Video on demand (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Video on demand (makedonski)". Rad ima 23 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Семинарска работа по предметот
Компјутерски мрежи
Video-on-demand(Видео-на-барање) Содржина
Видео-на-барање(Video-on-demand)
1.Апстракт
Во оваа семинарска работа е опишана Video-on-Demand(VoD) или Видео на Барање услугата која денес е многу популарна и се нуди од кабелските и телекомуникациските оператори. Опишани се целокупната историја и развој на оваа услуга со текот на времето, како и начинот на работа во кабелската мрежа. Притоа е прикажана внатрешната архитектура на VoD во кабелската мрежа со имелементација на кеш, кеш стратегии и set-top приемници. Исто така опишани се и различните протоколи кои ги користи VoD сервисот во неговата имплементација заедно со нивните предности и недостатоци.
2.Вовед
Видео-на-барање или Video-on-demand (VoD) е многу барана услуга за медиумите и телкомуникациските провајдери. VoD им овозможува на претплатниците да ја изберат и погледаат било која програма од големиот медиумски каталог. Сепак, системите кои ја обезбедуваат оваа услуга во моментов бараат големи количини на централизирани податоци и значајно голем пропусен опсег. Хардверските барања се зголемуваат како што се зголемува медиумскиот каталог со програми, содржини и како што се зголемува бројот на претплатници. VoD претставува атрактивен сервис кој се очекува да привлече огромен број на претплатници, се разбира ако се спроведе и распредели правилно. Од друг страна, VoD услугата претставува предизвик поради потребата за складирање голем број на податоци, висок пропусен опсег, како и добро поврзување и распоредување на уредите. Овој предизвик станува се поголем како што бројот на претплатници и покриеност на околината стануваат се поголеми.
3.Историја на Video on demand сервисите
Од Септември 1994 година, услугата VOD била формирана од Кембриџ интерактивната пробна телевизија во Англија. Ова овозмозило пренос на видео и податоци до 250 домови и школи кои биле поврзани на Кембриџ кабловската мрежа. На почетокот брзината на пренос била 2 Mbit/s, последователно зголемувајки се до 25 Мbit/s. Содржината која се пренесувала била подржана од ВВС и Anglia television. Иако било технички успех, потешкотии околу пронаоѓање извори за содржината било главен проблем и проектот бил затворен во 1996.
Во 1998, Kingston Communications станува првата компанија во Велика Британија која ќе започне со целосно комерцијална VoD услуга и прва која ќе интегрира емитување на телевизија и пристап на интернет, преку еден set-top приемник употребувајќи IP пренесување преку ADSL. До 2001, Kingston Interactive TV достигнуваат 15,000 предплатници. Подоцна успеваат да привлечат 40,000 потрошувачи и токму тогаш се купени од Tiscali во 2006. Кабелските ТВ провајдери Telewest и NTL започнуваат да нудат VoD услуга во Англија во 2005, натпреварувајки се со традиционалниот ТВ дистрибутер BSkyB. BSkyB одговараат на конкуренцијата со тоа што понудиле Sky By broadband, услуга кој била достапна од 2006 и употребувала peer-to-peer пристап, со цел да овозможи голем капацитет за побрзо симнување на видеата. Наместо видеата да бидат симнувани од серверите на Sky, можеле да бидат симнати од повеке корисници кои веќе ги симнале тие видеа.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET