Stres i upravuvanje so stres (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Stres i upravuvanje so stres (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ СВ. ,,КИРИЛ И МЕТОДИЈ”- СКОПЈЕ
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА ОДБРАНБЕНИ И МИРОВНИ СТУДИИ
МИР И РАЗВОЈ –
Семинарска работа
Стрес и управување со стрес
Ментор: Кандидат:
Проф.д-р Трајан Гоцевски
Скопје, 2008
Вовед
Зборот стрес се употребува многу често во секојдневниот живот. Стресот претставува закана за квалитетот на животот, како за физичката така и за духовната благосостојба.
Би било многу убаво кога навистина би можеле да живееме без стрес, но живот без стрес значи дека ништо околу нас и во нас не се менува, а живот без промени и без случувања не е живот. Треба да научиме, не како да живееме без стрес, туку како секојдневните стресови да ги искористиме и да ги претвориме во позитивен стрес.
Хроничниот стрес денес е присутен на секое животно поле. Работата е еден од изворите на стрес затоа што таа пред сè е поврзана, со меѓучовечките односи. Борбата против стресот, посебно на работното место, во развиените земји станува проблем број еден на кој му се посветува огромно внимание. Истражувањата на пример во Германија покажуваат дека дури 36% од населението е под стрес, дури кога и по напорниот ден конечно ќе стигне дома. „Технострес“ како што го нарекуваат американските експерти, причинителот за оваа болест ја означува постојаната презафатеност со работа. Истовремено се извршуваат повеќе работи, се телефонира, се пребарува по интернетот, се праќа електронска пошта, се расправа со раководителот итн.
Поединецот е основа на организацијата. Тој вложува труд во неа, ја создава и ја менува. Преку организацијата поединецот добива средства за задоволување на сопствените потреби. И затоа, во организациите каде се грижат за своите вработени значајно место мора да има составното планирање и спроведување на организациски мерки за спречување или намалување на работниот стрес. Но со оглед на тоа дека стресот е индивидуално доживување, важно е секој поединец да знае да одбере и да примени разни начини за соочување со стресот.
Во секојдневниот нормален работен живот, поголемиот дел од нашиот стрес е суптилен и се појавува кога нема очигледна закана по опстанокот на индивидуата. Поголемиот дел од стресот потекнува од премногу работа, конфликтни приоритети, неконзистетни вредности, рокови, конфликти со вработените, непријатна работна средина итн. Не само што стресот ја намалува ефикасноста, затоа што дел од своите ментални напори ги вложуваме во справување со овие ситуации и со стресот, тие исто така предизвикуваат и големо незадоволство. Комуникацијата меѓу вработените е доста важен елемент во една фирма и многу често претставува извор на стрес. Сите сметаме дека нашиот начин на комуникација е соодветен. Но дали е тоа секогаш така?
1.Поим и дефиниција за стресот на работното место
Именката стрес потекнува од англискиот збор stress и доаѓа од физиката при што означува силен притисок или напрегање, напор. Во психологијата зборот стрес подразбира чувство на напнатост, притисок или непријатност . Со него се означуваат чувства поврзани со напнатоста и притисоците, но и периодот на психичка болка, страдања и немир понекогаш во позитивна или негативна смисла.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET