Opstestveno reagiranje na maloletnicki kriminalitet (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Opstestveno reagiranje na maloletnicki kriminalitet (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
“Општествено реагирање на малолетнички
криминалитет”
Dekemvri, 2010
Содржина
Вовед .................................................................................................................. 3
Причини за појава на малолетничка деликвенција.................... 3
Карактеристики за личноста................................................................4
Превенција .........................................................................................................6
Репресија ........................................................................................................... 8
Закон за малолетничка правда............................................................ 9
Заклучок .......................................................................................................... 11
Користена литература................................................................................. 12
Вовед
Живееме во свет во кој општествениот морал честопати е загрозен од бројни фактори и поранешните критериуми за морални вредности се значително поместени. Свет во кој постојат ред зла кои на секој можен начин му попречуваат на правилниот психички,а несомнено и физички развој на младите индивидуи.Помеѓу нив се повеќе и повеќе е присутен криминалитетот, но уште поголемо е разочарувањето кое задолжително не обзема доколку би прошетале низ суштината на мислата на оние на кои им е оставена иднината и забележиме дека нивните цели и стремежи се упатени кон некој вид на просперирање во заедницата кој најчесто вклучува законски недозволиви средства , најчесто оружје со кое извршуваат тешки кривични дела како разбојништва,кражби и убиства.Би зборувала за сето она кое класично се нарекува злосторство, ама сторителите се деца... Малолетнички криминалитет.
И кога очигледен е фактот што повеќе години наназад,малолетничкиот криминалитет е актуелен и континуирано присутен останува само да го извадиме филозофското во нас и за момент да сумираме дека единствено ние самите , секој поединец индивидуално си го режира животот без разлика на возраста, зашто фактите говорат дека дури и самите дванаесетгодишници одлучуваат да посегнат и самите да бидат дел од криминалот... Самите одлучуваме за секој наш успех или неуспех,зашто суштината на нашето доаѓање во овој свет е во создавањето, во желбата да дознаеме и да добиеме одговор, а го добива само оној кој ќе биде доволно истраен да го пронајде и тогаш можеби би ја пронашле апсурдноста, а излезот од неа би не однел во тунелот на малолетничкиот криминалитет.
Но животот е лавиринт и крие секакви прашања и одговори.Тука некаде веќе се насетуваат причините за малолетничката деликвеција и криминалитет. Познати се неколку кои би ги поставила во хиерархија почнувајќи од врвот каде се наоѓа семејството , важна улога игра пред се карактерот на личноста, истотака средината како фактор, а не треба да се игнорира и општествено-економската криза во државата ,како и социјално-економската положба на семејството во кое се најдува поединецот.
За поимот малолетничка деликвеција постојат бројни и различни сфаќања.Во употреба се многу термини со кои се означува оваа појава или нејзини појавни облици.Поради сложеноста на самата појава,постојат различни концепциски пристапи кои водат кон различни решенија.Во почетокот малолетничката деликвенција не се разликувала од обичниот криминал.Денеска таа разлика е очигледно дефинирана.
Поимот ДЕЛИКВЕНЦИЈА (лат.delinque – згрешавање, изврување кривични дела) опфаќа потешки облици асоцијално, антисоцијално, социо-патолошко и криминално однесување како што се крадењето, ограбувањето, намерното предизвикување штета, пожар, престапништво,девијантно однесување, хулиганство, разбојство, вршење кривични дела, крадење на автомобили и друг вид на превозни средства итн.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET