Deklaracija za transparentnost | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Deklaracija za transparentnost". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Принципи на имплементација на Декларацијата за Транспарентност – Нулта Корупција
Вовед
Во овој труд ќе се потрудиме да ги објасниме основните принципи за имплементација на декларацијата за Транспарентност- нулта корупција во Република Македонија, каде преку спроведување на активностите за имплементација на Декларацијата преку два проекти , првиот насловен како “Подобрување на корпоративното управување” за нулта толеранција на корупцијата во соработка со стопанската комора и сопствениците во Република Македонија каде што основната цел е да се поттикне борбата против корупцијата во приватниот и јавниот сектор. Крајната цел беше да се изготви Етички кодекс на основа на кои се изградени критериумите за корпоративно управување.Вториот проект кој е во тесна врска со првиот и е насловен како “Монториниг на имплементацијата на Декларацијата за нулта корупција се реализираше паралелено и беше посветен на следење на активностите на сите четири столба од Декларацијата. Голем број од преставници од Владата , јавниот и приватниот сектор, медиумите, граѓанскиот сектор, правосудството и универзитетите, законодавниот дом и политичките партии ги анализираа достигнувањата со цел дополнување на акциониот план за натамошна имплементација на Декларацијата.Препораките и конкретните активности се во согласност и се дополнуваат документите и ги усвоија Државната комисија за спречување на корупција и Владата.Ова е само уште една потврда во настојувањата да се постигне повисока цел “Нулта толеранција за корупција” како предуслов за владеење на правото и здрава економија.Една од основите за создавање на платформа за единството во борбата против корупцијата е да се работи на нејзината имплементација и да се создадат други значајни документи како што се етичките кодекси и кодексите за корпоративно однесување.
1. Декларација “0”Толеранција за корупција
Во Македонија е формирана нова невладина организација за борба против корупцијата или т.н. Нулта корупција. Потписниците на “0”Толеранција за корупција, констатираме дека и покрај постоечките промени во периодот на транзиција, одржлив развој, демократизација и владеењето на правото во Република Македонија се уште се загрозени од корупцијата. Целта на “0”Толеранција за корупција е стремеж кон надминување на корупцијата, достигнување на распространет општествен напредок и подигнување на националната компететивност со градење доверба меѓу членовите од јавниот, политичкиот, приватниот и граѓанското општество.Според донесената Декларација за нулта корупција основните начела се јасно и подеднакво образложени за сите четири столба со цел воспоставување на ефикасен систем за борба на корупцијата.Потписниците на Декларацијата ќе ги промовираат заложбите кои се изнесени во следниве точки на начин применлив за секторот што го преставуваат. Главните учесници на Декларацијата се групирани на следниот начин:
1.1 Јавен сектор
Улогата на Владата е да ги подржи напорите на јавниот и приватниот сектор во борбата против корупцијата. Активности за поддршка и борба со корупцијата во секој сектор а со тоа се зголемува транспарентноста.
- Подобрување на анти-корупциските механизми –Владата, ќе воспостави ефикасен систем на мерки против корупција како јакнење на транспарентоста во јавниот сектор, ќе примени на државна програма за превенција и репресија на корупцијата, ќе ги стимулира службите за контрола во институциите со цел ефикасно извршување на анти-корупциската политика, ќе обезбеди транспарентност во своето работење и ќе го мотивира граѓанското општество за поефикасно следење на овој процес.- Институционално подобрување – Владата, ќе треба да ги подржи и заштити лицата кои ќе откријат случај на корупција, ќе им го гарантира на граѓаните правото на пристап до информациите, ќе ја зајакне казнената политика во случаи на корупција и незаконско богатење, ќе промовира механизми за подобрување на примената на мерит системот во јавната администрација, ќе ја зголеми транспарентноста во финансиското работење на јавната админстрација и политичките партии, ќе ја подобри регулативата со цел намалување на можностите за злоупотреба на дискреционите права.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET