Politički sistem na Bosna i Hercegovina (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Politički sistem na Bosna i Hercegovina (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет “Гоце Делчев“-Штип
Правен Факултет-Применета Политика и Дипломатија-
Модул Европско Право
Семинарска работа: Политички Систем
Тема: Политичкиот Систем на Босна и Херцеговина
Изработил: Професор:
Мартин Бошкоски Д-р. Светомир Шкариќ
Бр. индекс: 07696
Содржина на семинарската работа:
Вовед...........................................................................................3
Политичкиот систем на Босна и Херцеговина...........................4
Претставничкиот дом на Босна и Херцеговина.........................5
Домот на Народите на Босна и Херцеговина............................7
Советот на министри на Босна и Херцеговина.........................8
Уставен суд на Босна и Херцеговина.........................................9
Комуникации Регулаторната Агенцијa......................................12
Заклучок.......................................................................................12
Користена литература................................................................13
Вовед:
Босна и Херцеговина е држава на балканскиот полуостров, југоисточна Европа на површина од 51,129 км2 и број на жители на околу 3 964 000. Главен град е Сараево. Поголемите етнички групи вклучуваат Босанци (босански муслимани; околу две петтини од населението) Србите (околу една третина) и Хрватите (околу една петтина). Јазикот е српски и хрватски. Религии: исламска, православно христијанска, римски католицизам. Валута: марка. Земјоделството е водечка стопанска гранка иако во областа се јавуваат разни минерали, таа останува една од најслабо развиените региони во поранешна Југославија. Населувањето на овие предели датира многу одамна, пред ерата на римската управа, за време на која поголем дел од земјата бил вклучен во провинцијата Далмација. Населувањето на Словените почнало во VI век од н.е. Наредните неколку века, делови од регионот потпаднале под српска, хрватска, унгарска, венецијанска и византиска управа. Турците од Отоманската Империја ја нападнале Босна во XIV век и по многу битки таа станала турска провинција во 1463 година. Херцеговина тогаш позната како Хам, била заземена во 1482 година. Во XVI и во XVII век, областа била важна турска истурена единица, постојано во војна со Хабурзите и со Венеција. Во текот на овој период голем дел од населението ја прифатил исламската вера На конгресот во Берлин по Руско-турската војна во 1877-1878 година, Босна и Херцеговина и била доделена на Австро-Унгарија, а била анексирана во 1908 година. Порастот на српскиот национализам довел до атентат на авсрискиот надвојвода Франц Фердинанд во Сараево 1914, од страна на босански србин што ја предизвикал првата светска војна. По војната била анексирана кон Србија. По втората светска војна, поврзаните територии станале републиката на комунистичката Југославија. Со распадот на комунистичките режими во источна Европа, Босна и Херцеговина прогласила независност во 1992 година; српското население во неа се противело и како последица на тоа почнал судир помеѓу Србите, Хрватите, и Муслиманите. Мировната спогодба од 1995 година воспостави лабавна феративна влада групо распределена меѓу Муслиманско-хрватската Федерација и Република Српска. Во 1966 година биле поставени мировни сили на НАТО. Босна и Херцеговина е република со два законодавни дома, шеф на државата е претседавачот на трипартитното претседателство, а шефови на Владата се два копретседавачи на Советот на министри.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET