Katastarsko klasiranje na zemjište,zapišuvanje na pravata i vostanovuvanje na katastar na nedvižnosti (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Katastarsko klasiranje na zemjište,zapišuvanje na pravata i vostanovuvanje na katastar na nedvižnosti (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Вовед
Катастарот на недвижности е јавна книга во која се врши запишување на правото на сопственост и на другите стварни права на недвижностите, на податоците за недвижностите, како и на други права и факти, чие запишување е утврдено со закон. Премерот на  недвижностите е прибирање просторни и описни податоци за недвижностите во функција на востановување и одржување на катастарот на недвижностите и нивна обработка и обликување. При премерот на недвижностите се прибираат просторни дводимензионални податоци и описни податоци за недвижностите и се врши нивна обработка и обликување во функција на востановување и одржување на катастарот на недвижностите.Недвижности се земјишта, згради, посебни делови од згради и други објекти, како и други недвижности што се запишуваат во катастарот на недвижностите во согласност со закон.Катастарот и запишувањето на правата на недвижностите се вршат на начин и постапка пропишани со закон.Работите на премерот, катастарот и запишувањето на правата на недвижностите се од општ интерес за Републиката. Работите на премерот, катастарот и запишувањето на правата на недвижностите ги врши Републичкиот орган на управата надлежен за премер и катастар на недвижностите (Републичка геодетска управа), освен одделни работи кои со овој закон се ставени во надлежност на општината. Работите на одржувањето ги врши општинскиот орган на управата надлежен за премер и катастар на недвижностите (општинска геодетска управа).Определени стручни работи на премерот и катастарот на недвижностите можат да и се доверат на специјализирана организација на здружениот труд. Општинска геодетска управа се основа како самостоен орган на управата. Две или повеќе општини може да основаат заедничка општинска геодетска управа.
Премерот и катастарот на недвижностите се врши врз основа на среднорочни и годишни програми. Среднорочните програми ги донесува Собранието на Социјалистичка Република Македонија, а годишните Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Среднорочните програми се донесуваат за период за кој се донесуваат среднорочните планови за општествено - економскиот развој на Републиката и ги содржат општините во кои ќе се врши премер и обемот на потребните средства, како и други елементи од значење за вршење на премерот на недвижностите. Средствата за извршување на годишните програми за премерот и катастарот на недвижностите се обезбедуваат во Републичкиот буџет. Катастарот на недвижностите е јавна книга. Увидот во податоците на катастарот на недвижностите е достапен на заинтересираните лица, доколку за одделни податоци со закон или со друг пропис не е определено поинаку. Правата на недвижностите се стекнуваат, пренесуваат, ограничуваат и престануваат со запишувањето во катастарот на недвижностите, ако со закон не е одредено поинаку. Запишувањето на правата на недвижностите е задолжително и е ослободено од плаќање на такси и не може да се условува со претходно плаќање на даноци и други давачки. Податоците во катастарот на недвижностите се сметаат за точни и лицата што се потпираат на запишаните состојби не можат да имаат штетни последици во односите во кои овие податоци се користат.
Бонитирање на земјиштето
Единица за бонитирање на земјиштето е територијата на Републиката. Cо бонитирањето на земјиштето се утврдува плодноста на земјиштето врз основа на неговите својства и други природни услови за земјоделско, шумско и друго производство, без оглед на постојниот начин и неговото искористување. Под природни својства на земјиштето, се подразбираат длабочината на активниот слој, педолошката подлога, структурата на почвата, процесот и содржината на карбонатот, длабочината на подземната вода и пропусноста на земјиштето. Под други природни услови се подразбираат релјефот, косината, интензитетот на ерозијата, забареноста, засоленоста, надморската височина и изложеноста на земјиштето (осој, присој).
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET