Metod na ocenuvanje i vidovi (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Metod na ocenuvanje i vidovi (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет “Гоце Делчев” - Штип
Предмет: Статистички методи
Тема: Методи на оценување и видови методи
Семинарска изработка -
Изработил: Ментор:
Азра Чулевиќ 172057 проф. Трајан Дојчиновски
Симона Јосифовска 172036 асс. Оливер Филиповски
Стефанија Коколанска 171988
Декември 2011
Кратка содржина:
Статистичко оценување
Избор на оцена
Непристрасна оцена
Ефикасна оцена
Конзистентна оцена
Доволна оцена
Оцена на аритметичката средина на основната маса
Статистичко оценување
Во последните три децении на минатиот век дошло до мошне големо ширење на примената на статистиката во сите домени на истражувањето. Тоа предизвикало до брз развој на одделни статистички методи кои се развиле во посебни статистички теории. Таква е и теоријата на статистичкото оценување или скратено теорија на оценување. Во статистичката теорија и практика има голем број на проблеми кои се решаваат со примена на теоријата на статистичкото оценување. Така на пример стабилноста на производствениот процес е изразена со вариабилитетот на одредени параметри. Меѓутоа ние не сме во ситуација да во секој момент ги утврдиме вредностите на тие параметри и мораме врз основа на мерењата во одредени моменти да ја оцениме стабилноста на процесот во набљудуваниот период. На пример производителот на сијалици сака да го утврди векот на траење на своите производи. Врз основа на мерење на векот на траење да речеме кај 100 сијалици тој ќе дојде до одреден резултат. Така врз основа на овие 100 мерења ќе може да оцени просечниот век на траење, просечниот вариабилитет и слично, за целокупниот контингент на неговото производство. Тоа значи дека се работи за определени параметри на статистичката маса на голема или бесконечна популација кои што не ни се познати. Врз основа на одредени мерења на вредностите на белегот на примерокот ќе ги оценуваме непознатите параметри на популацијата. Генералниот проблем на статистичкото оценување може накратко да се формулира на следниов начин: врз основа на резултатите од мерењето на белегот Х во примерокот, треба да го оцениме распоредот на набљудуваниот белег за целата популација, а потоа од тој распоред да се изврши оценка на непознати параметри на популацијата. Теоријата на статистичкото оценување може да се подели во следните области:
Класична теорија на оценување
Bayes – ова теорија на оценување
Теорија на минимаксни оценки
Теорија на еквиваријантни оценки
Теорија на прифатливи оценки
Критериум за избор на оцена
Во постапката при статистичко оценување заклучокот за непознатите вредности на параметрите на популацијата го носиме врз основа на соодветните статистики на примерокот. Така на пример ја набљудуваме статистичката маса и белегот Х на таа маса. Со Θ (грчката буква тета) го означуваме непознатитот параметар на непозната маса. За да можеме да ја оцениме вредноста на непознатиот параметар ќе го набљудуваме простиот случаен примерок ( x1,x2,…,xn) избран од дадената популација. Воопшто земено оценката на параметарот може да биде некоја функција дефинирана на овој примерок како и формулта ô=f (x1,x2,…,xn)
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET