Vlijanieto na alkoholot vrz soobrakjajot (Makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vlijanieto na alkoholot vrz soobrakjajot (Makedonski)". Rad ima 19 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 ВОВЕД
Постојат безброј податоци и многу искуства за влијанието на алкохолот врз свеста и врз целосната задравствена состојба на човекот. Кога прв пат законодавецот го забранил возењето на лица во алкохолизирана состојба, тоа пред се се однесувало на возачи кои биле видно пијани. Меѓутоа денес се знае дека и мали количества алкохол можат да направат промени кои не мора драстично да се манифестираат и некого да окарактеризираат како пијан возач, но сигурно си го прават своето.
Бидејки во последните години бројот на алкохолизирани луѓе кои предизвикуваат сообраќајни незгоди е се поголем, потребни се многу истражувања, донесување на разумни одлуки и внимателност при комбиирањето на алкохолот и возењето.
АЛКОХОЛ
Алкохолот е супстанца која влијае на начинот на кој нашиот мозок и тело функционираат како целина. Многумина веруваат дека алкохолот е стимуланс, а всушност тој влијае сосема спротивно и предизвикува организмот да реагира забавено.
Ако се конзумира умерено, алкохолот делува релаксирачки на луѓето и ги прави да се чувствуваат послободно во изразувањето на она што всушност го мислат и чувствуваат. Ова расположение повеќе се должи на социјална ситуација, релаксираност во друштво на пријателите, отколку на дејствието на алкохолот.
Тој пак, алкохол употребен како пијалак, научно е всушност познат како етанол и се произведува со процес на дестилација на семе (нешто слично како дробен слад во случајот на производство на виски и водка од семе), или на билки како што е шеќерна трска или со ферментација (со грозје од кое се произведува вино). Алкохолот е безбојна течност. Бојата во алкохолните пијалаци доаѓа од одредени компоненти на слад, или од додавање продукти во производствениот процес. Прекумерно конзумирање на алкохол влијае на функционирање на мозокот и телото.Ако некој пие прекумерно и не може да се контролира и да сопре, за кратко време може да се онесвести, а може и дури да настане смрт. Овој процес е познат како алкохолно труење.
КОГА ИМА АЛКОХОЛ ВО КРВТА
Содржината на алкохолот во крвта се определува како процент од количеството алкохол во 100 милилитри крв. Мали количества алкохол од консумираниот се излачуваат преку издишаниот воздух и преку урина. Посебно е важно дека најголемата концентрација обично се достигнува 40-тина минути по консумирањето. Сепак овој период може да се движи од 30 до 120 минути поради неминовната улога на повеќе фактори. Некои од нив се состојбата на желудникот (дали алкохолот е земен на полн или празен желудник), видот на пијалакот, концентрацијата на алкохол во пијалакот и индивидуалната способност, бидејќи луѓето различно се однесуваат при консумирање исти количества.
Факт е дека алкохолот побрзо се апсорбира од празен желудник. Присуството на храна богата со маснотии ја забавува апсорпцијата во организмот. Исто така, ако се проголта наеднаш, алкохолот од желудникот и цревата оди директно во крвта, која го пренесува до мозокот. Таму ја успорува или сосема ја пореметува работата на мозокот бидејки алкохолот дејствува како седатив.
Алкохолот може да се исфрли од телото со потење. Голем дел, односно 95 отсто од алкохолот се разградува во црниот дроб. Остатокот се исфрла преку кожата и бубрезите. Во тој процес црниот дроб за еден час разградува само 0,5 промили.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET