Izvrsna postapka - nacela (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Izvrsna postapka - nacela (makedonski)". Rad ima 19 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Вовед
Граѓанската постапка претставува генерички поим со кој се означуваат повеќе различни методи за заштита на граѓанските субјективни права. Во таа смисла, граѓанската постапка не е единствен процесен феномен, туку неа ја сочинуваат неколку различни постапки, во кои се дава различен вид на правна заштита, во зависност од конкретната повреда на граѓанските субјективни права и конкретната потреба од правна заштита.
Според доминантното мислење во процесната теорија, граѓанската постапка је сочинуваат три основни гранки: парнична, вонпарнична и извршна постапка.
Извршната постапка претставува со закон регулирано постапување на надлежниот орган (тело), на странките и на другите учесници во постапката, насочено кон определена цел. Извршната постапка е посебна граѓанска постапка чија цел е конечно остварување на некое побарување за кое е одлучено во когнициска постапка (парнична, кривична, управна, итн) или обезбедување на идното остварување на некое побарување.
Содржината на извршната постапка ја сочинуваат процесните дејствија што се преземааат под определени услови, по определен редослед и во определена форма. При преземањето на процесните дејствија меѓу субјектите во постапката се воспоставуваат определени меѓусебни односи. Вкупноста (збирот) на процесни дејствија што ги преземаат процесните субјекти, односно вкупноста на процесни односи што се воспоставуваат меѓу субјектите кои учествуваат во постапката на присилно извршување или обезбедување ја чини извршната постапка.
Извршното право е дел од граѓанското процесно право. Тоа е систем на правни норми со кои се регулираат условите за поведување извршна постапка, својствата и процесната положба на субјектите во извршната постапка, нивните права и должности, процесните дејствија што тие ги преземаат, како и последиците од тие процесни дејствија.
Изворите на извршното право се делат на две групи: формални и фактички извори.
Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот претставуваат формални извори на извршното право. Покрај нив, значење на формален извор на извршното право имаат и автентичните толкувања на законите, како и подзаконските нормативни акти и автономните правни акти.
Начелата на извршната постапка се основни правила, постулати, раководни идеи на кои се заснова извршната постапка како посебен метод на правна заштита . Станува збор, пред сé за постулати кои се општо познати за граѓанските постапки, но кои во извршната постапка имаат поинаква конкретизација, во согласност со целите на извршната постапка. Други, пак, начела се специфични и иманентни само за извршната постапка. Ќе стане збор за оние начела кои се специфични само за извршната постапка, или во неа имаат специфична манифестација., тоа се следните начела :
а) Начело на диспозиција и начело на официјалност
б) Начело на строг формален легалитет
в) Начело на итност
д) Начело на редослед во намирувањето
г) Начело на социјално постапување (начело на заштита на должникот)
1. Потреба од присилно извршување
Заштитата на граѓанските субјективни права како цел на граѓанските постапки не се остварува секогаш комплетно во когнициските постапки. Когнициските постапки се постапки на пресудување во кои се расправа и одлучува за определени правни работи, односно се определува содржината на правната заштита во определени правни односи. Дали во когнициските постапки ќе се оствари крајната цел на правната заштита зависи од видот на правната заштита што се дава во нив со донесување на соодветна одлука - деклараторна, конститутивна или кондемнаторна.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET