Кошарка (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Кошарка (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
МАРТ, 2012 ГОДИНА
КОШАРКАРСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА (ШТО Е КОШАРКА)
Вовед:
Во оваа проектна задача ќе стане збор за кошарката, кошаркарската терминологија, карактеристика на игра, историја на развој на самата кошарка, како и првиот терен на кој бил изигран првиот кошаркарски натпревар. Исто така можеме да кажеме дека развојот на Македонската кошарка во последниве години доживува голем напредок , каде ќе ги споменеме сите успеси во изминатите години, заклучно со последното четврто место кое го освоија Македонските кош аркари во Литванија на европско првенство.Важно кое мораме да го напоменеме е дека во Македонија има Мсакедонска машка и женска лига на кошарка, за која поеднинечно ќе напоменеме за составот, и нивните поважни резутати.
Кошарката преставува тимски спорт во кој пет играчи од два различни тима се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку тапкање и подавање на останатите членови на тимот.
Во 1891 , Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка . Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската Национална Кошаркарска Асоцијација . Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија , најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
До поен во кошарката се доаѓа преку фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат надвор од лакот 3 поени, а кошот од слободни фрлања носи по 1 поен. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.
Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање , додавање и водење , како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила , разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви , од кои најпознат е ударот хорок.
Историја
Првите правила, терен и игра
Првиот терен за кошарка.
Во почетокот на декември 1891 година, д-р Џејмс Нејсмит , канадски професор по физичка култура од универзитетот МекГил од Монтреал и инструктор во Вежбалното училиште YMCA (денес Спрингфилд Колеџ ), во Спрингфилд, Масачусетс , САД , барал енергична игра на затворено за да ги држи своите студенти зафатени и на одредено фитнес ниво за време на долгите зими во Нова Англија . По отфрлање на скоро сите идеи кои биле или премногу груби или слабо одговарале на околеностите во гимназиите , тој започнал со создавање на правилата на кошарката. Професорот прво закачил баскет со боја на праска на 3.05 метри односно 10 стапки. Во спротивност со модерните кошаркарски мрежи овој баскет со боја на праска го држел своето дно и топката морала повторно да се врати штом еднаш бил постигнат поен.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET