Меѓународно Јавно Право (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Меѓународно Јавно Право (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Содржина
Вовед 3
Материјални и формални извори на МП 4
Материјални извори на МП 4
Формални извори на МП 5
Меѓународни договори како извори на МП 5
Виенска конвенција за правотот на договори 1969 6
Меѓународен обичај 8
Елементи на обичајот 8
Правни начела признати од цивилизираните народи и општи принципи на МП 9
Судски одлуки 10
Пишани дела на публицетите 10
Заклучок 12
Користена литература 13
Вовед
Под меѓународно право се подразбира збир на правни правила или норми кои се правно обврзувачки за субјектите на меѓународното право во нивните заемни односи.
Како и правилата на другите правни системи исто и правилата на меѓународното право произлегуваат од различни извори. Од ова произлегува улогата дека одреден извор на правото ја дава содржината т.с го создава правото такво какво што е.
Со изворите на меѓународното право се објаснува зошто правилата на меѓународниот систем се сметаат за правила на правото. Со други зборови изворите всушност претставуваат методи според кои правилата се создадени и одговараат на прашањето зошто е потребен меѓународен правен поредок и зошто е таков каков што е.
Во практиката изворите на Меѓународното право се поделени на формални и материјални извори, кои ќе ги разработиме подоцна.
Одреден извор на правилата на меѓународно право може да има влијание на начинот на кој се применува или толкува од меѓународниот трибунал или меѓународна организација.
Материјални и формални извори на МП
Повеќето автори прават разлика меѓу формалните и материјалните извори на МП. За основа се сметаат оние законски процедури и методи за создавање правила за генерална примена кои законски се врзуваат за адресантите.
Материјалните извори пак обезбедуваат докази за веќе постоечки правила кои откако се докажани добиваат статус на законски правила.
Терминот формален извор на правото е несоодветен и води кон погрешна насока. Дистанца меѓу формалните и материјалните извори на МП е тешко да се воспостави, а основата всушност се состои од квазизаконски принципи на неизбежната , но бескорисна генералност .
Материјални извори на МП
Материјални извори на МП се однесуваат на вредностите и материјалните фактори од кои произлегува задолжителната сила на меѓународните правни норми . Материјални извори се:
меѓународни морални норми ( тие се задолжителни , бидејќи им претходат на поцврстото правно нормирање на односите во меѓународната заедница) ;
универзални вредности ( поконкретни универзални вредности на човечката заедница , настанати во историскиот процес на еманципација, односи и потреби на човекот и меѓународните субјекти, тука влегуваат: комуникациски потреби, начела на културни, социјални и политички односи и др.)
Пример за меѓународни морални норми: основните начела на Повелбата на ОН со почитување на интересите на сите членки.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET