Siromaštija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Siromaštija (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО
Дистепрзирани студии во Битола и Струга
Семинарска работа
Предмет
Социологија на право
Тема
Сиромаштија
Изработил Ментор
Елена Момироска Доц. Д-р Александар Јовановски
Бр. Индекс 985/Б
Битола 2013/2014
Содржина
Поимот на сиромаштијата ...........................................................................................................3
Димензии на сиромаштијата ......................................................................................................6
Апсолутни димензии на сиромаштијата ........................................................................6
Релативни димензии на сиромаштијата ........................................................................7
Причини за сиромаштијата .........................................................................................................8
Полот и сиромаштијата ................................................................................................................9
Расизмот и сиромаштијата ........................................................................................................12
Сиромаштијата во Македонија .................................................................................................14
Користена литература ................................................................................................................17
Поим на сиромаштијата
Сиромаштијата е негирање на основните човекови права и нејзиното сузбивање треба да биде преокупација за сите општества. Неправдите, маргинализацијата, социјалното отуѓување, нееднаквоста, која сиромаштијата особено екстремната сиромаштија ги предизвикува, мора да бидат сузбиени, а економскиот напредок, социјалната правда и мирот мора да продолжат да се зацврстуваат. Екстремната сиромаштија денес погодува повеќе од 1,2 милијарди луѓе низ целиот свет. Борбата против сиромаштијата денес претставува еден од најгорчливите светски проблеми на денешницата. Овој проблем иако е најизразен во земјите од третиот свет, во Азија, Латинска Америка и Африка, се уште е присутен и во економски развиенитe делови од светот како САД и Европската унија.
Постојат повеќе дефиниции за сиромаштијата. Една од најинтересните дефинирања на сиромаштијата е од аспект на човековите права а наедно и најкомплицирана, бидејќи не претставува збир на статистички податоци, туку има сосема поинаква димензија во која клучната улога ја има конотацијата базирана од нешто. Првиот обид сиромаштијата да се дефинира од оваа гледна точка е направен од Отец Вресински, според која сиромаштијата е човечка особина окарактеризирана со константна или хронична лишеност од ресурси, способности, избори, сигурности и моќ неопходни за уживање адекватен стандард на живеење и други граѓански, културни, економски, политички и социјални права. Сиромаштијата има многу аспекти. Таа е еден од најбитните фактори што ги условуваат квалитетот на животот и навремената реализација на човековите права.
Според Гордон Маршал сиромаштијата е состојба во која недостигаат ресурси, обично материјални, но некогаш и културни.
Сиромаштијата има различни манифестации, вклучувајќи недостатоток на приходи и пpоизводни ресурси за обезбедување одржливи средства за живот, глад и неисхранетост, нарушено здравје, ограниченост или непостоење на пристап до образование и други основни услуги, зголемена чувствителност и смртност од болести, бездомништво и несоодветно домување, небезбедна околина и социјална дискриминација и ексклузија.
Децата кои израснале во сиромаштија во седумдесетите години постојано постигнувале полоши резултати на училиште, имале шест пати помала веројатност да продолжат со високо образование, еден и пол пати поголема веројатност да бидат невработени и зарабоувале десет проценти помалку во текот на нивниот живот за разлика од оние кои не искусиле сиромаштија.
Како што покажуваат овие цитати, сиромаштијата се сфаќа како проблем и на национално и на итернационално ниво. Тоа е проблем во кој не се работи само за парите туку и за широк спектар форми на лишување и ексклузија, и тоа има влијание врз нас не само сега туку и потенцијално и во текот на целиот наш живот. Постојат многу дебати и несогласувања и помеѓу научниците и креаторите на политиката за тоа како да се дефинира и мери сиромаштијата, без да се дојдe до една точна, научна договорена дефниција. Сиромаштијата по својата природа е оспоруван концепт. Сепак научниците, креаторите на политики, дури и политичарите се согласуваат околу една работа – дека сиромаштијата е проблем. Каква и да е дефиницијата или описот на сиромаштијата, каква и да е состојбата кон која авторите на дефинициите и описите сакаат да ни го насочат вниманието, основната порака е дека сиромаштијата не е само состојба туку е и неприфатлива состојба.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET