Presmetki revizija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Presmetki revizija (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Факултет за Економика и организација на претприемаштвото
(Menaxment)
Семинарска работа по преметот
„ Smetkovodstveni presmetki, analiza i revizija““
на тема:
" FINANSISKO SMETKOVODSTVO - KNI’@EWE NA POTRO[OKOT NA SUROVINI I MATERIJALI “"
1.ТРОШОЦИ
Гледано од аголот на книговодственото опфаќање на средствата,трошоците се една фаза во процесот на трансформирање на средствата од парична до стоковна форма. Тие во суштина се економско пресметковна категорија, главно детерминирана од цената на чинење на учиноците. Во зависност од видот на цената на чинење која се утврдува (потполна, непотполна), а не само од обемот на производството, зависи структурата и обемноста на трошоците во конкретното претпријатие. Исто така, висината на трошоците зависи и од аголот од кој се набљудуваат, на пример од агол на претпријатието или од агол на пошироката заедница. Според тоа трошоците претставуваат во пари изразени потрошоци на средината и исплатените пари во периодот за кој се утврдува цената на чинење на учиноците, кога таа цена е потполна, сеопфатна. Кога се утврдува некој вид на непотполна цена, тогаш дел од вкупните трошоци наместо да се искажат во цена се искажуваат како расходи на периодот. Зависно од намената на евиденцијата на трошоците терминот “трошоци” ќе има различно значење и ќе се структуираат различно.
За евиденција на трошоците се користи класа четири каде се групираат од различни агли и тоа според потребите на: управувањето, контролата, ревизијата, одлучувањето и сл. Вообичаено, сите трошоци се гледаат како материјални трошоци, амортизација, нематеријални трошоци и лични доходи (плати) и други исплати на работниците. Во зависност што ќе потразбира како трошок и потребата на претпријатието класата четири може да се подели на посебни групи на трошоци. Овие групи во разни периоди по број и по структура во практиката се различни. Нивната честа промена, гледано според содржината,опфатеноста и структурата ја обезвреднува евиденцијата на трошоците од аналитичка точка на гледање. Во најновиот контен план трошоците, го носат белегот на ваквите тенденции. Содржински и структурно тие ги одразуваат желбите на Министерството за финансии и се групирани во следните групи на класа четири, која носи наслов: трошоци и расходи:
40 – Трошоци за суровини, материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар
41 – Услуги со карактер на материјални трошоци
42 – Резервирање на трошоци и ризици
43 – Амортизација и вредносно усогласување на долгорочните и кусорочните средства
44 – Нематеријални трошоци од работењето
45 – Останати трошоци од работењето од редовната активност
47 – Плати и надоместоци
48 – Расходи по основ на камати, курсни разлики и слични расходи
49 – Распоред на трошоците
За класа четири може да се каже дека е наменета за евиденција на трошоците по видови. По ова опфаќање на трошоците во книговодството, истите понатаму се евидентираа, се пресметуваат и се групираат од други агли на гледање, на пр.според учиноците за кои се направени, пресметковните единици каде што се направени и сл. Овие првични податоци за трошоците, на класа четири, зборуваат за висината на трошоците во еден пресметковен период и за структурата и динамиката на тие трошоци според групите. За финансиското сметководство трошоците се значајни затоа што во најголем дел се расходи, а расходите се елемент на пресметка на резултатот од работењето-добивката.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET