Emocii (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Emocii (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Вовед:
Темата на мојот семинарски проект се емоциите, кои имаат особено значаен дел од животот и постоењето на секое живо битие. Целта на овој труд е суштински и целосно да навлезам во темата и да ја разработам подетално, како и да се стекнам со нови знаења од областа на емоциите и чувствата, нивните карактеристики и значењето за човекот.
Емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себе и кон сопствените постапки и доживувања.
Емоциите ја определуваат и насочуваат човековата активност. Постои разлика меѓу поимите емоција и чувство. Емоциите се јавуваат и кај луѓето и кај животните, а чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето. Тие се резултат од човековиот социјален живот.
2. ЕМОЦИИ
2.1. Емоционални процеси
Меѓу психолозите не постои единствен став по прашањето што се емоциии, а што чувства. Едни зборуваат за емоции, други за емоции и чувства, нагласувајќи дека е тешко да се стави реска граница помеѓу нив. Така под чувства се подразбираат послаби возбудувања што постојат само кај човекот, а под емоции подразбираме јаки возбудувања кои постојат и кај животните, а не само кај човекот. Емоциите се поврзани со задоволувањето на биолошките потреби, а чувствата се разликуваат од човековиот социјален живот. Сепак кога се говори за чувства и емоции, тие се употребуваат како синоним еден на друг. Доживувањата на пријатност и непријатност се изразуваат со термините емоционален тон, а доживувањата на страв, гнев радост со терминот на емоција. Додека со интелектуалните процеси (учење, мислење) вршиме сознавање на надворешниот свет, дотогаш со емоциите вршиме вреднување на тие сознанија и го одразуваме нашиот субјективен однос спрема она што го создаваме.
Поради тоа емоциите најчесто се одредуваат како психички процеси, со кои го одразуваме нашиот субјективен однос спрема објектите, луѓето, настаните што не опкружуваат и кон нашите постапки. Освен тоа емоциите можат да се дефинираат и како состојба на зголемена активност на организмот која се манифестира со карактеристични движења.
2.2.Карактеристики на чувствата и емоциите
При појава на секое чувство и емоција во човекот се одвиваат голем број карактеристични промени: физиолошки, физички и промени во движењето.
Физиолошките промени се јавуваат во две фази; првата се нарекува фаза на емотивен шок (кога при ненадејно силно чувство ќе се стаписаме или занемеме), а втората се нарекува фаза на специфични промени (разлики кај различните емоции што се јавуваат во однос на физиолошките промени).
Физичките промени при емоциите се: карактеристични движења на телото, карактеристичен израз на лицето и карактеристични промени во говорот.
Промени во доживувањата се редовна придружна појава на емоциите и чувствата.
2.3. Теории на емоциите
Постојат две групи на теории кои ја објаснуваат суштината и природата на емоциите. Во првата група има повеќе теории кои се обидуваат да ја објаснат смислата и улогата во снаоѓањето и прилагодувањето на човекот во дадена ситуација. Според една од нив т.н. Енергетна теорема емоционалното реагирање претставува реагирање на ненадејна ситуација. Притоа настанува нагла мобилизација на организмот за да може да ја совлада неочекуваната опасна ситуација. Според друга теорија од оваа група т.н. Теорија на активизација емоциите претставуваат вонредно активирање на организмот со што тој е способен за поголем напор и брза акција, но кога ќе се премине границата на оптималната активираност претераната активност станува штетна за организмот. Една понова теорија која ја развил Шахтер нагласува дека доживувањето на одредена емоција зависи од интеракцијата на два фактори, а тоа се физиолошките и психичките процеси со кои ја проценуваме ситуацијата. Во втората група се познати две теории: Првата теорија е на Џејмс и Лангел. Според оваа теорија емоциите се последица на органските промени. Кога перцепираме некоја ситуација прво настануваат органски промени кои ги доживуваме како органски осети. Тоа значи дека прво почнуваме да плачиме, а потоа се јавува жалост. Меѓутоа ние имаме емоции и кога немаме известување за органски промени.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET