ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - БАНКАРСТВО
 

Банкарскиот систем на Република Македонија


Во оваа семинарска работа најнапред ќе биде разгледан Банкарскиот систем на Република Македонија како дел од економскиот систем на земјата. Реформите кои се направени се со цел да се постигне либерализација во работењето на банките, како и воведување нови финансиски инструменти, зајакнување на конкуренцијата на банките, поцврста супервизорска контрола изградена по меѓународни стандарди, како и доизградување на системот мерки за неправилности во работењето.
Исто така цел на оваа семинарска работа е да се анализира работењето на Стопанска банка АД Скопје, како и нејзиното функционирање во склоп на Банкарскиот систем на Република Македонија. Најпрво ќе дадеме осврт на општите карактеристики за банката, за историјатот на банката, нејзините принципи на работење, финансиските активности на Стопанска банка АД Скопје, како и низа други банкарски работи кои ги извршува за сметка на своите клиенти, се со цел да им излезе во пресрет при задоволување на сите нивни потреби.


1. РЕФОРМИ ВО БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Финансискиот систем на Република Македонија го сочинуваат:
1. Народната Банка која уште се нарекува и "банка на банките"
2. Банкарски институции:
• Банки
• Штедилници
3. Небанкарски институции
• Комисија за хартии од вредност (регулаторно тело)
• Централен депозитар на хартии од вредност
• Македонска берза на долгорочни хартии од вредност
• Фонд за осигурување на депозитите (штедните влогови)
• Пазар на пари и кракорочни хартии од вредност
• Инвестициони фондови, ПИОМ, други пензиски фондови, ФЗО
• Осигурителни друштва
• Клириншка куќа.
Банкарскиот систем на Р. Македонија како дел од економскиот систем, го прати неговото реформирање:
• Во административниот систем банкарскиот систем претставува дел од државната администрација (државната каса);
• Во смоуправниот систем се вршени повеќе реформи, дошло до осмостојување на банките, нобанкарството никогаш не станало вистински пазарно - ориентирана дејност ;
• По 1990 година реформирањето на банкарството во Македонија се овива во правец на негово поставување на стандардни принципи на банкарско работење кои се применуваат во други држави.
Со новите законски решенија од 2002 година се настојува да се постигне либерализација на работењето на банките воведување нови финансиски инструменти, зајакнување на конкуренцијата меѓу банките, поцврста супервизорска контрола по меѓународни стандарди, како и доизградување на системот мерки за неправилности во работењето.

2. ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Основна одредба на законодавството е дека банката претставува правно лице, самостоен пазарен субјект чија основна дејност е прибирање на депозити и нивно целосно или делумно пласирање во кредити и други ивестиции за нејзина сметка. Централната банка скоро секаде го контролира основањето и работењето на комерцијалните банки. Условите кои ги контрола НБРМ се:
• За основање на банка потребна е дозвола од НБРМ.
• Потребно е да се обезбеди основачки капитал за вршење на банкарски работи во државата, ако и за вршење банкарски работи во платниот промет со странство.
• Треба да се одржат соодносите непаричен/паричен облик на капитал, висината на влог на одделен акционер, висина на имотот и итн.
• НБРМ (гувернерот) дава согласност за измена на статутот на банките, за именување директор, за отворање филијала на банката, за купување акции од друга банака, за менување на назив, за основање брокерска куќа.
• НБРМ треба да биде известена за зголемување на капиталот на банката, за промена на сопственичката структура, за задоженоста, промена на седиштето и итн.


2.1. Основни принципи на банкарското работење

Поради потребата за гарантирање на сигурноста, со закон се пропишани оврските кои ги има секоја банка. Најнапред треба да се потенцира дека гарантниот капитал се утврдува со посебна методологија на НБРМ, кој ги опфаќа уплатените парични средства и резервите обезбедени од добивката. Средстварта на резервите на банката претставуваат сопствени средства кои служат за покривање на загубите и ризиците од работењето, овие средства се формираат од добивката, а исто така се издвојува и посебна резерва. Исто така како оврска на банката, таа е должна да ја одржува својата солвентност (способност да се извршуваат рапотите на долг рок) и ликвидност ( способност во секој момент (краток рок) и да се покријат оврските кои пристигнуваат).
Сигурноста всушност се цени од аспект на можноста за враќање на пласираните средства со претходно договорена каматна стапка. Еден од посериозните проблеми кои постојат во Република Македонија се несигурните пласмани (лоша актива), која изнесува дури до 40% од пласманите, поради што е формирана и посебна Агенција за санација на банките, исто така утврдени се посебни мерки и институции против "перење пари" , а како битен аспект треба да се издвои рентабилноста на банките. Како еден од основните принципи во работењето на баките е чувањето на деловната тајна, односно лицата со посебни права и одговорности, вработените во банката и други лица на кои им е овозможен пристап во работењето на банката несмеат да ги откријат податоците и информациите кои се со закон и со статут и други активнсти на банката утврдени како деловна тајна на банката.


2.2. Органи на управување со банките

Како највисок орган на управување се јавува Собранието на банката, кое го сочинуваат акционерите или нивни претставници кои имаат право на глас и сето тоа во зависност од бројот на обичните акции кои ги поседуваат. Собранието понатаму го избира Управниот одбор на банката што го сочинуваат најмалку пет, а најмногу девет членови, при што мнозинството од членовите на Управниот одбор не смеат да бидат од редот на вработените лица во банката. Понатаму задачата на Управниот одбор е да избере Работоводен орган (директор) кој според законот се состои најмалку од две лица – двајца директори, за кои дава Гувернерот на Народна Банка и кои се подеднакво одговорни за работењето и обврските на банката. Според стандардите на ЕУ посебно важна улога во работењето на банките имаат: одборот за раководење со ризик, одбор за ревизија, како и внатрешна ревизија, кои дејствуваат покрај супервизијата на НБРМ.


3. СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

Стопанска банка АД - Скопје е избрана за најдобра банка во Македонија за 2008 година од страна на британскиот финансиски магазин EUROMONEY. Наградите за најдобрите од банкарскиот сектор се базираат на постигнувања врз основа на севкупни перформанси, извинредни услуги кон клиентите, иновативни производи, примена на врвни стандарди на корпоративно управување и лидерство во финансискиот сектор.
Посебно се цени фактот што Стопанска банка АД - Скопје ја заврши 2007 година со добивка пред оданочување од ЕУР 19,6 милиони, што е за 53,4% повеќе од предходната година. Со ова успеа да оствари над 24% поврат на просечен капитал и 2,5% поврат на просечни средства. Стопанска банка АД - Скопје опслужува повеќе од половина од населението во земјата что ја прави финансиски партнер на секое семејство во земјата.
Ова престижно признание, Стопанска банка АД - Скопје го добива по втор пат, откако во 2007 година исто така беше прогласена за најдобра банка во Македонија од страна на EUROMANEY.
Наградата од EUROMANEY, која беше доделена на свеченоста одржана во Виена 01 Јули, за менаџерскиот тим на Стопанска банка АД - Скопје заслужно признание за доброто работење и вложениот труд за задоволување на потребите на клиентите, но претставува и особен предизвик за континуирана примена на Европските вредности и стандарди во работењето.
Успешниот тим на Стопанска банка АД - Скопје продолжува да работи на страната на клиентите на задоволување на финансиските потреби како најсигурен партнер остварувањето на нивните желби, замисли и планови.

3.1. Историја на банката

Во декември 2004 год. Стопанска банка АД Скопје прослави шеесет години од своето работење. Стопанска банка АД Скопје е најстара и по многу критериуми најголема банка во Република Македонија, основана со Решение на Второто вонредно заседание на АСНОМ на 29.12.1944 година под името Македонска Стопанска банка. Почнувајќи од далечната 1944 година, во услови на опустошена, воено разорана и аграрно заостаната земја Македонска Стопанска банка израсна во модерна банка од универзален тип. Во изминатите неколку децении Стопанска банка даде крупен придонес во економскиот развој и банкарството во земјата. Речиси секој изграден капацитет, реконструкција и модернизација во земјата беа подржани со кредитни средства од Стопанска банка. Затоа Стопанска банка е насекаде препознатлива - во фабричките хали, станбените и административни згради, на полињата каде се каласи житото и раѓа лебот, на полињата каде се одгледува тутунот, на лозовите насади во винарските визби, овоштарниците, оранжериите, преработувачките капацитети низ кои се финализираат плодовите на ова питомо и благородно поднебје.
Од Стопанска банка израснаа повеќе деловни банки, а кадарот дава придонес во целото банкарство во земјата. Во шестдецениското опстојување Стопанска банка АД Скопје минуваше низ многу реформи и транзиции и секогаш го јакнеше угледот и довербата во земјата и светот. Денес Стопанска банка АД Скопје функционира како акционерско друштво со кое управуваат акционерите на банката. На почетокот на новиот милениум Стопанска банка АД Скопје целосно е приватизирана со инвестирање на реномирани странски стратешки инвеститири и тоа : Национална банка на Грција (НБГ), европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Со реализацијата на проектот за приватизација, кој значи нова фаза во развојот, Стопанска банка АД Скопје го задржа своето име, правниот идентитет и континуитет во банкарските активности, а со новата реорганизација и преструктуирање ќе се трансформира во современа банка која ќе одговори на новите предизвици и барања на пазарната економија и регионалната соработка пошироко. Стопанска банка АД Скопје била и ќе остане носител на прогресивните движења во економскиот сектор и банкарството.

3.2. Финансиски активности

Стопанска банка АД Скопје согласно со дозволата за основање и работење издадена од страна на гувернерот на НБРМ во моментов ги извршува следниве финансиски активности:
1. Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
2. Кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
3. Кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции.
4. Издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меници).
5. Финансиски лизинг
6. Менувачки работи
7. Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи продажба на девизи
8. Брз транфер на пари
9. Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување
10. Изнајмување сефови, остава и депо
11. Тргување со инструменти на пазарот на пари (меници, чекови, сертификати за депозити)
12. Тргување со девизни средства, вклучувајќи и тргување со благородни метали
13. Тргување со хартии од вредност
14. Тргување со финансиски деривати
15. Управување со средства и портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на клиенти
16. Купопродажба, гарантирање и пласма на емисија на хартии од вредност
17. Посредување во продажба на полиси за осигурување
18. Посредување при склучување на договори за кредити и заем
19. Обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица
20. Економско - финанасиски консалтинг
21. Други финансиски услуги утврдени со закон што може да ги врши само банката.

3.3. Акционери на банката и корпоративно управување

Национална банка на Грција
» НБГ - најпрофитабилна банка во Грција во 2004 година
73,0%
Европска Банка за Обнова и Развој
» ЕБРД - најголем инвеститор во економиите во транзиција
10,8%
Меѓународна Финансиска Корпорација
» ИФЦ - во борба за подобрување на квалитетот на животот
10,8%
Останати акционери 5,4%
100,0%

Најголемиот акционер на Стопанска банка АД Скопје е најстарата комерцијална банка во Грција која управува со најголемата и најсилна групација во земјата. Националната банка на Грција (НБГ) е најстарата (основана во 1841 год.) и најголемата банка во Грција според вредноста на активата, кредитите и депозитите и е лидер во најголемиот дел банкарски активности. Таа е првата финансиска групација од Грција која успешно котира на Њујоршката берза - главниот пазар на капитал во светот.

НБГ групацијата е присутна на четири континенти, при што особено е изразено нејзиното присуство на Балканот каде што ги нуди своите услуги на пазар од 60 милиони жители.
ЕБРД - најголем инвеститор во економиите во транзиција. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) е основана во 1991 година со цел да го поддржи развојот на новиот приватен сектор во поранешните социјалиштички економии. Денес ЕБРД инвестира во 27 земји во Централна Европа и Централна Азија каде што ја поддржува изградбата на пазарна економија. ЕБРД е најголемиот инвеститор во овој регион од светот при што покрај своето учество, мобилизира средства и од приватни инвеститори. Банката е во сопственост на 60 земји и две меѓународни институции. Со своите инвестиции ЕБРД го подобрува деловното опкружување во земјите во кои е присутна.
ИФЦ - во борба за подобрување на квалитетот на животот. Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како членка на групацијата на Сведската Банка со седиште во Вашингтон ги промовира инвестициите во приватниот сектор во земјите во развој, како моќен инстумент за намалување на сиромаштијата и подобрување на квалитетот на животот. Основана во 1956 година, ИФЦ е најголемиот мултилатерален извор на финансирање на приватниот сектор во земјите во развој. Таа го промовира одржливиот развој на приватниот сектор главно преку : финансирање на проекти од приватниот сектор лоцирани во земјите во развој, помагање на приватните компании во земјите во развој да мобилизираат финансиски средтсва на меѓународните финансиски пазари, обезбедување на советодавна и техничка помош на бизнисите и на владите.
Корпоративното управување на Стопанска банка АД Скопје е следно.
Менаџмент и организациона структура
• Управен одбор
• Организациона шема
Тела на корпоративно управување
• Надзорен одбор
• Одбор за управување со ризици
• Одбор за ревизија.

3.4. Депозити

Домашни и странски физички лица (резиденти и нерезиденти) можат да вложат во Стопанска банка АД Скопје (СБ) парични средства како паричен депозит :
• МКД
• Конвертибилни странски валути

Видови парични депозити

Во филијалите на Стопанска банка АД Скопје можат да се отворат:
1. Депозити по видување и тоа денарски депозити по видување - тековна трансакциска сметка, денарски штеден влог и Пакет плус, како и девизни депозити по видување - девизен штеден влог - сметка, девизна тековна трансакциска сметка и девизна тековна сметка на физичко лице - пензионер.
2. Депозити орочени на одреден рок - денарски орочен депозит на 1,2,3,4- премиум, 6,12,24 и на 36 месеци, со месечна исплата на каматата со можност за преорочување на главницата, како и девизен орочен депозит со камата во девизи на 1,3 и на 6 месеци во следните валути: EUR, USD, CHF, AUD, CAD, GBP, со месечна исплата на каматата и со можност за преорочување на главницата, девизен орочен депозит со камата во девизи на 12,24,36,48 и на 60 месеци во сите валути од индикативната курсна листа на НБРМ, со месечна исплата на каматата и со можност за преорочување на главницата, девизен орочен депозит со камата во денари на 1,3,6,12 и на 24 месеци во валутите EUR, USD со месечна исплата на каматата и можност за препрочување на главницата, девизен орочен депозит Евробонус на 3 и на 6 месеци, во валутата EUR со антиципативно пресметување на каматата и со можност за преорочување на главницата, девизен орочен депозит Евробонус на 3 и на 6 месеци, во валута EUR со декурзивно пресметување на каматата со можност за преорочување на главницата.
Отворање на паричен депозит – во Стопанска банка АД Скопје се отвара паричен депозит по утврдување на идентитетот на лицето кое пристапува за отварање на паричен депозит, врз основа на :
1. За резиденти – се поднесува лична исправа (лична карта, пасош, возачка дозвола и лична карта за странско физичко лице издадена од Република Македонија) чие важење нее истечено.
2. За нерезиденти – се поднесува патна исправа во оригинал, заверен препис или заверена фотокопија.
3. За припадници на мировните мисии во Р.Македонија, меѓународните и хуманитарните организации и слични други организации се поднесува легитимација издадена од соодветна организација, која содржи фотографија од лицето.
4. За физички лица кои имаат двоен статус, односно кои во исто време поседуваат документ за постојан престој во Р. Македонија и документ за постојан престој во странство се поднесува документ за идентификација на резидент или за нерезидент.
5. За бегалци и раселени лица од други лица во Р. Македонија се поднесува картица за пријавено престојувалиште издадено од МВР.
Барање за отворање на паричен депозит се искажува усно пред надлежен работника на Стопанска банка АД Скопје или во отсуство на комитентот, со поднесување на писмено барање своерачно потпишано и заверено кај нотар, суд или дипломатско конзуларно преставништво, или друг надлежен орган, кон кое е приложена копија од документ за идентификација со фотографија и се наведени сите податоци неопходни за регистрација на комитент и за отворање на сметка. За отворање на депозит на малолетно лице (до навршување полнолетност од 18 години) барањето го искажува законскиот застапник или друго лице. За секој отворен депозит Стопанска банка АД Скопје на комитентот му издава договор, штедна книшка(ако паричниот депозит се отвара како штден влог) пластифицирана картица(ако паричниот депозит се отвара како денарска или девизна тековна трансакциска сметка или тековна трансакциска сметка на физичко лице – пензионер.
Давање полномошно на друго лице за располагање со средствата од депозитот – сопственикот на депозитот може вомоментот на отворање на депозитот или дополнително да даде полномошно на друго физичко лице (едно или повеќе) за располагање со средствата од депозитот во приодот на важење на договорот за депозитот:

• На шалтерите на Стопанска банка АД Скопје
• Кај нотар
• Дипломатско конзуларно преставништво на Р.Македонија во странство и кај друг надлежн орган.

Полномошно дадено надвор од Стопанска банка АД Скопје пред надлежни надворешни органи се поденесува во Стопанска банка АД Скопје во оригинал или во копија заверена кај нотар. Сопствникот на депозитот може да даде полномочно за неограничено располагање со средствата, ограничено располагање со средствата( на одреден износ, на одреден период или за располагање само со каматата и сл.), еднократно полномошно. Ополномоштеното лице нема право да бара Стопанска банка АД Скопје да ја затвори сметката на која се води депозитот, ниту да го пренесе неговото полномошно на друго лице. Сопственикот на депозитот може да одреди полномошното да се користи во периодот на важење на договорот за депозит се до повикувањето од страна на сопсвеникот на депозитот како и после смртта на сопственикот на депозитот доколку така сопсвеникот наведе во полномошното.
Тајност на податоците за депозит – податоците за депозит на физичко лице (број на сметка, вид на депозит, состојба на депозит) се деловна тајна на Стопанска банка АД Скопје. Податоците за депозитите на физички лица можат да се соопштат во следниве случаи:
• Ако сопственикот на депозитот и дал писмена соглсност на Стопанска банка АД Скопје за откривање на податоците
• На писмено барање или налог на надлежен суд
• По писмено барање на НБРМ за потребите на супервизијата или на друг орган овластен со закон
• Ако податоците се соопштуваат на Дирекцијата за спречување на перење на пари во согласност со закон.

Осигурување на депозити на физички лица – депозитите на физичките лица се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот за осигурување на депозити ги обештетува физичките лица во висина на 100% од депозитот на секое физичко лице во една банка до износ од денарска противвредност на 10.000 EUR и 90% од депозитот на секое физичко лице во една банка до износот од денарска противвредност помеѓу 10.000 и 20.000EUR , но не повеќе од денарска противвредност на 20.000 EUR. Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, под депозит се подразбираат вкупните депозити (денарски и девизни) што физичкото лице ги има во една банка. Во износот на обесштетувањето се пресматува главнината на депозитот зголемена за камата која за денарските депозити е во висина најмногу до важечката есконтна стапка на НБРМ, а за девизните депозити во висина најмногу до тримесечен ЕУРИБОР за соодветниот период, доколку во тој период важечката каматна стапка за соодветните депозити утврдена од страна на банката била над тримесечниот ЕУРИБОР. Девизните депозити се конвертираат во денари по стреден курс на НБРМ на денот на коечноста на одлуката на гувернерот на НБРМ. Обесштетувањето на девизните депозити се исплатува во денари.
Траен налог за плаќање – Резидент сопственик на депозит по видување, или ополномоштено лице со неограничено право на располагање со депозитот по видување, може да и даде налог на Стопанска банка АД – Скопје, таа во негово име да врши плаќање на одредена услуга во денари во земјата секој месец, од неговата сметка по видување на сметка на одедено правно лице на износ содржан во документ за плаќање, како и точно утврден износ како и на точно одреден ден во месецот. Со трајниот налог комитентот може да и даде налог на Стопанска банка АД Скопје, таа во негово име да врши пренос на средства на друга сметка ( пример за отплата на обврски по кредит одобрен од Стопанска банка АД Скопје). Стопанска банка АД Скопје нема обврска да го реализира трајниот налог ако на депозитната сметка на денот на плаќањето нема средства, или нема доволно средства на располагање.
Надоместоци – со тарифата на Стопанска банка АД Скопје се утврдени надоместоците кои ги плаќаат комитентите во работењето со денарските и девизните депозити на физички лица, резиденти и нерезиденти.

Пресметување на камата – Стопанска банка АД Скопје и плаќа камата на депозитите на физички лица, по видување и орочени, со примена на каматни стапки утвдени со Одлуката на КУАП. Камата се пресметува од денот на уплатата до денот на исплатата. Каматата се пресметува месечно и се исплаќа месечно освен за депозитите за кои е утврдено исплата на каматата по истек на рокот на орочување, ако е договорено декурзивно пресметување на каматата ( Евробонус , Премиум), или однапред, ако е договорено антиципативно пресметување и плаќање на каматата.

3.5. Кредити

Стопанска банка АД Скопје во текот на своето работење е препознатлива по широката лепеза на кредити и поволните каматни стапки која истата им ги нуди на своите клиенти.

Потрошувачки кредити

Стопанска банка АД Скопје со мотото " Остварете ги нештата што ги посакувата лесно и брзо во само неколку чекори" нуди различни видови потрошувачки кредити завизно од потребниот износ на кредит, за се она што им е потребно на клиентите.
Видови потрошувачки кредити:
• ОК – Отворен кредит
• Потрошувачки кредит до 300.000 денари
• Потрошувачки кредит до 30.000 EUR
• Наменски порошувачки кредит преку трговци
• Потрошувачки кредит за пензионери

Стамбени кредити

Мотото на Стопанска банка АД Скопје во врска со стамбените кредити е "Сонувате за себе и своето семејство, за ВАШ ДОМ. Сето тоа не доаѓа лесно но заедно можеме да го оствариме". Стопанска банка АД Скопје нуди најповолна можност за стамбен кредит и тоа:
• Најниски месечни рати
• Најниски каматни стапки
• Без учество / депозит
• Рок на отплата до 30 години


Автомобилски кредити

Стопанска банка АД Скопје исто така во својата широка лепеза на кредити нуди и најповолни автомобилски кредити со што им овозможува на своите клиенти да си ги остварат своите соништа. Стопанска банка АД Скопје нуди Автомобилски кредит со залог на возило, како наменски потрошувачки кредит.
Кредити, гаранции и акредитиви за големи компании
Краткорочен кредит – може да се одобри како посебен кредит или да биде вклучен во рамковниот лимит. Краткорочниот кредит е наменет за обртни средства, неговиот рок на важење изнесува до 12 месеци и може да се ододбри во следните валути: долари, евра, денари или други валути
Гаранции – на барање на своите клиенти Стопанска банка АД Скопје ги издава своите видови на гаранции во земјата и во странство, како: Чинидбени гаранции( лицитациони, гаранции за добро извршување, гаранции за добро извршување во гарантен период, за враќање на гарантен депозит, аванси и др.), Платежни гаранции ( по финансиски и комерцијални кредити, за други плаќања, за обезбедување долг во царинска постапка), Контра гаранции итн.
Акредитиви – банаката на барање на своите клиенти отвара акредитиви за плаќање во странство, како еден од најсигурните и најчесто употребувани и струменти во платниот промет со странство. Банката авизира примени извозни акредитиви на корисници во земјата и странство и врши пренос на применети извозни акредитиви на втор корисник по налог на посредникот.
Рамковен лимит – доколку се сака брзо и флексибилно финансирање кое ќе одговори на финансиските потреби тогаш овој производ е идеален за соодветните корисници. Рамковниот лимит се издава до одреден износ т.н лимит и за одреден временски период. Во рамките на овој производ може клиентите да користат краткорочни кредити, гаранции, акредитиви. Како основни карактеристики на рамковниот лимит е тоа што тој е наменет за поддршка на тековното работење, кредити, гаранции и акредитиви. Рокот на враќање е на револвинг принцип или со предходно договорена динамика на враќање за поединечните кредити. Валутите во кои што се одобрува можат да бидат долари, евра, денари или други валути.
Долгорочен или инвестиционен кредит – доколку се сака директно финансирање по најповолни услови за период подолг од 12 месеци, тогаш како најповолен производ се јавува долгорочниот кредит. Во случај на инвестиционен кредит потребно е да се достави и инвестициона програма (бизнис план) заедно со потребната документација. Карактеристики на овие видови кредити се тоа што тие се наменети за купување на опрема, изградба на објекти, финансирање на посебни проекти или репрограмирање на долгот на корисниците. Рокот на враќање на овие кредити е со предходно определени еднакви рати на отплата(месечни, тримесечни или полугодишни) и можност за користење на грејс период. Валутите во кои што се одобрува се долари, евра, денари или други валути.

Кредити, гаранции и акредитиви за средни и мали компании
Краткорочен кредит – банката ги финансира потребите за обртни средства на компанијата најдолго до 1 година, а износот на финансиската поддршка зависи од потребите на клиентот. Овие кредити најчесто се користат за купување на суровини, готови производи за продажба, за подготовка на извоз, за ликвидност и слично. Краткорочните кредити можат да гласат на денари, евра или друга валута.
Гаранции – на барање на своите клиенти Стопанска банка АД Скопје ги издава сите видови на гаранции во земјата и во странство, како: Чинидбени гаранции( лицитациони, гаранции за добро извршување, гаранции за добро извршување во гарантен период, за враќање на гарантен депозит, аванси и др.), Платежни гаранции ( по финансиски и комерцијални кредити, за други плаќања, за обезбедување долг во царинска постапка), Контра гаранции итн.
Акредитиви – банаката на барање на своите клиенти отвара акредитиви за плаќање во странство, како еден од најсигурните и најчесто употребувани и струменти во платниот промет со странство. Банката авизира примени извозни акредитиви на корисници во земјата и странство и врши пренос на применети извозни акредитиви на втор корисник по налог на посредникот.
Рамковен лимит – стандарден банкарски производ до одреден износ т.н лимит, кој е искажан во домашна или странска валута. Тој важи за одреден временски период во кој клиентот може да ги користи сите видови на банкарски производи. Со рамковниот лимит се олеснува процесот за одобрување и користење на средствата. Овој вид финансиска поддршка е најефтин и најбрз начин за користење на потребните средства. Може да гласи на денари, евра или друга валута.
Долгорочен или инвестиционен кредит – купувањето на опрема, изградбата на објекти или финансирањето на посебни проекти најчесто бара средства со период подолг од една година. Долгорочните или инвестиционите кредити најчесто се бараат врз основа на планирање на идните трошоци за предвидениот проект. Траењето на отплаата се определува во зависност од предвидените идни приходи како и времето на изведба на проектот. Честа практика е да се договори одреден грејс период – време кога не се отплаќа главнината на кредитот, туку само одредена камата. Дологорочните инвестициони кредити можат да гласат на денари, евра или друга валута.


3.6 Други активности

Платен промет во земјата
Стопанска банка АД Скопје во својата широка лепеза на производи и услуги нуди отварање и водење на сметки за обавување на сите денарски трансакции во домашниот платен промет. Со отварање на сметка Стопанска банка овозможува целокупна и квалитетна услуга во платниот промет, каде сите платни трансакции се извршуваат на брз, сигурен и ефикасен начин. Стопанска банка АД Скопје е носител на платниот промет во земјата и како дел од платниот систем на Р. Македонија, овозможува плаќањата на клиентите да се реализираат преку интерниот платен промет (плаќање меѓу учесниците во системот на Стопанска банка), екстерниот или т.н маѓубанакрски платен промет (плаќање помеѓу учесници кои припаѓаат на две банки ) кои се извршува преку два системи на порамнување и тоа:
• Систем за порамнување на Централна банка т.н МИПС (Македонски Интербанкарски Платен Систем) кој работи по бруто принцип во реално време
• Систем за порамнување на Клириншка куќа т.н КИПС (Клириншки Интербанкарски Систем), овие плаќања се извршни на крајот на пресметковниот циклус (на крај на денот)

Платен промет во странство
Со годишен промет од над 130.000 меѓународни платни чековни трансакции, Стопанска банка е водечка банка во националниот банкарски пазар во однос на меѓународните плаќања – пожелен партнер во Македонија за извршување на странски плаќања. Стопанска банка располага со софистициран компјутерски систем за ивршување on-line финансиски трансакции, развиен степен на комуникациска технологија и real-time евиденција. Исто така тука е и стручниот и искусен кадар обучен за брзо и квалитетно извршување на меѓународните плаќања и опслужување на комитентите. Стопанска банка има децентрализирано давање услуги и контакт со клиентите (филијали) и централизирано извршувањ на трансакциите кон странство (Централа).


Обука на вработените

Со превземањето на банката од стрнаа на НБГ, формирана е дирекција за обука и развој во склоп на Секторот за кадри, со што Стопанска банка АД Скопје е прва банка со таков вид на дејност. Примарна дејност на дирекцијата е одржување на семинари, презентации и специјализирани обуки со кои се врши професионално остручување на вработените. Од тековните семинари можат да се издвојат следните"Семинарот за работа со комитенти""Маркетинг и продажба""Менаџмент и лидерство" и др. Во досегашниов период се одржани над 200семинари низ кои се поминати околу 2000учесници, над 45.000 тренинг часови, што придонесува за видлив успех во делот на работата со комитентите а и во работата на вработените во целост.
Електронско банакрство е – Банк сервис
Е-Банк сервис е користење на банкарски услуги преку Интернет. Стопанска банка има изготвено сопствено програмско решение, преку WEB апликација (on-line) без посредство на трета страна. Преку WEB апликацијата Стопанска банка овозможува на брз и безбеден начин, по електронски пат, без доаѓање на шалтерите на Стопанска банка и без временско ограничување, на едноставен начин клиентите да ги извршат своите банкарски услуги. Со е- Банк сервисот се овозможува заштеда на време, пристап до сметките од своето работно место, дом, хотел, мобилен телефон, односно од било кое место каде што има пристап до Интернет, вршење на плаќања од работно место или дом, извршување на трансакции во реално време, можност за поврзување со финансиско – сметководствени програми, поуспешно управување со средствата, како и навремени информации за сите нови производи и услуги кои Стопанска банка ги воведува. Како корисници на е – Банк сервисот можат да се вклучат сите правни лица кои имаат отворено денарски и девизни сметки во Стопанска банка како и сите физички лица кои имаат денарски и девизни сметки во Стопанска банка.

Отварање на сметки на домашни правни лица во девизи
Домашните правни лица можат да отворат сметки во девизи во сите филијали на Стопанска банка АД Скопје со кои се покриени речиси сите градови низ Македонија. За отворање на сметки во девизи комитентот е потребно да ги достави следните документи:
• Извод од регистарот каде што се води евиденција за правните лица со седиште во Р.Македонија, не постар од 6месеци
• ЗП образец, во оригинална форма
• Оригинал од писмено овластување потпишано од застапникот по закон и лична исправа на лицето што се овластува.
Вака комплетираните документи можат да се достават во сите филијали на Стопанска банка АД Скопје.

Девизен пазар
Стопанска банка АД Скопје има овластување од НБРМ за вршење на работи на платен промет со странство и на кредитни работи со странство како и овластување за вршење на девизно – валутни работи во Р.Македонија. Како резултат на тоа, Стопанска банка АД Скопје врши купување и продавање на странски платежни средства на домашниот девизен пазар:
• Девизи
• Ефективни странски платежни средства
• Чекови кои гласат во странска валута и се наплатливи во странска валута
• Кредитни писма кои гласат во странска валута и се наплатливи во странска валута
• Други инструменти за палќање кои гласат во странска валута и се наплатливи во странска валута
Предмет на купупродажба на девизниот пазар се следните валути: EUR, USD, JPY, GBP, CHF, AUD, CAD, DKK, NOK, SEK. Купопродажбата на девизни срества Стопанска банка АД Скопје ја реализира со цел да ги задоволи потребите на своите клиенти. Купувањето и продавањето на девизи се врши по курс кој е секогаш во корелација со пазарните движења и цените на светските берзи. Формирањето на курсевите во Стопанска банка АД Скопје е регулирано од страна на Комисијата за уредување на цени на странски платежни средства.


ЗАКЛУЧОК


Од изработката на оваа семинарска работа видовме како функционира Банкарскиот систем на Република Македонија, како составен систем на економскиот систем на земјата. Потоа сите реформи кои се направени во Банкарскиот систем и кои овозможуваат за подобро функционирање на банките, изградбата на нови финасиски инструменти кои го подобруваат работењето на истите и им овозможува беспрекорно функционирање во денешните услови на динамично и конкурентско работење.
Во останиот дел од оваа семинарска работа е разгледано работењето и функционирањето на Стопанска банка АД Скопје, нејзините функции и задачи кои ги превзема со цел да ги задоволи потребите на своите клиенти, а воедно со тоа придонесува за подобрување на ефикасноста на функционирањето на Банкарскиот систем на Република Македонија, како составен дел од него.
Од претходно изнесеното може да се заклучи колкав е придонесот и значењето на Стопанска банка АД Скопје, која е една од најстарите и најголемите банки во земјата. Со своето реноме и добриот статус кој го поседува таа придонесува за поквалитетно и ефикасно задоволување на потребите на клиентите кои за неа претставуваат предизвик, кон кој таа со целосна подготвеност и најповолни услови успева да им излезе во пресрет.


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА


[1] http://www.zakonzabanki.com.mk

[2] http://www.stopanskabanka.com.mk

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD