Sredstva za manipulacija vo kontejnerizacijata (Makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Sredstva za manipulacija vo kontejnerizacijata (Makedonski)". Rad ima 22 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ ”Св. Климент Охридски”- БИТОЛА
ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ - ECTS
ПАТЕН СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ
четиригодишни студии
Современи транспортни технологии
Семинарски труд на тема :
Средства за манупулација во контејнеризацијата
Изработил: Предметен наставник:
Jотевски Николче 7277 доц. Д-р. Иле Цветановски
Битола, 2010
Содржина:
Вовед :
Натоварот и истоварот на стока и контејнери го нарекуваме и дефинираме како механизација на претовар или со еден збор претовар. Често од странските јазици се преведува како процеси на ракување со материјалот ( Materials handling ; Umschlag Prozesse ; Погрузочно-разгрузочние работи ) или претоварни процеси.
Претоварот на стока и контејнери се појавува во сите фази на репродукциониот процес, и тоа по правило секогаш кога постои потреба стоката да премине од едно работно или транспортно средство на друго во индустријата, трговијата, и сообраќајот.
Претоварот е елемент на структурата на секој :
Транспортен систем ,
Складишен систем и ,
Производен систем .
Во рамки на производствената репродукција претоварните и манипулативните процеси обезбедуваат реализација на четири основни функции :
Просторно изедначување,
Временско изедначување ,
Квантитативно изедначување и ,
Изедначување на асортимани
Со цел од поблиску да се запознаеме со претоварната механизација и средствата во склоп на контејнеризацијата го реализиравме овој семинарски труд движејки се паралелно со развојот на контејнеризацијата.
За ракување (транспорт, претовар и сложување) на контејнери развиени се голем број средства со различни функционални карактеристики. Од функционални причини произлегуваат и значајни отстапувања во доменот на инвестициски и експлоатациски трошоци, што го отежнува изборот на најцелисходна технологија на работата т.е. го компликува процесот проектирање. Заради неможноста да се постават остри граници меѓу поедини групи средства од оваа фамилија, тешко е да се формира комплексен и конзистентен класификациски систем, заради што обично се преминува кон нивна класификација во неколку групи :
Помошни уреди, колички и специјални облици за надградба на возилата.
Портални возила за ракување со континери
Контенерски вилушкари
Дигалки за претовар на контејнери
Помошни уреди, колички и специјални облици за надградба на возила
Наједноставно техничко средство за транспорт на контејнери кое првенствано се користи во индустрискиот транспорт, при мали обеми на работа е систем од четири потпори со тркала кои се фиксираат за ушките на континерот. Потпорите се составени од плочи со мали димензии на кои од горната страна се наоѓаат чепови за поврзување со ушките на континерот а од долната страна е фиксирано тркалото. Предните тркала имаат можност за ротација околу вертикална оска, што е неопходно заради управување. Рудата се состои од два стапа чии задни краеви се поврзуваат со потпорите а слободните краеви се спојуваат во една точка заради поврзување со потпорите, а слободните краеви се спојуваат во една точка заради поврзување со елементот за влечење на влечното возило. За да можат потпорите со тркала да се постават на ушките, контејнерот мора да се подигне со дигалка т.е. да се одвои од подлогата врз која лежи. За подигање може да се користи систем со четири столбни дигалки.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET