Poim,pravna priroda i postapka na donesuvanje na budžetot | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Poim,pravna priroda i postapka na donesuvanje na budžetot". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Поим за буџет
Јавните расходи и јавните приходи се нераскинливо поврзани,главно,преку буџетот.Првите никулци на развојот на буџетските правила и норми од кои подоцна настанало буџетското право се среќаваат во Magna Charta Libertatum(Големата повелба за слободите)од 1215 година со која е извршено ограничување на апсолутистичката власт на кралот и е основан одбор од 25 советници,со цел да се врши контрола-дали и како кралот се придржува кон одредбите на Големата повелба.Буџетот продолжува да се развива во најважен инструмент за вршење на финансиската дејност на државата,а претставува еден од најзнажајните институти на финансовото право.Денес,кога зборуваме за буџет,подразбираме повеќе поими:буџет како инструмент,буџетското право како право на Парламентот и буџетското право како правна гранка,а во поново време и правна наужна дисциплина.Финансирањето на јавните расходи со буџетот се нарекува буџетски начин на финансирање,а буџетот е основен финансиски инструмент во сите современи држави.Буџетот претставува институционализиран инструмент за финансирање во државата,преку кој се извршуваат јавните расходи во сите современи финансиски системи.
Една дефиниција за поимот буџет вели дека тој е акт донесен од претставничкото тело на државата (парламентот) со кој се предвидуваат и однапред одобруваат приходите и расходите, за иден период (по правило една година).Дефиниција на оваа тема може да се сретне и во речник за јавни финансии и финансиски права. Во него се вели дека буџетот е план на приходите и расходите утврден за одреден временски период. Други пак сметаат дека буџетот во општ случај, претставува список на планирани приходи и расходи на поединци, фирми, организации, локални заедници или држави за одреден период, обично за една година, а пак државен буџет се смета дека претставува едногодишен инструмент кој е подготен од министерството за финансии во соработка со другите министерства, а го донесува парламентот во форма на закон.Во дефинирањето на поимот буџет во современите држави се среќаваат следните заеднички карактеристики:
-буџетот е збирно споредување на јавните расходи и приходи;
-буџетот се донесува за иден период и има планско значење;
-расходите и приходите во буџетот се искажани со бројки и се во рамнотежа и согласност со финансискиот план на државата;
-буџетот претставува програма на државата за нејзините активности и мерки за нивното остварување;
-буџетот е правен акт што се донесува во одредена постапка од надлежен државен орган,се објавува во службено гласило и најчесто важи за една календарска година.
Правна природа на буџетот
Финансиското право за буџетот смета дека е збир од норми кои ги регулираат систематизираните односи на органите чија што задача е да ги предвидуваат, остваруваат и користат заедничките средства. При користењето на заедничките средства се разбира дека мора да постои ред. Тие средства за задоволување на општата и заедничка потошувачка воопшто не се мали. Напротив се смета дека тие имаат огромно влијание врз движењата на стопанскиот развој. Токму буџетот во неговата правна функција се залага за воведување на организиран начин на собирање и трошење на средствата.На тој начин се овозможува јавниот односно државниот сектор нормално да функционира. Јавниот сектор има огромно значење во современите услови. Јавното трошење односно фискално оптоварување во многу современи држави претставува околу половина од GDP. Ваквата состојба може да се објасни со фактот дека и при постоење на пазарна економија во рамките на една држава пазарниот механизам не е во состојба да ги остварува секогаш своите функции, затоа што може да настанат состојби во кој пазарот не може да ги даде оптималните резултати. За правилно и организирано трошење на средствата не може да се зборува доколку не постои соодветен финансиски инструмент за негово регулирање. При објаснување на правната природа на буџетот сепак ќе се забележат повторно повеќето различни мислења. Иако проблемот со правната природа на буџетот е теоретско прашање и нема поголемо значење за праксата, сепак голем број финансиски теоретичари посветиле големо внимание на решавање на прашањето во каков вид на правен акт се донесува буџетот, односно каква е неговата правна природа. И покрај тоа поголем бил интересот на постарите теоретичари за проучување на ваквиот вид на проблем. Причината за тоа било што современите теоретичари сметале дека и во теоријата и во праксата позначајни за разработување се темите за содржината на буџетот со земање во предвид и на другите позначајни финансиски инструменти, наместо изучување на неговата формална страна. Со ова не треба да се извлече заклучок дека финансиските теоретичари треба да не го проучуваат формалниот аспект на буџетот, но сепак укажува на постоењето на одреден приоритет при проучување на неговата содржина, што значи дека целокупниот буџетски процес е проучуван од современите теоретичари. И покрај согласноста за видот на нормите и формата во кој истиот се донесува, разликата е дали буџетот е план, закон или комбинација од двете мислења.Како резултат на тоа се издвоиле мислењата дека тој е:План на приходите, а закон за расходите;Закон и во формална и во материјална смисла;Закон само во формална смисла, а административен акт sui generis во материјална смисла;Управен акт, а не закон и Правна работа меѓу органите на законодавната и извршната власт.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET