Poim na intelektualna sopstvenost,prava od intelektualnata sopstvenost i navna zaštita (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Poim na intelektualna sopstvenost,prava od intelektualnata sopstvenost i navna zaštita (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Поим на интелектуална сопственост
Интелектуалната сопственост ги претставува правата кои произлегуваат од интелектуалните активности во индустријата, науката, литературата и уметноста.
Според Стратегијата на Република Македонија за интелектуална сопственост може да се каже дека интелектуалната сопственост се однесува на информации или на делови на информации кои се инкорпорираат во одредени предмети, во исто време во неорганичен број копии во разни места во светот.
Со Уставот на Република Македонија се гарантираат правата што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид на интелектуално творештво. Истовремено, Уставот ја гарантира слободата на научното, уметничкото или друг вид интелектуално творештво.
Конвенцијата за основање на Светската организација за интелектуална сопственост 14 јули 1967 година, удврдува дека интелектуалната сопственост ги опфаќа правата што се однесуваат на: литературните, научните и уметничките дела, изведбите на уметниците – изведувачи, фонограмите и радиотелевизиските станици, пронајдоците од сите полиња на човековата активност. научните откритија, индустриски дизајн, трговски и услужни марки, комерцијални имиња и ознаки, заштита против нелојална конкуренција, како и сите други права поврзани со интелектуалната активност во индустриската, научната, книжевната и уметничката област.
Интелектуална сопственост е термин кој што вклучува повеќе различни типови на умствена активност за кои што се признаваат посебни права и за кои што постојат посебни различни законски рамки. Иако овие права не се права на сопственост, сепак зборот сопственост се користи поради некои сличности. Сопствениците во оваа смисла добиваат ексклузивни права на различни нематеријални добра како што се музиката, литературата, пронајдоците и др. Законите во Р. Македонија од оваа област ги вклучуваат законот за индустриска сопственост, законот за авторско право и сродните права, а во други јурисдикции постојат и други закони.
Интелектуалната сопственост, се дели на две големи групи, и тоа:
индустриска сопственост и
авторско право и сродни (соседски) права.
Во поново време кон овие две големи групи се придодава и правото на нелојална конкуренција.
Со индустриската сопственост се заштитуваат правата на иновациите. Тука се вклучени патенти за заштита на иновации и индустриски дизајни кои се креации кои го детерминираат изгледот на индустриските продукти. Исто така, индустиската сопственост ги заштитува и трговските марки, layout дизајни, комерцијални имиња и титули, како и географски индикации и заштита од не-фер конкуренција.
Литературата и уметничките работи се заштитуваат со авторското право. Тоа се однесува на уметнички креации како што се книгите, музиката, уметничките цртежи или слики, скулптурите, филмовите и други работи кои се поврзани со технологијата како што се компјутерски програми и електронски дата-бази. Единствено кој што може да го заштити направеното дело со авторското право е самиот автор кој го создал тоа дело или пак тој може да му ја даде оваа улога на некој друг но само со негово знаење. Со ова право, авторот има право да управува со неговото дело како што тој сака, т.е. единствено тој може да каже дали тоа може да се репродуцира или да се користи од некое трето лице. Друго што може да се прави со авторското право е тоа да се продаде. Во овој случај то а претставува лиценца или право на користење.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET