Načelo na usnost i pismenost vo graganskata postapka (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Načelo na usnost i pismenost vo graganskata postapka (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Предмет:
ГРАЃАНСКО ПРОЦЕСНО ПРАВО
Семинарска работа:
Начело на усност и писменост,Начело на непосредност
Предметен професор: Изработија:
Содржина
Вовед.......................................................................................................................3
Поим на начелата на усност и писменост.......................................................................4
Предности и недостатоци на начелото на усност и начелото на писменост...4,5
Застапеноста на начелото на усност и начелото на писменост според ЗПП...5,6,7,8
Значењето на формата во парничната постапка.................................................8,9
Повреда на правилата за усната односно писмената форма................................9
Поим за начело на непосредност............................................................................9,10
Застапеноста на начелото на непосредност според ЗПП.......................10,11,12,13
Повреда на одредбите за непосредност...............................................................13
Заклучок................................................................................................................................14
Користена литература..........................................................................................................15
Вовед
Начелата се општи и основни правила ,насоки , постулати за работи насочени кон определена цел.Додека парничната постапка , како и другите постапки две граѓански постапки ( вонпарничната и извршната) и останатите постапки (судската и управната) е заоснована на определени начела.И за парничната постапка , тоа се принципи или максими преку кои се обезбедува нејзиното уред ување и организација за адекватно остварување на поставената цел.Имено основни начела на парничната постапка се начелата врз кои се заосновани :организацијата на судовите и вршењето на судската власт во област на граѓанското правосудство, со акцент на заштита на човековите права и слободи ( тука спаѓаат начелото на еднаков пристап пред судовите, приоритет и итност на заштита на човековите права и слободи, независност на судовите,уставност и законитост).Имено покарј овие начела кои се карактеристични за парничната постапка , постојат и начела кои се карактеристични за некои други судски постапки.Тука спаѓаат: диспозитивност и официјалност, усноста и писменоста , непосредноста, јавноста итн Сите начела , независно дали се карактеристични за сите постапки или само за парничната постапка, се осн овни начела за оваа постапка и сите се еднакви по ранг.Меѓутоа во текот на овој семинарски труд посебен акцент ќе се стави на начелата на усност и писменост и начелото на непосредност.
Поим на начелата на усност и писменост
Процесните дејствија можат да се вршат во усна или писмена форма.Во прашање е одбирањето на работен метод во постапката, а тоа се врши помеѓу усноста и писменоста како форми во кои можат да се вршат процесните дејствија . Станува збор за правната вредност на извршните дејствија , поради што изборот на едната или другата форма како работен метод е прашање од начелна природа. Доколку внимание се посветува на усноста, тогаш се афирмира начелото на усност, а доколку се акцентирала писменоста , тогаш се афирмира начелото на писменост во постапката. Начелото на усност бара дејствтија во постапката да се преземат орално т.е по пат на говор- преку говорно искажување.Начелото на писменост бара дејствијата во постапката да се преземат писмено т.е по писмен пат – преку писмено искажување. Во екстремен обем , овие начела тешко можат да се прифатат.Особено ако постапката има сложена организација и структура ( ако се одвива на повеќе степени , ако има повеќе стадиуми и фази , кои притоа немаат исто значење и важност за нејзината правна вредност).Поради тоа во постапката комбинирано се акцентираат двете начела – начелото на усност и писменост.Обично застапеноста на двете начела не е еднаква. За начелото на писменост , ако е акцентирано во во екстремен обем, се врзува правилото quod non est in actis , non est in mundo . Но , со оглед на повеќестепената организација на постапката , а со тоа и на можноста на повисокиот суд да ја оценува вредноста на дејствијата преземни од понискиот суд и дејствијата преземени во усна форма мора да бидат забележени на записник , што значи дека правилото quod non est in actis , non est in mundo доаѓа во предвид и кога е акцентирано начелото на усност.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET