Компаративна анализа на туристичката и економската пропаганда | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Компаративна анализа на туристичката и економската пропаганда". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Содржина:
Вовед
Историја на пропагандата
Што е пропаганда?
Цели на пропагандата и пропагандни техники
Економска пропаганда
Карактеристики, функции, принципи, и средства на економската пропаганда
Туристичка пропаганда
Видови, средства, и цели на туристичката пропаганда
Заклучок
Користена литература
Вовед:
Пропагандата е планско и систематско соопштување од страна на друштвата, преку одредени средства за своите производи и услуги заради запознавање, влијание и придобивање на што е можно повеке купувачи на услугите односно производите. Постојат повеке видови на пропаганда но во овој семинарски труд ке се задржиме на објаснување на карактеристиките на Економската пропаганда и Туристичката пропаганда, како и разликите помегу нив.
Историја на пропагандата
Терминот пропаганда доага од Заедницата за ширење на верата, мисионерската организација која била основана од папата во 1622 година. Пропагандистите ги истакнуваат елементите кои ја поддржуваат нивната позиција а ги намалуваат или исклучуваат оние кои не ги поддржуваат. Се користат погрешни изјави, дури и лаги за да се постигне саканиот ефект кај јавноста. Лобирање, рекламирање и мисионерските активности се форми на пропаганда, но терминот најмногу се користи во политичката арена. Пред 20-ти век сликите и пишаните медиуми, беа главните инструменти на пропагандата, радиото, теливизијата, филмот и интернетото подоцна се вклучија во нејзе. Авторитарните и Тоталитарните режими ја користат пропагандата за да ја добијат поддршката од населението. Во воено време пропагандата насочена од земјата кон сопственото цивилно население и воените сили може да го подигне моралот, пропагандата која цели на непријателот е еден елемент од психолошката војна.
Што е пропаганда?
Пропагандата претставува ширење на идеи, информации, учења и ставови преку медиумите на населението со цел да се претстават интересите на оние кои ги шират, односно застапуваат ваквите информации. При пропаганда најчесто не се работи за обезбедување на неутрални информации, туку на намерно искривени податоци, логички грешки, кои иако понекогаш се многу убедливи, немора да значи дека се точни. Пропагандата треба да се заснова на одредени принципи како на пример: вистинитост, објективност, лојалност, и економичност. Целта на информирањето е кај корисниците да се создаде убедување за целисходноста од купување на одреден производ или услуга кои се предмет на пропагандата и врз основа на тоа да се донесе одлука за тој производ или услуга. Значи пропагирањето има за задача не само да ги информира купувачите туку и да ги убедува. Ако се разгледа пропагандата на поширок план, може да се увиди декаваквата активност се концентрира на акумулирање моќ и практицирање наконтрола од страна на субјектите на пропагандната активност врз останатите општествени фактори и поединци. Контролата е полесно остварлива ако се потпирана општа подршка и континуирано приклучување на нови поединци кои ќе гибранат позициите и интересите на извршителите на пропагандната активност. Поимот на пропагандата не може целосно да сеизедначи со зборот „принуда“.Тој подразбира таква промена на свеста по која посакуваното однесување и дејствување вообичаено станува делумно доброволно,самоиницијативно или лесно поттикнувачко. Успешноста на секоја пропаганда семери и се оценува преку тоа колку е предизвикано посакуваното дејствување иоднесување на примателите. Од друга страна акумулираната моќ на субјектот напропагандата исто така е показател за успешноста на одредена пропагандна активност.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET