Adlerovata Teorija na Lichnosta (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Adlerovata Teorija na Lichnosta (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
Филозофски Факултет – Скопје
„Адлеровата Теорија на Личноста“
Студент: Ментор:
Иван Стојменов
Септември 2011
Вовед
Ако сакаме да го запознаеме психичкиот живот на човекот во целост, не смееме да се задржиме само на проучувањето на одделните видови на психички процеси како што се перцепирање, мислење, чувствување, мотивација, и на одделните особини интелигенција или сензорни и моторни способности. Мораме да го проучуваме и однесувањето на одделните личности во целост. Набљудувајќи го однесувањето на еден човек во целост, ние забележуваме одредени карактеристики кои не можеме да ги сознаеме проучувајќи ги одвоено одделните ви-дови на психички процеси и одделните особини. Со сето ова се занимава психологијата на личност која што по мислење на многу психолози завзема најзначајно место во современата психологија. Основната идеја е со овој поим да се опфатат клучните точки во менталната структура на човекот, со што би се објасниле разликите меѓу луѓето и би се разбрала природата на човекот и неговото однесување.
Општи карактеристики за Адлеровата теорија
Наспроти Фројдовата почетна претпоставка дека човековото однесување е мотивирано од вродени инстинкти и Јунговата клучна анксиома дека со човековите постапки владеат вродени архетипови, Адлер претпоставувал дека луѓето првенствено се мотивирани од друштвените тежнеења. Луѓето спрема Адлер се инхерентно друштвени суштества. Тие се поврзуваат со други луѓе, вклучувајќи ја и соработката со нив, ставање на друштвено добро над секој себичен интерес и усвојување на стил на животот кој е претежно друштвено ориентиран. Адлер не зборувал дека луѓето се социјализираат единствено за да се изложат на друштвени процеси, чувството на заедништво е вродено, иако односите со луѓето се посебни, а и зависни од местото кај што е роден човекот. Значи Адлеровите гледишта се исто така биологистички како и Фројдо-вите или Јунговите. Сите троица претпоставуваат дека секоја личност во себе има своеродна природа која ја обликува личноста. Фројд го нагласувал сексот, а Јунг пак примордијалните мислени калупи, а Адлер го нагласувал чувството на заедништво. Овој нагласок на друштвени однесувања чиј значај Фројд и Јунг не го приметувале или го смалувале, претставувал можеби најголем Адлеров допринос во психолошката теорија. Тоа им обрнало внимание на психолозите, на важноста на друштвеното обележје и помогнало да се развие подрачје на социјална психологија во време кога таквата подршка била многу добредојдена. Друг значаен Адлеров допринос за теорија на личноста претставува неговиот поим за творечки себства. За разлика од Фројд, “јас”, кое се состои од група на психолошки процеси во служба на вродени инстинкти, Адлеровото себство е високо персонализирано, субјективен систем кои ги толкува и осмислува доживувањата на организмот. Покрај тоа, тој истражувал за доживувањата кои ќе помогнат за остварувањето на човечкиот особен животен стил, ако таквите доживувања не можат да се најдат во надворешниот свет, тогаш себството ќе се обиде самото да ги направи.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET