Maloletnička delikvencija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Maloletnička delikvencija (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 Универзитет ,,Св Климент Охридски,,- Битола
Правен Факултет-Кичево
Дисперзирани студии -Битола
Предмет: Казнено Право
Малолетничка деликвенција
Семинарска работа
Ментор:
Проф.Д-р Миладин Крстаноски
Асс. М-р Орданчо Пецов
Изработила:
Ивона Петроска 126/Б
Содржина
Вовед........................................................................................................................3Причини за појава на малолетничка деликвенција.............................................4
Карактеристики на малолетничката деликвенција.............................................5
Мерки на заштита првземени од страна на МВР................................................7
Отсек за репресија..................................................................................................7
Отсек за превенција...............................................................................................7
Отсек за едукација..................................................................................................8
Воспитни мерки кои се изрекуваат против малолетните сторители на кривични дела.........................................................................................................9
Малолетничката деликвенција во Македонија во подем...................................9
Заклучок................................................................................................................12
Вовед
Основна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е малолетноста, односно возраста на малоплетните лица што ја детерминирала како нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на правните и моралните норми што во крајна линија го одредува и ставот на опшеството кон нив. Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш кога се јавуваат како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус во кривичното право и кривичната постапка, како и третманот во однос на примената и извршувањето на кривичните санкции е посебен. Според Мертоновата класификација на девијантни однесувања за младите по се изгледа е нај карактеристична иновација (кражбата) како начин на прилагодување на аномијата во општеството зошто на некој начин младите ги прифаќаат културните цели и вредностите во опшеството но истовремено ги отфрлаат легалните и се служат со недозволени (не легални) средства за да ги остварат своите цели. Малолетничката деликвенција, како дел од општитот криминал, најчесто се дефинира како негативно и неприфатливо однесување на малолетните лица кое се изразува низ конкретни инкриминирани дејствија на тие лица со кои ги пречекоруваат општествените стандарди, вредности и норми на однесување. Спрема видот на нормите што се кршат и спрема степенот на општествената оипасност сите форми на престапништво Јашовиќ ги дели на три групи и тоа:
1. Престапи со кои се кршат кривичноправните норми
2. Престапи со кои се кршат прекршочните норми
3. Престапи со кои се кршат моралните норми.
Меѓутоа најчести термини се малолетничката деликвенција и воспшитната запуштеност. За воспитната запуштеност се смета дека во суштина претставува само лишување на младите од воспитно делување и грижење за нив, односно отсуство на свесно планско и целисходно влијание на нивниот развој и формирање со терминот на малолетничката деликвенција најчесто се употербува за означување на најтешкиот степен на воспитна запуштеност. Субјект на таквото однесување се малолетните лица. Одредувањето на старосните граници на полнолетноста треба да го одразува пораното или подоцнежното созревање на младите што живеат во различни социокултурни, климатски и други едукативни услови. На овие услови делуваат и фактори од криминално политички и фактори од традиционално историски карактер. Малолетникот е личност што е во фаза на формирање и созревање. Кривичната постапка кај нас се покренува против оние лица што се сметаат за кривично одговорни а тоа се лица над 14 години, а оние што се под 14 години се “деца” и не се кривично одговорни. Оние лица што се од 14-16 години, се сметаат за помлади малолетници, оние од 16-18 години постари малолетници, а оние од 18-21 година старост се нарекуваат помлади полнолетници.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET