Soobrakajna delikvencija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Soobrakajna delikvencija (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Сообраќајна деликвенција
ВОВЕД
Со развивањето на сообраќајот во современото општество се овозможува за релативно кус (краток) временски период да се совладаат огромни растојанија односно простори што најмногу се манифестира кај патниот сообраќај.
Паралелно со брзиот развој на сообраќајот се усовршува и манифестира побрзиот развој на други дејности. Со оваа се мисли дека со усовршувањето на сообраќајот се допринесува за севкупното унапредување на средствата за производство како и унапредување во научните достигнувања и пронајдоци.
Поради развојот на сообраќајот што резултира со зголемување на бројот на учесници во сообраќајот, зголемен број на технички средства и нивни можности на се помал сообраќаен простор се доаѓа до факторот - ризик и неговиот неизбежен продукт ( сообраќајни незгоди односно деликти). Од тука се доаѓа до заклучок дека сообраќајната деликвенција како негативна појава (односно посебен вид на криминално однесување е тесно поврзана со развојот на сообраќајот и како такви взаемно придонесуваат за зголемување на бројот на догодени сообраќајни незгоди при што се изгубени многу човечки животи и е причинета голема загуба на материјални добра.
Така да според некои светски показатели во светот годишно гинат околу 300.000 луѓе, во Европа тој број се движи околу 100.000 додека во Македонија бројката на загинати во сообраќајни незгоди изнесува околу 2оо луѓе.
Во последно време загрижувачко е тоа што сообраќајната деликвенција покажува енормно зголемување при што посебно е загрижувачки фактот дека се зголемува бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици, и тоа дека ваквата појава не е инцидентна туку константна и во постојан подем.
Поради оваа криминологијата како наука ги следи и интезивно ги истражува феноменолошките и етиолошките карактеристики на сообраќајната деликвенција.
Паралелно со феноменолошкиот пристап во истражувањата на сообраќајната деликвенција потребни се настојувања за да се објасни положбата на човекот во условите на живот што му ги наметнува современата техника како и неговите психофизички, биолошки и социјални способности.
Феноменологија на сообраќајната деликвенција
Со набљудувањето на сообраќајната деликвенција од феноменолошки аспект во однос на пооделни подрачја, области, реони, региони и слично се гледа дека раширеноста на оваа општествено негативна појава се разликува. Ваквата криминална сообраќајна / деликвентна географија која се утврдува преку сообраќајната статистика има голем удел во формирањето на сообраќајната превентива, при што се доаѓа до оправданост на постоењето на некои научни дисциплини како што се : психомедицина на сообраќајот, сообраќајна статистика, криминологија на сообраќајот и др.
Феноменолошките истражувања покажуваат дека „криминогени подрачја„ од аспект на сообраќајна деликвенција најчесто се јавуваат како локации ( улици, патишта) забранети за сообраќај, патишта со голем интензитет на сообраќај, подрачја со висок степен на фрекфенција на сообраќај, високо урбани средини и слично.
Врз таквата географска распределба на криминалитетот и на сообраќајната деликвенција осознаени се и некои карактеристики на таквите криминолошки подрачја чии основи се пред се во социјалните, економските и културните специфичности на дадено подрачје.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET