Revizijata vo Republika Makedonija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Revizijata vo Republika Makedonija (makedonski)". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Економски факултет
Семинарска работа по предметот ревизија
Тема:
Ревизијата во Република Македонија
Студент: Ментор:
Скопје, 2011
Содржина:
1.Вовед.............................................................................................................................3
2.Совет за унапредување и развој на ревизијата.........................................................3
3.Институт на овластени ревизори на Република Македонија...................................5
4.Лиценца за работа на друштва за ревизија и уверение за овластен ревизор........6
5.Конфликт на интереси и повреда или нарушување на независноста....................8
6.Државен завод за ревизија во Република Македонија..............................................9
7.Интерната ревизија во Република Македонија.........................................................15
8. Користена литература................................................................................................18
1.Вовед
Ревизијата во Република Македонија е уредена со Законот за ревизија донесен од Собранието на РМ на 6 декември 2010 година. Со тој закон се уредуваат условите за вршење на ревизија во правните лица кои вршат дејност во Република Македонија.
Ревизијата е независно испитување на финансиските извештаи или консолидираните извештаи и на финансиските информации, со цел да се изрази мислење во врска со нивната вистинитост и непристрасност и нивната усогласеност со прифатената рамка за финансиско известување.
Ревизија можат да вршат друштва за ревизија или овластен ревизор - трговец поединец под услови и на начин утврдени со овој Законот за ревизија или Законот за трговските друштва.
Покрај одредбите од законот кои главно се однесуваат на екстерната комерцијална ревизија во Република Македонија за која е и посветен првиот дел од овој семинарски труд, во натамошниот текст е вклучен и дел кој ја разработува државната ревизија на РМ и нејзиното функционирање. Третиот дел пак ја опфаќа интерната ревизија како еден посебен и одвоен вид на ревизија која не е предмет на регулирање на законот за ревизија.
2.Совет за унапредување и развој на ревизијата
Еден од основните органи во Република Македонија врзан со ревизијата е советот за унапредување и развој на ревизијата. Заради унапредување и надзор над вршењето на ревизијата, Владата на Република Македонија на предлог на министерот за финансии основа Совет за унапредување и надзор на ревизијата, со седиште во Скопје, како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени во законот за ревизија.
Предмет на надзор од страна на Советот се Институтот за овластени ревизори на Република Македонија, сите друштва за ревизија и овластен ревизор - трговец поединец. Некои од работите кои ги врши овој совет се да дава насоки на Институтот за овластени ревизори на Република Македонија за прашања за кои е надлежен согласно со законот за ревизја,да дава согласност на Статутот и актите на Институтот за овластени ревизори на Република Македонија, во врска со контролни и дисциплински постапки, да врши контрола над Институтот за овластени ревизори на Република Македонија во спроведувањето на контролните и дисциплинските постапки согласно со укажувањата и препораките на Советот, да дава согласност на годишната програма и годишниот извештај за работа на Институтот на овластени ревизори, да го следи спроведувањето на годишната програма за контрола на квалитет на ревизија на Институтот на овластени ревизори, да ја проверува потребната документација за издавање ревизорски лиценци, да ја следи постапката што ја спроведува Институтот за овластени ревизори на Република Македонија за признавање на квалификација за ревизор стекната во странство, по барање на лицето кое ги исполнува потребните услови Советот издава лиценца за овластен ревизор, по предлог на Институтот за овластени ревизори на Република Македонија, издава лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на друштвата за ревизија и на овластен ревизор - трговец поединец кои ги исполнуваат потребните услови од законот за ревизија и воспоставува соработка со релевантни меѓународни институции.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET