Rehabilitacija na patnata mreza (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Rehabilitacija na patnata mreza (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет “ Св. Климент Охридски – Битола ”
ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
Патен Сообраќај – VI 1
РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПАТНАТА МРЕЖА
семинарска работа -
Ментор: Изработил:
Битола, 2013
СОДЖИНА
ВОВЕД 3
1. ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИ И ПАТИШТА 4
1.1. Работи на патот 4
2. ОШТЕТУВАЊЕ НА КОЛОВОЗНАТА КОНСТРУКЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ 7
2.1. Причини за оштетување, одржување и поправка на класичните коловозни конструкции 7
3. ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ 13
4. БЕЛЕЖЕЊЕ УЛИЦИ 14
ЗАКЛУЧОК 16
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА: 17
ВОВЕД
За извршување на работите на одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, Владата на Република Македонија основа јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
За извршување на работите од годишната програма сврзани со одржувањето и заштитата на јавните патишта, Фондот и јавното претпријатие за патишта склучуваат годишен договор со кој особено се утврдува видот, обемот и вредноста на работите на одржувањето и заштитата на јавните патишта за секој пат одделно, посебно за работите на одржување на проодноста на патиштата во зимски услови, роковите за извршување, надзорот над извршувањето и слично.
Средствата наменети за одржување и заштита на јавните патишта, јавното претпријатие за патишта не може да ги користи за други намени.
Јавните патишта мораат да се проектираат, градат, опремуваат и одржуваат така што да одговараат на својата намена и барањата на безбедноста на сообраќајот, заштита на животната средина, условите од просторните и урбанистичките планови.
Под реконструкција на јавен пат, се подразбира изведување на работи на дел на постојниот пат со кој се менуваат неговите основни карактеристики, со цел да се зголеми нивото на услугата на патот.
Одобрение за изградба и реконструкција на автопат, магистрален и регионален пат, на дел од тој пат и на објект на патот се издава по претходно прибавена согласност од Министерството за сообраќај и врски.
Поблиски прописи за техничките елементи за проектирање и градење на јавните патишта и улици и објектите на нив донесува министерот за сообраќај и врски во согласност со министерот за внатрешни работи и министерот за одбрана.
Нормативите и стандардите за изградба, рехабилитација и одржување на патишта и улици ги пропишува министерот за стопанство во согласност со министерот за сообраќај и врски и министерот за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.
Јавните патишта се градат со коловоз за двонасочен сообраќај, со најмалку две сообраќајни ленти во рамките на коловозот, а улиците и со тротоари.
ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЦИ И ПАТИШТА
Јавните патишта и улиците се одржуваат на начин со кој се обезбедува зачувување на употребната и реалната вредност на патот и улицата за траен, безбеден и непречен сообраќај, а под услови определени со закон, техничките норми, стандарди и прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET