Lokalna samouprava (poim, sodrzina,nadleznosti) (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Lokalna samouprava (poim, sodrzina,nadleznosti) (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


СЕМИНАРСКА РАБОТА
Предмет : “Локална самоуправа”
Тема :
Локална самоуправа ( поим, содржина, надлежности )
Содржина
Вовед
Надлежности на општините
Советот на општината
3.1 Надлежности на советот на опжтината
4. Градоначалник
5. Акти на општините
6. Заклучок
1. ВОВЕД
Граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа непосредно и преку претставници во органите на општината. Граѓаните на Република Македонија, кои имаат постојано живеалиште на подрачјето на општината се жители на општината. Општината го уредува вршењето на своите надлежности со статутот и други прописи. Со статутот на општината се уредуваат: организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на советот. Органите на општината, комисиите на советот и јавните служби основани од општината се должни, без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината, на начин утврден со статутот. Општината е должна на граѓаните да им овозможи пристап кон основните информации за услугите што им ги обезбедува, на начин и под услови уредени со статутот. Во согласност со економската политика на државата, општината се финансира,од сопствени извори на приходи и други извори на финансирање. Сопствени извори на приходи на општината се локалните даноци, надоместоци и такси утврдени со закон. Општината има свој буџет. Општината се основа за подрачје на едно или повеќе населени места во кои граѓаните се поврзани со заеднички потреби и интереси, на кое постојат услови за материјален и општествен развој и за учество на граѓаните во одлучувањето за локалните потреби и интереси. Подрачјето на кое се основа општината треба да претставува природна географска и економска поврзана целина, со комуникации меѓу населените места и гравитација кон заемниот центар, како и да има изградени инфраструктурни објекти и објекти од општествен стандард.
2. НАДЛЕЖНОСТИ НА ОПШТИНИТЕ
Општините, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт. Општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со овој или друг закон и се одговорни за нивното вршење. Општините се надлежни за вршење на следниве работи:
1. Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;
2. Заштитата на животната средина и природата – мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење;
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET