомнат негативниот ефект кое целосната достапност може да ја има врз индивидуата. Одговорноста за организирањето на своето време и ангажман е целосно насочена кон способностите на поединецот да се справи со секоја ситуација. Ова најчесто се доживува како притисок кој многумина се обидуваат да го разрешат со селективност во одговарање на повиците и со исклучување на телефонот. Но, работите не се секогаш така едноставни и предвидливи, па стресните и неочекуваните ситуации често не можат да се избегнат. Може да биде пренесено сведоштвото на мобилен корисник кој наведува дека додека бил на кино претстава, еден од неговите родители дома доживеал несреќа при што морала да му биде укажана итна лекарска помош. Другите членови на семејството додека биле во таква стресна состојба одлучиле да не му јават на челенот на семејството и да му соопштат за несреќата. Откако подоцна дознал за несреќата, соговорникот им изјавил дека им е благодарен што не му се јавиле додека најтешкото не поминало и го поштедиле од уште поголем стрес. Многумина секојдневно се среќаваат со ваков вид избори, кому и колку да му се пренесе во ситуација кога сите ви се достапни.

Заштита на приватноста


Достапноста која мобилниот телефон му ја овозможува на поединецот, за жал, во исто време овозможува полесно нарушување на приватноста и побројно присуство на голем број аномалии и недозволени социјални однесувања. Вознемирувањето преку телефон е една од најчесто присутните негативни појави која достапноста а кориснкот ја овозможува. Случаи на криминално или патолошко однесување можат, исто така, мошне лесно да се вршат преку мобилен телефон. Во Македонија во неколку наврати беше реактуелизирана аферата со прислушување на телефоните на редица јавни личности, а беше спомената и техничката можност прислушувањето да се врши врз секого во секое време. Скандали од таков тип не се ретки и с# повеќе расте загриженоста од ваквио тип напосредна контрола и надзор. Ова може да има големи последици врз оној којшто е жртва на ваков вид тормозење и психолошки притисок.

Нови информации, но и нови прашања, се појавуваат повеќе од една недела по јавното обелоденување на скандалот од страна на Та Неа, а во врска со прислушувањето мобилни телефони во Грциј а. Случајот вклучува незаконско снимање на телефонски разговори на околу 100 лица, вклучително и премиерот...Софистициран софтвер за прислушување беше случајно откриен во март 2005.

(Анастасиу 2006: 46)

Во секој случај, мобилниот телефон има технички можности да стане еден вид „дигитален паноптикон" во Фуко-овска смисла.


Сообраќај и мобилни телефони


Истовременото возење и зборувањето на мобилен телефон е прилично опасен потфат кој од 2005 година е законски санкциниоран и недозволен и кај нас. Сепак, целосната достапност на корисниците се однесува и на времето кое возачите го проведуваат во своите автомобили и за повеќето од нив прилично е тешко да се одбие повик особено кога примателот знае кој го повикува или пак повикот се однесува на некоја работа која тој сака да ја заврши. Менаџирањето на сопствената комуникација го става корисникот во мошне комплексни ситуации при кои тој, во обид да најде компромиси, најчесто заборава на прописите и на поширокиот контекст како и на сопствената безбедност и безбедноста на другите. Според истражувањата на Аѕѕос1агес1 Ргеѕѕ (АР) и Атепса ОпНпе (АОЦ 24% од корисниците чувствуваат дека мораат да одговорат на повикот, дури ако тој прекинува, состанок, ручек или слична активност (РЕ\У 1птегпет Ргојес! 2006: 2-3).
Тероризам, насилство, манипулирање

Експертите предупредуваат дека едноставните и насекаде присутни мобилни телефони имаат огромен потенцијал да предизвикаат штета од далечина. Лесната достапност, ниската цена и силната електроника на безжичните направи ги прави лесно достапни за терористите кои можат да манипулираат со сите опции на телефонот".
(Утрински весник 2005, \У\У\У)


На линија на хакерското искуство, коешто само го зголеми стравот од новите опасности кои технологијата може да ги предизвика, теоретичарите посочуваат дека мобилната технологија, како и поголемиот број останати технологии, не е заштитена од злоупотреби. Напротив, сите празнини во однос на безбедноста и можностите за злоупотреба во овој случај се нашироко експлоатирани. Овозможеноста за комуницирање на далечина, активирање на апаратот во одредено време и сличните функции с# повеќе се предмет на истраги и анализи за тоа како тие се употребуваат при комуникација, координација и активностите на осомничените престапници, криминалци, терористи и др. Улогата која оваа технологија ја има при насилни и терористички инциденти останува да биде истражена дополнително.


ХАНОЈ: Едно момче возбудено зашто го добило својот прв мобилен телефон било казнето зашто направило повеќе од 200 лажни телефонски повици до локалната противпожарна служба во јужен Виетнам. 24-годишниот продавач на бонбони Тран Мин Хај бил уапсен и казнет со 250 долари бидејќи направил повеќе од 200 лажни повици во јаунари, соопштија од полицијата. Хај рекол дека тоа го правел од мајтап зашто ова му бил прв мобилен телефон и не можел доволно да му се израдува.

(Вест 15.04.05)


СМС култура


Иако испраќањето на текстуални пораки преку телефонот било планирано како сосема споредна и речиси незначајна употреба за бизнис корисниците, „СМС" (Ѕпогѓ Меѕѕаде Ѕетсе) услугата стана толку популарна и важна што многумнина аналитичари зборуваат за нов тип урбана култура (Окѕтап и Тигиатеп 2004: 325). И покрај својата несовршеност и ограниченост (за разлика од електронската пошта можат да се пратат пораки со ограничена должина, испишувањето на пораката е далеку побавно од пишувањето на компјутерска тастатура и сл.) Секако, од друга страна, погодностите на оваа услуга се бројни и се општо употребливи за сите корисници: дискретна комуникација која за разлика од разговорите нема „случајни
слушатели", економичност и лесна контрола на трошокот, простор за креативност и себеискажување, како и уникатна социјално-комуникативна позиција во која комуникаторот може да се артикулира повнимателно и да се постави во ситуации кои останатите (побрзи и директни) ситуации на посредно или „лице во лице" комуницирање не му дозволуваат. Тоа е највоочливо во романтичните смс преписки во кои корисниците се чувствуваат похрабри да упатат порака кон оние кои се предмет или причина за нивните романтични желби и чувства. Медиумите бргу се адаптираат и вака оформените навики на корисниците ги експлоатираат нудејќи им различни ТВ и радио сервиси, кои покрај романтичните контакти им нудат цела низа од смс-услуги од најнови вести, спортски резултати, хороскопи до можности за донирање преку СМС. Исто така, СМС-от може да биде практичен и корисниците да ги поштеди од низа формални и традиционални комуникативни пракси (поздравување, формален вовед во разговорот, формално прашање од типот како си и слично), а комуникацијата да ја сведе на суштината на пораката (дали ќе дојдеш?).
СМС-от најмногу се практикува од корисниците на возраст под 20 години. Во однос на родовата диференцијација, истражувањата индицираат дека покрај тинејџерите, жените исто така се понаклонети кон користење на смс-медиумот. Покрај релативната економичност и дискретност, СМС-от за тинејџерите е погоден медиум за разновидна емотивна комуникација. Тој им нуди различни можности и нови ситуации во кои можат да комуницираат со пријателите и останатите блиски (Окѕтап и Тигиатеп 2004: 325-326). Кратењето на зборовите (исто така, речникот е поедноставен, придавките и прилозите главно се одбегнуваат, реченицата е редуцирана, не се користат долги, компликувани и двосмислени зборови), креативните конструкции, симболичкиот и сликовит метафоричен јазик, „техно-речникот" со голем број англицизми, постапно се развиваат во нов „смс-жаргон" кој помладите го доживуваат како битен дел од нивната самостојност и индивидуализација од постарите, но и дистанцирање од светот на децата.
Веќе споменатите разновидни можности за употреба на смс-комуникацијата може да ги илсутрираме со се почестото користење на смс пораките за организирање на протести и координирање на поголеми групи цивили (Мајегѕоп 2003: 9-10). Она што е радио-комуникацијата за војската или полицијата тоа е смс-от и мобилниот за цивилите. Масовните анти-глобалистички протести, штрајковите на работниците како и акциите на „Гринпис" се потпираат на анонимно користење на смс-от за да се соберат самите групи, да се прошири гласот за протестите, како и да се координираат нивните движења.
СМС-от е често употребуван и како медиум за забава, размена на хумористични пораки, како и за препраќање на други видови пораки со забавна содржина.

Нови „подвижни" идентитети


Поголем број студии покажува дека ефектот на мобилните телефони и мобилната комуникација врз навиките и оформувањето на идентитетот се поинтензивни кај помладите корисници. Притисокот на средината за користење на мобилниот телефон, кај помладите исто така е поизразен (Коѕѕ, 2001). За нив мобилниот телефон е далеку најважно комуникациско средство (Окѕтап и
Тигиатеп 2004: 335) заради повеќе причини од кои се издвојуваат следните две: (а) прво, телефонот им овозможува оформување и проширување на нивниот социјален простор со оформување на комуникациски мрежи со своите пријатели и блиски без многу рестрикции и по нивен слободе избор, (б) втората позначајна причина е осамостојувањето од родителите и постарите преку користење на приватноста во комуницирањето која мобилниот ја овозможува. За разлика од домашниот фиксен телефон кој помалку или повеќе е контролиран од родителите, мобилниот нуди потполна осамостоеност на тинејџерот во однос на тоа со кого и кога ќе комуницира. Во ситуации кога е за него/неа е непосакувано разговорот да биде слушнат од постарите, тогаш следното средство за нивната дискреција е „тивкиот" СМС (шМ. 335-336). Иако родителите најчесто ги опскрбуваат со мобилен телефон заради безбедност и полесна достапност, помладите во користењето на мобилниот телефон сепак гледаат можност за поголема самостојност во комуницирањето со своите пријатели и останати блиски. Така, тие користењето на „мобилката" го доживуваат како нов начин на „оформување на својот социјален идентитет" (шМ. 335). Токму на оваа линија на различно толкување на употребата на мобилниот телефон се јавува отпорот на помладите кон родителската грижа која тие најчесто ја доживуваат негативно и ја толкуваат како обид за зголемен надзор (шМ.). Во секој случај, младите ја сфаќаат употребата на мобилниот телефон како либерализирачка постапка и начин за послободно комуницирање во рамките на своите комуникативни и социјални мрежи. Како што наведува Давид Морли (БауМ Мог1еу), мобилниот телефон станува „примарно технолошко средство за оформување на приватноста" (т.е. рпуаигтд гесппо1о§у, раг ехеПепсв) (Морли цитиран во Уи 2004: 32).
Во едно од разгледаните истражувања (РЕ\У 1п1егпе1 Ргојес! 2006: 3-4) се наведуваат и други причини за поинаквото искуство на тинејџерите во однос на возрасните корисници: „Тие се понаклонети кон спонтани повици кога имаат слободно време за трошење, почесто одбегнуваат да кажат каде се наоѓаат кога се прашани за тоа преку мобилен телефон и подлабоко ги доживуваат промените кои користењето на мобилниот ги носи". Кај нив преовладува тенденцијата поинтензивно да го поврзуваат сопствениот идентитет и социјалната позиционираност со активностите овозможени или посредувани од мобилните телефони. Изборите кои тие ги прават (во моделот на телефонот, неговиот изглед, бројот на контакти, изборните опции за ѕвонењето, дисплејот и слично) младите корисници се самоприкажуваат во својата средина давајќи му симболичко (и лично) значење на она што го одбрале (Окѕтап и Тигиатеп 2004: 333).

За просечниот јапонски тинејџер, мобилниот телефон е нешто без што не се може. Освен основната функција јавување, мобилниот телефон се користи за испраќање пораки на електронска пошта, за фотографирање и водење евиденција на настаните. Но, по куса прошетка во елитниот токиски кварт Шибуја, лесно може да се заклучи дека мобилните телефони во Јапонија станале и важен показател на идентитетот на неговиот корисник со дополнителните елементи како (што се) украсните врвци, фотоналепниците и лажните скапоцени камења, кои се одраз на личноста. Модните додатоци за
мобилните телефони се претвориле во голем бизнис во Јапониј а, каде што дури и возрасните имаат барем по една украсна врвца што им виси од мобилниот телефон.
(Дневник, 18.03.2006)

Ваквите трендови с# повеќе стануваат глобални и општи и не можат да се локализираат во рамки на само една заедница или културна средина. При оформувањето на новата „мобилна култура" има изразени знаци на универзалност и изоморфност (види во Окѕтап и Тигиатеп 2004: 335-336). Силната и разновидна продукција и достапноста на т.н. „сиѕиогшге" (прилагодувачки) опции на телефонот, ринг-тоновите, дисплејот, колор-темите, опциите на камерите на телефонот, маската и така натаму, го наведуваат корисникот преку интензивно инволвирање во процесот на бирање да се идентификува со овие избори и тоа својот идентитет потесно да го поврзува токму со нив. На тој начин тој/таа ја префрла или проектира својата посебност и ја сведува сопствената индивидуалност пред другите на ваквиот избор од однапред понудени опции кај производите, во овој случај во индустријата на мобилни телефони и услугите поврзани со нив. Поврзувањето на мобилниот телфон со социјалната слика за себеси, а не практичноста и употребите што телефонот ги нуди, се толкува како главна причина за наглиот раст на бројот на корисници под 20 години, како на глобален, така и на локален план.

Според социолозите и педагозите тоа што учениците во основните училишта с# почесто носат мобилни телефони, колку што е потреба, толку е и симбол за статусен престиж...Речиси половина од корисниците на мобилни телефони во Македонија се деца и тинејџери. Според некои анализи за домашниот пазар, околу 45 отсто од корисниците на мобилни телефони во Македонија се на возраст под 21 година. Оти младите се целна група на мобилните оператори покажува и податокот дека мобилните телефони почнаа да ѕвонат и во основните училишта... Мобилниот телефон предизвикува одбивност, првин кај оние деца што немаат мобилка, потоа кај оние наставници кои сакаат но не можат да си го дозволат себеси или на своите деца, како и кај родителите кои не можат да ги исполнат овие желби на своите деца. Посебно што мобилниот телфон претставува статусен симбол...како што се „Најк" патиките, гардеробата „Дизел" или „Фард" што претставуваат престиж, статусен симбол.

(Вест, \\\)

Денес, особено популарно станува прилагодувањето на ѕвонењето на мобилниот телефон, односно изборот на ринг-тонот, во рамки на вкусот и стилот на корисникот. Можностите за бирање кои им се нудат на корисниците се огромни, а појавата има извонредна динамика здобивајќи се дури со статус на нова индустрија (Оортат 2005: \У\У\У).
Иако е тоа најочигледно кај помладите корисници, сепак може да се каже дека разгледаните појави с# помалку се ограничени од возраста на корисникот. Трендовите во оваа сфера с# повеќе се прошируваат од младите кон средовечните корисници (Уи 2004: 32). За овој нов вид „конзумеристички индивидуализам" (шМ.: 33) важи правилото дека „јас сум она што бирам и купувам" и во рамките на тој процес поединецот се оформува како посебен социјален ентитет. Хаикинг Ју (На1дшп§ Уи) нив ги нарекува „мобилни граѓани" (тошгепѕ) (Уи 2004: 33). Ваквите промени во оформувањето на социјалните мрежи и на индивидууите како јазли на тие мрежи можат да се толкуваат на различни начини. Сепак, како и обично, во средините кои се наоѓаат под најголем притисок за брзи промени на своите културни вредности и социјални пракси доминира скептичкиот и критичкиот пристап. Скештицизмот најчесто се артикулира во стравот дека мобилниот телефон постапно станува она што Маршал Меклуан (МсГлдПап 1964) го нарекува „електронска протеза", на идентитетот и субјективитетот од која тие стануваат зависни и неразделни:

Корисниците на мобилни телефони можат да почувствуваат стрес и анксиозност доколку се одвоени од својот мобилен телефон подолг период, покажале резултатите од истражување во Велика Британија. Деведесет проценти од испитаниците изјавиле дека не можат да се воздржат а да не го користат својот телефон барем еднаш во еден час. Четири од пет лица изјавиле дека се чувствуваат неудобно ако телефонот не им е при рака подолго време, а 84 проценти од нив не дозволуваат никогаш тој да им е надвор од видно поле...Луѓето почнуваат да го набљудуваат својот мобилен телефон како човечко битие бидејќи (тој) симболизира контакт, пријателство и внимание.
(1ШУ1ш.сот.тк)

Во ваквата игра на бирање всушност се ретардира субјектот, барем така како што тој е разбран во класична просветителска и философска смисла (види Мајегѕоп 2003: 23-29). Тој во ваков контекст не е заокружена целина и самосвесна единка со свои посебни идеи и чувство на егзистенацијален идентитет, туку е еден вид ситуациона и променлива еластична целина која се реализира како локус или место на пресек на желби, потреби и имагинација на единката потрошувач. Само низ процесот на потрошување, додека самиот е сконцентриран и посветен на значењето на изборите кои ги прави, тој се оформува како нов вид на субјект во мрежите на комуницирање. Мобилниот телефон ја разградува традиционалната структура на секојдневниот живот и ја прави поеластична (Коротаа 2000, \У\У\У). Непосредната иднина, на индивидуално ниво, во ваков контекст станува потенцијалност од серија на отворени можности, од кои преку избор на поединецот се оформува конкретното искуство. Фиксираноста и предодреденоста пак бледнеат. Ако до сега јавниот простор го отсликуваат поимите како плоштад, кафуле, ресторан, стадион и слично, мобилниот телефон ја поместува таа структура и ја воведува неодреденоста како доминантен принцип и во оваа сфера. Општеството постапно се трансформира во целосно индивидуалтистичко вмрежено општество.

Библиографија:

Анастасиу, А (2006) „Атински безжичен триаголник", Форум плус, 11.02.2006, стр.
46.

Саѕ1е11ѕ, М (1996): ТИе ЈпјогшаИоп Аде I. ТИе Шѕе о/КеРмогкЅосѓе1у, В1аск\уе11.

Сеггопе, Е (2005) „МоН11е РПопе ТЈѕегѕ" [опНпе] достапно на \у\у\у.арег.ас.ик/теС1а/ЅгшСеп1ѕ/е1с0201.Сос, пристапено на 25.03.2006).

СПапсПег, Б (\У\У\У) „ГЈѕ1п§ те Те1ерПопе", [опНпе] достапно на: П11р://\у\у\у.арег.ас.и1к/теша/Роситеп1ѕ/ѕПогг/рПопе.Пггш, [пристапено на 17.01.2006).

Дневник (18.03.2006) „Модните додатоци на мобилните - показател на личноста" [оште] достапно на: ПЦр://217.16.70.236/?рВгој=2643&ѕгГО=45963 (пристапено на 25.03.2006).

ОортаЉ, Ѕ (2005) "Шпдгопеѕ, ог Ље Аишгогу Го§1с оѓ 01оНаН2аНоп", [опНпе] достапно на: Пггр://\у\у\у.Г1гѕгтопСау.ог§/1ѕѕиеѕ/1ѕѕие10_12/§ор1пагП/1пСех.Пгт1 [пристапено на 08.01.2006).

1шу1ш.сот.тк (\У\У\У), „Мобилниот телефон предизвикува зависност" [оп11пе] достапно на:
ПЦр://\\\.1С1у1С1.сот.тк/2Сгаује/МеС1с1па/337852/1пСех.П1т1 [пристапено на 27.01.2006).

Коротаа, Т (2000) "Ѕреакт§ МоНПе: Тке Сѓ1у т уоиг Роскег", [опНпе] достапно на: ПЦр://\\\.1кк.Ѓ1/Укѕ1ко1/УТК/ји1ка1ѕи/тоН11е.П1т1 [пристапено на 10.01.2006).


Мајегѕоп, Бг (2003) НајЛедег, Набегшаѕ I шоШпѓ 1е1ејоп3 ЕѕоЉепа, ВеодгаС.

МсГиПап, М (1964) ХЈп&егѕШпаЧпдМеаЧа -ТИе Ех1епѕ1опѕ ојМап, КоииеС§е, ГопСоп апС №\у Уогк.

Ра1еп, \, Ѕа12тап, М Уоип§ѕ, Е (2000) „Оо1п§ \У1ге1еѕѕ: ВеПау1ог апС Ргасг1се оѓ №\у МоН11е рПопе ТЈѕегѕ", СЅ\У'00, РНПаСфМа, РА, АСМ.

РЕ\У 1п1егпе1 Ргојесг (2006) "Се11 РНопе ТЈѕе", РЕ\У 1п1егпе1 & Атег1сап Пѓе Ргојесг, Аѕѕос1агеС Ргеѕѕ.

Коѕѕ, Ј.Р. (2001) "РоѕгтоСегшгу апС МоННе Соттишсагшп" ", [опНпе] достапно на: ПЦр://\\\.уа1г.Пе1ѕ1пк1.Г1/ѕгаГГ/јргооѕ/шо5Ие2аг1оп.Пгт1, [пристапено на 17.01.2006).
Окѕтап, V, ТигНатеп, Ј (2004) "МоНПе СоттишсаНоп аѕ Ѕос1а1 Ѕга§е", №\у Меша & Ѕос1егу, ЅАОЕ риННсаНопѕ Уо1 6 (3), стр. 319-339.

Утрински весник (2005) „Во европските земји бројот на претплатниците на мобилни телефони се изедначува со бројот на жителите" [опНпе] достапно на: штр://217.16.70.245/?рНгој=1807&ѕг1Б=38253&рК=6 (пристапено на 15.01.2006).

Утрински весник (2005) „Мобилните телефони имаат потенцијал да предизвикуваат штета од далечина, мобилните активираат експлозии од далечина" [опНпе] достапно на: кгго://217.16.70.245/?рВгој=1830&ѕг1Р=39877&рК=6 (пристапено на 20.01.2006).

Вест (27.01.06) „Судбоносно 'да' преку мобилен" [опНпе] достапно на: НЦр://\\\.уеѕ1.сот.тк/Сеѓаи1г.аѕр?1С=99964&гиНг1ка=Ка1е1Соѕкор&1С§=6&1СН=1507 [пристапено на 16.01.2006).

Вест (6.02.2005) „Во Холандија има повеќе мобилки отколку жители" [опНпе] достапно на:
НЦр://\\\.уеѕ1.сот.тк/СеГаи1г.аѕр?1С=98128&гиНг1ка=Ка1е1Соѕкор&1С§=5&1СН=1479 [пристапено на 15.01.2006).

Вест ( 27.01.06) „Тарзан во судница" [опНпе] достапно на:
НЦр://\\\.уеѕг.сот.тк/Сеѓаи1г.аѕр?1С=111712&гиНг1ка=Сгпа+Нгоп1ка&1С§=6&1СН=1 686 [пристапено на 16.01.2006).

Вест (\У\У\У) „Мобилките - играчка за статусен престиж меѓу основците" [опНпе] достапно на:
НЦр://\\\.уеѕг.сот.тк/СеГаи1г.аѕр?1С=54751&1С§&1СН=744&гиНг1ка=Кеујја [пристапено на 16.01.2006).

Вест ( 30.04.05) „Сликата на мобилката му го спасила животот"[опНпе] достапно на:
НЦр://\\\.уеѕГсот.тк/СеГаи1г.аѕр?1С=96308&гиНг1ка=Ка1е1Соѕкор&1С§=5&1СН=1453 [пристапено на 20.05.2006).
Вест (15,03,05) „Од радост за мобилниот лажно пријавувал пожари" [оп11пе] достапно на:
НЦр://\\\.уеѕГсот.тк/СеГаи1г.аѕр?1С=93421&гиНг1ка=Ка1е1Соѕкор&1С§=5&1СН=1413 [пристапено на 20.05.2006).

Уи, Н (2004) "ТНе Ро\уег оѓ 1китНѕ: ТНе РоННсѕ оѓ ЅМЅ т ИгНап СН1па", ОгаСиа1е Јоигпа1 оГ Аѕ1а-Рас1Г1с ЅгиС1еѕ, стр. 30-43.

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD