Pravni osnovi za nasleduvanje vo republika Makedonija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Pravni osnovi za nasleduvanje vo republika Makedonija (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ КИЧЕВО
ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ БИТОЛА
Семинарска работа по предметот:
Наследно право
на тема:
ПРАВНИ ОСНОВИ ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
изработила: ментор:
проф. Др. Трајан Бендевски
СОДРЖИНА:
1. ВОВЕД
2. ЗАКОНСКО НАСЛЕДУВАЊЕ
НАСЛЕДУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ТЕСТАМЕНТ
3.1 Поим на тестаментот
3.2 Правна природа на тестаментот
3.3 Видови на тестамент според формата
3.4 Содржина на тестаментот
Составување на тестаментот
ЗАКЛУЧОК
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
ВОВЕД
Во Република Македонија постојат два правни основи за наследување и тоа : законско и тестаментално наследување.
Наследното право можеме да го дефинираме од три апсекта. Тие се: наследно право како дел од правниот систем на државата (објективно наследно право). наследно право како збир на права на едно или пвоеќе лица да се јават во еден конкретен случај како насленици на определен имот (субјективно наследно право) и наследно право као правна наука. Под поимот наследно право како дел од правниот систем на државата (објективно наследно право) се подразбира збир на правни норми пропишани од страна на овластени носители на нормативната дејност во државата (закнодавниот орган и органите овластени за донесување на подзаконската норамтивна рагулатива) со кои се уредуваат наследно правните односи што настануват во моментот на смртта на едно физичко лице, односно што го уредуваат пренесувањето на сопственоста на имотот едно на лице во случај на негова смрт на други лица како негови наследници. Под поимот наследно право како збир на права на едно или повеќе лица да се јават во еден конкретен случај како насленици на определен имот (субјектинво наследно право) се подразбира правото на овие лица да го наследат имотот на едно лице во случај на негова смрт и со тоа да станат негови сопственици. Овие лица правото на наследување на имотот го стекнуваат во моментот на смртта на неговиот дотогашен сопственик (оставител). До тогаш тие имале само правна надеж дека, врз основа на закон или пак врз основа на порано изјавена волја на оставителот, ќе можат во моментот на неговоата смрт да се појават како наследници на имотот што ќе го остави оставителот (оставнина) Под поимот наследно рпаво како правна наука се подразбира дел од системот на правните науки кој се занимава со изучување на наследно-правните односи. Тоа се односи што настануваат со смртта на сопственикот на одреден имот (оставителот) меѓу лицата кои го наследуваат тој имот. На македонскиве простори до нивното потпаѓање под турска власт (во 1395 година) за раправање на наследно-правните односи во основа се применувалие византиските прописи, потоа прописите на средновековна Србија.
ЗАКОНСКО НАСЛЕДУВАЊЕ
Законското наследување претставува здобивање со наследство под услови и во постапка пропишана со Законот, според видот и степенот на сродство на оставителот со наследниците. За реализација на законското наследување наследниците се групираат по наследни редови спопред степенот и видот на сродство (крвно сродство, брачно сродство сродство со посвојување). Основа на групирањето на сродниците по наследни редови во нашето наследно право е таканаречениот линеарно-парантеларен систем на групирањена крвните сродинци. Овој систем се состои во поделба на крвните сродници на оставителот во парантели (колена, редови) а потоа во поделба на сродниците во рамките на една парантела на потесни крвни групи линии односно гранки. Групирањето на сродниците во парантели се врши врз база на потеклото. Имено сите оние што водат потекло од ист односно исти родоначалници чинат една парантела. Првата парантела ја сочинуваат сите деца кои што потекнуваат од оставителот (деца, внуци, правнуци). Втората парантела ја сочинуваат таткото и мајката на оставителот, како родоначалници и сите деца кои од нив потекнуваат (браќа и сестри, внуци од браќа и сестри и т.н.). Третата парантела ја сочинуваат дедовците и бабите на осатавителот по татко и по мајка (како родоначалници – четворица) и сите лица кои од нив потекнуваат чичковци, вујковци, тетки и други сродници на оставителот. Четвртата парантела ја сочинуваат прадедовците и прабабите по дедо и баба по таткото и дедо и баба по мајката на оставителот – осмина и сите лица кои од нив потекнуваат. Петтата и понатамошните парантели се образуваат на ист начин како и претходните, се разбира меѓу подалечните сродници. Групирањето на сродниците во потесни групи (линии) на една парантела се врши врз база на нивното потекло од заеднички предок како носите
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET