Demokratija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Demokratija (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Проектна задача
Предмет:
Социологија
Тема:
Демократија
Вовед
"Демократијата е најлошата форма на државно уредување, кога ќе се одземат сите други" - овој цитат бил изговорен од поранешниот британски премиер Винстон Черчил.
Тој доведува до една важна констатација: не постои никаде перфектна демократија, но и покрај актуелната критика, демократијата претставува најуспешната постапка за мирно решавање на конфликтот. И насекаде во светот, во најразличните региони и системи, човек се повикува на неа.
Демократијата живее од соработката на нејзините граѓани. Знаењето е претпоставка за тие да се ангажираат себеси.
Само оној кој во принцип знае за механизмите и институциите на демократската држава може да живее во неа. Затоа ова пренесување на знаењето спаѓа во најважните задачи на политичкото образование, чија цел е полнолетна
Поинаква дефиницијата би била „демократија е власт на народот, каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници во услови на слободен изборен систем“.
Содржина
Демократијата претставува еден од постојните три вида на политички режими :
Демократски - кога е обезбедно правото на учество на народот во одлучувањето за државни работи и кога се почитуваат и обезбедуваат човековите права;
Автократски - кога управувачката функција во општеството е сосредоточена во рацете на едно лице или мала група на луѓе;
Тоталитерен - кога не се признаваат или значително се ограничуваат правата и слободите на личноста и кога е под строг и целосен надзор севкупниот општествен живот;
Додека првиот е својствен за државите со долга демократска традиција и во кои реално е воспоставено граѓанското (цивилно) општество, како противтежа и ограничувачки фактор во спрчувањето на носителите на државната власт да не се наметнат над општеството, автократскиот и тоталитарниот политички режим (како и бројни други со истите основни карактеристики), едноставно можат да се наречат недемократски, односно апсолутистички.
Демократскиот политички режим, најкратко речено, се засновува врз следниве суштински својства :
власт на мнозинството;
слобода врз критиката и опозиција на власта;
заштита на малцинствата;
лојалност на малцинствата спрема државната власт;
Ако се оцени дека меѓусебните односи на составните основни агенси на политичкиот режим - личноста и државата - се поставени на основата на нераскинливите меѓусебни врски и , исторемено, се уважуваат главните начела така што секој од овие два субјекта дејсвува во политиката како два различни и меѓусебно поврзани и условени пола, тогаш е јасно дека станува збор за демократски политички режим.
Во неговите рамки е обезбедено соодветна независност на двете сили. Човекот , личноста има солиден фонд средства за влијание врз државата , на пример , учество на избори, критика, самоуправа, прифаќање на законите и други кои , воопшто не ги сретнуваме во недемократските политички режими.Државата тука се потпира на активната подршка на граѓаните користејќи ги сите нивни предлози, забелешки, иницијативи за да обезбеди што поуспешен развиток и дејствување на институциите на системот.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET