Opiomanija (Makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Opiomanija (Makedonski)". Rad ima 37 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Вовед
Дрогата како општествен феномен
Современото општество се соочи со еден обратно пропорционален однос на научните, техничките и технолошките достигнувања, со појавата на злоупотреба на дрогата. Оваа појава која се карактеризира со брзо ширење, ги зафати сите слоеви и региони и стана тренд на младите. Со текот на времето наркокриминалот прерасна во појава со висок степен на организираност и со тоа почна феноменолошки да се обликува како општествено опасен феномен од меѓународни сразмери. Сите појави општеството треба да ги запознава објективно со сите нивни етиолошки, феноменолошки и морфолошки карактеристики за да може соодветно да се утврди географската и геометриската прогресија, соодветно да се утврдат последиците од дејствувањето на појавата и како резултат на тоа навремено да се реагира и да се овозможи спречување на истата. Токму од таа причина општествените и државните институции во зависност од степенот на развиеност и организираност, треба да ги следат позитивните и негативните општествени движења кои можат да укажат на постоење на негативни појави предизвикани од феноменот наречен дрога.
Современата наркоманија под непосредно влијание на брзиот општествено- економски, политички, социјален, национален, културен и друг развој што се остварува низ крајно заострени спротивности во сите области од општествените односи, на современиот човек му создава нови проблеми во живеењето и го доведува во нови и потешки облици на отуѓување.
Во својата изразена немоќ на општествено прифатлив начин да ги разрешува своите проблеми и да ги задоволува своите потреби , човекот во дрогата и психотропните супстанции поцна да пронаоѓа средство кое му овозможува да избега во еден нереален свет.
Современата наркоманија, позната уште и како адолесцентна се шири со огромна брзина зафаќајќи пред се многу млади луѓе и зад себе остава катастрофални последици врз личноста, потесната заедница и општеството во целина. Најзагрижувачки од се е фактот дека таа покажува голема поврзаност со криминалното и девијантно однесување на поединецот, а тоа дополнително го отежнува нејзиното спречување и сузбивање. Значи злоупотребата на дрогата се одразува во голема мера на општествените односи и со тоа го кочи нивниот развој, предизвикувајќи ретроградни процеси, изразени преку поединецот или поголема група на зависници од заедницата во која живеат.
На нашите простори генерален заклучок е дека злоупотребата на дрога започнува во 70-тите години, а својата експанзија ја доживува во 90-тите години на минатиот век, така што истата несомнено стана и голем државен проблем.
Фактот што како носители т.е. жртви на современата наркоманија најчесто се јавуваат млади луѓе, на појавата и дава посебно општествено значење. Фактори што придонесуваат да се зголеми деструктивното дејство на наркоманијата се најчесто: фармаколошките својства на дрогата, релативно висока достапност поврзано со субјективните карактеристики на адолесцентите и објективните општествено- економски и социјални услови во кои живееме.
Историја на дрогата
Се претпоставува дека другарувањето на човекот со дрогата започнало многу оддамна, односно кога човекот сфатил дека животот е зависен од природата, дека животот се одвива во природата и е врзан за природата.
Многу историски записи, легенди и сведоштва на разни народи не само што зборуваат за тоа туку и го потврдуваат, а истовремено ја покажуваат и праисконската потреба на човекот за природата, животот во неа да го живее среќно, да живее во простор каде владее љубовта, добрината и среќата.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET