Megunarodni krivični tribunali - od Nirnberg do Megunaroden krivični sud (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Megunarodni krivični tribunali - od Nirnberg do Megunaroden krivični sud (makedonski) ". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Семинарска работа по предметот
Меѓународно јавно право
Тема:
Меѓународни кривични трибунали - од Нирнберг до Меѓународен кривичен суд
С О Д Р Ж И Н А :
1. Вовед;
2. Нирнбершкиот трибунал или меѓународен воен суд во Нирнберг;
3. Хашкиот трибунал за злосторства во поранешна Југославија;
4. Меѓународен кривичен суд;
5. Заклучок;
6. Користена литература;
1. Вовед
Меѓународните кривични трибунали се создавале од идејата за јакнење на супранационалниот карактер на нормите на Меѓународно кривично право. Таа идеја се пробива заедно со уверувањето дека треба да постојат меѓународни забрани и дека тие забрани треба да се почитуваат и во услови кога една држава, која е гарант за правдата и законитоста, самата ги повредува. Се разбира дека најтешка повреда на тие норми претставува војната, што по суштина значи негација на правото и неговото супституирање со силата кај која прашањето за правдата има само општо историско значење. Според ова не е случајно тоа што првобитните обиди за хуманизација на војната на европските простори, започнуваат со дефинирањето на потребата од некакво меѓународно учество, посредување или арбитража во помирувањето или во отстранувањето на последиците од војната. Идејата за меѓународна арбитража и претходи на идејата за создавање на меѓународни кривични трибунали.
Идејата за создавање на меѓународни кривични трибунали му се препишуваат на швајцарецот Мојниер, кој во 1872 година пред Меѓународниот комитет за помош на ранетите во војната предложил создавање петчлен суд (по еден од секоја завојувана страна и три од неутрални земји), чијашто надлежност би се однесувала на пресудување за делата содржани во Женевската конвенција од 1864 година.
Со Париската декларација од 1856 год, Женевската конвенција за положбата на ранетите од1864 год и со Петрогратската декларација од 1868 год, било достигнато едно ниво за поставување први правила во водењето војна. Почетокот на новата фаза во развитокот на идејата за МКС го обележуваат двете хашки конференции од 1899 и 1907 година. Со актите на овие конференции (на првата се донесени две конвенции и три декларации, а на втората десет конвенции и една декларација) речиси е кодифицирана материјата на военото право и во нив се втемелени основните поравила за повредите на воените закони и обичаи. Составен дел на овие правила претставуваат и двете за оваа тема релевантни конвенции: Конвенцијата за мирно решавање на меѓународните спорови од 1899 год и Конвенцијата за меѓународен суд за воениот плен на море од 1907 година. Првата оид овие конвенции предвидува неколку инструменти за примена на воените правила, а тие се: добри услуги и посредување, анкетни комисии и создавање Постојан арбитражен суд во Хаг. Втората не била никогаш ратификувана и остана само неуспешен обид.
Иако на денешниот степен од развитокот на Меѓународна кривична правда ефективноста на меѓународните забрани зависи од волјата на државите – потписнички на меѓународните конвенции, сепак конвенциите што содржат такви забрани се над другите меѓународни договори и над националните законодавства. Тие не можат да бидат изменети или укинати со билатерални спогодби или со националните законодавства. Тоа е така бидејќи инкриминирањето на делата што се содржат во нив значи реализирање на императивна меѓународна норма. Но основно прашање се разбира дека е прашањето на нивната ефикасна примена од страна на националните системи на казнена правда или низ непосредна примена од Меѓународните кривични судови. Во врска со ова треба да се напомене изреката на Анатол Франс според која „Без жандармите, судијата е само еден сиромав занесник“.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET