Konceptot - Odrzliv Razvoj na Turizmot (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Konceptot - Odrzliv Razvoj na Turizmot (makedonski)". Rad ima 29 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


СОДРЖИНА:
Вовед.......................................................................................................................... 2
Досегашен развој на туризмот....................................................................... 3
Туризмот како фактор на трансформација на животната средина.... 5
3. Концептот “одржлив развој”........................................................................ 8
Политики за одржлив развој........................................................ 11
Изработка на национална стратегија за одржлив развој....... 13
Концептот “одржлив развој на туризмот”.................................................. 15
Начела на одржливиот развој на туризмот............................... 19
Футуролошки погледи на туризмот.............................................................. 22
Политика за одржлив развој на туризмот во Република Македонија....25
Заклучок.................................................................................................................... 27
Користена литература............................................................................................ 29
ВОВЕД
Последните два-три века, човековиот вид живее во општествен систем во кој приматот го има материјалната благосостојба и максималното искористување на ресурсите. Економската перспектива на сите аспекти од човековото живеење го стави човекот во една антропоцентрична и доминантна позиција во однос на сè она што го опкружува. Сето тоа резултирало со уништување на животната средина.
Затоа, паралелно со индустријализацијата и модернизацијата, почна да се посветува внимание и на природната средина што го опкружува човекот и таквиот интерес кулминираше со зголемен интерес за екологијата, со енвајронментализмот во 60-тите и 70-тите години на дваесетиот век, а подоцна и со појавата на концептот “одржлив развој”.
Исконската вредност на одржливиот развој се крие во доследната имплементација на процесот на интегрална заштита на окружувањето во кое живее и делува човекот. Тоа значи свртување на нова страница во животот и делувањето на човекот, почеток на потполно нов општествен однос. Оваа нова апликативна филозофија треба да биде во функција на општиот и економскиот просперитет, но и на одржувањето на хармонијата во животната средина.
Суштината на овој концепт се крие во интеракцијата меѓу економскиот просперитет и хармонијата во животната средина, како и во високиот степен на меѓузависност и комплементарност на развојните политики и политиките за заштита на окружувањето, кои во потполност ги уважуваат законитостите на природата и на еколошките системи. Без оглед на сé поголемиот општествен притисок за натамошен брз развој и интензивен економски просперитет, концептот на одржлив развој му дава приоритет на квалитетот на животната средина и во прв план ја наметнува заштитата на екосистемите и рационалното користење на природните ресурси.
Ваквиот концепт на прифатлива одржливост во развојот на општеството бара да не се дозволи експлоатација на природните добра во димензии кои можат да ги влошат можностите за подобар живот. Концептот бара глобален однос кон заштитата на системите од кои зависи животот на Земјата, вклучувајќи ги тука: атмосферата, водните ресурси, почвата и сите живи организми. Во најголем број случаи, станува збор за универзални категории кои многу тешко се обновуваат и чии крајни граници на искористување, полека но сигурно, веќе се пречекоруваат.
Квалитетот на животната средина е од исклучителна важност за развојот на туризмот. Чистата природна средина и атрактивностите на просторот претставуваат есенцијални компоненти за развој на туризмот. Едноставно, без нив нема туризам.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET